нацизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacizam/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 17:35:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нацизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacizam/ 32 32 Фон дер Лајен неточно истакна дека Аушвиц го ослободиле сојузничките сили наместо Црвената армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-netochno-istakna-deka-aushvits-go-oslobodile-sojuznichkite-sili-namesto-tsrvenata-armija/ Sat, 27 Jan 2024 17:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=737549

Руската мисија во ЕУ реагираше до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во својот говор по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, погрешно наведе дека концентарциониот логор го ослободиле сојузничките сили, кога вистината е дека тоа го направила војската на Советскиот Сојуз.

Дипломатскиот оддел на Руската Федерација нагласува дека вистината е дека концентрациониот логор го ослободиле војниците на Црвената армија и истакнува дека „би било одлично ако Европската комисија ја исправи грешката“.

27 јануари е Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот, воспоставен на 1 ноември 2005 година со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, чиј коавтор е Русија.

На овој ден, ширум светот се одржуваат комеморативни настани за да се нагласи важноста на борбата против неонацизмот, ксенофобијата, расизмот и другите форми на нетолеранција.

Самиот датум не е избран случајно - на 27 јануари 1945 година, за време на операцијата Висла-Одер, советските војници го ослободија концентрациониот логор Аушвиц. На тој ден војниците на Црвената армија спасија повеќе од 7.000 затвореници оставени во логорот.

Според достапните податоци, низ логорот за време на неговото постоење поминале најмалку 1,3 милиони луѓе, а околу 1,1 милион од нив биле истребени. Слоганот на портата на кампот, „Работата те ослободува“ (на германски: „Arbeit macht frei“) ја нагласува крајната нечовечност на нацистичките криминалци и нивниот безграничен цинизам.

За време на Втората светска војна, околу 20 милиони луѓе, вклучително и приближно 7,4 милиони советски граѓани, беа убиени како резултат на агресијата на териториите окупирани од нацистичка Германија. Приближно 6 милиони Евреи беа убиени од нацистите само поради нивната етничка припадност.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН A/RES/60/7 вели:

Холокаустот, кој резултираше со убиство на една третина од еврејскиот народ, заедно со безброј припадници на други малцинства, засекогаш ќе биде предупредување за сите луѓе за опасностите од омраза, фанатизам, расизам и предрасуди“.

The post Фон дер Лајен неточно истакна дека Аушвиц го ослободиле сојузничките сили наместо Црвената армија appeared first on Република.

]]>

Руската мисија во ЕУ реагираше до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во својот говор по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, погрешно наведе дека концентарциониот логор го ослободиле сојузничките сили, кога вистината е дека тоа го направила војската на Советскиот Сојуз. Дипломатскиот оддел на Руската Федерација нагласува дека вистината е дека концентрациониот логор го ослободиле војниците на Црвената армија и истакнува дека „би било одлично ако Европската комисија ја исправи грешката“. 27 јануари е Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот, воспоставен на 1 ноември 2005 година со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, чиј коавтор е Русија. На овој ден, ширум светот се одржуваат комеморативни настани за да се нагласи важноста на борбата против неонацизмот, ксенофобијата, расизмот и другите форми на нетолеранција. Самиот датум не е избран случајно - на 27 јануари 1945 година, за време на операцијата Висла-Одер, советските војници го ослободија концентрациониот логор Аушвиц. На тој ден војниците на Црвената армија спасија повеќе од 7.000 затвореници оставени во логорот. Според достапните податоци, низ логорот за време на неговото постоење поминале најмалку 1,3 милиони луѓе, а околу 1,1 милион од нив биле истребени. Слоганот на портата на кампот, „Работата те ослободува“ (на германски: „Arbeit macht frei“) ја нагласува крајната нечовечност на нацистичките криминалци и нивниот безграничен цинизам. За време на Втората светска војна, околу 20 милиони луѓе, вклучително и приближно 7,4 милиони советски граѓани, беа убиени како резултат на агресијата на териториите окупирани од нацистичка Германија. Приближно 6 милиони Евреи беа убиени од нацистите само поради нивната етничка припадност. Резолуцијата на Генералното собрание на ОН A/RES/60/7 вели:
Холокаустот, кој резултираше со убиство на една третина од еврејскиот народ, заедно со безброј припадници на други малцинства, засекогаш ќе биде предупредување за сите луѓе за опасностите од омраза, фанатизам, расизам и предрасуди“.

