нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nafta/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 11:55:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nafta/ 32 32 Земјите од ЕУ во 2023 година и платиле на Русија 29,1 милијарди долари за купување нафта и гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-eu-vo-2023-godina-i-platile-na-rusija-29-1-milijardi-dolari-za-kupuvane-nafta-i-gas/ Sat, 24 Feb 2024 20:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=747638

Европските земји во 2023 година исплатиле во Русија 29,1 милијарди евра за набавка на нафта и гас.

Анализата на европската статистика за 2023 година покажува дека земјите од ЕУ продолжуваат да увезуваат нафта, петрохемикалии и природен гас од Русија (во износ од 29,1 милијарди евра).

Истовремено, податоците покажуваат дека Европа од Русија купува и црни метали, никел, алуминиум, метали од платинската група, ѓубрива и неоргански хемиски производи (вклучувајќи нуклеарно гориво, амонијак, итн.).

The post Земјите од ЕУ во 2023 година и платиле на Русија 29,1 милијарди долари за купување нафта и гас appeared first on Република.

]]>

Европските земји во 2023 година исплатиле во Русија 29,1 милијарди евра за набавка на нафта и гас. Анализата на европската статистика за 2023 година покажува дека земјите од ЕУ продолжуваат да увезуваат нафта, петрохемикалии и природен гас од Русија (во износ од 29,1 милијарди евра). Истовремено, податоците покажуваат дека Европа од Русија купува и црни метали, никел, алуминиум, метали од платинската група, ѓубрива и неоргански хемиски производи (вклучувајќи нуклеарно гориво, амонијак, итн.).

The post Земјите од ЕУ во 2023 година и платиле на Русија 29,1 милијарди долари за купување нафта и гас appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакна, цената на нафтата порасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-porasna-3/ Mon, 05 Feb 2024 08:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=740421

На повеќето Азиски берзи цените на акциите паднаа, додека доларот зајакна откако претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека централната банка внимателно ќе ги намали каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше околу 06:00 часот пониски за околу 1 процент.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја, Австралија и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,8 отсто.

Падот на цените на акциите во Хонг Конг и Шангај е резултат, како и минатата недела, на бавниот раст на кинеската економија и стравувањата од продлабочување на кризата на пазарот на недвижности.

Така, кинеските берзански индекси се лизнаа на ново најниско ниво во последните пет години, а инвеститорите не беа охрабрени ниту од новите стимулативни мерки на кинеската централна банка. Имено, од денеска стапува на сила одлуката за помала распределба на задолжителните резерви на банките, која треба да го стимулира кредитирањето, а со тоа и растот на економијата.

Подобро расположение нема ниту на другите азиски берзи, бидејќи се појасно е дека централните банки на западните земји нема да почнат да ги намалуваат каматните стапки толку брзо како што се надеваа инвеститорите.

Во петокот, новите податоци покажаа дека бројот на вработени во САД се зголеми значително повеќе од очекуваното во јануари, а платите исто така неочекувано пораснаа.

Тоа значи дека потрошувачката, а со тоа и притисоците врз инфлацијата, ќе продолжат да се зголемуваат. Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД веќе во март ќе почне да ги намалува каматните стапки целосно избледеа.

Дотолку повеќе што во неделата вечерта, претседателот на ФЕД, Пауел, во интервју за емисијата „60 минути“ изјави дека централната банка ќе биде внимателна при намалувањето на каматните стапки и дека тоа веројатно ќе биде со многу побавно темпо отколку што очекува пазарот.

Како резултат на тоа, вредноста на доларот во однос на кошницата валути го достигна највисокото ниво во последните осум недели на валутните пазари.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,96 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 148,40 на 148,60 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако минатата недела потонаа за повеќе од 7 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,32 отсто, на 77,60 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,18 отсто, на 72,40 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>

На повеќето Азиски берзи цените на акциите паднаа, додека доларот зајакна откако претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека централната банка внимателно ќе ги намали каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше околу 06:00 часот пониски за околу 1 процент. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја, Австралија и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,8 отсто. Падот на цените на акциите во Хонг Конг и Шангај е резултат, како и минатата недела, на бавниот раст на кинеската економија и стравувањата од продлабочување на кризата на пазарот на недвижности. Така, кинеските берзански индекси се лизнаа на ново најниско ниво во последните пет години, а инвеститорите не беа охрабрени ниту од новите стимулативни мерки на кинеската централна банка. Имено, од денеска стапува на сила одлуката за помала распределба на задолжителните резерви на банките, која треба да го стимулира кредитирањето, а со тоа и растот на економијата. Подобро расположение нема ниту на другите азиски берзи, бидејќи се појасно е дека централните банки на западните земји нема да почнат да ги намалуваат каматните стапки толку брзо како што се надеваа инвеститорите. Во петокот, новите податоци покажаа дека бројот на вработени во САД се зголеми значително повеќе од очекуваното во јануари, а платите исто така неочекувано пораснаа. Тоа значи дека потрошувачката, а со тоа и притисоците врз инфлацијата, ќе продолжат да се зголемуваат. Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД веќе во март ќе почне да ги намалува каматните стапки целосно избледеа. Дотолку повеќе што во неделата вечерта, претседателот на ФЕД, Пауел, во интервју за емисијата „60 минути“ изјави дека централната банка ќе биде внимателна при намалувањето на каматните стапки и дека тоа веројатно ќе биде со многу побавно темпо отколку што очекува пазарот. Како резултат на тоа, вредноста на доларот во однос на кошницата валути го достигна највисокото ниво во последните осум недели на валутните пазари. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,96 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 148,40 на 148,60 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари. Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако минатата недела потонаа за повеќе од 7 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,32 отсто, на 77,60 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,18 отсто, на 72,40 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакна, нафтата во благ пад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajakna-naftata-vo-blag-pad/ Tue, 23 Jan 2024 09:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=735789

На валутните пазари во вторникот во претпладневното тргување благо порасна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,30 поени, додека во понеделникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,19 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,05 на 148,35 јени. Сепак, цената на американската валута стагнира во однос на европската, па курсот на еврото се движи околу 1,0905 долари, исто како вчера во ова време.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,21 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 74,60 долари.

The post Доларот зајакна, нафтата во благ пад appeared first on Република.

]]>

На валутните пазари во вторникот во претпладневното тргување благо порасна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,30 поени, додека во понеделникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,19 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,05 на 148,35 јени. Сепак, цената на американската валута стагнира во однос на европската, па курсот на еврото се движи околу 1,0905 долари, исто како вчера во ова време. Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,21 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 74,60 долари.

The post Доларот зајакна, нафтата во благ пад appeared first on Република.

]]>
Санкциите се залудни: Европа купува рекордни количества руска нафта од индиските рафинерии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sanktsiite-se-zaludni-evropa-kupuva-rekordni-kolichestva-ruska-nafta-od-indiskite-rafinerii/ Wed, 17 Jan 2024 08:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=733856

Увозот на рафинирана нафта од Индија од ЕУ порасна на рекордно ниво во 2023 година, истовремено со порастот на увозот на руска сурова нафта од Њу Делхи повеќе од двојно, на годишно ниво. Тоа значи дека потрошувачите во Европа веројатно добиле огромни количества на бензин, дизел, керозин и други нафтени производи кои потекнуваат од Русија преку Индија минатата година, и покрај санкциите воведени по инвазијата на Владимир Путин на Украина, пишува британски Индипендент.

