Нада Талевска-Спасовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nada-talevska-spasovska/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 07:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нада Талевска-Спасовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nada-talevska-spasovska/ 32 32 Концерт на Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска во Рим по повод чествувањето на Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-kamerniot-orkestar-od-bitola-i-solistkata-nada-talevska-spasovska-vo-rim-po-povod-chestvuvaneto-na-kiril-i-metodij/ Thu, 23 May 2024 07:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=781001

Во организација на Министерството за култура, а во рамките на културната програма за одбележување на традиционалната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“, во Ватикан, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, концерт ќе одржи Националната установа Камерен оркестар на Битола, кој како секстет ќе настапи со солистката Нада Талевска-Спасовска.

На програмата на концертот во чест на сесловенските просветители, се македонски изворни песни, меѓу кои и: „Бор садила мома Евгенија“, „Елено ќерко“, „Јовано Јованке“, „Налеј, налеј“, сплет од староградски песни за Битола, византиски песни и други дела од богатата македонска изворна музичка ризница.

[caption id="attachment_781004" align="alignnone" width="1080"] Нада Талевска-Спасовска[/caption]

Државно-црковната делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“. Во државно-црковната делегација што ја предводи претседателката на државава, Гордана Сиљановска-Давкова, се и заменик-министерот за култура Онур Али и претставници од Министерството за култура.

Според агендата, државно-црковната делегација попладнево ќе присуствува на концертот на македонските уметници.

Традиционално, во програмата на тридневната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“ е аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан, средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим и положување венец на спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“ во Рим во изминатите години прерасна во празник со кој се слави мисијата на светите браќа, чија хумана активност остави траен белег во историјата на Европа. Оваа манифестација е силна врска во унапредувањето на односите меѓу Македонија, Република Италија и Светиот Престол.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Концерт на Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска во Рим по повод чествувањето на Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Во организација на Министерството за култура, а во рамките на културната програма за одбележување на традиционалната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“, во Ватикан, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, концерт ќе одржи Националната установа Камерен оркестар на Битола, кој како секстет ќе настапи со солистката Нада Талевска-Спасовска. На програмата на концертот во чест на сесловенските просветители, се македонски изворни песни, меѓу кои и: „Бор садила мома Евгенија“, „Елено ќерко“, „Јовано Јованке“, „Налеј, налеј“, сплет од староградски песни за Битола, византиски песни и други дела од богатата македонска изворна музичка ризница. [caption id="attachment_781004" align="alignnone" width="1080"] Нада Талевска-Спасовска[/caption] Државно-црковната делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“. Во државно-црковната делегација што ја предводи претседателката на државава, Гордана Сиљановска-Давкова, се и заменик-министерот за култура Онур Али и претставници од Министерството за култура. Според агендата, државно-црковната делегација попладнево ќе присуствува на концертот на македонските уметници. Традиционално, во програмата на тридневната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“ е аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан, средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим и положување венец на спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“ во Рим во изминатите години прерасна во празник со кој се слави мисијата на светите браќа, чија хумана активност остави траен белег во историјата на Европа. Оваа манифестација е силна врска во унапредувањето на односите меѓу Македонија, Република Италија и Светиот Престол. Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Концерт на Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска во Рим по повод чествувањето на Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>