награда роман на годината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-roman-na-godinata/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 09:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда роман на годината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-roman-na-godinata/ 32 32 Некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди, рече Ѕвездан Георгиевски на прославата на јубилејот 25 години „Роман на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nekoj-mi-kazha-deka-se-shto-trae-vo-makedonija-poveke-od-dve-detsenii-znachi-deka-vredi-reche-zvezdan-georgievski-na-proslavata-na-jubilejot-25-godini-roman-na-godinata/ Tue, 21 May 2024 08:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=780331

Кога како млад новинар ги следев јубилејните, 25. Струшки вечери на поезијата некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди. Тогаш сфатив дека за една манифестација, во случајот награда, во нашата држава, 25 години ако не е длабока старост тогаш се сигурно сериозни или барем средовечни години, рече синоќа Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“ која ја доделува наградата „Роман на годината“.

Синоќа во Драмски театар во Скопје се одржа свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

Романот на годината е како престарена рок-ѕвезда. За Мик Џегер може да кажете што сакате, ама не можете да му го урнете реномето. Во таа смисла мислам дека романот на годината го достигна тоа ниво да може комотно и комфорно да се „брчка“ во своето место во македонската култура. Сакам да мислам на оваа награда како на своевиден книжевен капитал што секој лауреат ќе го носи со себе и со гордост ќе го истакнува во своите биографии, рече Георгиевски.

Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“. Со оглед на годинешниот јубилеј, Георгиевски подели благодарници на помагателите на оваа најпрестижна книжевна награда кај нас, а гостите погледнаа и видео инсерти со дел од основачите на наградата и дел од лауреатите низ годините.

[caption id="attachment_780346" align="alignnone" width="2048"] Академик Влада Урошевиќ, претседател на жири-комисијата на наградата „Роман на годината“/Фото; Министерство за култура[/caption]

Свеченото врачување на наградата помина во знакот на големиот јубилеј, 25-годишнина од нејзиното постоење.

Четврт век живеам во и со романот на годината. Токму таа километража што ја изодевме со романот на годината ми создава измешани емоции, ми ги заматува мислите и сеќавања и не ми ги открива до крај перспективите на ова возбдуливо патување. Романот на годината помина низ многу трнливи фази. Мечот на тивкото изумирање не често му висеше на главата, не тоа денес се само стари добри времиња и периоди кои ќе ги прераскажуваме само со цел да си ја освежиме меморијата и да не си ги повторуваме грешките, рече Георгиевски, заблагодарувајќи им се на основачите на весникот „Утриснки весник“ без чиј сенс оваа награда немаше да постои.

Благодарам и на сите членови и уредници на култураната рубрика на весникот без чиј ентузијазам наградата ќе го немаше ова реноме што ги има денес. Благодарност и за сите членови на фондацијата „Славко Јаневски“ и на сите што поминале во изминатите години кои успеаја да го оджат квалитетот и континутетот на наградата и по згаснувањето на „Утрински весник“, кажа Георгиевски.

Ниту една награда, особено во творечките дејности не е ултимативна. Ниту една не дава гаранција дека е избран врвниот квалитет. Не е тоа ниту Пулицер, ниту Букер, не е тоа ниту Нобеловата награда за литература. Се разбира, не е тоа ниту наградата Роман на годината. Творештвото не е трка на 5000 метри па да се знае кој е подобар од другиот. Наградите, како впрочем и литературата, се одраз на општествениот контекст. Ниту тие не можат да го избегнат политичкиот, па ако сакате и идеолошкиот момент на времето. Најголем судија е времето. Времето ќе покаже дали нешто било квалитетно или не, кажа Георгиевски.

Георгиевски говореше и за Ниновата награда, за која рече дека на некој начин е постар брат на Роман на годината.

На некој нивни јубилеј тие објавија листа на романи што никогаш не ја добиле оваа награда, а кои многу подобро го издржале испитот на времето, за разлика од оние што во тој момент изгледале поважни или поквалитетни. Стојам цврсто и тврдо зад секој од 25-те романи кои досега се закитиле со ова признание, кажа Георгиевски.

