надоместок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadomestok/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Nov 2023 17:32:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png надоместок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadomestok/ 32 32 Градот Белград им дава до 109 илјади динари на семејствата кои имаат тројки, четворки, петорки и двојни близнаци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gradot-belgrad-im-dava-do-109-iljadi-dinari-na-semejstvata-koi-imaat-trojki-chetvorki-petorki-i-dvojni-bliznatsi/ Fri, 03 Nov 2023 18:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=691866

Сите родители на тројки, четворки, петорки, шест и двојни близнаци имаат право на постојан паричен надоместок од касата на Град Белград, што се исплаќа еднаш годишно.

Секретарот за социјална заштита на град Белград, Петар Јордановиќ, соопшти дека на родителите ќе им се исплаќаат од една до три просечни плати, а пријавувањето е почнато.

Градот Белград, преку Секретаријатот за социјална заштита, им дава парична помош на родителите кои имаат тројки, четворки, петорки, шестобраќа и двојни близнаци. Паричната помош изнесува една просечна плата на Град Белград, околу 109.000 динари. Децата од предучилишна возраст земаат една просечна плата, основците две, а средношколците три, изјави Јордановиќ за ТВ Прва.

Пријавувањето се врши во Центрите за социјална работа во општините каде што се сместени семејствата.

Ова е убава акција со оглед на тоа што минатата година имавме 108 семејства кои добија ваква помош, односно околу 345 деца. Градот одвои средства и на некој начин им помага на семејствата барем малку да им олеснат, изјави Јордановиќ.

Се поставува прашањето дали имаат право на помош родителите кои имаат три, четири и пет деца на различна возраст.

Ова не важи за семејствата кои имаат три деца, туку за семејствата кои имаат тројки, четворки, двојни близнаци. Се уште не сме имале петки и шестки, но се надеваме дека ќе има. Решението и исплатите се многу брзи. Неодамна е добро регулирано дека сите решенија кои пристигнуваат за секаков вид услуга што ја дава Секретаријатот за социјална заштита се исплаќаат многу брзо. Немаме рок до кога треба да аплицирате, но и да има, никому нема да му биде ускратена таква помош, рече Јордановиќ.

 

 

The post Градот Белград им дава до 109 илјади динари на семејствата кои имаат тројки, четворки, петорки и двојни близнаци appeared first on Република.

]]>

Сите родители на тројки, четворки, петорки, шест и двојни близнаци имаат право на постојан паричен надоместок од касата на Град Белград, што се исплаќа еднаш годишно. Секретарот за социјална заштита на град Белград, Петар Јордановиќ, соопшти дека на родителите ќе им се исплаќаат од една до три просечни плати, а пријавувањето е почнато.
Градот Белград, преку Секретаријатот за социјална заштита, им дава парична помош на родителите кои имаат тројки, четворки, петорки, шестобраќа и двојни близнаци. Паричната помош изнесува една просечна плата на Град Белград, околу 109.000 динари. Децата од предучилишна возраст земаат една просечна плата, основците две, а средношколците три, изјави Јордановиќ за ТВ Прва.
Пријавувањето се врши во Центрите за социјална работа во општините каде што се сместени семејствата.
Ова е убава акција со оглед на тоа што минатата година имавме 108 семејства кои добија ваква помош, односно околу 345 деца. Градот одвои средства и на некој начин им помага на семејствата барем малку да им олеснат, изјави Јордановиќ.
Се поставува прашањето дали имаат право на помош родителите кои имаат три, четири и пет деца на различна возраст.
Ова не важи за семејствата кои имаат три деца, туку за семејствата кои имаат тројки, четворки, двојни близнаци. Се уште не сме имале петки и шестки, но се надеваме дека ќе има. Решението и исплатите се многу брзи. Неодамна е добро регулирано дека сите решенија кои пристигнуваат за секаков вид услуга што ја дава Секретаријатот за социјална заштита се исплаќаат многу брзо. Немаме рок до кога треба да аплицирате, но и да има, никому нема да му биде ускратена таква помош, рече Јордановиќ.
   

The post Градот Белград им дава до 109 илјади динари на семејствата кои имаат тројки, четворки, петорки и двојни близнаци appeared first on Република.

]]>
Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proverete-koja-banka-vo-makedonija-naplaka-najvisoki-nadomestotsi-za-vashata-bankarska-smetka/ Thu, 05 Oct 2023 18:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=688197

Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за
висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка.

На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која
банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.

„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.

 

Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.

The post Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка appeared first on Република.

]]>

Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка. На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.
„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.   Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.

The post Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка appeared first on Република.

]]>
Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/ Sun, 27 Nov 2022 08:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=578634

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда.

Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.

Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.

Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право.

Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител.

Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Република Македонија за 2020 година.

Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

The post Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост appeared first on Република.

]]>

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда. Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице. Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот. Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право. Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител. Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Република Македонија за 2020 година. Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

The post Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост appeared first on Република.

]]>