нафтени резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nafteni-rezervi/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Jun 2022 14:38:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нафтени резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nafteni-rezervi/ 32 32 Ковачевски тврди дека немаме проблем со резерви на храна и нафта, одбива да каже колкави се https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-tvrdi-deka-nemame-problem-so-rezervi-na-hrana-i-nafta-odbiva-da-kaze-kolkavi-se/ Mon, 06 Jun 2022 14:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=511842

Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.

Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија.

За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.

The post Ковачевски тврди дека немаме проблем со резерви на храна и нафта, одбива да каже колкави се appeared first on Република.

]]>

Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.
Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија. За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.

The post Ковачевски тврди дека немаме проблем со резерви на храна и нафта, одбива да каже колкави се appeared first on Република.

]]>