надомест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadomest/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 10:43:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png надомест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nadomest/ 32 32 Влада: Нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-nema-isprateno-poraki-za-nadomest-graganite-da-ne-nasednuvaat-na-izmamata-i-da-ne-vnesuvaat-lichni-podatotsi-na-veb-stranata/ Mon, 20 May 2024 10:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=780120

Ја информираме јавноста дека Владата на Република Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест, стои во писменото соопштение испратено од владината прес служба.

Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат.

Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот.

The post Влада: Нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната appeared first on Република.

]]>

Ја информираме јавноста дека Владата на Република Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест, стои во писменото соопштение испратено од владината прес служба.
Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат. Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот.

The post Влада: Нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната appeared first on Република.

]]>
На 82-годишен пациент со Алцхајмер не му даваат 4.711 денари за нега од друго лице, му рекле можеш сам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-82-godishen-patsient-so-altshajmer-ne-mu-davaat-4-711-denari-za-nega-od-drugo-litse-mu-rekle-mozhesh-sam/ Tue, 31 Jan 2023 13:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=603019

На 82-годишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари.

Овие пари болниот скопјанец ги земал како надомест за помош и нега од друго лице, а за него се грижи неговата сопруга. Но иако болеста на Лазески прогресира, тој тешко се движи, не може да зборува, не ги познава блиските, не може сам да јаде, му треба помош при вршење на физиолошките потреби и за сето ова семејството поседува уредна медицинска документација, сепак Комисијата проценила дека пациентот не го остварува правото на надоместок и дека може сам да се грижи за себе.

За семејството на Лазевски оваа одлука е апсурдна и тие денес поднесоа жалба на ваквото Решение до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје-Карпош. Месечната сума од 4.711 денари овој човек ја земал во период од околу 5 години, а семејството вели дека болеста не се повлекува, туку прогресира. Тие прашуваат како може за пациент со ваква дијагноза да се процени дека може сам да се грижи за себе.

Целата сторија на МКД.мк

The post На 82-годишен пациент со Алцхајмер не му даваат 4.711 денари за нега од друго лице, му рекле можеш сам appeared first on Република.

]]>

На 82-годишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари. Овие пари болниот скопјанец ги земал како надомест за помош и нега од друго лице, а за него се грижи неговата сопруга. Но иако болеста на Лазески прогресира, тој тешко се движи, не може да зборува, не ги познава блиските, не може сам да јаде, му треба помош при вршење на физиолошките потреби и за сето ова семејството поседува уредна медицинска документација, сепак Комисијата проценила дека пациентот не го остварува правото на надоместок и дека може сам да се грижи за себе. За семејството на Лазевски оваа одлука е апсурдна и тие денес поднесоа жалба на ваквото Решение до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје-Карпош. Месечната сума од 4.711 денари овој човек ја земал во период од околу 5 години, а семејството вели дека болеста не се повлекува, туку прогресира. Тие прашуваат како може за пациент со ваква дијагноза да се процени дека може сам да се грижи за себе. Целата сторија на МКД.мк

The post На 82-годишен пациент со Алцхајмер не му даваат 4.711 денари за нега од друго лице, му рекле можеш сам appeared first on Република.

]]>
Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tras-beshe-na-vlast-45-dena-do-krajot-na-zivotot-kje-dobiva-115-000-funti-godishno-od-drzavata/ Fri, 21 Oct 2022 07:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=563881

По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот.

Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ.

За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, што значи дека Трас ги исполнува условите, и покрај тоа што е премиер со најкраток стаж во историјата на земјата.

Таа вчера поднесе оставка од функцијата британски премиер по само 45 дена.

Трас имаше најкраток мандат – втор најкраток мандат го имал Џорџ Канинг, чија премиерска функција траела 118 дена пред да почине ненадејно во 1827 година.

The post Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата appeared first on Република.

]]>

По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот. Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ. За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, што значи дека Трас ги исполнува условите, и покрај тоа што е премиер со најкраток стаж во историјата на земјата. Таа вчера поднесе оставка од функцијата британски премиер по само 45 дена. Трас имаше најкраток мандат – втор најкраток мандат го имал Џорџ Канинг, чија премиерска функција траела 118 дена пред да почине ненадејно во 1827 година.

The post Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата appeared first on Република.

]]>
Надоместот за приватизација на градежно земјиште ќе биде 30 пати поскап https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nadomestot-za-privatizacija-na-gradezno-zemjishte-kje-bide-30-pati-poskap/ Tue, 29 Mar 2022 18:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=480490

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.

Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед.

Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од до сега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација.

Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

На денешната седница, министрите го разгледаа и усвоија Предлогот за воспоставување на нови кредитни производи согласно економските мерки на Владата за заштита на потрошувачите и компаниите погодени од енергетската и економската криза, преку Развојната банка на Република Македонија.

The post Надоместот за приватизација на градежно земјиште ќе биде 30 пати поскап appeared first on Република.

]]>

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште. Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед. Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од до сега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација. Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. На денешната седница, министрите го разгледаа и усвоија Предлогот за воспоставување на нови кредитни производи согласно економските мерки на Владата за заштита на потрошувачите и компаниите погодени од енергетската и економската криза, преку Развојната банка на Република Македонија.

The post Надоместот за приватизација на градежно земјиште ќе биде 30 пати поскап appeared first on Република.

]]>