награда АРКА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-arka/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 08:30:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда АРКА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagrada-arka/ 32 32 Славе Ѓорѓо Димоски лауреат на Меѓународната награда „Арка“ за книгата „Извештаи на рисот и други песни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slave-gorgo-dimoski-laureat-na-megunarodnata-nagrada-arka-za-knigata-izveshtai-na-risot-i-drugi-pesni/ Mon, 29 Apr 2024 08:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=772104

Меѓународната награда „Арка”, која истоимената издавачка куќа од Смедерево ја доделува за најдобра книга од странски и најдобра книга од домашен автор објавена на српски јазик во текот на годината, годинава им припадна на Славе Ѓорѓо Димоски за книгата „Рисови извештаји и друге песме / Извештаи на Рисот и други песни“. Покрај него оваа година е добитник и Веле Смилевски. Одлуката ја носи меѓународно жири.

Славе Ѓорѓо Димоски, сосема веројатно, меѓу сите македонски поети (дури и да ги вклучиме Влада Урошевиќ, Радован Павловски и Санде Стојчевски) е најблизок до надреалистите и надреалистичкото јадро на неговата поезија е најсилно. Тој е оној поет кој знае како зборовите се (пре)раѓаат, се спојуваат, кршат, ништат, никнуваат како феникс. Оној што го знае, навистина го знае нивното лице и нивната опачина, лицето на реверсот и обратното лице. Оној што ги мери зборовите, стиховите и песните и на вагата на срцето и на вагата на душата. Сите негови стихозбирки биле значајни датуми на македонската поезија. Некои, богами, и европски и светски. Набљудувана на ареално ниво, поезијата на Димоски ги исполнува и земјата и небото, но и просторот долу и горе, кој често се претвора во самата празнина. Движењето е амбивалентно: пад (т.е потопување) и воздигнување. Но, падот како вознесението, и дали и вознесувањето е пад? Хименот на времето е продрен и тој навлегува и во легендарното, митското, архетипското (митот носи и еротика; се пее за сончевиот екстремитет што ја раѓа Земјата). Допира и до сите времиња, како и до симбиозата на просторот и времето. Основната слика на целокупната поезија на Славе Ѓорѓо Димоски би можела да се нарече кутија во кутија. Ништо во неговата поезија не може да се прочита и протолкува на прв поглед. Целата поезија на Димоски е палимпсестично напишана преку библиска позадина, вистинско ново, целосно искривено, лирско евангелие. Неговите песни се еден вид спор со Бога… Во поетската констелација на големите, исконски македонски поети, оние чиј живот е самата поезија, несомнено е Слава Ѓорѓо Димоски. Несомнено класик! – стои во одлуката на меѓународното жири.

Ова меѓународно признание се доделува од 2003 година, а меѓу другите што го добиле се истакнати имиња како: Миодраг Павловиќ, Љубомир Левчев, Томаж Шаламун, Георге Шварц, Стефани Сенар, Јован Зивлак, Ранко Рисоевиќ, Радомир Андриќ, Адам Пуслојиќ, Стеван Тонтиќ, Душко Новаковиќ…Од македонските поети и писатели, лауреати се академиците Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, поетот Санде Стојчевски, Јордан Плевнеш Раде Силјан…

The post Славе Ѓорѓо Димоски лауреат на Меѓународната награда „Арка“ за книгата „Извештаи на рисот и други песни“ appeared first on Република.

]]>