наезда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naezda/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 11:31:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наезда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naezda/ 32 32 Наезда на којоти во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/naezda-na-kojoti-vo-nujork/ Tue, 20 Aug 2024 11:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=808283

Жителите на Бронкс во Њујорк забележаа зголемување на бројот на којотите ова летото, поради што некои посетители на познатиот парк Клермонт,  стравуваат за својата и безбедноста на нивните миленици.

Сепак, Одделот за паркови и рекреација на Њујорк вели дека којотите се вообичаени низ целата сојузна држава Њујорк, вклучително и урбаните области. Според надлежните, при средба со којот, не треба да се паничи.

Повеќето од нив не се опасни за луѓето... Нема причина да се верува дека којотите за коишто станува збор се нездрави (заболени или заразни, з.п.) или претставуваат закана за безбедноста на луѓето. Меѓутоа, како и со сите диви животни, ги советуваме сите луѓе да се држат на растојание и да избегнуваат блиска средба со животното“, се вели во соопштението.

Којотите, иако вообичаено живеат во дивината, и вон градовите, се присутни во Њујорк од 1930-тите, а некои од овие диви животни во Бронкс се населиле во 1990-тите, според наводите. Во последно време се забележуваат и во њујоршките општини Квинс и Менхетн.

The post Наезда на којоти во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Жителите на Бронкс во Њујорк забележаа зголемување на бројот на којотите ова летото, поради што некои посетители на познатиот парк Клермонт,  стравуваат за својата и безбедноста на нивните миленици. Сепак, Одделот за паркови и рекреација на Њујорк вели дека којотите се вообичаени низ целата сојузна држава Њујорк, вклучително и урбаните области. Според надлежните, при средба со којот, не треба да се паничи.
Повеќето од нив не се опасни за луѓето... Нема причина да се верува дека којотите за коишто станува збор се нездрави (заболени или заразни, з.п.) или претставуваат закана за безбедноста на луѓето. Меѓутоа, како и со сите диви животни, ги советуваме сите луѓе да се држат на растојание и да избегнуваат блиска средба со животното“, се вели во соопштението.
Којотите, иако вообичаено живеат во дивината, и вон градовите, се присутни во Њујорк од 1930-тите, а некои од овие диви животни во Бронкс се населиле во 1990-тите, според наводите. Во последно време се забележуваат и во њујоршките општини Квинс и Менхетн.

The post Наезда на којоти во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Наезда од диви свињи во кочанско https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/naezda-od-divi-svinji-vo-kochansko/ Fri, 14 Jan 2022 12:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=444596

Поради забраната за лов во целиот источен регион, заради присуство на вирусот на африканската чума, во Кочанско се соочуваат со наезда од диви свињи. Земјоделците од повеќе села од Осоговијата и Плочковица се жалат дека трпат големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. Ловците кои имаат за задача да го пребаруваат теренот за угинати диви свињи од болеста, сведочат дека целосно се уништени неколку 100-тина декари засеани со пченка и компир во атарите на селата Видовиште и Теранци, а поради нивната агресивност опасни се и за домашните животни. Ловците не смеат да реагираат и да им помогнат на селаните. Од досегашната потрага по ловните терени не се пронајдени угинати диви свињи како последица од африканската чума.

Лабораториските испитувања на месото во залиха од пред воведувањето на забраната, покажало негативни резултати на присуство на вирусот. Покрај ловот, забранета е и купопродажбата на домашни свињи, а сточниот пазар во Облешево останува затворен до важноста на мерката воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветринарство. Во радиус од 3 км од жариштето еутанизирани се 195 свињи и закопани во посебни јами на депонијата во Делчево. Во кланица ќе завршат и околу 700 домашни свињи од зоната под надзор во радиус од 10 км.

The post Наезда од диви свињи во кочанско appeared first on Република.

]]>

Поради забраната за лов во целиот источен регион, заради присуство на вирусот на африканската чума, во Кочанско се соочуваат со наезда од диви свињи. Земјоделците од повеќе села од Осоговијата и Плочковица се жалат дека трпат големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. Ловците кои имаат за задача да го пребаруваат теренот за угинати диви свињи од болеста, сведочат дека целосно се уништени неколку 100-тина декари засеани со пченка и компир во атарите на селата Видовиште и Теранци, а поради нивната агресивност опасни се и за домашните животни. Ловците не смеат да реагираат и да им помогнат на селаните. Од досегашната потрага по ловните терени не се пронајдени угинати диви свињи како последица од африканската чума. Лабораториските испитувања на месото во залиха од пред воведувањето на забраната, покажало негативни резултати на присуство на вирусот. Покрај ловот, забранета е и купопродажбата на домашни свињи, а сточниот пазар во Облешево останува затворен до важноста на мерката воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветринарство. Во радиус од 3 км од жариштето еутанизирани се 195 свињи и закопани во посебни јами на депонијата во Делчево. Во кланица ќе завршат и околу 700 домашни свињи од зоната под надзор во радиус од 10 км.

The post Наезда од диви свињи во кочанско appeared first on Република.

]]>