The post Фон дер Лајен неточно истакна дека Аушвиц го ослободиле сојузничките сили наместо Црвената армија appeared first on Република.

]]>
Украина им ги укинува бенефициите на ветераните кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-im-gi-ukinuva-benefitsiite-na-veteranite-koi-se-borea-protiv-natsizmot-vo-vtorata-svetska-vojna/ Sat, 06 Jan 2024 17:39:59 +0000 https://republika.mk/?p=730358

Во Украина е донесен аодлука според која ќе биде сопрена финансиската поддршка и бенефиции за ветераните од Големата патриотска војна (Втората светска војна).

Соодветната одлука ја соопшти владиниот претставник во Врховната рада, Тарас Мелничук.

Одобврен е Предлог-законот „За повлекување од договорот за воспоставување дополнителни бенефиции и материјална помош за учесниците во Големата патриотска војна, домашните работници за време на војната и вдовиците на паднатите војници во врска со 50-годишнината од победата во Големата патриотска војна. 1941-1945“, објави Мелничук на својот канал на Телеграм.

 

The post Украина им ги укинува бенефициите на ветераните кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Во Украина е донесен аодлука според која ќе биде сопрена финансиската поддршка и бенефиции за ветераните од Големата патриотска војна (Втората светска војна). Соодветната одлука ја соопшти владиниот претставник во Врховната рада, Тарас Мелничук.
Одобврен е Предлог-законот „За повлекување од договорот за воспоставување дополнителни бенефиции и материјална помош за учесниците во Големата патриотска војна, домашните работници за време на војната и вдовиците на паднатите војници во врска со 50-годишнината од победата во Големата патриотска војна. 1941-1945“, објави Мелничук на својот канал на Телеграм.
 

The post Украина им ги укинува бенефициите на ветераните кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Како кокетите со неонаци-фашизмот слават ден на антифашизмот!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-koketite-so-neonaci-fashizmot-slavat-den-na-antifashizmot/ Wed, 12 Oct 2022 06:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=559856

Не гледај што правам, туку слушај што зборувам. Вака би звучела основната порака на власта на владејачкиот СДСМ од годинешното чествување на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и сите негови сонародници во Втората светска војна.

Практично, се соочивме со уште еден парадокс во кој оние што кокетираат со неоврховизмот и неонаци-фашизмот славеа ден на антифашизмот, што дава една карикатурлна нишка на целиот настан!

Зашто, токму власта на СДСМ давајќи дозвола за регистрирање на здруженија и клубови на т.н.македонски Бугари со имиња на непосредни соработници на наци-фашизмот е обична кокета, која својата вина за тоа ја префрла на отсуството на соодветна законска регулатива и од институција на институција-пишува новинарот Предрад Димитровски во анализата за „Пресинг ТВ“.

И уште повеќе, како на тацна ни ја дадоа целата слика за дневно-политичката пропагандистичка пресметка со опозицијата, неизбежното добро извежбано болшевичко извртување на тези, селективниот избор на личности, лажно повикување на обединување на општеството и одново, и одново обид за создавање државни непријатели од неистомислениците.

Претседателот Стево Пендаровски во својата честитка по повод 11 Октомври меѓу другото ќе рече:

-Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници еснафи и поимотни, така и сега треба да се соочиме со проблемите…

Левичарите ги знаеме, ама кои биле десничарите? Значи, според Пендаровски, во НОБ учествувале и десничари, што е ноторен факт, но за жал, немаше храброст да ги наведе, па остана само да претпоставуваме, кои биле тие. А, само пред четири дена оној Коциќ Демир Хисар  излезе со скандалозна изјава околу тоа чии наследници биле СДСМ, а чии ВМРО-ДПМНЕ. Неговото вулгарно толкување на историјата се сведе на борци комунисти и соработници фашисти, што е далеку од релноста.

