награда Донат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-donat/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 07:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда Донат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-donat/ 32 32 Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tomislav-osmanli-dobitnik-na-knizhevnata-nagrada-donat-za-zhivotno-delo/ Wed, 29 Nov 2023 07:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=717364

Награди „Донат“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Горан Бујиќ“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска.

На литературна свеченост одржана во Задар, беа доделени годишните награди „Донат” и „Горан Бујиќ“ кои ги доделува задарскиот одел на Хрватското книжевно друштво – оддел Задар. Лауреати на тие награди се и четворица македонски писатели: на Томислав Османли награда за животно дело и на книжевните творци Борче Панов, Даниела Андовска-Трајкова и Марина Мијаковска, како и невладината организација Хрватско-македонска тангента, сите наградени за видни книжевни придонеси. Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач.

„‘Донат’ за животно дело ќе му се врачи на Томислав Османли, македонски писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми, филмски и театарски критичар, новинар и есеист – стои во дел од подолгото образложение за високото хрватско книжевно признание – Автор е на 28 книги публицистика, драмски текстови, сценарија и прози. Неговата теоретска студија „Филмот и политичкото“ (1981) е првата книга во Македонија посветена на седмата уметност, онака како што ‘Стрип, запис со човечки лик’ (1987, 2002) е првата книга посветена на деветтата уметност во таа земја.“ Подеталните творечки биографии на македонските добитници се објавени во септемврискиот број на списанието „Kvaka“: https://www.casopiskvaka.com.hr/2023/09/poznati-lauerati-devete-po-redu.html#more

Инаку, високите признанија именувани „Донат“ и „Горан Бујиќ – книжевници и новинари“ се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинарот, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (род. 1955) секоја година на 28 декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. На овој начин асоцијацијата на задарските книжевни дејци, дел на Хрватското книжевно друштво, ја потврди својата отвореност и респектот кон македонските литературни творци во доменот на романескното, поетското, мултимедиското и теоретското творештво. Најзаслужен з тоа уважување е првиот човек на задарскиот Огранок, писателот Никола Шимиќ, како и неговите соработници од Управата и независните интелектуалци од бројниот состав на годинашното жири на наградите „Донат“ и „Горан Бујиќ“.

Заблагодарувајќи се од името на лауреатот на највисокото признание, наградата „Донат“ за животно дело на Томислав Османли ја прими Секретарот на Хрватско-македонската тангента, Милена Георгиевска, новинарка и уредничка на списанието „Македонски глас“ од Хрватска.

Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ

Наградите се состојат од Диплома, Медалјон со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика/фотографија дела на еминентни задарски уметници.

The post Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело appeared first on Република.

]]>

Награди „Донат“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Горан Бујиќ“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска. На литературна свеченост одржана во Задар, беа доделени годишните награди „Донат” и „Горан Бујиќ“ кои ги доделува задарскиот одел на Хрватското книжевно друштво – оддел Задар. Лауреати на тие награди се и четворица македонски писатели: на Томислав Османли награда за животно дело и на книжевните творци Борче Панов, Даниела Андовска-Трајкова и Марина Мијаковска, како и невладината организација Хрватско-македонска тангента, сите наградени за видни книжевни придонеси. Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач. „‘Донат’ за животно дело ќе му се врачи на Томислав Османли, македонски писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми, филмски и театарски критичар, новинар и есеист – стои во дел од подолгото образложение за високото хрватско книжевно признание – Автор е на 28 книги публицистика, драмски текстови, сценарија и прози. Неговата теоретска студија „Филмот и политичкото“ (1981) е првата книга во Македонија посветена на седмата уметност, онака како што ‘Стрип, запис со човечки лик’ (1987, 2002) е првата книга посветена на деветтата уметност во таа земја.“ Подеталните творечки биографии на македонските добитници се објавени во септемврискиот број на списанието „Kvaka“: https://www.casopiskvaka.com.hr/2023/09/poznati-lauerati-devete-po-redu.html#more Инаку, високите признанија именувани „Донат“ и „Горан Бујиќ – книжевници и новинари“ се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинарот, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (род. 1955) секоја година на 28 декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. На овој начин асоцијацијата на задарските книжевни дејци, дел на Хрватското книжевно друштво, ја потврди својата отвореност и респектот кон македонските литературни творци во доменот на романескното, поетското, мултимедиското и теоретското творештво. Најзаслужен з тоа уважување е првиот човек на задарскиот Огранок, писателот Никола Шимиќ, како и неговите соработници од Управата и независните интелектуалци од бројниот состав на годинашното жири на наградите „Донат“ и „Горан Бујиќ“. Заблагодарувајќи се од името на лауреатот на највисокото признание, наградата „Донат“ за животно дело на Томислав Османли ја прими Секретарот на Хрватско-македонската тангента, Милена Георгиевска, новинарка и уредничка на списанието „Македонски глас“ од Хрватска. Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ Наградите се состојат од Диплома, Медалјон со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика/фотографија дела на еминентни задарски уметници.

The post Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело appeared first on Република.

]]>