Надзорен одбор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadzoren-odbor/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 09:48:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Надзорен одбор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadzoren-odbor/ 32 32 Избран нов Управен одбор во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbran-nov-upraven-odbor-vo-m-nav/ Fri, 25 Oct 2024 09:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=830873

Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ.

На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор на М-НАВ АД Скопје и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години.

На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање.

Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година.

Оттогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година.

Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид.

Климент Чепуњоски е Извршен директор на Секторот за воздухопловна техника и член на УО. Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ, во Скопје и Охрид.

Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО. Тој е дипломиран правник, со работно искуство во Министерство за правда и Државна изборна комисија.

Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни.

Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај , согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги.

The post Избран нов Управен одбор во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ. На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор на М-НАВ АД Скопје и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години. На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање. Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година. Оттогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година. Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид. Климент Чепуњоски е Извршен директор на Секторот за воздухопловна техника и член на УО. Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ, во Скопје и Охрид. Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО. Тој е дипломиран правник, со работно искуство во Министерство за правда и Државна изборна комисија. Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни. Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај , согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги.

The post Избран нов Управен одбор во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Надзорниот одбор на М-НАВ го прифати предлогот на Владата: Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nadzorniot-odbor-na-m-nav-go-prifati-predlogot-na-vladata-hekuran-asani-i-milan-korak-slednata-nedela-stapuvaat-na-novata-funktsija/ Thu, 18 Jan 2024 14:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=734415

Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција директори во М-НАВ, дознава „Телма“. Надзорниот одбор на денешната седница го прифати предлогот на Владата донесен на седницата одржана на 9 јануари и ги разреши досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција.

Поради законската процедура, надзорниот одбор ќе има уште еден состанок во понеделник кога ќе се потпишан записниците од денешната седница со што одлуката добива формално правна важност и потоа со пропратната документација ќе биде доставена до централниот регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори – Асани и Кораќ.

Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк.

Првичниот предлог на Владата беше Илир Мехмети, но по неколку часа го повлече и се коригира, бидејќи тој не ги исполнуваше условите. Мехмети не е вработен во М-НАВ туку во Агенцијата за цивилно воздухопловство со што директно се кршеше член 17 од Правилникот во М-НАВ кој предвидува на раководните места да се именуваат лица од редот на вработените.

The post Надзорниот одбор на М-НАВ го прифати предлогот на Владата: Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција appeared first on Република.

]]>

Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција директори во М-НАВ, дознава „Телма“. Надзорниот одбор на денешната седница го прифати предлогот на Владата донесен на седницата одржана на 9 јануари и ги разреши досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција. Поради законската процедура, надзорниот одбор ќе има уште еден состанок во понеделник кога ќе се потпишан записниците од денешната седница со што одлуката добива формално правна важност и потоа со пропратната документација ќе биде доставена до централниот регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори – Асани и Кораќ. Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк. Првичниот предлог на Владата беше Илир Мехмети, но по неколку часа го повлече и се коригира, бидејќи тој не ги исполнуваше условите. Мехмети не е вработен во М-НАВ туку во Агенцијата за цивилно воздухопловство со што директно се кршеше член 17 од Правилникот во М-НАВ кој предвидува на раководните места да се именуваат лица од редот на вработените.

The post Надзорниот одбор на М-НАВ го прифати предлогот на Владата: Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција appeared first on Република.

]]>