Индија стана еден од најголемите руски клиенти на нафта во последниве години, со просечно откупување на 1,75 милиони барели сурова нафта дневно во 2023 година, според податоците на Кплер анализирани од The Independent. Се работи за зголемување од 140% од она што Индија го купуваше од руски извори во 2022 година, кога веќе се трошеше од руската сурова нафта со попуст во месеците по инвазијата на Украина.

Индија стана водечки светски увозник на руска сурова нафта минатата година, според податоците на пазарот на Кплер, анализирани од Индипендент, увезувајќи просечни 1,75 милиони барели дневно со 140 отсто зголемување во однос на 2022 година.

Во меѓувреме, Европската унија прерасна во еден од најголемите клиенти на рафинирана нафта во Индија. Блокот купуваше околу 231.800 барели дневно рафинирани производи од Индија минатата година, што е зголемување од 115 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на Кплер.

Тоа е најголемото количество рафинирана нафта што Европа го купила од Индија во последните седум години, а веројатно и најголемото количество на рафинирано нафта што Европа некогаш ја купила од Индија, од која голем дел, по се изгледа, е од руско потекло, се вели во анализата.

Ќарот беше и на двете страни – Индија можеше да купи евтина нафта за своите рафинерии, потоа можеше да ја рафинира таа нафта и да ги продаде рафинираните производи по целосна цена, и на пазар (Европа) кој е подготвен да плати за нив затоа што очајно треба да го замени губењето на руската суровина врз која наметна санкции, вели водечкиот аналитичар на Кплер, Мет Смит, за The Independent.

Приходите од нафтата се клучот на руската економија, дозволувајќи му на Путин да ја финансира својата војска и да ги надополни буџетите за одбрана за да ја одржи војната што ќе влезе во третата година.

Западните земји минатата година ја забранија руската нафта и им удираа на руските трговци со нафта ограничување на цената од 60 долари, во обид да го намалат воениот приход на Москва. Но, Русија најверојатно нашла начини да ги избегне тие правила, велат некои индустриски експерти, како на пример со, наводно, составување тајна флота од нафтени бродови, зголемување на трошоците за испорака на нејзината сурова нафта и размена на нафта со посредници како Индија.

Индија има стратешки неутрален став за руската војна со Украина и продолжи да купува руска нафта додека ги продава своите рафинирани нафтени производи на Запад. Високи количества индиско гориво, пак, се испорачуваше во Њујорк минатата година, според податоците на Кплер анализирани од Блумберг, кои најверојатно исто така биле од руско потекло.

Сепак, купувањето на руска нафта од Индија се намали во последниве месеци, делумно поради притисокот да се одржат добри врски со САД, како и поради пријавените проблеми со плаќањето со руските добавувачи на нафта. Испораките на руска нафта во Индија паднаа на 11-месечен минимум во декември, според податоците за следење на бродови анализирани од Ројтерс.

The post Санкциите се залудни: Европа купува рекордни количества руска нафта од индиските рафинерии appeared first on Република.

]]>

Увозот на рафинирана нафта од Индија од ЕУ порасна на рекордно ниво во 2023 година, истовремено со порастот на увозот на руска сурова нафта од Њу Делхи повеќе од двојно, на годишно ниво. Тоа значи дека потрошувачите во Европа веројатно добиле огромни количества на бензин, дизел, керозин и други нафтени производи кои потекнуваат од Русија преку Индија минатата година, и покрај санкциите воведени по инвазијата на Владимир Путин на Украина, пишува британски Индипендент. Индија стана еден од најголемите руски клиенти на нафта во последниве години, со просечно откупување на 1,75 милиони барели сурова нафта дневно во 2023 година, според податоците на Кплер анализирани од The Independent. Се работи за зголемување од 140% од она што Индија го купуваше од руски извори во 2022 година, кога веќе се трошеше од руската сурова нафта со попуст во месеците по инвазијата на Украина. Индија стана водечки светски увозник на руска сурова нафта минатата година, според податоците на пазарот на Кплер, анализирани од Индипендент, увезувајќи просечни 1,75 милиони барели дневно со 140 отсто зголемување во однос на 2022 година. Во меѓувреме, Европската унија прерасна во еден од најголемите клиенти на рафинирана нафта во Индија. Блокот купуваше околу 231.800 барели дневно рафинирани производи од Индија минатата година, што е зголемување од 115 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на Кплер. Тоа е најголемото количество рафинирана нафта што Европа го купила од Индија во последните седум години, а веројатно и најголемото количество на рафинирано нафта што Европа некогаш ја купила од Индија, од која голем дел, по се изгледа, е од руско потекло, се вели во анализата. Ќарот беше и на двете страни – Индија можеше да купи евтина нафта за своите рафинерии, потоа можеше да ја рафинира таа нафта и да ги продаде рафинираните производи по целосна цена, и на пазар (Европа) кој е подготвен да плати за нив затоа што очајно треба да го замени губењето на руската суровина врз која наметна санкции, вели водечкиот аналитичар на Кплер, Мет Смит, за The Independent. Приходите од нафтата се клучот на руската економија, дозволувајќи му на Путин да ја финансира својата војска и да ги надополни буџетите за одбрана за да ја одржи војната што ќе влезе во третата година. Западните земји минатата година ја забранија руската нафта и им удираа на руските трговци со нафта ограничување на цената од 60 долари, во обид да го намалат воениот приход на Москва. Но, Русија најверојатно нашла начини да ги избегне тие правила, велат некои индустриски експерти, како на пример со, наводно, составување тајна флота од нафтени бродови, зголемување на трошоците за испорака на нејзината сурова нафта и размена на нафта со посредници како Индија. Индија има стратешки неутрален став за руската војна со Украина и продолжи да купува руска нафта додека ги продава своите рафинирани нафтени производи на Запад. Високи количества индиско гориво, пак, се испорачуваше во Њујорк минатата година, според податоците на Кплер анализирани од Блумберг, кои најверојатно исто така биле од руско потекло. Сепак, купувањето на руска нафта од Индија се намали во последниве месеци, делумно поради притисокот да се одржат добри врски со САД, како и поради пријавените проблеми со плаќањето со руските добавувачи на нафта. Испораките на руска нафта во Индија паднаа на 11-месечен минимум во декември, според податоците за следење на бродови анализирани од Ројтерс.

The post Санкциите се залудни: Европа купува рекордни количества руска нафта од индиските рафинерии appeared first on Република.

]]>
Се заканува инфлација: Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zakanuva-inflatsija-se-poveke-tankeri-so-nafta-go-izbegnuvaat-tsrvenoto-more/ Mon, 15 Jan 2024 16:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=733356

Најмалку шест танкери со нафта скршнаа од курсот или застанаа пред да влезат во јужниот дел на Црвеното Море од викендот, со што бројот на прекини во снабдувањето се искачи на најмалку 15 од почетокот на нападите на јеменските Хути минатата недела, објави Ројтерс, цитирајќи податоци од лондонската агенција LSEG и бриселската Кплер.

Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги Алијанц, Мухамед Ел-Ериан, денеска за Би-Би-Си изјави дека поради конфликтот во Црвеното Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеки и помал економски раст.

Тој, сепак, изјави дека овој шок нема да биде толку голем како економскиот пад во 2021 и 2022 година, но дека секако е „неповолен“.

