нагорно карабах Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagorno-karabah/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Oct 2023 12:22:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нагорно карабах Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagorno-karabah/ 32 32 Азербејџанското знаме се развиори во Нагорно Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhanskoto-zname-se-razviori-vo-nagorno-karabah/ Sun, 15 Oct 2023 12:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=691389

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска го подигна азербејџанското знаме во најголемиот град во Нагорно Карабах, Ханканди, се наведува на веб-страницата на претседателот на Азербејџан.

Кај Ерменците тој град е познат како Степанакерт.

Азербејџанските сили го скршија отпорот на владата на етничките Ерменија минатиот месец, поради што околу 120.000 луѓе избегаа во Ерменија

The post Азербејџанското знаме се развиори во Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска го подигна азербејџанското знаме во најголемиот град во Нагорно Карабах, Ханканди, се наведува на веб-страницата на претседателот на Азербејџан. Кај Ерменците тој град е познат како Степанакерт. Азербејџанските сили го скршија отпорот на владата на етничките Ерменија минатиот месец, поради што околу 120.000 луѓе избегаа во Ерменија

The post Азербејџанското знаме се развиори во Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>
Откако го зема Нагорно Карабах, Азербејџан подготвен за разговори со Ерменија со посредство на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-go-zema-nagorno-karabah-azerbejdhan-podgotven-za-razgovori-so-ermenija-so-posredstvo-na-eu/ Thu, 05 Oct 2023 17:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=688305

Хикмет Хаџиев, советникот на азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, порача дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европската Унија, по успешната азербејџанска офанзива во Нагорно Карабах.

Азербејџанскиот претседател не дојде на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде што требаше да се разговара на оваа тема.

Азербејџан е подготвен наскоро да учествува во Брисел на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија“, напиша Хаџиевна платформата Х.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој дојде на самитот, ја осуди одлуката на азербејџанскиот претседател да не присуствува.

Според Хаџиев, неговата земја одлучила да не учествува поради „милитаристичката политика“ на Франција кон Кавказот, односот на ЕУ кон регионот, како и поради тоа што турскиот претставник не учествува.

Сепак, Хаџиев нагласи дека тоа не значи дека ги отфрла разговорите со Ерменија.

The post Откако го зема Нагорно Карабах, Азербејџан подготвен за разговори со Ерменија со посредство на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Хикмет Хаџиев, советникот на азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, порача дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европската Унија, по успешната азербејџанска офанзива во Нагорно Карабах. Азербејџанскиот претседател не дојде на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде што требаше да се разговара на оваа тема.
Азербејџан е подготвен наскоро да учествува во Брисел на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија“, напиша Хаџиевна платформата Х.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој дојде на самитот, ја осуди одлуката на азербејџанскиот претседател да не присуствува. Според Хаџиев, неговата земја одлучила да не учествува поради „милитаристичката политика“ на Франција кон Кавказот, односот на ЕУ кон регионот, како и поради тоа што турскиот претставник не учествува. Сепак, Хаџиев нагласи дека тоа не значи дека ги отфрла разговорите со Ерменија.

The post Откако го зема Нагорно Карабах, Азербејџан подготвен за разговори со Ерменија со посредство на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Скоро сите Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах по нападот од Азербејџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skoro-site-ermentsi-go-napushtija-nagorno-karabah-po-napadot-od-azerbejdhan/ Mon, 02 Oct 2023 07:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=686949

Процесот на преселување на ерменските бегалци од Нагорно-Карабах во Ерменија е при крај, изјави Назели Багдасарјан, портпаролка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Интензитетот значително се намали. Можеме да кажеме дека последните луѓе кои сакаа да се преселат во Ерменија го сторија тоа и процесот се приближува до својот логичен крај, рече таа.

Портпаролката додаде дека Ерменија ќе продолжи да обезбедува превоз за оние кои сакаат да го напуштат Нагорно-Карабах.

Багдасарјан истакна дека од 24 септември досега во Ерменија пристигнале 100.514 лица и дека е обезбедено привремено сместување за 48.649 раселени лица.

Претходно, претставник на агенцијата за бегалци на ОН рече дека вкупниот број бегалци може да достигне 120.000, што одговара на проценките на целото население на Нагорно-Карабах.

The post Скоро сите Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах по нападот од Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Процесот на преселување на ерменските бегалци од Нагорно-Карабах во Ерменија е при крај, изјави Назели Багдасарјан, портпаролка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Интензитетот значително се намали. Можеме да кажеме дека последните луѓе кои сакаа да се преселат во Ерменија го сторија тоа и процесот се приближува до својот логичен крај, рече таа.
Портпаролката додаде дека Ерменија ќе продолжи да обезбедува превоз за оние кои сакаат да го напуштат Нагорно-Карабах. Багдасарјан истакна дека од 24 септември досега во Ерменија пристигнале 100.514 лица и дека е обезбедено привремено сместување за 48.649 раселени лица. Претходно, претставник на агенцијата за бегалци на ОН рече дека вкупниот број бегалци може да достигне 120.000, што одговара на проценките на целото население на Нагорно-Карабах.

The post Скоро сите Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах по нападот од Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Ереван: Повеќе од 84.000 луѓе се преселија во Ерменија од Нагорно Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erevan-poveke-od-84-000-luge-se-preselija-vo-ermenija-od-nagorno-karabah/ Fri, 29 Sep 2023 06:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=686227

Повеќе од 84.000 луѓе го напуштија Нагорно Карабах и пристигнаа во Ерменија до утринава, соопшти ерменската влада.

„До утринава до 6 часот, во Ерменија влегле вкупно 84.770 раселени лица од Нагорно Карабах“, се вели во соопштението на владината служба.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан верува дека за неколку дена во Нагорно-Карабах нема да има Ерменци.

„Анализите покажуваат дека во наредните денови нема да има Ерменци во Нагорно Карабах. Ова е директен чин на етничко чистење и депортација, за што долго време ја предупредувавме меѓународната заедница“, рече Пашинјан на владина седница.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан ги отфрли обвинувањата на Пашинјан дека азербејџанските власти вршат етничко чистење во Нагорно Карабах.

„Ја отфрламе изјавата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан дека ерменските жители од регионот Карабах во Азербејџан наводно биле подложени на етничко чистење“, се наведува во соопштението.

Претседателот на самопрогласената Република Нагорно Карабах, Самвел Шахраманјан потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија властите на тој мнозински ерменски регион. Таа самопрогласена република ќе престане да постои од тој датум, се наведува во декретот.

Населението на Нагорно Карабах, вклучително и оние надвор од нејзините граници, е покането да се запознае со условите за реинтеграција што ќе ги обезбеди Азербејџан, со цел самостојно да одлучува за можноста за останување во регионот во иднина. Регулативата стапи во сила веднаш по објавувањето.