Лауреатката Димковска во своето обраќање кажа наградата Роман на годината се повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска книжевна награда во Македонија.

[caption id="attachment_780347" align="alignnone" width="2048"] Лидија Димковка, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2023 година/Фото: инистерство за култура[/caption]

25 романи го носат печатот на наградата и кога денес ќе ги погледнеме насловите на книгите, сфаќаме дека речиси на ниту еден од наградените романи не му поминал рокот на траење и не паднал во заборав. 25 романи – колку прекрасна и важна полица во библиотеката на македонската книжевност, за сегашните и за идните генерации, за сите нас!Статистиката на книжевните дела – наградени или во најтесната конкуренција за наградата, е импозантна: 25 наградени романи и 67 романи во најтесниот круг, или 92 романи во кои може човек да влезе низ малата врата на приказната, а да излезе низ големата врата на искуството. Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата,што укажува на тоа дека наградата „Роман на годината“ сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик. Единствено квалитетот треба да биде поле за натпревар меѓу книжевните дела. Колку тажен би бил фактот да не знаеме дека наш современик, наша современичка напишал-а одличен роман, само затоа што го напишал-а на друг јазик, а го пишувал-а тука близу, покрај нас, во истата космичка микро и макроклима на општествен, културен, метафизички и симболичен простор, рече во своето обраќање Димковска.

На свеченоста музички настап имаше џез бендот на Гоце Стевковски, а беше отворена и изложбата „25 години Роман на годината“ на која беа претставени сите дела – досегашни носители на ова признание.

Станува збор за лична донација на Манчо Митевски на Фондацијата, која се состои од сите нагредени дела со потписи и посвети на авторите. Манчо Митевски е еден од основачите на „Утрински весник“ и на наградата „Роман на годината“. Тој беше иницијатор за формирање на Фондацијата „Славко Јаневски“ со цел наградата да може да опстои и натаму.

https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-roman-na-godinata-dojde-vo-vistinskoto-vreme-kako-i-se-drugo-shto-doaga-vo-zhivotot/

 