Уделот во светската трговија што се одвива преку Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб е меѓу 12 и 15 отсто, а јеменските бунтовници Хути почнаа да ги напаѓаат трговските бродови на крајот на минатата година.

The post Се заканува инфлација: Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест танкери со нафта скршнаа од курсот или застанаа пред да влезат во јужниот дел на Црвеното Море од викендот, со што бројот на прекини во снабдувањето се искачи на најмалку 15 од почетокот на нападите на јеменските Хути минатата недела, објави Ројтерс, цитирајќи податоци од лондонската агенција LSEG и бриселската Кплер. Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги Алијанц, Мухамед Ел-Ериан, денеска за Би-Би-Си изјави дека поради конфликтот во Црвеното Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеки и помал економски раст. Тој, сепак, изјави дека овој шок нема да биде толку голем како економскиот пад во 2021 и 2022 година, но дека секако е „неповолен“. Уделот во светската трговија што се одвива преку Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб е меѓу 12 и 15 отсто, а јеменските бунтовници Хути почнаа да ги напаѓаат трговските бродови на крајот на минатата година.

The post Се заканува инфлација: Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Ја игнорираат „горната граница“ од санкциите: САД го обновуваат купувањето нафта од Русија по една и пол година пауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-ignoriraat-gornata-granitsa-od-sanktsiite-sad-go-obnovuvaat-kupuvaneto-nafta-od-rusija-po-edna-i-pol-godina-pauza/ Sun, 14 Jan 2024 11:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=732857

На Соединетите Држави им беа потребни една и пол година за да продолжат со купувањето на руска нафта. Згора на тоа, „црното злато“ е купено по цени значително повисоки од „плафонот“ од 60 долари што го постави Вашингтон, пишува РИА Новости на 11 јануари, повикувајќи се на царинските власти на САД.

Податоците цитирани од медиумите покажуваат дека увозот на нафта почнала во октомври 2023 година. Тогаш САД купиле околу 37 илјади барели нафта по цена од 74 долари, плаќајќи 2,7 милиони долари за увоз.

Во ноември била извршена втора набавка. Износот изнесувал 750 илјади долари, но горивото било купено веќе по цена од 76 долари, а неговиот волумен изнесувал 9,9 илјади барели, според изданието.

The post Ја игнорираат „горната граница“ од санкциите: САД го обновуваат купувањето нафта од Русија по една и пол година пауза appeared first on Република.

]]>

На Соединетите Држави им беа потребни една и пол година за да продолжат со купувањето на руска нафта. Згора на тоа, „црното злато“ е купено по цени значително повисоки од „плафонот“ од 60 долари што го постави Вашингтон, пишува РИА Новости на 11 јануари, повикувајќи се на царинските власти на САД. Податоците цитирани од медиумите покажуваат дека увозот на нафта почнала во октомври 2023 година. Тогаш САД купиле околу 37 илјади барели нафта по цена од 74 долари, плаќајќи 2,7 милиони долари за увоз. Во ноември била извршена втора набавка. Износот изнесувал 750 илјади долари, но горивото било купено веќе по цена од 76 долари, а неговиот волумен изнесувал 9,9 илјади барели, според изданието.

The post Ја игнорираат „горната граница“ од санкциите: САД го обновуваат купувањето нафта од Русија по една и пол година пауза appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакна, цената на нафтата порасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-porasna-2/ Thu, 04 Jan 2024 07:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=729460

На азиските пазари берзанските индекси паднаа трет ден по ред, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните три недели.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, откако ослабна трет ден по ред.

Во исто време, индексот Никеи се лизна за 0,5 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто.

Кинеските берзи се под најголем притисок бидејќи најновите податоци покажуваат дека втората по големина економија во светот не расте толку брзо како што се надеваа инвеститорите.

Подобро расположение нема ниту на останатите азиски пазари бидејќи вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред.

Dow Jones загуби 0,76 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,80 отсто, а Nasdaq индексот 1,18 отсто. Ова е првпат од 2015 година индексот S&P 500 да падна два дена по ред на самиот почеток на годината, а тоа е последица, велат аналитичарите, на одлуката на инвеститорите да повлечат дел од својата заработка од пазарот, откако силен пораст на цените на акциите на крајот на минатата година.

Дополнително, во вчерашниот записник од последниот состанок на американската централна банка минатата година не се дадени никакви индикации за тоа кога би можело да следи намалување на каматните стапки.

Лидерите на ФЕД веруваат дека инфлацијата е под контрола и предупредуваат дека премногу рестриктивната монетарна политика може да и наштети на економијата. Но, од записникот не може да се заклучи кога би можело да започне намалувањето на каматните стапки.

„Записниците сугерираат дека многу претставници на ФЕД се залагаат за задржување на каматните стапки на покачени нивоа за подолг период, а оние кои проценуваат дека намалувањето на каматните стапки ќе започне во 2024 година, очекуваат да го сторат тоа подоцна во текот на годината“, објаснува Квинси Крозби, стратег во LPL. Финансиски.

Во последните месеци од минатата година, инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката на ФЕД во 2024 година.
Во последните месеци од минатата година, цените на акциите нагло пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД оваа година.

И додека проценките на лидерите на ФЕД од минатогодишниот состанок покажуваат дека трипати се очекува намалување на каматните стапки оваа година, на пазарот се шпекулира дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки шест пати, почнувајќи од март.

На пазарот на пари во последните денови се проценуваше дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март, но вчера, по објавувањето на записникот на ФЕД, тие шанси беа намалени на помалку од 70 проценти.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,49 поени, блиску до највисокото ниво во последните три недели, додека вчера во ова време изнесуваше 102,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 143,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,72 отсто, на 78,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 73,35 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>

На азиските пазари берзанските индекси паднаа трет ден по ред, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните три недели. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, откако ослабна трет ден по ред. Во исто време, индексот Никеи се лизна за 0,5 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто. Кинеските берзи се под најголем притисок бидејќи најновите податоци покажуваат дека втората по големина економија во светот не расте толку брзо како што се надеваа инвеститорите. Подобро расположение нема ниту на останатите азиски пазари бидејќи вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред. Dow Jones загуби 0,76 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,80 отсто, а Nasdaq индексот 1,18 отсто. Ова е првпат од 2015 година индексот S&P 500 да падна два дена по ред на самиот почеток на годината, а тоа е последица, велат аналитичарите, на одлуката на инвеститорите да повлечат дел од својата заработка од пазарот, откако силен пораст на цените на акциите на крајот на минатата година. Дополнително, во вчерашниот записник од последниот состанок на американската централна банка минатата година не се дадени никакви индикации за тоа кога би можело да следи намалување на каматните стапки. Лидерите на ФЕД веруваат дека инфлацијата е под контрола и предупредуваат дека премногу рестриктивната монетарна политика може да и наштети на економијата. Но, од записникот не може да се заклучи кога би можело да започне намалувањето на каматните стапки. „Записниците сугерираат дека многу претставници на ФЕД се залагаат за задржување на каматните стапки на покачени нивоа за подолг период, а оние кои проценуваат дека намалувањето на каматните стапки ќе започне во 2024 година, очекуваат да го сторат тоа подоцна во текот на годината“, објаснува Квинси Крозби, стратег во LPL. Финансиски. Во последните месеци од минатата година, инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката на ФЕД во 2024 година. Во последните месеци од минатата година, цените на акциите нагло пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД оваа година. И додека проценките на лидерите на ФЕД од минатогодишниот состанок покажуваат дека трипати се очекува намалување на каматните стапки оваа година, на пазарот се шпекулира дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки шест пати, почнувајќи од март. На пазарот на пари во последните денови се проценуваше дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март, но вчера, по објавувањето на записникот на ФЕД, тие шанси беа намалени на помалку од 70 проценти. И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,49 поени, блиску до највисокото ниво во последните три недели, додека вчера во ова време изнесуваше 102,15 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 143,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари. Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,72 отсто, на 78,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 73,35 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>
Настаните во Црвеното Море ја креваат цената на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nastanite-vo-tsrvenoto-more-ja-krevaat-tsenata-na-naftata/ Sun, 24 Dec 2023 10:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=726132