На 19 септември Азербејџан започна воена операција во Нагорно-Карабах, нарекувајќи ја „антитерористички мерки од локална природа“ за враќање на уставниот поредок во регионот. Ереван ги окарактеризира овие акции како агресија, велејќи дека нема ерменски единици во Нагорно Карабах.

Еден ден подоцна, со посредство на руските мировни сили, беше постигнат договор за прекин на огнот, а меѓу условите на примирјето беше истакнато и разоружувањето на ерменските формации

The post Ереван: Повеќе од 84.000 луѓе се преселија во Ерменија од Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 84.000 луѓе го напуштија Нагорно Карабах и пристигнаа во Ерменија до утринава, соопшти ерменската влада.
„До утринава до 6 часот, во Ерменија влегле вкупно 84.770 раселени лица од Нагорно Карабах“, се вели во соопштението на владината служба.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан верува дека за неколку дена во Нагорно-Карабах нема да има Ерменци.
„Анализите покажуваат дека во наредните денови нема да има Ерменци во Нагорно Карабах. Ова е директен чин на етничко чистење и депортација, за што долго време ја предупредувавме меѓународната заедница“, рече Пашинјан на владина седница.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан ги отфрли обвинувањата на Пашинјан дека азербејџанските власти вршат етничко чистење во Нагорно Карабах.
„Ја отфрламе изјавата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан дека ерменските жители од регионот Карабах во Азербејџан наводно биле подложени на етничко чистење“, се наведува во соопштението.
Претседателот на самопрогласената Република Нагорно Карабах, Самвел Шахраманјан потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија властите на тој мнозински ерменски регион. Таа самопрогласена република ќе престане да постои од тој датум, се наведува во декретот. Населението на Нагорно Карабах, вклучително и оние надвор од нејзините граници, е покането да се запознае со условите за реинтеграција што ќе ги обезбеди Азербејџан, со цел самостојно да одлучува за можноста за останување во регионот во иднина. Регулативата стапи во сила веднаш по објавувањето. На 19 септември Азербејџан започна воена операција во Нагорно-Карабах, нарекувајќи ја „антитерористички мерки од локална природа“ за враќање на уставниот поредок во регионот. Ереван ги окарактеризира овие акции како агресија, велејќи дека нема ерменски единици во Нагорно Карабах. Еден ден подоцна, со посредство на руските мировни сили, беше постигнат договор за прекин на огнот, а меѓу условите на примирјето беше истакнато и разоружувањето на ерменските формации

The post Ереван: Повеќе од 84.000 луѓе се преселија во Ерменија од Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>
Досега пребегаа повеќе од 65.000 луѓе, над половина од ерменската популација во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dosega-prebegaa-poveke-od-65-000-luge-nad-polovina-od-ermenskata-populatsija-vo-nagorno-karabah/ Thu, 28 Sep 2023 08:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=685874

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада.

Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот.

Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно-Карабах по пристигнувањето на азербејџанските сили.

Официјален Баку рече дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ерменците во Карабах се изложени на ризик од етничко чистење.

The post Досега пребегаа повеќе од 65.000 луѓе, над половина од ерменската популација во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада. Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот. Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно-Карабах по пристигнувањето на азербејџанските сили. Официјален Баку рече дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ерменците во Карабах се изложени на ризик од етничко чистење.

The post Досега пребегаа повеќе од 65.000 луѓе, над половина од ерменската популација во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
13,500 Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/13-500-ermentsi-go-napushtija-nagorno-karabah/ Tue, 26 Sep 2023 08:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=685170

Од азербејџанскиот регион Нагорно Карабах во Ерменија влегле 13.550 луѓе, соопштија денеска ерменските власти.

Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откако Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци.

„До 08:00 часот на 26 септември, 13.550 внатрешно раселени лица влегле во Република Ерменија од Нагорно-Карабах. Податоците за регистрација на 11.000 од нив се веќе обработени, а причините за 2.550 лица се уште се разјаснуваат“, се наведува во соопштението на ерменската Влада на социјалните мрежи.

Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани кои немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“.

Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници кои планираат да го напуштат Нагорно Карабах, изјави претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан во своето обраќање до нацијата.

Околу 120.000 Ерменци од Нагорно-Карабах планираат да заминат во Ерменија бидејќи не сакаат да живеат во Азербејџан и се плашат од етничко чистење, соопшти Давид Бабајан, советник на претседателот на отцепениот непризнаен регион.

Бабајан изјави дека Ерменците не сакаат да живеат во состав на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив поради тоа ќе го напуштат Нагорно Карабах

The post 13,500 Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Од азербејџанскиот регион Нагорно Карабах во Ерменија влегле 13.550 луѓе, соопштија денеска ерменските власти. Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откако Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци. „До 08:00 часот на 26 септември, 13.550 внатрешно раселени лица влегле во Република Ерменија од Нагорно-Карабах. Податоците за регистрација на 11.000 од нив се веќе обработени, а причините за 2.550 лица се уште се разјаснуваат“, се наведува во соопштението на ерменската Влада на социјалните мрежи. Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани кои немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“. Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници кои планираат да го напуштат Нагорно Карабах, изјави претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан во своето обраќање до нацијата. Околу 120.000 Ерменци од Нагорно-Карабах планираат да заминат во Ерменија бидејќи не сакаат да живеат во Азербејџан и се плашат од етничко чистење, соопшти Давид Бабајан, советник на претседателот на отцепениот непризнаен регион. Бабајан изјави дека Ерменците не сакаат да живеат во состав на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив поради тоа ќе го напуштат Нагорно Карабах

The post 13,500 Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Има жртви и повредени: Експлозија во складиште за бензин во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ima-zhrtvi-i-povredeni-eksplozija-vo-skladishte-za-benzin-vo-nagorno-karabah/ Mon, 25 Sep 2023 19:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=685073

Силна експлозија се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми, повикувајќи се на службата за итни случаи на Нагорно-Карабах, пренесе БТА.

Има жртви и ранети. Луѓето кои се здобиле со изгореници се пренесени во медицински установи. Спасувачките екипи во моментов работат на лице место, јавуваат ерменските медиуми, прецизирајќи дека деталите ќе бидат објавени подоцна.

Како последица на експлозијата, додаваат, се повредени неколку стотици луѓе, а има многу жртви, иако нивниот точен број се уште не е познат.

Потребна е итна воздушна евакуација на ранетите, бидејќи ресурсите на медицинскиот центар во Степанакерт се недоволни, изјави народниот правобранител на Нагорно-Карабах.