The post Некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди, рече Ѕвездан Георгиевски на прославата на јубилејот 25 години „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Кога како млад новинар ги следев јубилејните, 25. Струшки вечери на поезијата некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди. Тогаш сфатив дека за една манифестација, во случајот награда, во нашата држава, 25 години ако не е длабока старост тогаш се сигурно сериозни или барем средовечни години, рече синоќа Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“ која ја доделува наградата „Роман на годината“. Синоќа во Драмски театар во Скопје се одржа свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.
Романот на годината е како престарена рок-ѕвезда. За Мик Џегер може да кажете што сакате, ама не можете да му го урнете реномето. Во таа смисла мислам дека романот на годината го достигна тоа ниво да може комотно и комфорно да се „брчка“ во своето место во македонската култура. Сакам да мислам на оваа награда како на своевиден книжевен капитал што секој лауреат ќе го носи со себе и со гордост ќе го истакнува во своите биографии, рече Георгиевски.
Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“. Со оглед на годинешниот јубилеј, Георгиевски подели благодарници на помагателите на оваа најпрестижна книжевна награда кај нас, а гостите погледнаа и видео инсерти со дел од основачите на наградата и дел од лауреатите низ годините. [caption id="attachment_780346" align="alignnone" width="2048"] Академик Влада Урошевиќ, претседател на жири-комисијата на наградата „Роман на годината“/Фото; Министерство за култура[/caption] Свеченото врачување на наградата помина во знакот на големиот јубилеј, 25-годишнина од нејзиното постоење.
Четврт век живеам во и со романот на годината. Токму таа километража што ја изодевме со романот на годината ми создава измешани емоции, ми ги заматува мислите и сеќавања и не ми ги открива до крај перспективите на ова возбдуливо патување. Романот на годината помина низ многу трнливи фази. Мечот на тивкото изумирање не често му висеше на главата, не тоа денес се само стари добри времиња и периоди кои ќе ги прераскажуваме само со цел да си ја освежиме меморијата и да не си ги повторуваме грешките, рече Георгиевски, заблагодарувајќи им се на основачите на весникот „Утриснки весник“ без чиј сенс оваа награда немаше да постои.
Благодарам и на сите членови и уредници на култураната рубрика на весникот без чиј ентузијазам наградата ќе го немаше ова реноме што ги има денес. Благодарност и за сите членови на фондацијата „Славко Јаневски“ и на сите што поминале во изминатите години кои успеаја да го оджат квалитетот и континутетот на наградата и по згаснувањето на „Утрински весник“, кажа Георгиевски.
Ниту една награда, особено во творечките дејности не е ултимативна. Ниту една не дава гаранција дека е избран врвниот квалитет. Не е тоа ниту Пулицер, ниту Букер, не е тоа ниту Нобеловата награда за литература. Се разбира, не е тоа ниту наградата Роман на годината. Творештвото не е трка на 5000 метри па да се знае кој е подобар од другиот. Наградите, како впрочем и литературата, се одраз на општествениот контекст. Ниту тие не можат да го избегнат политичкиот, па ако сакате и идеолошкиот момент на времето. Најголем судија е времето. Времето ќе покаже дали нешто било квалитетно или не, кажа Георгиевски.
Георгиевски говореше и за Ниновата награда, за која рече дека на некој начин е постар брат на Роман на годината.
На некој нивни јубилеј тие објавија листа на романи што никогаш не ја добиле оваа награда, а кои многу подобро го издржале испитот на времето, за разлика од оние што во тој момент изгледале поважни или поквалитетни. Стојам цврсто и тврдо зад секој од 25-те романи кои досега се закитиле со ова признание, кажа Георгиевски.
Лауреатката Димковска во своето обраќање кажа наградата Роман на годината се повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска книжевна награда во Македонија. [caption id="attachment_780347" align="alignnone" width="2048"] Лидија Димковка, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2023 година/Фото: инистерство за култура[/caption]
25 романи го носат печатот на наградата и кога денес ќе ги погледнеме насловите на книгите, сфаќаме дека речиси на ниту еден од наградените романи не му поминал рокот на траење и не паднал во заборав. 25 романи – колку прекрасна и важна полица во библиотеката на македонската книжевност, за сегашните и за идните генерации, за сите нас!Статистиката на книжевните дела – наградени или во најтесната конкуренција за наградата, е импозантна: 25 наградени романи и 67 романи во најтесниот круг, или 92 романи во кои може човек да влезе низ малата врата на приказната, а да излезе низ големата врата на искуството. Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата,што укажува на тоа дека наградата „Роман на годината“ сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик. Единствено квалитетот треба да биде поле за натпревар меѓу книжевните дела. Колку тажен би бил фактот да не знаеме дека наш современик, наша современичка напишал-а одличен роман, само затоа што го напишал-а на друг јазик, а го пишувал-а тука близу, покрај нас, во истата космичка микро и макроклима на општествен, културен, метафизички и симболичен простор, рече во своето обраќање Димковска.
На свеченоста музички настап имаше џез бендот на Гоце Стевковски, а беше отворена и изложбата „25 години Роман на годината“ на која беа претставени сите дела – досегашни носители на ова признание. Станува збор за лична донација на Манчо Митевски на Фондацијата, која се состои од сите нагредени дела со потписи и посвети на авторите. Манчо Митевски е еден од основачите на „Утрински весник“ и на наградата „Роман на годината“. Тој беше иницијатор за формирање на Фондацијата „Славко Јаневски“ со цел наградата да може да опстои и натаму. https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-roman-na-godinata-dojde-vo-vistinskoto-vreme-kako-i-se-drugo-shto-doaga-vo-zhivotot/  

The post Некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди, рече Ѕвездан Георгиевски на прославата на јубилејот 25 години „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Беседата на Влада Урошевиќ на врачувањето на наградата „Роман на годината“ за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/besedata-na-vlada-uroshevik-na-vrachuvaneto-na-nagradata-roman-na-godinata-za-2022-godina/ Thu, 01 Jun 2023 15:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=646913

Ви ја пренесуваме во целост беседата на академик Влада Урошевиќ на врачувањето на престижната награда „Роман на годината“. Академик Урошевиќ е награден за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, со поднаслов „Старовремски роман“ во издание на „Арс ламина“.