Цената на нафтата на меѓународните пазари порасна за еден процент, поради продолжувањето на тензиите по нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 71 цент во однос на претходното затворање, на 80,1 долар. Во Њујорк барелот се тргуваше за 81 цент повисоко, на 74,7 долари. Во саботата наутро цената на нафтата WTI, референтната за американскиот пазар, падна на 73,56 долари, а нафтата од типот Брент на 79,07 долари за барел.

Цените на нафтата според фјучерс договорите на двата пазари се на пат кон неделен раст од речиси пет отсто, поттикнат од растечките геополитички ризици поради нападите во Црвеното Море и можните прекини на операциите на бродовите. Неколку бродски компании го избегнуваат Црвеното Море поради нападите врз бродови од страна на милитантната група Хути, кои се нивниот одговор на војната во Газа.

Нападите предизвикаа прекини во глобалната трговија преку Суецкиот канал, низ кој минува околу 12 отсто од светската трговија. Соединетите Американски Држави (САД) во вторникот започнаа мултинационална операција за заштита на трговијата во Црвеното Море, но Хутите најавија дека ќе продолжат со нападите.

Долгорочното влијание врз цените целосно зависи од времето во кое бродските компании продолжуваат да ја избегнуваат областа. Она што го преувеличува таквото влијание е немањето јасност за тоа како, каде и кога ќе дејствува таканаречената поморска коалиција – изјави Џон Еванс од „PVM“.

И покрај геополитичките тензии кои ги поддржуваат повисоките цени на нафтата, цените паднаа во четвртокот откако Ангола објави дека ќе ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Африканската нација, која произведува околу 1,1 милион барели нафта дневно, рече дека членството во организацијата не им служи на нејзините интереси, протестирајќи против одлуката на пошироката групација ОПЕК + да ја намали производната квота на членката следната година.

– Иако таквиот курс беше сосема предвидлив поради ставовите на Ангола на последниот состанок на ОПЕК, тој потсетува на растечките поделби кои во иднина може да го загрозат единството на групата – додаде Еванс.

Одделно, ОПЕК објави дека цената на барел од кошничката нафта на нејзините членки се намалила за 40 центи на 80,84 отсто.

The post Настаните во Црвеното Море ја креваат цената на нафтата appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата на меѓународните пазари порасна за еден процент, поради продолжувањето на тензиите по нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 71 цент во однос на претходното затворање, на 80,1 долар. Во Њујорк барелот се тргуваше за 81 цент повисоко, на 74,7 долари. Во саботата наутро цената на нафтата WTI, референтната за американскиот пазар, падна на 73,56 долари, а нафтата од типот Брент на 79,07 долари за барел. Цените на нафтата според фјучерс договорите на двата пазари се на пат кон неделен раст од речиси пет отсто, поттикнат од растечките геополитички ризици поради нападите во Црвеното Море и можните прекини на операциите на бродовите. Неколку бродски компании го избегнуваат Црвеното Море поради нападите врз бродови од страна на милитантната група Хути, кои се нивниот одговор на војната во Газа. Нападите предизвикаа прекини во глобалната трговија преку Суецкиот канал, низ кој минува околу 12 отсто од светската трговија. Соединетите Американски Држави (САД) во вторникот започнаа мултинационална операција за заштита на трговијата во Црвеното Море, но Хутите најавија дека ќе продолжат со нападите. Долгорочното влијание врз цените целосно зависи од времето во кое бродските компании продолжуваат да ја избегнуваат областа. Она што го преувеличува таквото влијание е немањето јасност за тоа како, каде и кога ќе дејствува таканаречената поморска коалиција – изјави Џон Еванс од „PVM“. И покрај геополитичките тензии кои ги поддржуваат повисоките цени на нафтата, цените паднаа во четвртокот откако Ангола објави дека ќе ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Африканската нација, која произведува околу 1,1 милион барели нафта дневно, рече дека членството во организацијата не им служи на нејзините интереси, протестирајќи против одлуката на пошироката групација ОПЕК + да ја намали производната квота на членката следната година. – Иако таквиот курс беше сосема предвидлив поради ставовите на Ангола на последниот состанок на ОПЕК, тој потсетува на растечките поделби кои во иднина може да го загрозат единството на групата – додаде Еванс. Одделно, ОПЕК објави дека цената на барел од кошничката нафта на нејзините членки се намалила за 40 центи на 80,84 отсто.

The post Настаните во Црвеното Море ја креваат цената на нафтата appeared first on Република.

]]>
Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-oslabe-tsenite-na-naftata-padnaa/ Wed, 13 Dec 2023 07:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=722393

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнето во средата се движи околу 103,82 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,99 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,60 на 145,40 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во истиот период беше 1,0770 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,10 отсто, на 73,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,07 отсто, на 68,60 долари.

The post Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа appeared first on Република.

]]>

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнето во средата се движи околу 103,82 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,99 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,60 на 145,40 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во истиот период беше 1,0770 долари. Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,10 отсто, на 73,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,07 отсто, на 68,60 долари.

The post Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа appeared first on Република.

]]>
Нови цени на бензинот и дизелот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novi-tseni-na-benzinot-i-dizelot-2/ Mon, 27 Nov 2023 13:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=716762

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76,5 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).

Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20 ноември годинава.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,436 проценти, кај дизелот за 0,431 процент, кај екстра лесното масло за 1,330 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,923 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,419 проценти.

 

 

The post Нови цени на бензинот и дизелот appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76,5 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V). Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари. Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20 ноември годинава. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,436 проценти, кај дизелот за 0,431 процент, кај екстра лесното масло за 1,330 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,923 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,419 проценти.    

The post Нови цени на бензинот и дизелот appeared first on Република.

]]>
Паднаа цените на нафтата на светските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/padnaa-tsenite-na-naftata-na-svetskite-berzi/ Thu, 16 Nov 2023 21:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=702349

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар.

Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите.

Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно.

Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM.

Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите.

„Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга.

Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.

 

The post Паднаа цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар. Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите. Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно. Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM. Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите. „Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга. Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.  

The post Паднаа цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>
Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-oslabe-tsenite-na-naftata-porasnaa/ Tue, 14 Nov 2023 07:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=701274

Во Азија цените на акциите се зголемија, а доларот ослабе во однос на кошницата валути додека инвеститорите чекаат извештај за американската инфлација што може да влијае на насоката на пазарот. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,4 отсто околу 19 часот. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Во Хонг Конг, сепак, тие благо паднаа.