The post Има жртви и повредени: Експлозија во складиште за бензин во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Силна експлозија се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми, повикувајќи се на службата за итни случаи на Нагорно-Карабах, пренесе БТА. Има жртви и ранети. Луѓето кои се здобиле со изгореници се пренесени во медицински установи. Спасувачките екипи во моментов работат на лице место, јавуваат ерменските медиуми, прецизирајќи дека деталите ќе бидат објавени подоцна. Како последица на експлозијата, додаваат, се повредени неколку стотици луѓе, а има многу жртви, иако нивниот точен број се уште не е познат. Потребна е итна воздушна евакуација на ранетите, бидејќи ресурсите на медицинскиот центар во Степанакерт се недоволни, изјави народниот правобранител на Нагорно-Карабах.

The post Има жртви и повредени: Експлозија во складиште за бензин во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Околу 120.000 Ерменци ќе го напуштат Нагорно Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-120-000-ermentsi-ke-go-napushtat-nagorno-karabah/ Sun, 24 Sep 2023 10:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=684637

Околу 120.000 Ерменци од Нагорно Карабах ќе заминат во Ерменија, бидејќи не сакаат да живеат во составот на Азербејџан и се плашат од етничко чистење, изјави Давид Бабајан, советник на претседателот на енклавата.

Бабајан изјави дека Ерменците нема да имаат човечки услови да живеат во составот на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив ќе го напуштат Нагорно Карабах поради тоа.

Судбината на нашиот кутар народ ќе влезе во историјата како срам за ерменскиот народ и за целиот цивилизиран свет“, порача Бабајан и додаде дека процесот на предавање на оружјето на етничките Ерменци од Нагорно Карабах е во тек.

The post Околу 120.000 Ерменци ќе го напуштат Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Околу 120.000 Ерменци од Нагорно Карабах ќе заминат во Ерменија, бидејќи не сакаат да живеат во составот на Азербејџан и се плашат од етничко чистење, изјави Давид Бабајан, советник на претседателот на енклавата. Бабајан изјави дека Ерменците нема да имаат човечки услови да живеат во составот на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив ќе го напуштат Нагорно Карабах поради тоа.
Судбината на нашиот кутар народ ќе влезе во историјата како срам за ерменскиот народ и за целиот цивилизиран свет“, порача Бабајан и додаде дека процесот на предавање на оружјето на етничките Ерменци од Нагорно Карабах е во тек.

The post Околу 120.000 Ерменци ќе го напуштат Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>
Ерменија бара итно распоредување на мисија на ОН во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ermenija-bara-itno-rasporeduvane-na-misija-na-on-vo-nagorno-karabah/ Sun, 24 Sep 2023 09:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=684622

Ерменија побара итно распоредување на мисија на Обединетите Нации за набљудување на човековите права и безбедноста во Нагорно-Карабах, во момент кога се создадени услови за испраќање помош во тоа подрачје по воспоставувањето на кревкиот прекин на огнот.

Азербејџан на 20 септември прогласи прекин на огнот откако ги принуди ерменските сили да прифатат целосно воспоставување на азербејџанска контрола во Нагорно-Карабах, ерменска етничка енклава.

Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но прогласи отцепување на почетокот на 1990-тите во текот на војната што избувна по распадот на Советскиот Сојуз.

Меѓународната заедница треба да ги преземе сите напори за итно распоредување на меѓуагенциската мисија на ОН во Нагорно-Карабах со цел следење и проценка на човековите права, хуманитарната и безбедносната состојба на терен, изјави министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, во обраќањето на седницата на Генералното собрание на ОН.

The post Ерменија бара итно распоредување на мисија на ОН во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Ерменија побара итно распоредување на мисија на Обединетите Нации за набљудување на човековите права и безбедноста во Нагорно-Карабах, во момент кога се создадени услови за испраќање помош во тоа подрачје по воспоставувањето на кревкиот прекин на огнот. Азербејџан на 20 септември прогласи прекин на огнот откако ги принуди ерменските сили да прифатат целосно воспоставување на азербејџанска контрола во Нагорно-Карабах, ерменска етничка енклава. Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но прогласи отцепување на почетокот на 1990-тите во текот на војната што избувна по распадот на Советскиот Сојуз.
Меѓународната заедница треба да ги преземе сите напори за итно распоредување на меѓуагенциската мисија на ОН во Нагорно-Карабах со цел следење и проценка на човековите права, хуманитарната и безбедносната состојба на терен, изјави министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, во обраќањето на седницата на Генералното собрание на ОН.

The post Ерменија бара итно распоредување на мисија на ОН во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Првиот конвој со хуманитарна помош од Црвениот крст испратен во Нагорно Карабах стигнал до границата меѓу Ерменија и Азербејџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prviot-konvoj-so-humanitarna-pomosh-od-tsrveniot-krst-ispraten-vo-nagorno-karabah-stignal-do-granitsata-megu-ermenija-i-azerbejdhan/ Sat, 23 Sep 2023 20:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=684507

Конвој за хуманитарна помош на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) испратен во Нагорно-Карабах е забележан на ерменско-азербејџанската граница, за првпат откако Баку почна молскавично брза 24-часовна воена операција и ги разби ерменските сили во енклавата.

Етничките Ерменци кои живеат во Нагорно-Карабах апелираа дека се под опсада, со малку храна и недоволно струја и гориво и ги повикаа светските сили да им помогнат.

Помош испрати и Русија. Официјална Москва претходно соопшти дека ерменските  борци почнале да го предаваат оружјето откако Азербејџан ја презеде контролата врз енклавата.

Американскиот сенатор Гери Питерс, демократ од Мичиген, кој ја предводеше делегацијата на американскиот конгрес на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, изјави дека се потребни меѓународни набљудувачи за да се следи ситуацијата во Нагорно-Карабах, додавајќи дека луѓето се „многу исплашени“ од тоа што се случува таму. .

Секако дека сум многу вознемирен од она што се случува во Нагорно-Карабах во моментов и мислам дека тоа треба да биде јавно објавено“, им рече сенаторот на новинарите на границата.

The post Првиот конвој со хуманитарна помош од Црвениот крст испратен во Нагорно Карабах стигнал до границата меѓу Ерменија и Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Конвој за хуманитарна помош на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) испратен во Нагорно-Карабах е забележан на ерменско-азербејџанската граница, за првпат откако Баку почна молскавично брза 24-часовна воена операција и ги разби ерменските сили во енклавата. Етничките Ерменци кои живеат во Нагорно-Карабах апелираа дека се под опсада, со малку храна и недоволно струја и гориво и ги повикаа светските сили да им помогнат. Помош испрати и Русија. Официјална Москва претходно соопшти дека ерменските  борци почнале да го предаваат оружјето откако Азербејџан ја презеде контролата врз енклавата. Американскиот сенатор Гери Питерс, демократ од Мичиген, кој ја предводеше делегацијата на американскиот конгрес на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, изјави дека се потребни меѓународни набљудувачи за да се следи ситуацијата во Нагорно-Карабах, додавајќи дека луѓето се „многу исплашени“ од тоа што се случува таму. .
Секако дека сум многу вознемирен од она што се случува во Нагорно-Карабах во моментов и мислам дека тоа треба да биде јавно објавено“, им рече сенаторот на новинарите на границата.

