нацистички поздрав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacistichki-pozdrav/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 09:11:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нацистички поздрав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacistichki-pozdrav/ 32 32 Австралија го забрани нацистичкиот поздрав https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstralija-go-zabrani-natsistichkiot-pozdrav/ Mon, 08 Jan 2024 10:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=730783

Во Австралија денеска стапи на сила законот за забрана на нацистички поздрави, нацистички сувенири и прикажување или продажба на симболи поврзани со терористички групи.

-Сега е незаконски да се изведува нацистичкиот поздрав во јавност, како и продажбата на нацистички симболи, рече државниот обвинител Марк Драјфус.

Новиот закон, исто така, ги криминализира глорификацијата и славењето на терористичките акти, додаде Драјфус, истакнувајќи дека австралиското законодавство испраќа јасна порака дека во Австралија нема место за оние кои го величат Холокаустот или терористичките акти.

На 6 декември, австралискиот Парламент го прогласи за закон законодавниот амандман поврзан со антитероризмот (Забранети симболи на омраза и други мерки) со едногласна поддршка на претставниците.

Австралиската влада реагираше со овој закон на зголемувањето на антисемитските инциденти по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

The post Австралија го забрани нацистичкиот поздрав appeared first on Република.

]]>

Во Австралија денеска стапи на сила законот за забрана на нацистички поздрави, нацистички сувенири и прикажување или продажба на симболи поврзани со терористички групи. -Сега е незаконски да се изведува нацистичкиот поздрав во јавност, како и продажбата на нацистички симболи, рече државниот обвинител Марк Драјфус. Новиот закон, исто така, ги криминализира глорификацијата и славењето на терористичките акти, додаде Драјфус, истакнувајќи дека австралиското законодавство испраќа јасна порака дека во Австралија нема место за оние кои го величат Холокаустот или терористичките акти. На 6 декември, австралискиот Парламент го прогласи за закон законодавниот амандман поврзан со антитероризмот (Забранети симболи на омраза и други мерки) со едногласна поддршка на претставниците. Австралиската влада реагираше со овој закон на зголемувањето на антисемитските инциденти по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

The post Австралија го забрани нацистичкиот поздрав appeared first on Република.

]]>
Нацистички поздрав во судница во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nacistichki-pozdrav-vo-sudnica-vo-grcija/ Mon, 17 Oct 2022 17:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=562233

Константинос Плеврис, адвокатот на европратеникот од Златна зора, Јоанис Лагос, повторно упати нацистички поздрав во судницата за време на денешното рочиште од процесот против Златна зора, иако во тек е истрага на грчкото Обвинителство за претходниот негов ваков поздрав пред десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис, упатувајќи го нацистичкиот поздрав, објасни дека тие веруваат во Јоанис Метаксас(поранешен грчки фашистички диктатор), кој така поздравувал. Претседателката на судот порача дека „отсега не се дозволени поздрави и аплаузи”, а во спротивно ќе бидат воведени мерки.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за нацистичкиот поздрав истакна дека тие континуирано го осудуваат ваквото однесување, кое не смее да се толерира и изрази уверување дека судството во рамките на своите овластувања ќе ги истражи ваквите однесување и „нема да ги остави без одговор”.

The post Нацистички поздрав во судница во Грција appeared first on Република.

]]>

Константинос Плеврис, адвокатот на европратеникот од Златна зора, Јоанис Лагос, повторно упати нацистички поздрав во судницата за време на денешното рочиште од процесот против Златна зора, иако во тек е истрага на грчкото Обвинителство за претходниот негов ваков поздрав пред десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис, упатувајќи го нацистичкиот поздрав, објасни дека тие веруваат во Јоанис Метаксас(поранешен грчки фашистички диктатор), кој така поздравувал. Претседателката на судот порача дека „отсега не се дозволени поздрави и аплаузи”, а во спротивно ќе бидат воведени мерки. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за нацистичкиот поздрав истакна дека тие континуирано го осудуваат ваквото однесување, кое не смее да се толерира и изрази уверување дека судството во рамките на своите овластувања ќе ги истражи ваквите однесување и „нема да ги остави без одговор”.