Јужнокорејскиот индекс Коспи утринава скокна, најмногу благодарение на корекцијата на цените на акциите по падот пет дена по ред. Берзите се претпазливи, како и вчера на Волстрит, бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред американскиот извештај за инфлацијата, кој ќе биде објавен денеска и може значително да влијае на насоката на пазарот.

Економистите проценуваат дека стапката на инфлација се лизна на 3,3 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември. Но, оценуваат и дека основната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на енергијата и храната, останала непроменета.

Цените на акциите пораснаа во последните недели бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, иако ФЕД вели дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

„Податоците за инфлацијата, како и податоците за вработеноста, се главни двигатели на финансиските пазари долго време, бидејќи покажуваат што може да направи ФЕД. Пазарот проценува дека ФЕД нема повторно да ги зголеми каматните стапки, но тоа да биде вистина , инфлацијата мора да продолжи да слабее“, објаснува Мет Стаки, портфолио менаџер во Northwestern Mutual Wealth Management Company.

Акциите беа поддржани од надежите за напредок во преговорите за отворените економски прашања меѓу САД и Кина на состанокот оваа недела меѓу претседателот Џо Бајден и Кси Џинпинг во Сан Франциско.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,55 на 151,70 јени, блиску до највисокото ниво во една година. Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0695 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0690 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,21 отсто, на 82,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 78,40 долари.

The post Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа appeared first on Република.

]]>

Во Азија цените на акциите се зголемија, а доларот ослабе во однос на кошницата валути додека инвеститорите чекаат извештај за американската инфлација што може да влијае на насоката на пазарот. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,4 отсто околу 19 часот. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Во Хонг Конг, сепак, тие благо паднаа. Јужнокорејскиот индекс Коспи утринава скокна, најмногу благодарение на корекцијата на цените на акциите по падот пет дена по ред. Берзите се претпазливи, како и вчера на Волстрит, бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред американскиот извештај за инфлацијата, кој ќе биде објавен денеска и може значително да влијае на насоката на пазарот. Економистите проценуваат дека стапката на инфлација се лизна на 3,3 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември. Но, оценуваат и дека основната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на енергијата и храната, останала непроменета. Цените на акциите пораснаа во последните недели бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, иако ФЕД вели дека е можно дополнително заострување на монетарната политика. „Податоците за инфлацијата, како и податоците за вработеноста, се главни двигатели на финансиските пазари долго време, бидејќи покажуваат што може да направи ФЕД. Пазарот проценува дека ФЕД нема повторно да ги зголеми каматните стапки, но тоа да биде вистина , инфлацијата мора да продолжи да слабее“, објаснува Мет Стаки, портфолио менаџер во Northwestern Mutual Wealth Management Company. Акциите беа поддржани од надежите за напредок во преговорите за отворените економски прашања меѓу САД и Кина на состанокот оваа недела меѓу претседателот Џо Бајден и Кси Џинпинг во Сан Франциско. И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,80 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,55 на 151,70 јени, блиску до највисокото ниво во една година. Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0695 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0690 долари. Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,21 отсто, на 82,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 78,40 долари.

The post Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа appeared first on Република.

]]>
Цената на нафтата расте, а вредноста на златото паѓа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenata-na-naftata-raste-a-vrednosta-na-zlatoto-paga/ Mon, 06 Nov 2023 14:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=698854

Европските берзански индекси бележат претежно пад на почетокот на неделата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна на 15.175,05 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 - на 7.416,42 поени и францускиот CAC 40 - на 7.037,42 поени.

Московскиот MOEX се искачи на 3.219,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 34.061,32 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 - на 4.358,34 поени и индексот Nasdaq - на 13.478,28 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 81.550 долари за барел, а цената на нафтата од типот „брент“ се искачи на 85.875 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 47.340 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 1.986,81 долари за унца, како и на пченицата, на 5,7179 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07496, што е приближно исто како и во петокот.

The post Цената на нафтата расте, а вредноста на златото паѓа appeared first on Република.

]]>

Европските берзански индекси бележат претежно пад на почетокот на неделата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна на 15.175,05 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 - на 7.416,42 поени и францускиот CAC 40 - на 7.037,42 поени. Московскиот MOEX се искачи на 3.219,14 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 34.061,32 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 - на 4.358,34 поени и индексот Nasdaq - на 13.478,28 поени. Според податоците од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 81.550 долари за барел, а цената на нафтата од типот „брент“ се искачи на 85.875 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 47.340 евра за мегават-час. Цената на златото падна на 1.986,81 долари за унца, како и на пченицата, на 5,7179 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07496, што е приближно исто како и во петокот.

The post Цената на нафтата расте, а вредноста на златото паѓа appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа нафтено цунами: Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ni-doaga-nafteno-tsunami-konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhe-da-dovede-do-skok-na-tsenite-na-surovinite/ Mon, 30 Oct 2023 13:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=696342

Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка.

Конфликтот на Блискиот Исток го зголемува влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсети во соопштение главниот економист на Светската банка, Индермит Гил.

Тие кои одлучуваат за политиката треба да внимаваат. Доколку конфликтот (меѓу Израел и Хамас) се интензивира, светската економија ќе мора да се соочи со двоен енергетски шок, предупреди тој.

Во случај на ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13 отсто, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да достигне цена во опсег меѓу 109 и 121 долар.

Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала цена меѓу 140 и 157 долари, што би било потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година.

The post Ни доаѓа нафтено цунами: Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините appeared first on Република.

]]>

Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка. Конфликтот на Блискиот Исток го зголемува влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсети во соопштение главниот економист на Светската банка, Индермит Гил. Тие кои одлучуваат за политиката треба да внимаваат. Доколку конфликтот (меѓу Израел и Хамас) се интензивира, светската економија ќе мора да се соочи со двоен енергетски шок, предупреди тој. Во случај на ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13 отсто, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да достигне цена во опсег меѓу 109 и 121 долар. Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала цена меѓу 140 и 157 долари, што би било потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година.

The post Ни доаѓа нафтено цунами: Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините appeared first on Република.

]]>
Цените на „црното злато“ повторно растат: Барел нафта поскапе за 7,5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsenite-na-tsrnoto-zlato-povtorno-rastat-barel-nafta-poskape-za-7-5-otsto/ Mon, 16 Oct 2023 07:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=691510

Цените на нафтата драстично пораснаа минатата недела бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да го наруши снабдувањето со нафта од регионот.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 7,5 отсто, на 90,89 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 5,9 отсто, на 87,69 долари.

Откако пред една недела потона за повеќе од 11 отсто, цената на нафтата на лондонскиот пазар поврати добар дел од тие загуби минатата недела.

Во текот на неделата, цените на нафтата се движеа во релативно тесен опсег само за да се зголемат силно во петокот, што е главно последица на конфликтот на Блискиот Исток меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел.

По една недела воздушни напади врз Појасот Газа, како одговор на неодамнешниот напад на Хамас, Израел во петокот најави копнени операции во Појасот Газа.

Дотогаш, конфликтот на Блискиот Исток не влијаеше значително на снабдувањето со нафта во светот бидејќи Израел не е голем производител. Сепак, трговците стравуваат од ескалација на конфликтот, вмешаност на некои други земји од регионот и размислуваат како тоа може да влијае на снабдувањето со нафта од целиот регион.