The post Првиот конвој со хуманитарна помош од Црвениот крст испратен во Нагорно Карабах стигнал до границата меѓу Ерменија и Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhan-proglasi-amnestija-za-ermenskite-bortsi-vo-regionot-nagorno-karabah/ Fri, 22 Sep 2023 08:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=684012

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах кои го предаваат оружјето, иако некои од нив најавија дека ќе продолжат со отпорот, изјави советникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев.

Ерменците, кои го сочинуваат мнозинството во Нагорно-Карабах, во четвртокот рекоа дека им се потребни безбедносни гаранции пред да го предадат оружјето, откако Азербејџан објави дека го вратил отцепениот регион под своја контрола по 24-часовната воена операција.

Како што пренесуваат странските агенции, Хаџиев најави дека Баку планира амнестија за сите борци од Карабах кои ќе го предадат оружјето.

„Гледаме дека во овој момент некои поединечни армиски групи и офицери јавно објавија дека нема да се согласат со нашите услови и дека ќе продолжат со својот отпор. Гледаме и дека некои помали групи одат во шумата. Но, ние не го гледаме тоа како голем безбедносен предизвик. Секако, тоа носи одредени предизвици и тешкотии, но не во толку големи размери“, изјави азербејџанскиот претставник.

Тој рече дека ќе се почитуваат правата на Ерменците од Карабах како дел од нивната интеграција во Азербејџан, додавајќи дека тие побарале хуманитарна помош, како и снабдување со нафта и бензин.

Хаџиев најави дека денеска во овој регион ќе бидат доставени три товари хуманитарна помош.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ереван е подготвен да прифати бегалци од Нагорно Карабах.

Вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци.

Договорот беше постигнат со посредство на руски мировен контингент, откако официјален Баку започна антитерористичка операција во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок во областа контролирана од ерменските сепаратисти.

The post Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах кои го предаваат оружјето, иако некои од нив најавија дека ќе продолжат со отпорот, изјави советникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев. Ерменците, кои го сочинуваат мнозинството во Нагорно-Карабах, во четвртокот рекоа дека им се потребни безбедносни гаранции пред да го предадат оружјето, откако Азербејџан објави дека го вратил отцепениот регион под своја контрола по 24-часовната воена операција. Како што пренесуваат странските агенции, Хаџиев најави дека Баку планира амнестија за сите борци од Карабах кои ќе го предадат оружјето.
„Гледаме дека во овој момент некои поединечни армиски групи и офицери јавно објавија дека нема да се согласат со нашите услови и дека ќе продолжат со својот отпор. Гледаме и дека некои помали групи одат во шумата. Но, ние не го гледаме тоа како голем безбедносен предизвик. Секако, тоа носи одредени предизвици и тешкотии, но не во толку големи размери“, изјави азербејџанскиот претставник.
Тој рече дека ќе се почитуваат правата на Ерменците од Карабах како дел од нивната интеграција во Азербејџан, додавајќи дека тие побарале хуманитарна помош, како и снабдување со нафта и бензин. Хаџиев најави дека денеска во овој регион ќе бидат доставени три товари хуманитарна помош. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ереван е подготвен да прифати бегалци од Нагорно Карабах. Вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци. Договорот беше постигнат со посредство на руски мировен контингент, откако официјален Баку започна антитерористичка операција во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок во областа контролирана од ерменските сепаратисти.

The post Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>
Борел порача дека ЕУ ја осудува воената операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах и очекува сеопфатен и транспарентен дијалог https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-poracha-deka-eu-ja-osuduva-voenata-operatsija-na-azerbejdhan-vo-nagorno-karabah-i-ochekuva-seopfaten-i-transparenten-dijalog/ Thu, 21 Sep 2023 19:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=683934

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, порача дека Европската Унија ја осудува воената операција на Азербејџан против ерменското население во Нагорно-Карабах и изразува жалење за жртвите и загубите на животи предизвикани од таа ескалација.

Во писмената изјава на Борел се наведува дека се нотирани информациите дека е постигнат договор за прекин на огнот и ЕУ очекува итен и целосен прекин на непријателствата и почитување на договорениот прекин на огнот.

ЕУ го повикува Азербејџан да дозволи итен и непречен хуманитарен пристап до населението кое има потреба од помош, вклучително и преку целосно повторно отворање на Лачинскиот Коридор во согласност со одлуките на Меѓународниот суд на правдата од февруари и јули 2023 година. Хуманитарните работници треба да можат слободно да работат. ЕУ и нејзините земји членки се подготвени да обезбедат итна хуманитарна помош, се додава во изјаватта.

Борел натаму потенцира дека ЕУ ги повикува „Баку и Ерменците од Карабах итно да се вклучат во сеопфатен и транспарентен дијалог“.

Азербејџан има одговорност да ги гарантира правата и безбедноста на Ерменците од Карабах, вклучувајќи го и нивното право да живеат во своите домови без заплашување и дискриминација. Присилно раселување на цивилното население преку воени или други средства ќе наиде на силен одговор од страна на ЕУ. ЕУ е подготвена да преземе соодветни активности во случај на натамошно влошување на ситуацијата, порачува високиот претставник на Унијата.

Во изјавата натаму се додава дека ЕУ ја реафирмира својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет и на Азербејџан и на Ерменија.

Го повикуваме Азербејџан да ја потврди својата недвосмислена посветеност на територијалниот интегритет на Ерменија, во согласност со Декларацијата од Алмати од 1991 година. ЕУ е подготвена дополнително да ги поддржи демократски избраните власти на Ерменија во одржување на безбедноста и продолжувањето на демократските реформи во земјата. Мисијата на Европската Унија во Ерменија (ЕУМА) ќе продолжи да набљудува и да известува за безбедносната ситуација долж ерменската страна на меѓународната граница со Азербејџан, се нагласува во изјавата.

Борел посочува дека ЕУ повикува на продолжување на преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за сите нерешени прашања, во насока на склучувањето на мировен договор и останува целосно посветена на оддршката на таквите преговори.

