надворешен долг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadvoreshen-dolg/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Dec 2022 16:01:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png надворешен долг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadvoreshen-dolg/ 32 32 Надворешниот долг на земјава на крајот на септември бил 28 отсто од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nadvoreshniot-dolg-na-zemjava-na-krajot-na-septemvri-bil-28-otsto-od-bdp/ Thu, 29 Dec 2022 15:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=591552

Нето надворешниот долг на земјава на 30 септември 2022 година изнесувал 3.905 милиони евра или 28 проценти од проектираниот БДП, соопшти Народната банка.

Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е намален за 51 милион евра или за 1,3 проценти.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто.

Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година.

The post Надворешниот долг на земјава на крајот на септември бил 28 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Нето надворешниот долг на земјава на 30 септември 2022 година изнесувал 3.905 милиони евра или 28 проценти од проектираниот БДП, соопшти Народната банка. Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е намален за 51 милион евра или за 1,3 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто. Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година.

The post Надворешниот долг на земјава на крајот на септември бил 28 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>
НБ: На крајот на март годинава бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-na-krajot-na-mart-godinava-bruto-nadvoreshniot-dolg-iznesuva-9-977-milioni-evra/ Thu, 30 Jun 2022 13:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=521643 На крајот првиот квартал од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра и забележано е квартално зголемување за...

The post НБ: На крајот на март годинава бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра appeared first on Република.

]]>
На крајот првиот квартал од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра и забележано е квартално зголемување за 430 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија. Согласно информациите, бруто надворешните побарувања забележаа зголемување за 8 милиони евра и изнесуваат 5.917 милиони евра.

Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 422 милиона евра, со што на крајот на март 2022 година тој изнесува 4.060 милиони евра. Надворешна задолженост и меѓународна инвестициска позиција на Република  Македонија, се вели во соопштението.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција на крајот на март 2022 година, од НБРСМ велат дека изнесувала 7.789 милиони евра, или 58,5 проценти од проектираниот БДП2 за 2022 година. Од овој износ, најголемиот дел, или 81 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 73 проценти се врз основа на сопственички капитал.

На крајот на март од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра (или 74,9 проценти од проектираниот БДП) и бележи квартално зголемување од 430 милиони евра (или за 4,5 отсто).

Доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто-долгот бележи квартално зголемување од 486 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемениот приватен долг (за 642 милиона евра), додека јавниот долг бележи квартално намалување (за 156 милиони евра), велат од Народната банка.

Согласно податоците, растот на приватниот долг од НБРМ велат дека должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 428 милиони евра), приватните банки (за 128 милиони евра) и на небанкарскиот приватен сектор (за 86 милиони евра). Кварталното намалување на јавниот надворешен долг од 156 милиони евра е резултат главно на намалувањето на долгот секторот „држава“ (за 145 милиони евра), како и намалувањето на долгот на јавните претпријатија и јавните банки (за 13 милиони евра).

Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евра (или 44,4 проценти од проектираниот БДП) и забележаа квартално зголемување од 8 милиони евра (или за 0,1 отсто).

Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, од Народната банка посочија дека бруто надворешните побарувања се зголемени за 40 милиони евра и изнесуваат 5.915 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 438 милиони евра, при намалени јавни побарувања за 398 милиони евра.

Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 397 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 73 милиони евра), при намалени побарувања на приватните банки (за 33 милиони евра).

На 31 март оваа година година, податоците покажуваат дека нето надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра (или 30,5 проценти од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2022 година е зголемен за 422 милиона евра, или за 11,6 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58 проценти.

Во текот на првиот квартал од 2022 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 481 милион евра и изнесува 7.789 милиони евра, што претставува 58,5 проценти од проектираниот БДП за 2022 година, велат од НБРМ.

Од Народната банка додаваат дека кварталното зголемување на негативната нето МИП произлегува од засиленото зголемување на обврските (за 527 милиони евра) во однос на зголемените средства (за 46 милиони евра). Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на должнички инструменти бележат зголемување за 422 милиона евра, додека нето-обврските врз основа на сопственички инструменти се зголемени за 59 милиони евра.

The post НБ: На крајот на март годинава бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Русија наскоро нема да може да го исплаќа надворешниот долг? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-naskoro-nema-da-moze-da-go-isplakja-nadvoreshniot-dolg/ Mon, 14 Mar 2022 22:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=472898

Последните случувања во Русија навестуваат дека можно е државата веќе да не може да го сервисира надворешниот долг, што би било за прв пат од Болшевичката револуција пред еден век.

Половина од девизните резерви на земјата – околу 315 милијарди долари – се замрзнати поради западните санкции воведени по инвазијата на Украина, изјави во неделата рускиот министер за финансии Антон Силуанов. Како резултат на тоа, Москва ќе ги отплати доверителите од „земјите кои се непријателски настроени“ во рубљи додека не се укинат санкциите, рече тој.

Агенциите за кредитен рејтинг најверојатно ќе сметаат дека Русија не ги исполнува обврските доколку Москва ги пропушти плаќањата или го отплати долгот издаден во долари или евра со други валути, како што се рубљата или кинескиот јуан.

Неисполнување на обврските може да ги избрка неколкуте преостанати странски инвеститори од Русија и дополнително да ја изолира распадната економија на земјата.

Неисполнувањето на обврските може да се случи веќе во среда, кога Москва треба да исплати 117 милиони долари за камати на државни обврзници деноминирани во долари, според JPMorgan Chase. Иако Русија има издадено обврзници што може да се отплатат во повеќе валути од 2018 година, овие плаќања мора да се вршат во американски долари.

The post Русија наскоро нема да може да го исплаќа надворешниот долг? appeared first on Република.

]]>

Последните случувања во Русија навестуваат дека можно е државата веќе да не може да го сервисира надворешниот долг, што би било за прв пат од Болшевичката револуција пред еден век. Половина од девизните резерви на земјата – околу 315 милијарди долари – се замрзнати поради западните санкции воведени по инвазијата на Украина, изјави во неделата рускиот министер за финансии Антон Силуанов. Како резултат на тоа, Москва ќе ги отплати доверителите од „земјите кои се непријателски настроени“ во рубљи додека не се укинат санкциите, рече тој. Агенциите за кредитен рејтинг најверојатно ќе сметаат дека Русија не ги исполнува обврските доколку Москва ги пропушти плаќањата или го отплати долгот издаден во долари или евра со други валути, како што се рубљата или кинескиот јуан. Неисполнување на обврските може да ги избрка неколкуте преостанати странски инвеститори од Русија и дополнително да ја изолира распадната економија на земјата. Неисполнувањето на обврските може да се случи веќе во среда, кога Москва треба да исплати 117 милиони долари за камати на државни обврзници деноминирани во долари, според JPMorgan Chase. Иако Русија има издадено обврзници што може да се отплатат во повеќе валути од 2018 година, овие плаќања мора да се вршат во американски долари.

The post Русија наскоро нема да може да го исплаќа надворешниот долг? appeared first on Република.

]]>