нагасаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagasaki/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Nov 2022 10:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нагасаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagasaki/ 32 32 Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-hiroshima-i-nagasaki-se-dokaz-deka-ne-treba-da-gi-napagjate-golemite-gradovi-za-da-pobedite/ Mon, 07 Nov 2022 09:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=570789

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави Дејли меил, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“.

САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август.

Како што пишува Дејли меил, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.

Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.

Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува Дејли меил.

The post Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави Дејли меил, повикувајќи се на дипломатски извори. Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“. САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август. Како што пишува Дејли меил, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.
Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.
Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.
Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува Дејли меил.

The post Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите appeared first on Република.

]]>
Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-nagasaki-na-godishninata-od-atomskiot-napad-oddadena-pochit-na-zrtvite/ Tue, 09 Aug 2022 07:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=538188

Во Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе.

Во својот говор во Паркот на мирот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои и дека уништувањето е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото.

Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза“.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе.

Три дена подоцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки.

The post Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите appeared first on Република.

]]>

Во Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе. Во својот говор во Паркот на мирот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои и дека уништувањето е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото. Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза“. На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Три дена подоцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки.

The post Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите appeared first on Република.

]]>