Се разбира, за мене претставува големо задоволство одлуката на жирито токму мојот роман да ја добие високата награда - да биде прогласен за „Роман на годината“. Оваа награда, низ своето дваесет и четиригодишно постоење, се стекна со значајно реноме: таа несомнено, секоја година, го побудува интересот на јавноста и станува своевидно мерило за температурата на нашата книжевна клима. За мене посебна тежина на наградата ѝ ја дава фактот што, од 2017-татата, зад неа стои „Фондацијата Славко Јаневски“ - поради тоа, во мојата претстава, ја чувствувам наградата како своевидно продолжување на моето дружење со Славко Јаневски, на никогаш завршениот дијалог со овој наш голем и веќе легендарен творец, ја доживувам како уште еден миг помеѓу толкуте исклучителни мигови од пријателските средби исполнети со заемно разбирање и со вкрстување на искуства, со ткривања на заедничките афинитети и со обостраното поттикнување и проникнување во теми што ни беа блиски и на двајцата. И покрај разликата во години (и разликата во припадноста на маалата – јас сум Дебармалец, а Славко беше Новомалец, неговата куќа беше на педесетина чекори од местото каде што денес се издига неговиот споменик во паркот Жена-борец) – можам да речам дека многу добро се разбиравме кога се сеќававме за некогашното, предвоено Скопје, кога се навраќавме кон дамнешната лектира на детството – стриповите за Тарзан, за Флаш Гордон и за Принц Валијант, кога, разговарајќи за сликарството, се одушевуваме со делата на старите мајстори – Хиеронимус Бош и Питер Бројгел Постариот, но и со визиите на сликарите од големата епоха на надреализмот – Макс Ернст, Рене Магрит и Салвадор Дали. Уживав многу пату во ловечките приказни на Славко, во неговото извонредно суптилно познавање на природата – во деталите кои зборуваа за неговата исклучителна набљудувачка дарба, која одеше сѐ до забележување на најситните детали во навиките на птиците и во однесувањето на инсектите. Се восхитував од прецизноста со која ги наведуваше латинските имиња на растенијата, од неговата речиси научничка терминологија, но, исто така и од хуморот и од фантазијата со кои умееше да ги обои раскажувањата за случките од неговите ловечки потфати. Во неговите приказни за лутањата низ шумите, клисурите и скрките, низ пустите ридишта и мочуришта, низ летните жеги и зимските снегови, Македонија стануваше една земја на најневеројатни случувања, земја на тајни и земја на чуда. За новите генерации Славко Јаневски е, секако, творец на извонредни дела, кои одново се издаваат и одново се читаат, но јас, во тој однос, имам и една предност: во моето сеќавање носам спомени за него како за една особена, неповторлива личност. Фактот што зад оваа награда стои фондацијата која го носи неговото име, ми го прави ова признание уште поскапоцено.

Бев гимназист, кој во школските тетратки ги бележешее своите први книжевни текстови, кога во излозите на книжарниците во главната улица на Скопје се појавија примероците на неговиот роман „Село зад седумте јасени“ . Прв македонски роман, појавен во 1952 година, беше извонредно значаен настан – кој одекна не само во книжевните кругови, туку и во најшироката македонска јавност. Секаде се зборуваше само за таа книга - сите беа возбудени, некои - одушевени, некои - по малку скептични, но, во секој случај, сите беа провоцирани – никој не остана размнодушен. И тоа со месеци беше тема во кругови многу пошироки од книжевните. Бевме свесни дека сме сведоци на еден неповторлив настан, на миг кој , чувствувавме, ќе остане како особено значаен датум во македонската културна – и на само културна – историја. „Еве, сега имаме и роман!“ А само седум години пред тоа беше објавен првиот македонски буквар! Тоа во бајките на браќата Грим се вели – да се имаат чизми со чекори од седум милји! Појавата на оваа книга на Јаневски значеше дека македонската литература станува полнолетна; белградскиот поет Душан Матиќ имаше објавено, некаде во тие години, текст под наслов: „Романот - голема матура на книжевноста“. Славко Јаневски ја имаше храброста, дарбата и среќата прв да излезе на испит и да го добие свидетелството. Појавата на „Село зад седумте јасени“, сеедно каква е нашата денешна оценка на неговите чисто книжевни вредности, значеше тогаш, во тој миг, дека македонската литература, дека македонската култура, фаќаат чекор со другите (прво југословенски, а потоа и европски) литератури и култури, беше непобитен доказ дека македонската книжевност е веќе доволно зрела за да може да се зафати со еден таков сериозен потфат каков што тогаш, во тоа време, во нашата свест, претставуваше романот.

