нацрт заон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacrt-zaon/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Aug 2022 12:18:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нацрт заон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacrt-zaon/ 32 32 Во американскиот Сенат претставен нацрт-закон за демократија и просперитет на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-amerikanskiot-senat-pretstaven-nacrt-zakon-za-demokratija-i-prosperitet-na-zapaden-balkan/ Fri, 05 Aug 2022 12:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=537135

Во американскиот Сенат беше презентиран нацрт-законот за демократија и развој на Западен Балкан, чија цел е да се поддржи економскиот развој на регионот преку иницијативи за инфраструктура, трговија и борба против корупцијата, вклучувајќи го и дефинирањето на санкциите за „одвраќање на дестабилизирачките активности на Западен Балкан“.

Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан го претстави сенаторката Џин Шахин, која неодамна ја предводеше конгресната делегација со сенаторите Крис Марфи и Том Тилис во посета на Балканот, заедно со републиканскиот сенатор Роџер Викер. Тие се и предлагачи на нацрт-законот.

– По неиспровоцираната војна на Русија во Украина и јасните амбиции на Путин да шири малигно влијание низ Источна Европа, односот на САД со Западен Балкан е од клучно значење. Затоа сум горда што презентирама нов, двопартиски закон кој ја зајакнува трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, истовремено ја искоренува локалната корупција и ги дефинира санкциите против дестабилизирачките актери, што го отвора патот за поголема евроатлантска интеграција, истакна Шахин.

Со нацрт-законот се покренува антикорупциска иницијатива, која му наложува на државниот секретар Ентони Блинкен да обезбеди техничка помош за секоја земја од Западен Балкан во развојот на националната антикорупциска стратегија.

Исто така, се поттикнуваат универзитетски партнерства, ангажман на Мировниот корпус во регионот, создавање на балканска иницијатива на млади лидери и се бара од Американската развојна финансиска корпорација да отвори претходно најавена канцеларија во регионот.

Сенаторот Марфи оцени дека одржувањето на мирот на Балканот е од клучно значење за европската безбедност. Тој нагласи дека овој закон ќе ги зајакне врските меѓу САД и Балканот, ќе ги прошири економските можности и ќе ги поддржи напорите за унапредување на демократијата, како и за искоренување на корупцијата.

The post Во американскиот Сенат претставен нацрт-закон за демократија и просперитет на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во американскиот Сенат беше презентиран нацрт-законот за демократија и развој на Западен Балкан, чија цел е да се поддржи економскиот развој на регионот преку иницијативи за инфраструктура, трговија и борба против корупцијата, вклучувајќи го и дефинирањето на санкциите за „одвраќање на дестабилизирачките активности на Западен Балкан“. Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан го претстави сенаторката Џин Шахин, која неодамна ја предводеше конгресната делегација со сенаторите Крис Марфи и Том Тилис во посета на Балканот, заедно со републиканскиот сенатор Роџер Викер. Тие се и предлагачи на нацрт-законот. – По неиспровоцираната војна на Русија во Украина и јасните амбиции на Путин да шири малигно влијание низ Источна Европа, односот на САД со Западен Балкан е од клучно значење. Затоа сум горда што презентирама нов, двопартиски закон кој ја зајакнува трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, истовремено ја искоренува локалната корупција и ги дефинира санкциите против дестабилизирачките актери, што го отвора патот за поголема евроатлантска интеграција, истакна Шахин. Со нацрт-законот се покренува антикорупциска иницијатива, која му наложува на државниот секретар Ентони Блинкен да обезбеди техничка помош за секоја земја од Западен Балкан во развојот на националната антикорупциска стратегија. Исто така, се поттикнуваат универзитетски партнерства, ангажман на Мировниот корпус во регионот, создавање на балканска иницијатива на млади лидери и се бара од Американската развојна финансиска корпорација да отвори претходно најавена канцеларија во регионот. Сенаторот Марфи оцени дека одржувањето на мирот на Балканот е од клучно значење за европската безбедност. Тој нагласи дека овој закон ќе ги зајакне врските меѓу САД и Балканот, ќе ги прошири економските можности и ќе ги поддржи напорите за унапредување на демократијата, како и за искоренување на корупцијата.

The post Во американскиот Сенат претставен нацрт-закон за демократија и просперитет на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>