The post Нацистички поздрав во судница во Грција appeared first on Република.

]]>
Џамбаски го стигна „голема“ казна за нацистичкиот поздрав https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzambaski-go-stigna-golema-kazna-za-nacistichkiot-pozdrav/ Tue, 05 Apr 2022 08:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=483458

Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав.

Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбазки ја соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница. Таа прецизира дека Џамбазки ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците.

Џамбазки има право на жалба.

На 16 февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот, посочи Мецола.

Инцидентот се случи по интервенција на Џамбазки за време на дебатата во Парламентот за владеењето на правото, а по одлуката на ЕУ да и дозволи на Комисијата да ги скрати средствата на земјите кои не ги почитуваат вредностите и принципите на заедницата. Џамбазки ја нападна таа одлука, која ја припиша на „омраза кон националните држави“ и ја обвини ЕУ дека се обидува да ги „засрами“ Унгарија и Полска.

Откако повика на „долг живот на Орбан, Фидес, Качински, Бугарија и нашата национална држава“, тој додаде: „Да живее Европа, Европа на народите“, за потоа да го направи контроверзниот гест кога се качуваше по скалите во салата.

Џамбазки ги негираше обвинувањата дека упатил нацистички поздрав и рече дека тоа е само гест за збогум.

The post Џамбаски го стигна „голема“ казна за нацистичкиот поздрав appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав. Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбазки ја соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница. Таа прецизира дека Џамбазки ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците. Џамбазки има право на жалба. На 16 февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот, посочи Мецола. Инцидентот се случи по интервенција на Џамбазки за време на дебатата во Парламентот за владеењето на правото, а по одлуката на ЕУ да и дозволи на Комисијата да ги скрати средствата на земјите кои не ги почитуваат вредностите и принципите на заедницата. Џамбазки ја нападна таа одлука, која ја припиша на „омраза кон националните држави“ и ја обвини ЕУ дека се обидува да ги „засрами“ Унгарија и Полска. Откако повика на „долг живот на Орбан, Фидес, Качински, Бугарија и нашата национална држава“, тој додаде: „Да живее Европа, Европа на народите“, за потоа да го направи контроверзниот гест кога се качуваше по скалите во салата. Џамбазки ги негираше обвинувањата дека упатил нацистички поздрав и рече дека тоа е само гест за збогум.

The post Џамбаски го стигна „голема“ казна за нацистичкиот поздрав appeared first on Република.

]]>
Џамбаски со нацистички поздрав го напушти Европарламентот, колегите бараат остри санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzambaski-so-nacistichki-pozdrav-go-napushti-evroparlamentot-kolegite-baraat-ostri-sankcii/ Thu, 17 Feb 2022 08:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=459613

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, предизвика скандал во Европскиот парламент откако отпоздрави со нацистички поздрав и го напушти хемисиклот, за време на дебата посветена на пресудата на Европскиот суд на правдата со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска.

Од парламентарната група „Ренесанса“ на италијанскиот европратеник Сандро Гоѕи го осудија однесувањето на Џамбаски и побараа од претседателката на Европскиот парламент Мецола да преземе мерки.

Бидејќи го бранеше владеењето на правото во Европскиот парламент Сандро Гоѕи беше навреден од европратеникот Џамбаски, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав. Ја имаш нашата целосна поддршка Сандро. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП, да преземе чекор, објавија на Твитер од парламентарната група Ренесанса, на која и припаѓа Гоѕи.

Џамбаски претходно од говорницата ги нападна своите колеги во европарламентот и застана во одбрана на владејачките партии во Полска и Унгарија, пред да ја „поздрави“ потпретседателката на ЕП Пина Пичерно, која во тој момент претседаваше со пленарната сесија.

Нема никогаш да се согласиме со вашата агенда, агендата на сите што сакаат да ја уништат Европа трансформирајќи ја во нешто друго. Да живеат Фидес, Качински, Бугарија, кажа Џамбаски.