Цените на нафтата скокнаа во петокот и поради тоа што САД ги наметнаа првите казни за сопствениците на танкери за сервисирање на извоз на руски пратки што ја надминуваат ценовната граница од 60 долари за барел.

Оваа граница е воспоставена на ниво на групата Г7 со цел да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта. Русија е втор по големина производител на нафта во светот и главен извозник, а построгите американски контроли на нејзините испораки би можеле да го намалат снабдувањето, стравуваат пазарите.

Исто така, аналитичарите го објаснуваат скокот на цените на оценката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за падот на залихите на крајот на годината.

„Цените се зголемија откако ОПЕК соопшти дека очекува залихите на сурова нафта да паднат за три милиони барели дневно во овој квартал. Проценката не ги зема предвид можните нови прекини во снабдувањето од војната меѓу Израел и Хамас“, вели Дејвид Хајнс од АНЗ.

По минатонеделниот раст, цената на барелот на лондонскиот пазар е поскапа за речиси 6 отсто во однос на почетокот на годината, а на американскиот пазар е околу 9 отсто.

The post Цените на „црното злато“ повторно растат: Барел нафта поскапе за 7,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата драстично пораснаа минатата недела бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да го наруши снабдувањето со нафта од регионот. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 7,5 отсто, на 90,89 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 5,9 отсто, на 87,69 долари. Откако пред една недела потона за повеќе од 11 отсто, цената на нафтата на лондонскиот пазар поврати добар дел од тие загуби минатата недела. Во текот на неделата, цените на нафтата се движеа во релативно тесен опсег само за да се зголемат силно во петокот, што е главно последица на конфликтот на Блискиот Исток меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел. По една недела воздушни напади врз Појасот Газа, како одговор на неодамнешниот напад на Хамас, Израел во петокот најави копнени операции во Појасот Газа. Дотогаш, конфликтот на Блискиот Исток не влијаеше значително на снабдувањето со нафта во светот бидејќи Израел не е голем производител. Сепак, трговците стравуваат од ескалација на конфликтот, вмешаност на некои други земји од регионот и размислуваат како тоа може да влијае на снабдувањето со нафта од целиот регион. Цените на нафтата скокнаа во петокот и поради тоа што САД ги наметнаа првите казни за сопствениците на танкери за сервисирање на извоз на руски пратки што ја надминуваат ценовната граница од 60 долари за барел. Оваа граница е воспоставена на ниво на групата Г7 со цел да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта. Русија е втор по големина производител на нафта во светот и главен извозник, а построгите американски контроли на нејзините испораки би можеле да го намалат снабдувањето, стравуваат пазарите. Исто така, аналитичарите го објаснуваат скокот на цените на оценката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за падот на залихите на крајот на годината. „Цените се зголемија откако ОПЕК соопшти дека очекува залихите на сурова нафта да паднат за три милиони барели дневно во овој квартал. Проценката не ги зема предвид можните нови прекини во снабдувањето од војната меѓу Израел и Хамас“, вели Дејвид Хајнс од АНЗ. По минатонеделниот раст, цената на барелот на лондонскиот пазар е поскапа за речиси 6 отсто во однос на почетокот на годината, а на американскиот пазар е околу 9 отсто.

The post Цените на „црното злато“ повторно растат: Барел нафта поскапе за 7,5 отсто appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакна, цената на нафтата порасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-porasna/ Fri, 13 Oct 2023 07:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=690750

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,40 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,67 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,10 на 149,80 јени. А американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0545 долари, додека вчера во ова време беше 1,0620 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,70 отсто, на 86,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,90 отсто, на 83,65 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,40 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,67 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,10 на 149,80 јени. А американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0545 долари, додека вчера во ова време беше 1,0620 долари. Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,70 отсто, на 86,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,90 отсто, на 83,65 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>
По нападот на Хамас, нагло скокна цената на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-napadot-na-hamas-naglo-skokna-tsenata-na-naftata/ Mon, 09 Oct 2023 20:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=689657

Неочекуваниот и силен напад на милитантната организација Хамас врз Израел доведе до силен скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Главната референтна цена на Брент порасна за приближно 3,5 долари за барел сурова нафта и се приближува до нивото од 89 долари за барел.

Цената се стабилизираше на повисоко ниво, а нејзиниот понатамошен раст ќе зависи од тоа дали ситуацијата ќе ескалира. Израел и палестинските територии не се производители на нафта, но Блискиот Исток сочинува речиси една третина од глобалното снабдување. Доколку очекуваната израелска контраофанзива на Појасот Газа доведе до дипломатска криза, земјите со мнозинско муслиманско население во областа би можеле да побараат повлекување на израелската армија.

Пазарите внимателно следат како ќе се развива ситуацијата бидејќи големите производители на нафта како Саудиска Арабија би можеле да го намалат производството на сурова нафта со цел да извршат економски притисок врз земјите кои го поддржуваат Израел и да ја прекинат опсадата на Газа.

Во зависност од тоа како земјите производители на нафта ќе реагираат на најавената опсада на Газа, може да настане нова нафтена криза. Уште пред ненадејниот напад на Хамас, многу аналитичари предвидуваа дека до крајот на годината цената на нафтата би можела да порасне до 100 долари за барел, што би ги искомплицирало напорите на САД и ЕУ во борбата против инфлацијата.

Намалувањето на производството од Русија и Саудиска Арабија ја турна цената над 97 долари за барел кон крајот на септември, но минатата недела цените паднаа за 11 отсто поради загриженоста во однос на забавување на економиите во Кина, САД и ЕУ.

Новата ескалација на палестинско-израелскиот конфликт може да ги поткопа напорите на Израел од една страна и на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив (Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати) од друга страна за нормализирање на дипломатските односи, пишува Индекс.

Посредник во тие преговори се САД, а во замена за нормализација на односите со Израел, Саудиска Арабија побара поддршка во развојот на цивилна нуклеарна програма, намалување на ограничувањата за продажба на американско оружје и обезбедување безбедносни гаранции. Во 2020 година, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го признаа Израел и воспоставија дипломатски односи. Беше потпишан т.н „Абрахамски договор“, со посредство на САД.

Обидите за уништување на Израел се историска константа од основањето на таа држава во 1948 година. Всушност, тоа е голем и повеќедецениски арапско-израелски конфликт, кој трае повеќе од 75 години со прекини. Во него, нафтата често се користеше како оружје, со цел да се одвратат САД и земјите од Европа да му помогнат на Израел под закана од намалување на производството на нафта и последователно зголемување на цената на таа енергија.

Директната причина за глобалната нафтена криза која започна во 1973 година беше војната меѓу Израел и арапските држави предводени од Египет и Сирија, наречена војна Јом Кипур по еврејскиот празник, кога Египет и Сирија ненадејно го нападнаа Израел.

Неколку дена по почетокот на војната, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Кувајт и Катар најавија намалување на производството на сурова нафта, а извозот во САД беше целосно забранет. Производството се намалуваше од месец во месец, до декември 1973 година, на само една четвртина во однос на нивото од септември.

Ова доведе до драстично зголемување на цената на нафтата и светска економска криза. До крајот на ембаргото во март 1974 година, цената на суровата нафта се зголеми за четири пати, од 3 на речиси 12 долари за барел. Економиите на САД и земјите од Западна Европа беа многу погодени, но кризата не беше изолирана само на нив, туку се прошири на поголемиот дел од светот.