И еве, денес, седумдесет година по објавувањето на овој прв македонски роман, можеме да констатираме дека имаме една литература во која излегување на нов роман веќе претставува сосема нормална, секојдневна појава, и во која за наградата „Роман на годината“ годинава конкурираа, ако добро се сеќавам, триесет и пет романи . Значи дека излегувале на секои единаесет-дванаесет дена во годината по еден! Добро темпо!

Такво нешто, во тоа време, не можеше ни во најсмелите соништа да се претпостави.
Но, минуваа години и тоа што никој не можеше ни да го замисли, се оствари.
Драго ми е што бев сведок и учесник на тоа долго патување.

Изминавме еден доста долг пат, и притоа докажавме дека имаме преиспозиции да се развиваме понатаму, дека македонскиот јазик е еден јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него, и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му кажеме на светот.

Со нетрпение го чекам новиот роман кој, следната година ова време, ќе го понесе називот „Роман на годината“, придружувајќи се на тој начин на редицата дела кои, во мигот на појавата, донесуваа нови вредности , а кои, во текот на годините, се потврдија како траен придонес кон македонската книжевност.

The post Беседата на Влада Урошевиќ на врачувањето на наградата „Роман на годината“ за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Ви ја пренесуваме во целост беседата на академик Влада Урошевиќ на врачувањето на престижната награда „Роман на годината“. Академик Урошевиќ е награден за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, со поднаслов „Старовремски роман“ во издание на „Арс ламина“. Се разбира, за мене претставува големо задоволство одлуката на жирито токму мојот роман да ја добие високата награда - да биде прогласен за „Роман на годината“. Оваа награда, низ своето дваесет и четиригодишно постоење, се стекна со значајно реноме: таа несомнено, секоја година, го побудува интересот на јавноста и станува своевидно мерило за температурата на нашата книжевна клима. За мене посебна тежина на наградата ѝ ја дава фактот што, од 2017-татата, зад неа стои „Фондацијата Славко Јаневски“ - поради тоа, во мојата претстава, ја чувствувам наградата како своевидно продолжување на моето дружење со Славко Јаневски, на никогаш завршениот дијалог со овој наш голем и веќе легендарен творец, ја доживувам како уште еден миг помеѓу толкуте исклучителни мигови од пријателските средби исполнети со заемно разбирање и со вкрстување на искуства, со ткривања на заедничките афинитети и со обостраното поттикнување и проникнување во теми што ни беа блиски и на двајцата. И покрај разликата во години (и разликата во припадноста на маалата – јас сум Дебармалец, а Славко беше Новомалец, неговата куќа беше на педесетина чекори од местото каде што денес се издига неговиот споменик во паркот Жена-борец) – можам да речам дека многу добро се разбиравме кога се сеќававме за некогашното, предвоено Скопје, кога се навраќавме кон дамнешната лектира на детството – стриповите за Тарзан, за Флаш Гордон и за Принц Валијант, кога, разговарајќи за сликарството, се одушевуваме со делата на старите мајстори – Хиеронимус Бош и Питер Бројгел Постариот, но и со визиите на сликарите од големата епоха на надреализмот – Макс Ернст, Рене Магрит и Салвадор Дали. Уживав многу пату во ловечките приказни на Славко, во неговото извонредно суптилно познавање на природата – во деталите кои зборуваа за неговата исклучителна набљудувачка дарба, која одеше сѐ до забележување на најситните детали во навиките на птиците и во однесувањето на инсектите. Се восхитував од прецизноста со која ги наведуваше латинските имиња на растенијата, од неговата речиси научничка терминологија, но, исто така и од хуморот и од фантазијата со кои умееше да ги обои раскажувањата