Џамбаски, потоа и на Твитер, одлуката на Европскиот суд на правдата ја нарече одвратна.

Денешната пресуда на ЕСП е одвратна. Не постои здрав човек кој мисли дека Унгарија или Полска немаат функционално владеење на правото. Наместо тоа, го користите како камшик против националните држави што ги презирате. Да живеат националните држави во Европа!, напиша тој на Твитер.

Пичерно набрзо потоа твитна дека веднаш го осудила потегот на Џамбаски и побарала да биде санкциониран.

Европскиот парламент е жив споменик на демократијата против варваризмот на нацифашизмот, напиша таа.

Џамбаски да биде санкциониран побара и Манфред Вебер, претседавачот на ЕПП, најголемата групација во европарламентот.

Во име на Европските Народни партии, ова го осудувам најстрого можно. Ова е спротивност на сè што значи Европскиот парламент и бараме веднаш да бидат изречени санкции, твитна Вебер.

Џамбаски е член на ВМРО-БНД и на групацијата ЕЦР во европарламентот, составена од претежно десничарски партии, како унгарската Фидес, полската Закон и правда и шпанската Вокс.

На македонската јавност Џамбаски ѝ е познат по скандалозните антимакедонски изјави.

The post Џамбаски со нацистички поздрав го напушти Европарламентот, колегите бараат остри санкции appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, предизвика скандал во Европскиот парламент откако отпоздрави со нацистички поздрав и го напушти хемисиклот, за време на дебата посветена на пресудата на Европскиот суд на правдата со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска. Од парламентарната група „Ренесанса“ на италијанскиот европратеник Сандро Гоѕи го осудија однесувањето на Џамбаски и побараа од претседателката на Европскиот парламент Мецола да преземе мерки.
Бидејќи го бранеше владеењето на правото во Европскиот парламент Сандро Гоѕи беше навреден од европратеникот Џамбаски, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав. Ја имаш нашата целосна поддршка Сандро. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП, да преземе чекор, објавија на Твитер од парламентарната група Ренесанса, на која и припаѓа Гоѕи.
Џамбаски претходно од говорницата ги нападна своите колеги во европарламентот и застана во одбрана на владејачките партии во Полска и Унгарија, пред да ја „поздрави“ потпретседателката на ЕП Пина Пичерно, која во тој момент претседаваше со пленарната сесија.
Нема никогаш да се согласиме со вашата агенда, агендата на сите што сакаат да ја уништат Европа трансформирајќи ја во нешто друго. Да живеат Фидес, Качински, Бугарија, кажа Џамбаски.
Џамбаски, потоа и на Твитер, одлуката на Европскиот суд на правдата ја нарече одвратна.
Денешната пресуда на ЕСП е одвратна. Не постои здрав човек кој мисли дека Унгарија или Полска немаат функционално владеење на правото. Наместо тоа, го користите како камшик против националните држави што ги презирате. Да живеат националните држави во Европа!, напиша тој на Твитер.
Пичерно набрзо потоа твитна дека веднаш го осудила потегот на Џамбаски и побарала да биде санкциониран.
Европскиот парламент е жив споменик на демократијата против варваризмот на нацифашизмот, напиша таа.
Џамбаски да биде санкциониран побара и Манфред Вебер, претседавачот на ЕПП, најголемата групација во европарламентот.
Во име на Европските Народни партии, ова го осудувам најстрого можно. Ова е спротивност на сè што значи Европскиот парламент и бараме веднаш да бидат изречени санкции, твитна Вебер.
Џамбаски е член на ВМРО-БНД и на групацијата ЕЦР во европарламентот, составена од претежно десничарски партии, како унгарската Фидес, полската Закон и правда и шпанската Вокс. На македонската јавност Џамбаски ѝ е познат по скандалозните антимакедонски изјави.

The post Џамбаски со нацистички поздрав го напушти Европарламентот, колегите бараат остри санкции appeared first on Република.

]]>