The post По нападот на Хамас, нагло скокна цената на нафтата appeared first on Република.

]]>

Неочекуваниот и силен напад на милитантната организација Хамас врз Израел доведе до силен скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Главната референтна цена на Брент порасна за приближно 3,5 долари за барел сурова нафта и се приближува до нивото од 89 долари за барел. Цената се стабилизираше на повисоко ниво, а нејзиниот понатамошен раст ќе зависи од тоа дали ситуацијата ќе ескалира. Израел и палестинските територии не се производители на нафта, но Блискиот Исток сочинува речиси една третина од глобалното снабдување. Доколку очекуваната израелска контраофанзива на Појасот Газа доведе до дипломатска криза, земјите со мнозинско муслиманско население во областа би можеле да побараат повлекување на израелската армија. Пазарите внимателно следат како ќе се развива ситуацијата бидејќи големите производители на нафта како Саудиска Арабија би можеле да го намалат производството на сурова нафта со цел да извршат економски притисок врз земјите кои го поддржуваат Израел и да ја прекинат опсадата на Газа. Во зависност од тоа како земјите производители на нафта ќе реагираат на најавената опсада на Газа, може да настане нова нафтена криза. Уште пред ненадејниот напад на Хамас, многу аналитичари предвидуваа дека до крајот на годината цената на нафтата би можела да порасне до 100 долари за барел, што би ги искомплицирало напорите на САД и ЕУ во борбата против инфлацијата. Намалувањето на производството од Русија и Саудиска Арабија ја турна цената над 97 долари за барел кон крајот на септември, но минатата недела цените паднаа за 11 отсто поради загриженоста во однос на забавување на економиите во Кина, САД и ЕУ. Новата ескалација на палестинско-израелскиот конфликт може да ги поткопа напорите на Израел од една страна и на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив (Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати) од друга страна за нормализирање на дипломатските односи, пишува Индекс. Посредник во тие преговори се САД, а во замена за нормализација на односите со Израел, Саудиска Арабија побара поддршка во развојот на цивилна нуклеарна програма, намалување на ограничувањата за продажба на американско оружје и обезбедување безбедносни гаранции. Во 2020 година, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го признаа Израел и воспоставија дипломатски односи. Беше потпишан т.н „Абрахамски договор“, со посредство на САД. Обидите за уништување на Израел се историска константа од основањето на таа држава во 1948 година. Всушност, тоа е голем и повеќедецениски арапско-израелски конфликт, кој трае повеќе од 75 години со прекини. Во него, нафтата често се користеше како оружје, со цел да се одвратат САД и земјите од Европа да му помогнат на Израел под закана од намалување на производството на нафта и последователно зголемување на цената на таа енергија. Директната причина за глобалната нафтена криза која започна во 1973 година беше војната меѓу Израел и арапските држави предводени од Египет и Сирија, наречена војна Јом Кипур по еврејскиот празник, кога Египет и Сирија ненадејно го нападнаа Израел. Неколку дена по почетокот на војната, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Кувајт и Катар најавија намалување на производството на сурова нафта, а извозот во САД беше целосно забранет. Производството се намалуваше од месец во месец, до декември 1973 година, на само една четвртина во однос на нивото од септември. Ова доведе до драстично зголемување на цената на нафтата и светска економска криза. До крајот на ембаргото во март 1974 година, цената на суровата нафта се зголеми за четири пати, од 3 на речиси 12 долари за барел. Економиите на САД и земјите од Западна Европа беа многу погодени, но кризата не беше изолирана само на нив, туку се прошири на поголемиот дел од светот.

The post По нападот на Хамас, нагло скокна цената на нафтата appeared first on Република.

]]>
Доларот одново зајакна, цената на нафтата во пад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dolarot-odnovo-zajakna-tsenata-na-naftata-vo-pad/ Tue, 03 Oct 2023 08:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=687335

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми во вторникот, достигнувајќи нов 10-месечен максимум.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,06 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,75 на 149,85 јени, на ново највисоко ниво во последните 11 месеци. Поради слабоста на јенот, се шпекулира дека може да интервенира јапонската централна банка.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па вредноста на еврото се лизна на 1,0460 долари, блиску до најниското ниво од декември минатата година, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0565 долари.

Цените на нафтата, пак, значително паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава падна за 1,06 отсто, на 89,75 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,86 отсто, на 88,05 долари.

The post Доларот одново зајакна, цената на нафтата во пад appeared first on Република.

]]>

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми во вторникот, достигнувајќи нов 10-месечен максимум. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,06 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,25 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,75 на 149,85 јени, на ново највисоко ниво во последните 11 месеци. Поради слабоста на јенот, се шпекулира дека може да интервенира јапонската централна банка. Американската валута зајакна и во однос на европската, па вредноста на еврото се лизна на 1,0460 долари, блиску до најниското ниво од декември минатата година, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0565 долари. Цените на нафтата, пак, значително паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава падна за 1,06 отсто, на 89,75 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,86 отсто, на 88,05 долари.

The post Доларот одново зајакна, цената на нафтата во пад appeared first on Република.

]]>
Продолжува растот на цената на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuva-rastot-na-tsenata-na-naftata/ Fri, 29 Sep 2023 16:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=686444

На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона.

На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 долари. Додека барел нафта за испорака во декември се тргуваше за 94,07 долари односно за 97 центи повеќе од вчера.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и се намалат цените на домашниот пазар. На Меѓународната берза во Санкт Петербург денеска е забележан мал пад на цените на рускиот бензин и на дизелот.

Според прогнозите на економистите, во четвртиот квартал барел нафта ќе се тргува за 89,85 долари, а во 2024 година ќе чини 86,45 долари.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и од Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, предупредуваат аналитичарите.

The post Продолжува растот на цената на нафтата appeared first on Република.

]]>

На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона. На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 долари. Додека барел нафта за испорака во декември се тргуваше за 94,07 долари односно за 97 центи повеќе од вчера. На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари. Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и се намалат цените на домашниот пазар. На Меѓународната берза во Санкт Петербург денеска е забележан мал пад на цените на рускиот бензин и на дизелот. Според прогнозите на економистите, во четвртиот квартал барел нафта ќе се тргува за 89,85 долари, а во 2024 година ќе чини 86,45 долари. До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и од Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, предупредуваат аналитичарите.

The post Продолжува растот на цената на нафтата appeared first on Република.

]]>
На светот му фали дизел – рафинериите не може да произведат доволно, а цената расте до рекорди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-svetot-mu-fali-dizel-rafineriite-ne-mozhe-da-proizvedat-dovolno-a-tsenata-raste-do-rekordi/ Sun, 24 Sep 2023 06:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=684543

Светските рафинерии за нафта не можат да му обезбедат на светот доволно дизел гориво, пишува „Блумберг“.

Во написот се наведува дека договорите за дизелот достигнале рекордна цена - над 140 долари за барел. Дополнително, ситуацијата ја влошува и намалувањето на производството на нафта од лидерите на ОПЕК+, Саудиска Арабија и Русија.

Покрај тоа, според изданието, многу фабрики почнале да работат побавно поради жешкото лето на северната хемисфера, па испораките престанале. Истовремено, се појаснува дека состојбата со дефицитот може да се влоши.

Претходно цената на нафтата „брент“ надмина 94 долари за барел.

