награда Пегаз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-pegaz/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 11:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда Пегаз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-pegaz/ 32 32 Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-dodeluvane-na-nagradata-pegaz-za-2024-godina-i-promotsija-na-pobednichkiot-roman-ehoto-na-akrobatite-od-vladimir-jankovski-2/ Tue, 08 Oct 2024 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=824201

Вечерва (8 октомври), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.
Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недоброј значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

The post Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски appeared first on Република.

]]>

Вечерва (8 октомври), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недоброј значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови. Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

The post Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски appeared first on Република.

]]>
Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-dodeluvane-na-nagradata-pegaz-za-2024-godina-i-promotsija-na-pobednichkiot-roman-ehoto-na-akrobatite-od-vladimir-jankovski/ Fri, 27 Sep 2024 11:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=820214

На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.
Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недоброј значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

 

The post Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски appeared first on Република.

]]>

На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недоброј значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови. Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.  

The post Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски appeared first on Република.

]]>
До 1 јули отворен конкурсот за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/do-1-juli-otvoren-konkursot-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman/ Sat, 29 Jun 2024 18:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=791963

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Првата победничка на „Пегаз“, Соња Манџук, која го доби ова книжевно признание во 2019 година за ракописот „Насон прочитана книга“, вели дека оваа награда и денес, пет години по доделувањето, за неа има голема важност од повеќе причини.

Значајна ми е затоа што е избрана за најдобра во конкуренција од 77 ракописи. Значајна ми е затоа што овозможи објавување на романот, кој две години беше одбиван од Министерството за култура. И затоа што информацијата за конкурсот дојде во моментот кога веќе се откажав од тоа да аплицирам со ракописот преку издавачка куќа и размислував за самоиздавање на романот. Сепак, она што ја прави особено посебна и значајна за мене е токму називот „Пегаз“. Тој симбол, тоа митолошко суштество е дел од романот, некои ликови, со своето сновидно/астрално тело, летаат на неговите крилја. А, со оглед на тоа што во ова дело се обидував да го следам холистичкиот принцип на сеопфатност и целовитост, наградата „Пегаз“ ја доживувам како заокружување, надополнување, како вклопување во романот. И, токму затоа, таа за мене има исклучително и особено големо значење – вели Манџук.

Авторот Владо Јаневски, кој со „Мртвите знаат најдобро“ е еден од добитниците на „Пегаз“ за 2020 година, вели дека убавината на ова признание е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност.

„Пегаз“ е за престижна награда. На пример, во 2020 година беше доделена во конкуренција од 61 ракопис. Учествував анонимно, во такви услови наградата за мене имаше поголема тежина. Се разбира дека тоа ми даде поттик да продолжам. Благодарение на објавувањето на „Мртвите знаат најдобро“, веднаш потоа следната година се објави неговото продолжение, романот „Смртта не е крај“, кој патем може да се чита и како посебен роман – вели Јаневски.

Писателот Александар Русјаков, кој ја доби наградата во 2021 година за романот „Хотел меѓу две војни“, вели дека „награда на авторот му носи не само емотивно задоволство туку и можност неговото дело, откако ќе биде прогласено за победничко, да го види повеќе публика, оти публиката сака да ги следи наградуваните“.

За мене, „Пегаз“ е посебно значајна, затоа што, реално, тоа е мојата прва книжевна награда. Оваа награда донесе позитивно влијание врз читателската публика. А врз моето книжевно творештво, идејата за награди нема никакво влијание, бидејќи не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резултатот – вели Русјаков.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

 

The post До 1 јули отворен конкурсот за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Првата победничка на „Пегаз“, Соња Манџук, која го доби ова книжевно признание во 2019 година за ракописот „Насон прочитана книга“, вели дека оваа награда и денес, пет години по доделувањето, за неа има голема важност од повеќе причини.
Значајна ми е затоа што е избрана за најдобра во конкуренција од 77 ракописи. Значајна ми е затоа што овозможи објавување на романот, кој две години беше одбиван од Министерството за култура. И затоа што информацијата за конкурсот дојде во моментот кога веќе се откажав од тоа да аплицирам со ракописот преку издавачка куќа и размислував за самоиздавање на романот. Сепак, она што ја прави особено посебна и значајна за мене е токму називот „Пегаз“. Тој симбол, тоа митолошко суштество е дел од романот, некои ликови, со своето сновидно/астрално тело, летаат на неговите крилја. А, со оглед на тоа што во ова дело се обидував да го следам холистичкиот принцип на сеопфатност и целовитост, наградата „Пегаз“ ја доживувам како заокружување, надополнување, како вклопување во романот. И, токму затоа, таа за мене има исклучително и особено големо значење – вели Манџук.
Авторот Владо Јаневски, кој со „Мртвите знаат најдобро“ е еден од добитниците на „Пегаз“ за 2020 година, вели дека убавината на ова признание е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност.
„Пегаз“ е за престижна награда. На пример, во 2020 година беше доделена во конкуренција од 61 ракопис. Учествував анонимно, во такви услови наградата за мене имаше поголема тежина. Се разбира дека тоа ми даде поттик да продолжам. Благодарение на објавувањето на „Мртвите знаат најдобро“, веднаш потоа следната година се објави неговото продолжение, романот „Смртта не е крај“, кој патем може да се чита и како посебен роман – вели Јаневски.
Писателот Александар Русјаков, кој ја доби наградата во 2021 година за романот „Хотел меѓу две војни“, вели дека „награда на авторот му носи не само емотивно задоволство туку и можност неговото дело, откако ќе биде прогласено за победничко, да го види повеќе публика, оти публиката сака да ги следи наградуваните“.
За мене, „Пегаз“ е посебно значајна, затоа што, реално, тоа е мојата прва книжевна награда. Оваа награда донесе позитивно влијание врз читателската публика. А врз моето книжевно творештво, идејата за награди нема никакво влијание, бидејќи не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резултатот – вели Русјаков.
Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.  