Премиерот Димитар Ковачевски од неговото родно Куманово, од пред Спомен-костурницата се обиде да ни продаде магла. Настрана што според неговиот претходник Зоран Заев градот го ослободиле Бугарите, неговото, на Ковачевски, и нашето херојско Куманово до ден денес живее со еден од најголемите срамови на комунизмот. До ден денес не се знае масовната гробница во која се закопани 48 жртви на разулавениот основач на некогашната ОЗНА, Јефто Шашиќ. Во контекст на отворањето на досиејата на бугарско барање, би било добро да направи конкретен чекор за конечно обелоденовување на мистеријата исто како што направи Киро Глигоров за 53-та убиени кај Велес.

Главното мото на годинешното чествување на 11 Октомври-Секогаш на вистинската страна, Ковачевски меѓу другото го искористи за сеење на семето на раздор. Слепата сервилност, послушност и распродажба на се што е свето за Македонците, а што го потврдуваат сите домашни анкети, тој се обиде да ја завие во некакво европско пакување и во аманет на нашите претци.

-Таков е заветот, таков е најсветлиот аманет изграден и оставен од нашите претци, кои секогаш и одлучно, ја избирале вистинската страна. Зато, за секој кој го почитува македонското минато и си ја сака родната земја, ова е патоказот и во одлуките денес и утре! И засекогаш, во сите времиња, ќе рече Ковачевски.

Недостасуваше тоа АМИН на крајот, но неговиот избор на сервилност и на распродажба на македонскиот идентитет, историја, култура, традиција и колективна меморија да го нудиш како единствен е надвор од здравиот разум, исто како што е надвор од здравиот разум на сите кои не се сложуваат со тоа да им импутираш дека не си го почитуваат македонското минато и не си ја сакаат родната земја!

Ковачевски ќе ни понуди и нова верзија за тоа што е предавство.

-Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата-се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава.

Видиш, не е предавство да смениш име на држава и наместо македонска, да создадеш нова „северномакедонска нација“, не е предавство да потпишуваш целосно асиметрични договори директно поврзани со идентитетски прашања, не е предавство кога нема да дозволиш Македонија да биде во назив на невладини организации, не е предавство кога соседите ти прават целосна ревизија на твојата историја, не е предавство кога соседи ќе ти пишуваат учебници, не е предавство да не смееш да го споменеш тоа на „М“, а не пак да го изговориш…Не!

Типично болшевички обвинувања во чија основа лежи Лениновата мисла дека „омразата е основа на секое социјалистичко и комунистичко движење„ и оти „децата треба да бидат научени да мразат, зашто омразата е основа на комунизмот“.

Така, Таче не врати во 1944/45 година. За него 1948, а да не говориме за 2022, се светлосни години далеку. И во такви околности со кого бара обединување?!

Патем, да не говориме за тоа кого Ковачевски смета за окупатор на Македонија. Бугарија не смее ни да помисли да изговори. А, популистички ќе прави македонска салата и ќе каже и Македонија, и Република Македонија, и Република С****** Македонија. Ќе каже, ама тоа народот веќе не го купува. Доцна е, и тоа премногу-анализира Димитровски.

The post Како кокетите со неонаци-фашизмот слават ден на антифашизмот!? appeared first on Република.