„Шпигел“, исто така, истакнува дека Германија го зголемила купувањето на руска нафта за 12 пати.

Ние сме изложени на ризик да видиме континуирана затегнатост на пазарот, особено за дестилати, кои доаѓаат во зимските месеци. Рафинериите се борат да го задржат чекорот“, вели Торил Босони, шеф на одделот за нафтениот пазар во Меѓународната агенција за енергија, мислејќи на категоријата гориво што го вклучува дизелот.

Ситуацијата е предизвикувачка за глобалната рафинирана флота која со месеци е оптоварена со слабо производство.

Истовремено, има притисок врз нив да произведуваат други производи, како што се авионско гориво и бензин, за кои побарувачката силно се врати“, вели Калум Брус, аналитичар во „Голдман Сакс груп инк“ (Goldman Sachs Group Inc).

Други горива

Сето ова доаѓа на врвот на глобалниот систем за рафинирање што ги затвори помалку ефикасните погони кога „Ковид-19“ ја уништи побарувачката. Сега потрошувачката се враќа, но многу рафинерии ги нема.

Сè уште постои надеж дека кризата со дизелот може да се намали. Со приближувањето на постудените зимски месеци, временските ограничувања на рафинериите се намалуваат - дури и ако некои од нив ќе бидат подложени на рутинско сезонско одржување.

Сметаме дека маржите се надминаа засега“, вели Брус, додавајќи дека растегнатото позиционирање на пазарот и привремената природа на некои прекини во рафинеријата може да предизвикаат пресврт.

Сепак загриженост

И покрај тоа, сè уште има грижи за снабдувањето од некои клучни земји извозници на дизел.

Русија - сè уште главен снабдувач на светот и покрај западните санкции - посочи дека сака да го ограничи обемот на гориво што го испраќа на глобалните пазари.

Кина - уште еден потенцијален вентил за олеснување на снабдувањето - неодамна издаде нова квота за извоз на гориво, но трговците и аналитичарите во Азија велат дека обемот што моментално се планира нема да биде доволен за да се спречи тесниот пазар до крајот на годината. Испораките во земјата се заглавени близу петгодишните сезонски минимум во поголемиот дел од 2023 година.

Тие пониски текови се појавуваат во клучните центри за складирање. Забележливите залихи во САД и Сингапур моментално се под сезонските нормални нивоа. Залихите во земјите на ОЕЦД се пониски отколку пред половина деценија.

Зголемените цени на дизелот, исто така, може да ги поттикнат рафинериите да му дадат приоритет на горивото за сметка на производството на бензин.

Слаба побарувачка

Ситуацијата за дизелот можеше да биде полоша бидејќи растот на потрошувачката не беше толку робустен како другите делови на барелот.

Месечниот извештај на ИЕА минатата недела предвидуваше раст на потрошувачката за околу 100.000 барели дневно оваа година. Тоа се споредува со речиси 500.000 барели дневно за бензин и повеќе од 1 милион барели дневно за авионско гориво и керозин.

Тоа е проблем со снабдувањето во срцето. Европските рафинерии, исто така, не беа во можност да соберат залихи во текот на летото поради широко распространетите непланирани прекини што ги оставија залихите тесни пред зимата“, вели Јуџин Линдел, шеф на рафинирани производи во консултантот ФГЕ.

The post На светот му фали дизел – рафинериите не може да произведат доволно, а цената расте до рекорди appeared first on Република.

]]>

Светските рафинерии за нафта не можат да му обезбедат на светот доволно дизел гориво, пишува „Блумберг“. Во написот се наведува дека договорите за дизелот достигнале рекордна цена - над 140 долари за барел. Дополнително, ситуацијата ја влошува и намалувањето на производството на нафта од лидерите на ОПЕК+, Саудиска Арабија и Русија. Покрај тоа, според изданието, многу фабрики почнале да работат побавно поради жешкото лето на северната хемисфера, па испораките престанале. Истовремено, се појаснува дека состојбата со дефицитот може да се влоши. Претходно цената на нафтата „брент“ надмина 94 долари за барел. „Шпигел“, исто така, истакнува дека Германија го зголемила купувањето на руска нафта за 12 пати.
Ние сме изложени на ризик да видиме континуирана затегнатост на пазарот, особено за дестилати, кои доаѓаат во зимските месеци. Рафинериите се борат да го задржат чекорот“, вели Торил Босони, шеф на одделот за нафтениот пазар во Меѓународната агенција за енергија, мислејќи на категоријата гориво што го вклучува дизелот.
Ситуацијата е предизвикувачка за глобалната рафинирана флота која со месеци е оптоварена со слабо производство.
Истовремено, има притисок врз нив да произведуваат други производи, како што се авионско гориво и бензин, за кои побарувачката силно се врати“, вели Калум Брус, аналитичар во „Голдман Сакс груп инк“ (Goldman Sachs Group Inc).

Други горива

Сето ова доаѓа на врвот на глобалниот систем за рафинирање што ги затвори помалку ефикасните погони кога „Ковид-19“ ја уништи побарувачката. Сега потрошувачката се враќа, но многу рафинерии ги нема. Сè уште постои надеж дека кризата со дизелот може да се намали. Со приближувањето на постудените зимски месеци, временските ограничувања на рафинериите се намалуваат - дури и ако некои од нив ќе бидат подложени на рутинско сезонско одржување.
Сметаме дека маржите се надминаа засега“, вели Брус, додавајќи дека растегнатото позиционирање на пазарот и привремената природа на некои прекини во рафинеријата може да предизвикаат пресврт.

Сепак загриженост

И покрај тоа, сè уште има грижи за снабдувањето од некои клучни земји извозници на дизел. Русија - сè уште главен снабдувач на светот и покрај западните санкции - посочи дека сака да го ограничи обемот на гориво што го испраќа на глобалните пазари. Кина - уште еден потенцијален вентил за олеснување на снабдувањето - неодамна издаде нова квота за извоз на гориво, но трговците и аналитичарите во Азија велат дека обемот што моментално се планира нема да биде доволен за да се спречи тесниот пазар до крајот на годината. Испораките во земјата се заглавени близу петгодишните сезонски минимум во поголемиот дел од 2023 година. Тие пониски текови се појавуваат во клучните центри за складирање. Забележливите залихи во САД и Сингапур моментално се под сезонските нормални нивоа. Залихите во земјите на ОЕЦД се пониски отколку пред половина деценија. Зголемените цени на дизелот, исто така, може да ги поттикнат рафинериите да му дадат приоритет на горивото за сметка на производството на бензин.

Слаба побарувачка

Ситуацијата за дизелот можеше да биде полоша бидејќи растот на потрошувачката не беше толку робустен како другите делови на барелот. Месечниот извештај на ИЕА минатата недела предвидуваше раст на потрошувачката за околу 100.000 барели дневно оваа година. Тоа се споредува со речиси 500.000 барели дневно за бензин и повеќе од 1 милион барели дневно за авионско гориво и керозин.
Тоа е проблем со снабдувањето во срцето. Европските рафинерии, исто така, не беа во можност да соберат залихи во текот на летото поради широко распространетите непланирани прекини што ги оставија залихите тесни пред зимата“, вели Јуџин Линдел, шеф на рафинирани производи во консултантот ФГЕ.

The post На светот му фали дизел – рафинериите не може да произведат доволно, а цената расте до рекорди appeared first on Република.

]]>