The post До 1 јули отворен конкурсот за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман appeared first on Република.

]]>
Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-e-shestiot-konkurs-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman-vo-2024-godina/ Fri, 01 Mar 2024 08:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=749845

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023), што ќе биде објавен следниот месец.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

 

The post Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023), што ќе биде објавен следниот месец. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.  

The post Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trojna-promotsija-na-romanite-finalisti-za-nagradata-pegaz-vo-2022-godina/ Thu, 28 Sep 2023 07:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=685838

На 29 септември (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година. На настанот ќе бидат промовирани насловите „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон. Низ разговор со авторите, книгите ќе ги промовираат уредничките на изданијата од издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, Оливера Ќорвезироска и Татјана Димовска-Атанасова.

„Писма од лудница“ е загадочен политички трилер за уделот на агентите на УДБА во сочувувањето, односно во уривањето на југословенската заедница на народите и крвавиот раскол на идеологијата позната како „братство и единство“. Главното дејство во романот се плете околу навидум обични, љубовни писма што ги праќала дамнешна пациентка од психијатриска болница и кои ќе ги поврзат приказните на младиот стажант-психијатар Војдан и старецот Илија.

Срѓан Ивановиќ речиси целиот професионален век работи во медиуми. Неговата новинарска кариера почнува во 1996 година, во телевизијата „Сител“. Неговите колумни се објавувани и преобјавувани во повеќе медиуми. Одржува обуки и предавања на тема Медиумска писменост и Уметноста на јавниот настап. Романот „Писма од лудница“ е негов втор роман, а своето авторско деби го има во 2015 година со романот „Крвава уметност“.

„Мртва коска“ е широка, епска фреска со мноштво автентични ликови распнати помеѓу стварното и нестварното, помеѓу сонот и јавето, вистината и лагата, желбите и можностите,.. создава цел еден можен, реалистично-ониричен свет сред неможноста на нашето време. Сложената, вмрежена приказна за ликовите извајани од нашите стварносни небитија и населени во една зграда на улицата „Прашка“ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, продира до најдлабоките пластови на личното, но и на колективното, општественото.

Димче Парталоски од Вевчани, дипломира на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од 1992 година до денес работи како адвокат. За време на студиите активно се вклучува во весникот „Студентски збор“ како карикатурист, хуморист и афористичар. Пишува и хуморески и раскази. Автор е на дијалектниот речник „Речник на говорот во Вевчани“, две поетски збирки „Кандило“ и „Цибрина“ и на романите „Хајка“, „Велиново“ и „Мртва коска“.

Главен лик во кусиот роман „Есента во животот на професорот по марксизам“ е другарот 068, пензиониран професор по марксизам. Другарот 068 останува вдовец и се задушува во сопствениот стан во кој не е сигурен кој е помртов, тој или неговата Матилда. Револуционер без револуција, тој е како морнар среде пустина. Копнееше, читаше, се спремаше, а револуцијата не дојде. Напротив, контрареволуцијата се вдоми и го обликуваше животот. Секој ден сведочи како победуваат контрареволуционерите. Улица по улица, фабрика по фабрика, дом по дом – без капка крв, без никаков бунт од страна на пролетерите. И покрај тоа, тој тврдоглаво се држи за отпорот како полковникот на Маркес за неговиот петел. Еден ден, собира храброст и го отвора своето досие од УДБА и како од Пандорина кутија ги ослободува духовите од минатото...

Моџо Килингтон е писател, сценарист и активист на социјалните мрежи. Автор е на стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и на романите „Денот кога не се разбудив“ (2020), „Уништување“ (2021) и „Есента во животот на професорот по марксизам“ (2023). Своевремено работи како еден од сценаристите на комичната телевизиска емисија „Фчерашни новости“ и на ТВ-серијата „Преспав“ и е автор на текстот за стендап-комедијата „Све ли ја да мислам“.

За наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година се натпреваруваа 38 ракописи. Наградата „Пегаз“ му беше доделена на ракописот „Зелениот дворец“ од Сибо, а во потесниот избор беа разгледани романите „Писма од лудница“, „Мртва коска“ и „Есента во животот на професорот по марксизам“.

 

The post Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година appeared first on Република.

]]>

На 29 септември (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година. На настанот ќе бидат промовирани насловите „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон. Низ разговор со авторите, книгите ќе ги промовираат уредничките на изданијата од издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, Оливера Ќорвезироска и Татјана Димовска-Атанасова. „Писма од лудница“ е загадочен политички трилер за уделот на агентите на УДБА во сочувувањето, односно во уривањето на југословенската заедница на народите и крвавиот раскол на идеологијата позната како „братство и единство“. Главното дејство во романот се плете околу навидум обични, љубовни писма што ги праќала дамнешна пациентка од психијатриска болница и кои ќе ги поврзат приказните на младиот стажант-психијатар Војдан и старецот Илија. Срѓан Ивановиќ речиси целиот професионален век работи во медиуми. Неговата новинарска кариера почнува во 1996 година, во телевизијата „Сител“. Неговите колумни се објавувани и преобјавувани во повеќе медиуми. Одржува обуки и предавања на тема Медиумска писменост и Уметноста на јавниот настап. Романот „Писма од лудница“ е негов втор роман, а своето авторско деби го има во 2015 година со романот „Крвава уметност“. „Мртва коска“ е широка, епска фреска со мноштво автентични ликови распнати помеѓу стварното и нестварното, помеѓу сонот и јавето, вистината и лагата, желбите и можностите,.. создава цел еден можен, реалистично-ониричен свет сред неможноста на нашето време. Сложената, вмрежена приказна за ликовите извајани од нашите стварносни небитија и населени во една зграда на улицата „Прашка“ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, продира до најдлабоките пластови на личното, но и на колективното, општественото. Димче Парталоски од Вевчани, дипломира на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од 1992 година до денес работи како адвокат. За време на студиите активно се вклучува во весникот „Студентски збор“ како карикатурист, хуморист и афористичар. Пишува и хуморески и раскази. Автор е на дијалектниот речник „Речник на говорот во Вевчани“, две поетски збирки „Кандило“ и „Цибрина“ и на романите „Хајка“, „Велиново“ и „Мртва коска“. Главен лик во кусиот роман „Есента во животот на професорот по марксизам“ е другарот 068, пензиониран професор по марксизам. Другарот 068 останува вдовец и се задушува во сопствениот стан во кој не е сигурен кој е помртов, тој или неговата Матилда. Револуционер без револуција, тој е како морнар среде пустина. Копнееше, читаше, се спремаше, а револуцијата не дојде. Напротив, контрареволуцијата се вдоми и го обликуваше животот. Секој ден сведочи како победуваат контрареволуционерите. Улица по улица, фабрика по фабрика, дом по дом – без капка крв, без никаков бунт од страна на пролетерите. И покрај тоа, тој тврдоглаво се држи за отпорот како полковникот на Маркес за неговиот петел. Еден ден, собира храброст и го отвора своето досие од УДБА и како од Пандорина кутија ги ослободува духовите од минатото... Моџо Килингтон е писател, сценарист и активист на социјалните мрежи. Автор е на стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и на романите „Денот кога не се разбудив“ (2020), „Уништување“ (2021) и „Есента во животот на професорот по марксизам“ (2023). Своевремено работи како еден од сценаристите на комичната телевизиска емисија „Фчерашни новости“ и на ТВ-серијата „Преспав“ и е автор на текстот за стендап-комедијата „Све ли ја да мислам“. За наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година се натпреваруваа 38 ракописи. Наградата „Пегаз“ му беше доделена на ракописот „Зелениот дворец“ од Сибо, а во потесниот избор беа разгледани романите „Писма од лудница“, „Мртва коска“ и „Есента во животот на професорот по марксизам“.  

The post Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година appeared first on Република.

]]>
По јубилеен петти пат се распишува конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-jubileen-petti-pat-se-raspishuva-konkursot-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman-na-godinata/ Tue, 23 May 2023 09:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=643869

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишува петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што се доделува за најдобар необјавен роман на годината.

Конкурсот ќе биде отворен до 30 септември 2023 година, а победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година.

За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд- или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.
Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021) и „Зелениот дворец“ од Сибо (2022).

The post По јубилеен петти пат се распишува конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишува петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што се доделува за најдобар необјавен роман на годината. Конкурсот ќе биде отворен до 30 септември 2023 година, а победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд- или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021) и „Зелениот дворец“ од Сибо (2022).

The post По јубилеен петти пат се распишува конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината appeared first on Република.

]]>