]]>

Не гледај што правам, туку слушај што зборувам. Вака би звучела основната порака на власта на владејачкиот СДСМ од годинешното чествување на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и сите негови сонародници во Втората светска војна. Практично, се соочивме со уште еден парадокс во кој оние што кокетираат со неоврховизмот и неонаци-фашизмот славеа ден на антифашизмот, што дава една карикатурлна нишка на целиот настан!
Зашто, токму власта на СДСМ давајќи дозвола за регистрирање на здруженија и клубови на т.н.македонски Бугари со имиња на непосредни соработници на наци-фашизмот е обична кокета, која својата вина за тоа ја префрла на отсуството на соодветна законска регулатива и од институција на институција-пишува новинарот Предрад Димитровски во анализата за „Пресинг ТВ“.
И уште повеќе, како на тацна ни ја дадоа целата слика за дневно-политичката пропагандистичка пресметка со опозицијата, неизбежното добро извежбано болшевичко извртување на тези, селективниот избор на личности, лажно повикување на обединување на општеството и одново, и одново обид за создавање државни непријатели од неистомислениците. Претседателот Стево Пендаровски во својата честитка по повод 11 Октомври меѓу другото ќе рече:
-Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници еснафи и поимотни, така и сега треба да се соочиме со проблемите…
Левичарите ги знаеме, ама кои биле десничарите? Значи, според Пендаровски, во НОБ учествувале и десничари, што е ноторен факт, но за жал, немаше храброст да ги наведе, па остана само да претпоставуваме, кои биле тие. А, само пред четири дена оној Коциќ Демир Хисар  излезе со скандалозна изјава околу тоа чии наследници биле СДСМ, а чии ВМРО-ДПМНЕ. Неговото вулгарно толкување на историјата се сведе на борци комунисти и соработници фашисти, што е далеку од релноста. Премиерот Димитар Ковачевски од неговото родно Куманово, од пред Спомен-костурницата се обиде да ни продаде магла. Настрана што според неговиот претходник Зоран Заев градот го ослободиле Бугарите, неговото, на Ковачевски, и нашето херојско Куманово до ден денес живее со еден од најголемите срамови на комунизмот. До ден денес не се знае масовната гробница во која се закопани 48 жртви на разулавениот основач на некогашната ОЗНА, Јефто Шашиќ. Во контекст на отворањето на досиејата на бугарско барање, би било добро да направи конкретен чекор за конечно обелоденовување на мистеријата исто како што направи Киро Глигоров за 53-та убиени кај Велес. Главното мото на годинешното чествување на 11 Октомври-Секогаш на вистинската страна, Ковачевски меѓу другото го искористи за сеење на семето на раздор. Слепата сервилност, послушност и распродажба на се што е свето за Македонците, а што го потврдуваат сите домашни анкети, тој се обиде да ја завие во некакво европско пакување и во аманет на нашите претци.
-Таков е заветот, таков е најсветлиот аманет изграден и оставен од нашите претци, кои секогаш и одлучно, ја избирале вистинската страна. Зато, за секој кој го почитува македонското минато и си ја сака родната земја, ова е патоказот и во одлуките денес и утре! И засекогаш, во сите времиња, ќе рече Ковачевски.
Недостасуваше тоа АМИН на крајот, но неговиот избор на сервилност и на распродажба на македонскиот идентитет, историја, култура, традиција и колективна меморија да го нудиш како единствен е надвор од здравиот разум, исто како што е надвор од здравиот разум на сите кои не се сложуваат со тоа да им импутираш дека не си го почитуваат македонското минато и не си ја сакаат родната земја! Ковачевски ќе ни понуди и нова верзија за тоа што е предавство.
-Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата-се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава.
Видиш, не е предавство да смениш име на држава и наместо македонска, да создадеш нова „северномакедонска нација“, не е предавство да потпишуваш целосно асиметрични договори директно поврзани со идентитетски прашања, не е предавство кога нема да дозволиш Македонија да биде во назив на невладини организации, не е предавство кога соседите ти прават целосна ревизија на твојата историја, не е предавство кога соседи ќе ти пишуваат учебници, не е предавство да не смееш да го споменеш тоа на „М“, а не пак да го изговориш…Не! Типично болшевички обвинувања во чија основа лежи Лениновата мисла дека „омразата е основа на секое социјалистичко и комунистичко движење„ и оти „децата треба да бидат научени да мразат, зашто омразата е основа на комунизмот“. Така, Таче не врати во 1944/45 година. За него 1948, а да не говориме за 2022, се светлосни години далеку. И во такви околности со кого бара обединување?!
Патем, да не говориме за тоа кого Ковачевски смета за окупатор на Македонија. Бугарија не смее ни да помисли да изговори. А, популистички ќе прави македонска салата и ќе каже и Македонија, и Република Македонија, и Република С****** Македонија. Ќе каже, ама тоа народот веќе не го купува. Доцна е, и тоа премногу-анализира Димитровски.

The post Како кокетите со неонаци-фашизмот слават ден на антифашизмот!? appeared first on Република.

]]>