награда Милан Младеновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-milan-mladenovik/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 08:49:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда Милан Младеновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-milan-mladenovik/ 32 32 Отворен конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/otvoren-konkursot-za-nagradata-milan-mladenovik-2024/ Tue, 14 May 2024 08:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=777838

Фондацијата „Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата што го носи името на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика. Конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024, под слоганот „Пријави ја твојата песна” е отворен до 31 мај годинава, инфрмираат од фондацијата.

Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски републики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата.

Песните кои аплицираат за наградата треба да бидат објавени од 01.06.2023. до 31.05.2024. година.

Апликациите може да ги поднесат авторите, изведувачите или издавачите користејќи го формуларот достапен на веб-страницата на Задужбината: www.milanmladenovic.com.

Наградата „Милан Младеновиќ' е основана со цел да се поттикне музичкото творештво кое се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан, а се доделува за најдобра песна од поранешна Југославија на церемонијата на 21 септември - роденденот на Милан.

Меѓу лауреатите на оваа престижна награда пред две години се најде и македонската пејачка Дина Јашари.

За победникот на наградата Милан Младеновиќ 2024 одлучува регионално жири составено од Ања Рупел (Словенија), Дубравко Јагатиќ (Хрватска), Макс Јуричиќ (Хрватска), Никола Врањковиќ (Србија), Светлана Ѓоловиќ (Србија).

Стручното жири прво ќе избере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Фондацијата „Милан Младеновиќ“, а добитниците на овогодинешното признание ќе бидат наградени и со парични награди. Наградата е 3.000 евра. Фондацијата „Милан Младеновиќ“ воспостави долгорочна соработка со фестивалот Егзит, а добитникот на наградата „Милан Младеновиќ“ автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Егзит 2025 година.

Награда ќе добие и најиновативниот тапанар, како и најинтересен вокалист, а годинава за прв пат ќе биде доделена и наградата за најдобар текст.

Освен формуларот за апликација, на веб-страница на фондацијата е достапна и комплетна документација во врска со условите на конкурсот и правилата за доделување на наградата.

Дина Јашари, „Љубичице“, „Артан Лили“... го чекаат наследникот на наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година.

Фото: Зоран Трбовиќ / Дизајн: Никола Пузигаќа

 

The post Отворен конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024 appeared first on Република.

]]>

Фондацијата „Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата што го носи името на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика. Конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024, под слоганот „Пријави ја твојата песна” е отворен до 31 мај годинава, инфрмираат од фондацијата. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски републики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата. Песните кои аплицираат за наградата треба да бидат објавени од 01.06.2023. до 31.05.2024. година.
Апликациите може да ги поднесат авторите, изведувачите или издавачите користејќи го формуларот достапен на веб-страницата на Задужбината: www.milanmladenovic.com.
Наградата „Милан Младеновиќ' е основана со цел да се поттикне музичкото творештво кое се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан, а се доделува за најдобра песна од поранешна Југославија на церемонијата на 21 септември - роденденот на Милан. Меѓу лауреатите на оваа престижна награда пред две години се најде и македонската пејачка Дина Јашари. За победникот на наградата Милан Младеновиќ 2024 одлучува регионално жири составено од Ања Рупел (Словенија), Дубравко Јагатиќ (Хрватска), Макс Јуричиќ (Хрватска), Никола Врањковиќ (Србија), Светлана Ѓоловиќ (Србија). Стручното жири прво ќе избере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Фондацијата „Милан Младеновиќ“, а добитниците на овогодинешното признание ќе бидат наградени и со парични награди. Наградата е 3.000 евра. Фондацијата „Милан Младеновиќ“ воспостави долгорочна соработка со фестивалот Егзит, а добитникот на наградата „Милан Младеновиќ“ автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Егзит 2025 година. Награда ќе добие и најиновативниот тапанар, како и најинтересен вокалист, а годинава за прв пат ќе биде доделена и наградата за најдобар текст. Освен формуларот за апликација, на веб-страница на фондацијата е достапна и комплетна документација во врска со условите на конкурсот и правилата за доделување на наградата. Дина Јашари, „Љубичице“, „Артан Лили“... го чекаат наследникот на наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година. Фото: Зоран Трбовиќ / Дизајн: Никола Пузигаќа  

The post Отворен конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024 appeared first on Република.

]]>