за случките од неговите ловечки потфати. Во неговите приказни за лутањата низ шумите, клисурите и скрките, низ пустите ридишта и мочуришта, низ летните жеги и зимските снегови, Македонија стануваше една земја на најневеројатни случувања, земја на тајни и земја на чуда. За новите генерации Славко Јаневски е, секако, творец на извонредни дела, кои одново се издаваат и одново се читаат, но јас, во тој однос, имам и една предност: во моето сеќавање носам спомени за него како за една особена, неповторлива личност. Фактот што зад оваа награда стои фондацијата која го носи неговото име, ми го прави ова признание уште поскапоцено. Бев гимназист, кој во школските тетратки ги бележешее своите први книжевни текстови, кога во излозите на книжарниците во главната улица на Скопје се појавија примероците на неговиот роман „Село зад седумте јасени“ . Прв македонски роман, појавен во 1952 година, беше извонредно значаен настан – кој одекна не само во книжевните кругови, туку и во најшироката македонска јавност. Секаде се зборуваше само за таа книга - сите беа возбудени, некои - одушевени, некои - по малку скептични, но, во секој случај, сите беа провоцирани – никој не остана размнодушен. И тоа со месеци беше тема во кругови многу пошироки од книжевните. Бевме свесни дека сме сведоци на еден неповторлив настан, на миг кој , чувствувавме, ќе остане како особено значаен датум во македонската културна – и на само културна – историја. „Еве, сега имаме и роман!“ А само седум години пред тоа беше објавен првиот македонски буквар! Тоа во бајките на браќата Грим се вели – да се имаат чизми со чекори од седум милји! Појавата на оваа книга на Јаневски значеше дека македонската литература станува полнолетна; белградскиот поет Душан Матиќ имаше објавено, некаде во тие години, текст под наслов: „Романот - голема матура на книжевноста“. Славко Јаневски ја имаше храброста, дарбата и среќата прв да излезе на испит и да го добие свидетелството. Појавата на „Село зад седумте јасени“, сеедно каква е нашата денешна оценка на неговите чисто книжевни вредности, значеше тогаш, во тој миг, дека македонската литература, дека македонската култура, фаќаат чекор со другите (прво југословенски, а потоа и европски) литератури и култури, беше непобитен доказ дека македонската книжевност е веќе доволно зрела за да може да се зафати со еден таков сериозен потфат каков што тогаш, во тоа време, во нашата свест, претставуваше романот. И еве, денес, седумдесет година по објавувањето на овој прв македонски роман, можеме да констатираме дека имаме една литература во која излегување на нов роман веќе претставува сосема нормална, секојдневна појава, и во која за наградата „Роман на годината“ годинава конкурираа, ако добро се сеќавам, триесет и пет романи . Значи дека излегувале на секои единаесет-дванаесет дена во годината по еден! Добро темпо! Такво нешто, во тоа време, не можеше ни во најсмелите соништа да се претпостави. Но, минуваа години и тоа што никој не можеше ни да го замисли, се оствари. Драго ми е што бев сведок и учесник на тоа долго патување. Изминавме еден доста долг пат, и притоа докажавме дека имаме преиспозиции да се развиваме понатаму, дека македонскиот јазик е еден јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него, и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му кажеме на светот. Со нетрпение го чекам новиот роман кој, следната година ова време, ќе го понесе називот „Роман на годината“, придружувајќи се на тој начин на редицата дела кои, во мигот на појавата, донесуваа нови вредности , а кои, во текот на годините, се потврдија како траен придонес кон македонската книжевност.

The post Беседата на Влада Урошевиќ на врачувањето на наградата „Роман на годината“ за 2022 година appeared first on Република.

]]>