Европската Унија останува целосно посветена на олеснување на дијалогот меѓу страните, особено под покровителство на претседателот на Европскиот совет со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, со цел да се обезбеди долготраен мир во корист на сите луѓе во регионот, додава Борел во писмената изјава.

The post Борел порача дека ЕУ ја осудува воената операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах и очекува сеопфатен и транспарентен дијалог appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, порача дека Европската Унија ја осудува воената операција на Азербејџан против ерменското население во Нагорно-Карабах и изразува жалење за жртвите и загубите на животи предизвикани од таа ескалација. Во писмената изјава на Борел се наведува дека се нотирани информациите дека е постигнат договор за прекин на огнот и ЕУ очекува итен и целосен прекин на непријателствата и почитување на договорениот прекин на огнот.
ЕУ го повикува Азербејџан да дозволи итен и непречен хуманитарен пристап до населението кое има потреба од помош, вклучително и преку целосно повторно отворање на Лачинскиот Коридор во согласност со одлуките на Меѓународниот суд на правдата од февруари и јули 2023 година. Хуманитарните работници треба да можат слободно да работат. ЕУ и нејзините земји членки се подготвени да обезбедат итна хуманитарна помош, се додава во изјаватта.
Борел натаму потенцира дека ЕУ ги повикува „Баку и Ерменците од Карабах итно да се вклучат во сеопфатен и транспарентен дијалог“.
Азербејџан има одговорност да ги гарантира правата и безбедноста на Ерменците од Карабах, вклучувајќи го и нивното право да живеат во своите домови без заплашување и дискриминација. Присилно раселување на цивилното население преку воени или други средства ќе наиде на силен одговор од страна на ЕУ. ЕУ е подготвена да преземе соодветни активности во случај на натамошно влошување на ситуацијата, порачува високиот претставник на Унијата.
Во изјавата натаму се додава дека ЕУ ја реафирмира својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет и на Азербејџан и на Ерменија.
Го повикуваме Азербејџан да ја потврди својата недвосмислена посветеност на територијалниот интегритет на Ерменија, во согласност со Декларацијата од Алмати од 1991 година. ЕУ е подготвена дополнително да ги поддржи демократски избраните власти на Ерменија во одржување на безбедноста и продолжувањето на демократските реформи во земјата. Мисијата на Европската Унија во Ерменија (ЕУМА) ќе продолжи да набљудува и да известува за безбедносната ситуација долж ерменската страна на меѓународната граница со Азербејџан, се нагласува во изјавата.
Борел посочува дека ЕУ повикува на продолжување на преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за сите нерешени прашања, во насока на склучувањето на мировен договор и останува целосно посветена на оддршката на таквите преговори.
Европската Унија останува целосно посветена на олеснување на дијалогот меѓу страните, особено под покровителство на претседателот на Европскиот совет со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, со цел да се обезбеди долготраен мир во корист на сите луѓе во регионот, додава Борел во писмената изјава.

The post Борел порача дека ЕУ ја осудува воената операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах и очекува сеопфатен и транспарентен дијалог appeared first on Република.

]]>
Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/ Wed, 20 Sep 2023 21:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=683621

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во телевизиски говор, го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот Нагорно-Карабах, населен со Ерменци.

Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, изјави Алиев во говорот.

Засега нема коментар од ерменска страна.

Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна воена операција за освојување на спорниот регион во Јужен Кавказ.

Според Ерменците, повеќе од 30 луѓе загинале, а повеќе од 200 се повредени.

Двете страни денеска се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, по што борбите стивнаа. Азербејџанската страна се согласи на прекин на огнот под услов ерменските борци од регионот да се откажат од отпорот и да го положат оружјето.

The post Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во телевизиски говор, го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот Нагорно-Карабах, населен со Ерменци.
Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, изјави Алиев во говорот.
Засега нема коментар од ерменска страна. Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна воена операција за освојување на спорниот регион во Јужен Кавказ. Според Ерменците, повеќе од 30 луѓе загинале, а повеќе од 200 се повредени. Двете страни денеска се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, по што борбите стивнаа. Азербејџанската страна се согласи на прекин на огнот под услов ерменските борци од регионот да се откажат од отпорот и да го положат оружјето.

The post Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Жестоки протести во Ереван, демонстрантите го обвинуваат премиерот за предавнички договор со Азербејџан за Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhestoki-protesti-vo-erevan-demonstrantite-go-obvinuvaat-premierot-za-predavnichki-dogovor-so-azerbejdhan-za-nagorno-karabah/ Wed, 20 Sep 2023 18:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=683557

Протестите во Ерменија, кои почнаа синоќа, продолжуваат и денеска. Граѓаните на Ерменија, кои излегоа на улиците за да протестираат против ситуацијата во Нагорно-Карабах, го обвинуваат првиот човек на владата во Ереван дека овој регион му го предал на Азербејџан.

Демонстрантите денеска ја блокираа авенијата Тиграна Мец до зградата на ерменската Влада во центарот на Ереван, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан.

Протестите доаѓаат откако етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах денеска се согласија на рускиот предлог за прекин на огнот, 24 часа откако Азербејџан започна офанзива за да ја врати контролата врз енклавата во која загинаа десетици, а стотици лица се повредени.

Демонстрантите извикуваат антивладини слогани, обвинувајќи го Пашинјан и неговата политика за неуспешниот исход на ситуацијата во Нагорно-Карабах.

Според информациите, полицијата ја опколила целата зграда на Владата.

Министерството за одбрана на Азербејџан претходно денеска соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах, односно за суспензија на антитерористичките мерки во таа област во 13 часот по локално време. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека неговата земја не учествувала во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Ерменските сепаратистички сили во Карабах соопштија дека војската на Азербејџан ги пробила нивните линии и зазела бројни високи и стратешки патни јазли „додека светот стоеше на страна и не презеде ништо“. Самопрогласената „Република Артсах“ соопшти дека во такви околности нема друг избор освен да ги прекине непријателствата денеска во 13 часот по локално време.

Властите на Република Артсах го прифаќаат предлогот на командата на рускиот мировен контингент за прекин на огнот. Со посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на воените дејствија од 13 часот на 20 септември 2023 година, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/svet/postignat-dogovor-za-tselosen-prekin-na-neprijatelstvata-vo-nagorno-karabah-so-posreduvane-na-ruskiot-miroven-kontingent/

Новиот развој на ситуацијата почна вчера, кога Азербејџан започна операција против Нагорно-Карабах, откако некои од неговите војници беа убиени во, како што рече Баку напади од планинскиот регион, кој Азербејџан го изолираше.

Баку побара сепаратистичките политички власти во Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, исто така да се распуштат пред какви било разговори за иднината на регионот, кој Азербејџан сака целосно да го интегрира, да го положат оружјето и да се разоружаат.

