„Нацистички остатоци“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacistichki-ostatoci/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Aug 2022 07:23:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Нацистички остатоци“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacistichki-ostatoci/ 32 32 Изведба на шест драмски монолози под наслов „Нацистички остатоци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izvedba-na-shest-dramski-monolozi-pod-naslov-nacistichki-ostatoci/ Fri, 26 Aug 2022 07:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=544249

По повод Денот за сеќавање на холокаустот врз Ромите, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност – Романо Ило, вечерва организираат изведба на драмски монолози насловени „Нацистички остатоци“.

Во Музејот на македонската борба, преку шест кратки драмски монолози преземени од личните приказни на преживеаните, ќе се пренесат емоциите, чувствата и болката на Ромите жртви на нацистичкиот режим и ќе се испратат пораки за актуелниот културен геноцид и антициганизам со кои се соочуваат Ромите денес, информираат од Институтот Ромалитики.

Четири од монолозите се приказни на Роми кои го преживеале холокаустот за време на Втората светска војна, додека останатите се однесуваат на агресијата и притисоците врз Ромите во некои од европските земји.

Секоја година на 2 август се одбележува споменот на последните 4.300 Синти и Роми кои беа убиени од СС на тој ден во 1944 во германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау и покрај нивниот жесток отпор. Во спомен на сите 500.000 убиени Синти и Роми во нацистички окупираната Европа, Европскиот парламент го прогласи 2 август за Европски ден на сеќавање на холокаустот врз Синтите и Ромите.

The post Изведба на шест драмски монолози под наслов „Нацистички остатоци“ appeared first on Република.

]]>

По повод Денот за сеќавање на холокаустот врз Ромите, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност – Романо Ило, вечерва организираат изведба на драмски монолози насловени „Нацистички остатоци“.
Во Музејот на македонската борба, преку шест кратки драмски монолози преземени од личните приказни на преживеаните, ќе се пренесат емоциите, чувствата и болката на Ромите жртви на нацистичкиот режим и ќе се испратат пораки за актуелниот културен геноцид и антициганизам со кои се соочуваат Ромите денес, информираат од Институтот Ромалитики.
Четири од монолозите се приказни на Роми кои го преживеале холокаустот за време на Втората светска војна, додека останатите се однесуваат на агресијата и притисоците врз Ромите во некои од европските земји. Секоја година на 2 август се одбележува споменот на последните 4.300 Синти и Роми кои беа убиени од СС на тој ден во 1944 во германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау и покрај нивниот жесток отпор. Во спомен на сите 500.000 убиени Синти и Роми во нацистички окупираната Европа, Европскиот парламент го прогласи 2 август за Европски ден на сеќавање на холокаустот врз Синтите и Ромите.

The post Изведба на шест драмски монолози под наслов „Нацистички остатоци“ appeared first on Република.

]]>