награди Гоја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagradi-goja/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 09:44:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награди Гоја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagradi-goja/ 32 32 Хавиер Бардем, филмот „Добриот шеф“ и Кејт Бланшет добитници на Гоја наградата https://arhiva3.republika.mk/scena/film/havier-bardem-filmot-dobriot-shef-i-kejt-blanshet-dobitnici-na-goja-nagradata/ Wed, 16 Feb 2022 09:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=459203

Филмот „Добриот шеф“ (The Good Boss) на Фернандо Леон де Араноа ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и за најдобар актер (Хавиер Бардем) на церемонијата на доделување на шпанската награда Гоја што викендов се одржа во Валенсија. Со овие признанија режисерот Фернандо Леон де Араноа и актерот Хавиер Бардем по седми пат ја добија Гоја наградата. Црната комедија „Добриот шеф“ освои уште две Гоја награди, а имаше рекодни 20 номинации.

На годинешното 36. доделување на Гоја, најголемото шпанско признание во сферата на филмската уметност и пандан на американскиот Оскар, австралиската актерка Кејт Бланшет, пак, ја понесе меѓународната награда Гоја којашто годинава се додели за првпат. На Бланшет признанието ѝ го врачија Пенелопе Круз и Педро Алмодовар, а австралиската актерка ги нарече „легендарна двојка“ и оддаде почит на шпанската кинематографија, која и покрај пандемијата, снимаше филмови. „Се чувствувам горда на она што го постигнавме како сектор. Мораме да продолжиме да создаваме“, рече таа. Бланшет со Алмодовар ќе работи на адаптацијата на збирката кратки раскази на Лусија Берлин „Прирачник за собарки“.

Интересно е што, познатата актерка Пенелопе Круз, не ја освои наградата во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар. Таа за истата улога е номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка. Гоја наградата за најдобра актерка, пак, ја доби Бланка Портиљо за улогата во „Маиксабел“ на режисерот Исијар Бољин и на нејзината моќна изведба како Маиксабел Ласа, вистинската вдовица на поранешниот гувернер на Баскија, Хуан Мари Јауреги, која во 2011 година се согласи да се сретне со еден од неговите убијци од ЕТА. Нејзиното портретирање на ликот ја допре шпанската публика.

Почесната награда Гоја за 2022 година му припадна на шпанскиот актер Хозе Сакристан, чија кариера ги опфаќа последните 50 години, со филмски наслови направени за време на транзицијата на Шпанија од диктатура во демократија.

The post Хавиер Бардем, филмот „Добриот шеф“ и Кејт Бланшет добитници на Гоја наградата appeared first on Република.

]]>

Филмот „Добриот шеф“ (The Good Boss) на Фернандо Леон де Араноа ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и за најдобар актер (Хавиер Бардем) на церемонијата на доделување на шпанската награда Гоја што викендов се одржа во Валенсија. Со овие признанија режисерот Фернандо Леон де Араноа и актерот Хавиер Бардем по седми пат ја добија Гоја наградата. Црната комедија „Добриот шеф“ освои уште две Гоја награди, а имаше рекодни 20 номинации. На годинешното 36. доделување на Гоја, најголемото шпанско признание во сферата на филмската уметност и пандан на американскиот Оскар, австралиската актерка Кејт Бланшет, пак, ја понесе меѓународната награда Гоја којашто годинава се додели за првпат. На Бланшет признанието ѝ го врачија Пенелопе Круз и Педро Алмодовар, а австралиската актерка ги нарече „легендарна двојка“ и оддаде почит на шпанската кинематографија, која и покрај пандемијата, снимаше филмови. „Се чувствувам горда на она што го постигнавме како сектор. Мораме да продолжиме да создаваме“, рече таа. Бланшет со Алмодовар ќе работи на адаптацијата на збирката кратки раскази на Лусија Берлин „Прирачник за собарки“. Интересно е што, познатата актерка Пенелопе Круз, не ја освои наградата во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар. Таа за истата улога е номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка. Гоја наградата за најдобра актерка, пак, ја доби Бланка Портиљо за улогата во „Маиксабел“ на режисерот Исијар Бољин и на нејзината моќна изведба како Маиксабел Ласа, вистинската вдовица на поранешниот гувернер на Баскија, Хуан Мари Јауреги, која во 2011 година се согласи да се сретне со еден од неговите убијци од ЕТА. Нејзиното портретирање на ликот ја допре шпанската публика. Почесната награда Гоја за 2022 година му припадна на шпанскиот актер Хозе Сакристан, чија кариера ги опфаќа последните 50 години, со филмски наслови направени за време на транзицијата на Шпанија од диктатура во демократија.

The post Хавиер Бардем, филмот „Добриот шеф“ и Кејт Бланшет добитници на Гоја наградата appeared first on Република.

]]>