Ерменските сепаратисти од Нагорно Карабах најавија дека денеска ќе го положат оружјето како дел од постигнатиот прекин на огнот и оти утре ќе почнат преговорите за реинтеграција на спорниот регион во Азербејџан.

Постигнат е договор за повлекување на преостанатите единици и војници на вооружените сили на Ерменија... и за распуштање и целосно разоружување на вооружените формации на одбранбената армија на Нагорно-Карабах“, соопшти раководството на енклавата, најавувајќи почеток на преговорите за „реинтеграција“ на териториите во Азербејџан утре во азербејџанскиот град Џевлах.

За Нагорно-Карабах со децении се води жесток спор. Регионот, мнозински населен со Ерменци, географски е целосно опкружен со територија на Азербејџан. Само еден пристапен пат, таканаречениот „Коридор Лачин“, го поврзува со државата Ерменија, преку која вообичаено се снабдува со стока.

Но, од декември 2022 година, овој пат е блокиран од Азербејџан, потсетува Дојче веле. Оттогаш, регионот е во голема мера отсечен од надворешниот свет. Првично, барем Меѓународниот Црвен крст и руските трупи, кои требаше да го надгледуваат договорот за прекин на огнот договорен меѓу Ерменија и Азербејџан во 2020 година, сè уште можеа да донесат помош во регионот. Но, во јуни, по битката меѓу ерменските и азербејџанските војници на нивната заедничка граница, азербејџанскиот лидер Илхам Алијев ја заостри блокадата, така што оттогаш жителите на енклавата се оставени целосно сами на себе.

Според одредени аналитичари, најголеми губитници од овој договор се карабашките Ерменци.  Томас де Вал, виш соработник во истражувачкиот центар Карнеги Европа, коментира за Гардијан што значи денешниот прекин на огнот за регионот, но и за светот.

Примирјето е позитивно, очигледно, доколку трае, бидејќи ќе биде избегната заканата од масовно крвопролевање. Она што го гледаме овде е интервенција на Русија во име на Азербејџан со цел да ги задржи своите мировни сили во Карабах барем на некое време, а со тоа и упориште во Јужен Кавказ“, изјави Де Вал.

Главните губитници се Ерменците од Карабах кои ја загубија својата 35-годишна борба за самоопределување или отцепување од Азербејџан. Тие сега губат секакви средства за самоодбрана и се соочуваат со многу неизвесна иднина во Азербејџан. Карабах можеби избегна целосно уништување, но поверојатно е дека ќе се соочат со бавно отстранување од нивната татковина, бидејќи Азербејџан не им нуди никаква автономија или посебни политички права“, објасни тој.

 

The post Жестоки протести во Ереван, демонстрантите го обвинуваат премиерот за предавнички договор со Азербејџан за Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Протестите во Ерменија, кои почнаа синоќа, продолжуваат и денеска. Граѓаните на Ерменија, кои излегоа на улиците за да протестираат против ситуацијата во Нагорно-Карабах, го обвинуваат првиот човек на владата во Ереван дека овој регион му го предал на Азербејџан. Демонстрантите денеска ја блокираа авенијата Тиграна Мец до зградата на ерменската Влада во центарот на Ереван, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан. Протестите доаѓаат откако етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах денеска се согласија на рускиот предлог за прекин на огнот, 24 часа откако Азербејџан започна офанзива за да ја врати контролата врз енклавата во која загинаа десетици, а стотици лица се повредени. Демонстрантите извикуваат антивладини слогани, обвинувајќи го Пашинјан и неговата политика за неуспешниот исход на ситуацијата во Нагорно-Карабах. Според информациите, полицијата ја опколила целата зграда на Владата. Министерството за одбрана на Азербејџан претходно денеска соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах, односно за суспензија на антитерористичките мерки во таа област во 13 часот по локално време. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека неговата земја не учествувала во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах. Ерменските сепаратистички сили во Карабах соопштија дека војската на Азербејџан ги пробила нивните линии и зазела бројни високи и стратешки патни јазли „додека светот стоеше на страна и не презеде ништо“. Самопрогласената „Република Артсах“ соопшти дека во такви околности нема друг избор освен да ги прекине непријателствата денеска во 13 часот по локално време.
Властите на Република Артсах го прифаќаат предлогот на командата на рускиот мировен контингент за прекин на огнот. Со посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на воените дејствија од 13 часот на 20 септември 2023 година, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/svet/postignat-dogovor-za-tselosen-prekin-na-neprijatelstvata-vo-nagorno-karabah-so-posreduvane-na-ruskiot-miroven-kontingent/ Новиот развој на ситуацијата почна вчера, кога Азербејџан започна операција против Нагорно-Карабах, откако некои од неговите војници беа убиени во, како што рече Баку напади од планинскиот регион, кој Азербејџан го изолираше. Баку побара сепаратистичките политички власти во Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, исто така да се распуштат пред какви било разговори за иднината на регионот, кој Азербејџан сака целосно да го интегрира, да го положат оружјето и да се разоружаат. Ерменските сепаратисти од Нагорно Карабах најавија дека денеска ќе го положат оружјето како дел од постигнатиот прекин на огнот и оти утре ќе почнат преговорите за реинтеграција на спорниот регион во Азербејџан.
Постигнат е договор за повлекување на преостанатите единици и војници на вооружените сили на Ерменија... и за распуштање и целосно разоружување на вооружените формации на одбранбената армија на Нагорно-Карабах“, соопшти раководството на енклавата, најавувајќи почеток на преговорите за „реинтеграција“ на териториите во Азербејџан утре во азербејџанскиот град Џевлах.
За Нагорно-Карабах со децении се води жесток спор. Регионот, мнозински населен со Ерменци, географски е целосно опкружен со територија на Азербејџан. Само еден пристапен пат, таканаречениот „Коридор Лачин“, го поврзува со државата Ерменија, преку која вообичаено се снабдува со стока. Но, од декември 2022 година, овој пат е блокиран од Азербејџан, потсетува Дојче веле. Оттогаш, регионот е во голема мера отсечен од надворешниот свет. Првично, барем Меѓународниот Црвен крст и руските трупи, кои требаше да го надгледуваат договорот за прекин на огнот договорен меѓу Ерменија и Азербејџан во 2020 година, сè уште можеа да донесат помош во регионот. Но, во јуни, по битката меѓу ерменските и азербејџанските војници на нивната заедничка граница, азербејџанскиот лидер Илхам Алијев ја заостри блокадата, така што оттогаш жителите на енклавата се оставени целосно сами на себе. Според одредени аналитичари, најголеми губитници од овој договор се карабашките Ерменци.  Томас де Вал, виш соработник во истражувачкиот центар Карнеги Европа, коментира за Гардијан што значи денешниот прекин на огнот за регионот, но и за светот.
Примирјето е позитивно, очигледно, доколку трае, бидејќи ќе биде избегната заканата од масовно крвопролевање. Она што го гледаме овде е интервенција на Русија во име на Азербејџан со цел да ги задржи своите мировни сили во Карабах барем на некое време, а со тоа и упориште во Јужен Кавказ“, изјави Де Вал.
Главните губитници се Ерменците од Карабах кои ја загубија својата 35-годишна борба за самоопределување или отцепување од Азербејџан. Тие сега губат секакви средства за самоодбрана и се соочуваат со многу неизвесна иднина во Азербејџан. Карабах можеби избегна целосно уништување, но поверојатно е дека ќе се соочат со бавно отстранување од нивната татковина, бидејќи Азербејџан не им нуди никаква автономија или посебни политички права“, објасни тој.
 

The post Жестоки протести во Ереван, демонстрантите го обвинуваат премиерот за предавнички договор со Азербејџан за Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах со посредување на рускиот мировен контингент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/postignat-dogovor-za-tselosen-prekin-na-neprijatelstvata-vo-nagorno-karabah-so-posreduvane-na-ruskiot-miroven-kontingent/ Wed, 20 Sep 2023 10:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=683412

Раководството на ерменските локални жители во Нагорно-Карабах објавија дека ќе го прекинат огнот и ќе го положат оружјето, сигнализирајќи го крајот на антитерористичката операција што ја започнаа азербејџанските сили во отцепениот регион.

Преку посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на непријателствата од 13 часот (9 часот по Гринич) на 20 септември 2023 година, соопшти самопрогласеното претседателство на регионот во објава на социјалните мрежи.

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претходно претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството.

Алиев му рекол на Блинкен дека „антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

Прашањата покренати од азербејџанската страна за реинтеграција, обезбедување на правата и безбедноста на Ерменците од Нагорно-Карабах... ќе бидат разгледани на состанокот меѓу претставниците на локалното ерменско население и централните власти на Република Азербејџан. Тие ќе се одржат во градот Јевлах утре, 21 септември, соопштија денеска сепаратистичките власти.

Поранешен висок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах денеска изјави дека речиси 100 луѓе биле убиени, а стотици други биле повредени во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“.

Азербејџан ги отфрли обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во областа според сопствениот устав.

Дом на околу 120 илјади луѓе, Нагорно-Карабах е етнички ерменски регион во Азербејџан што е жариште од распадот на Советскиот Сојуз. Регионот и големите околни територии паднаа под контрола на етничките ерменски сили со поддршка на ерменската армија на крајот на сепаратистичката војна. Азербејџан ги врати териториите и деловите од самиот Нагорно-Карабах во борбите во 2020 година.

Поголемиот дел од азербејџанското население беше протерано до крајот на борбите во 1994 година. Потоа, во средината на борбите во 2020 година, околу 90 илјади етнички Ерменци беа раселени, некои од нив ги запалија своите домови пред Азербејџаните да се преселат.

Во воената операција на Азербејџан досега загинаа 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола. Жителите на некои села се евакуирани, а Азербејџан најави дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација.

The post Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах со посредување на рускиот мировен контингент appeared first on Република.

]]>

Раководството на ерменските локални жители во Нагорно-Карабах објавија дека ќе го прекинат огнот и ќе го положат оружјето, сигнализирајќи го крајот на антитерористичката операција што ја започнаа азербејџанските сили во отцепениот регион. Преку посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на непријателствата од 13 часот (9 часот по Гринич) на 20 септември 2023 година, соопшти самопрогласеното претседателство на регионот во објава на социјалните мрежи. Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претходно претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството. Алиев му рекол на Блинкен дека „антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.
Прашањата покренати од азербејџанската страна за реинтеграција, обезбедување на правата и безбедноста на Ерменците од Нагорно-Карабах... ќе бидат разгледани на состанокот меѓу претставниците на локалното ерменско население и централните власти на Република Азербејџан. Тие ќе се одржат во градот Јевлах утре, 21 септември, соопштија денеска сепаратистичките власти.
Поранешен висок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах денеска изјави дека речиси 100 луѓе биле убиени, а стотици други биле повредени во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“. Азербејџан ги отфрли обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во областа според сопствениот устав. Дом на околу 120 илјади луѓе, Нагорно-Карабах е етнички ерменски регион во Азербејџан што е жариште од распадот на Советскиот Сојуз. Регионот и големите околни територии паднаа под контрола на етничките ерменски сили со поддршка на ерменската армија на крајот на сепаратистичката војна. Азербејџан ги врати териториите и деловите од самиот Нагорно-Карабах во борбите во 2020 година. Поголемиот дел од азербејџанското население беше протерано до крајот на борбите во 1994 година. Потоа, во средината на борбите во 2020 година, околу 90 илјади етнички Ерменци беа раселени, некои од нив ги запалија своите домови пред Азербејџаните да се преселат. Во воената операција на Азербејџан досега загинаа 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола. Жителите на некои села се евакуирани, а Азербејџан најави дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација.

The post Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах со посредување на рускиот мировен контингент appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-zagrizhuvachki-izveshtai-za-zhrtvi-vo-nagorno-karabah-iten-prekin-na-ognot/ Wed, 20 Sep 2023 06:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=683321

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.

„Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, се вели во соопштение.

Како што е наведено, Гутереш е „се уште загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на пристапот до хуманитарните акции на луѓето на кои им е потребна.

The post Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.
„Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, се вели во соопштение.
Како што е наведено, Гутереш е „се уште загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на пристапот до хуманитарните акции на луѓето на кои им е потребна.

The post Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/aliev-operatsijata-na-azerbejdhan-vo-nagorno-karabah-ke-zavrshi-ako-ermenskite-separatisti-go-ostavat-oruzhjeto/ Wed, 20 Sep 2023 06:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=683312

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претседателот Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството.

Алиев му рекол на Блинкен „дека антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

The post Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“ appeared first on Република.

]]>

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претседателот Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството. Алиев му рекол на Блинкен „дека антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

The post Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“ appeared first on Република.

]]>
Азербејџан објави војна во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhan-objavi-vojna-vo-nagorno-karabah/ Tue, 19 Sep 2023 19:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=683291

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека започна операција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Ова е регион кој долги години е предмет на спорови и конфликти.

Единаесет азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и уште еден инцидент. Во главниот град на Карабах беа пријавени сирени за воздушна опасност.

Двата соседи, Азербејџан и Ерменија, војуваа два пати за Нагорно-Карабах, прво во раните 1990-ти по распадот на Советскиот Сојуз и повторно во 2020 година. Од декември, Азербејџан де факто го блокираше единствениот пат до енклавата од Ерменија, познат како коридор Лачине.

Азербејџан започна локални, но ограничени антитерористички мерки насочени кон напади врз воени цели“, изјави за Ал Џезира советникот за надворешна политика на претседателот Илхам Алиев.

Одговарајќи на извештаите за ранети најмалку 23 лица, меѓу кои и осум деца, тој рече: „Азербејџанската страна не цели на цивили на кој било начин. Имаме оружје со висока прецизност и однапред одредени воени цели“.

 

The post Азербејџан објави војна во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека започна операција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Ова е регион кој долги години е предмет на спорови и конфликти. Единаесет азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и уште еден инцидент. Во главниот град на Карабах беа пријавени сирени за воздушна опасност. Двата соседи, Азербејџан и Ерменија, војуваа два пати за Нагорно-Карабах, прво во раните 1990-ти по распадот на Советскиот Сојуз и повторно во 2020 година. Од декември, Азербејџан де факто го блокираше единствениот пат до енклавата од Ерменија, познат како коридор Лачине. Азербејџан започна локални, но ограничени антитерористички мерки насочени кон напади врз воени цели“, изјави за Ал Џезира советникот за надворешна политика на претседателот Илхам Алиев. Одговарајќи на извештаите за ранети најмалку 23 лица, меѓу кои и осум деца, тој рече: „Азербејџанската страна не цели на цивили на кој било начин. Имаме оружје со висока прецизност и однапред одредени воени цели“.  

The post Азербејџан објави војна во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Нагорно-Карабах: Најмалку 25 загинати во воената кампања на Азербејџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nagorno-karabah-najmalku-25-zaginati-vo-voenata-kampana-na-azerbejdhan/ Tue, 19 Sep 2023 18:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=683278

Бројот на загинати во Нагорно-Карабах се искачи на повеќе од дваесетина откако Азербејџан почна „антитерористички“ операции во спорниот регион на Јужен Кавказ, соопштија вечерва локалните власти.

Гегам Степанјан, омбудсман за права на локалната администрација, во објава на социјалните мрежи рече дека имало 25 жртви, од кои двајца биле цивили, јави ДПА.

Бројката доаѓа од мртовечницата во Степанакерт, најголемиот град во Нагорно-Карабах, рече тој.

Повредени се 138 лица, меѓу кои 29 се цивили, напиша Степанјан, додавајќи дека цивилното население од шест заедници е евакуирано поради гранатирањето на азербејџанските сили.

Азербејџан денеска почна широка воена операција против спорниот регион Нагорно-Карабах со наводна цел да ги казни прекршувањата на примирјето и да го врати „уставниот поредок“ во регионот.

Нагорно-Карабах се наоѓа на територијата на Азербејџан, но е населен со мнозинство Ерменци. Има и локална власт, непризнатата Република Арцах.

Министерството за одбрана во Азербејџан ја опиша својата воена кампања како „антитерористичка операција“ која ќе продолжи до повлекување на ерменските трупи од територијата, како што беше пропишано во прекинот на огнот по последната војна во Нагорно-Карабах во 2020 година.

 

The post Нагорно-Карабах: Најмалку 25 загинати во воената кампања на Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во Нагорно-Карабах се искачи на повеќе од дваесетина откако Азербејџан почна „антитерористички“ операции во спорниот регион на Јужен Кавказ, соопштија вечерва локалните власти. Гегам Степанјан, омбудсман за права на локалната администрација, во објава на социјалните мрежи рече дека имало 25 жртви, од кои двајца биле цивили, јави ДПА. Бројката доаѓа од мртовечницата во Степанакерт, најголемиот град во Нагорно-Карабах, рече тој. Повредени се 138 лица, меѓу кои 29 се цивили, напиша Степанјан, додавајќи дека цивилното население од шест заедници е евакуирано поради гранатирањето на азербејџанските сили. Азербејџан денеска почна широка воена операција против спорниот регион Нагорно-Карабах со наводна цел да ги казни прекршувањата на примирјето и да го врати „уставниот поредок“ во регионот. Нагорно-Карабах се наоѓа на територијата на Азербејџан, но е населен со мнозинство Ерменци. Има и локална власт, непризнатата Република Арцах. Министерството за одбрана во Азербејџан ја опиша својата воена кампања како „антитерористичка операција“ која ќе продолжи до повлекување на ерменските трупи од територијата, како што беше пропишано во прекинот на огнот по последната војна во Нагорно-Карабах во 2020 година.  

The post Нагорно-Карабах: Најмалку 25 загинати во воената кампања на Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhan-pochna-antiteroristichki-operatsii-vo-nagorno-karabah/ Tue, 19 Sep 2023 12:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=683178

Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на мина во Нагорно-Карабах, една од најминираните области во светот.

Новинарите на Франс прес јавија дека слушнале детонации во Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах.

Нагорно-Карабах и голем дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати овие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, а оттогаш таму се наоѓа и контингент руски мировници.

Азербејџан тврди дека по примирјето, Ерменија шверцува оружје во областа. Поради овие тврдења, блокиран е единствениот пат што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, што предизвика недостиг на храна и лекови во тој регион.

Ереван го обвинува Баку, кој ги негира обвинувањата, дека предизвикал хуманитарна криза во Нагорно-Карабах со блокирање на „Коридорот Лачин“ од крајот на 2022 година, а ја обвинува и Русија дека не прави ништо.

Русија денеска апелираше до Азербејџан и Ерменија да го „запрат крвопролевањето“ во Нагорно-Карабах и да се вратат на „мирно решение“ на ситуацијата во оваа енклава.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, додавајќи дека „сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.

The post Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на мина во Нагорно-Карабах, една од најминираните области во светот. Новинарите на Франс прес јавија дека слушнале детонации во Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах. Нагорно-Карабах и голем дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати овие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, а оттогаш таму се наоѓа и контингент руски мировници. Азербејџан тврди дека по примирјето, Ерменија шверцува оружје во областа. Поради овие тврдења, блокиран е единствениот пат што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, што предизвика недостиг на храна и лекови во тој регион. Ереван го обвинува Баку, кој ги негира обвинувањата, дека предизвикал хуманитарна криза во Нагорно-Карабах со блокирање на „Коридорот Лачин“ од крајот на 2022 година, а ја обвинува и Русија дека не прави ништо. Русија денеска апелираше до Азербејџан и Ерменија да го „запрат крвопролевањето“ во Нагорно-Карабах и да се вратат на „мирно решение“ на ситуацијата во оваа енклава. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, додавајќи дека „сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.

The post Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>