националност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalnost/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 15:07:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png националност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalnost/ 32 32 Се брише графата „националност“ од изводот на матичната книга на родените, венчаните и умрените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-brishe-grafata-natsionalnost-od-izvodot-na-matichnata-kniga-na-rodenite-venchanite-i-umrenite/ Wed, 28 Feb 2024 13:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=749291

Уставниот суд го укина делот „националност” во три члена од матичната книга на родените, на венчаните и на умрените. Судот оцени дека барањето на овој податок од  граѓаните при впишувањето во матичните книги е во спротивност со темелната вредност на слободно изразување на национална припадност предвидена со Уставот.

- Овој член од Уставот вклучува не само право на поединецот слободно да одлучи да се изјасни за сопствената националност, туку и право да не се изјасни по ова прашање вклучително и да ја промени декларираната националност, што не беше возможно со одредбите кои денеска се укинати, изјави Христина Беловска, портпаролка на Уставниот суд, во изјава за медиуми по денешната седница.

Дополни дека Уставниот суд ја донел одлуката поаѓајќи од фактот дека станува збор за приватно и внатрешно чувство на човекот и никој не може да биде принуден тоа чувство да го манифестира во јавноста и уште повеќе да биде предмет на задолжително институционално администрирање во јавни исправи, со оглед дека Уставот преку член 18 ја гарантира тајноста и сигурноста на личните податоци на граѓаните.

- Дополнително, преку членот 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста, неговиот семеен и личен живот, на достоинството и на угледот, рече таа.

Со оглед на денешната одлука, посочи Беловска, повеќе не постои правен основ во матичните книги за родени, венчани и умрени да се бара податок за националноста.

Таа потенцираше дека не станува збор за истиот предмет со кој беше поништено Упатството за водење на матични книги.

- Не станува збор за еден предмет, тоа беше засебен предмет, Уставен суд веќе одлучуваш и го поништи. Ова е посебен предмет кој е поднесен на иницијатива на политичка партија „Левица“. Се разгледуваше законот кој што беше донесен во 1995 година, односно тие три ставови од Законот за матична евиденција, рече таа.

The post Се брише графата „националност“ од изводот на матичната книга на родените, венчаните и умрените appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд го укина делот „националност” во три члена од матичната книга на родените, на венчаните и на умрените. Судот оцени дека барањето на овој податок од  граѓаните при впишувањето во матичните книги е во спротивност со темелната вредност на слободно изразување на национална припадност предвидена со Уставот.
- Овој член од Уставот вклучува не само право на поединецот слободно да одлучи да се изјасни за сопствената националност, туку и право да не се изјасни по ова прашање вклучително и да ја промени декларираната националност, што не беше возможно со одредбите кои денеска се укинати, изјави Христина Беловска, портпаролка на Уставниот суд, во изјава за медиуми по денешната седница.
Дополни дека Уставниот суд ја донел одлуката поаѓајќи од фактот дека станува збор за приватно и внатрешно чувство на човекот и никој не може да биде принуден тоа чувство да го манифестира во јавноста и уште повеќе да биде предмет на задолжително институционално администрирање во јавни исправи, со оглед дека Уставот преку член 18 ја гарантира тајноста и сигурноста на личните податоци на граѓаните.
- Дополнително, преку членот 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста, неговиот семеен и личен живот, на достоинството и на угледот, рече таа.
Со оглед на денешната одлука, посочи Беловска, повеќе не постои правен основ во матичните книги за родени, венчани и умрени да се бара податок за националноста. Таа потенцираше дека не станува збор за истиот предмет со кој беше поништено Упатството за водење на матични книги.
- Не станува збор за еден предмет, тоа беше засебен предмет, Уставен суд веќе одлучуваш и го поништи. Ова е посебен предмет кој е поднесен на иницијатива на политичка партија „Левица“. Се разгледуваше законот кој што беше донесен во 1995 година, односно тие три ставови од Законот за матична евиденција, рече таа.

The post Се брише графата „националност“ од изводот на матичната книга на родените, венчаните и умрените appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-go-ukina-delot-natsionalnost-vo-zakonot-za-matichna-evidentsija/ Wed, 28 Feb 2024 11:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=749231

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот.

Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.

Уставниот суд на 20 декември 2023 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција, бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.

Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, за што Судот оцени за согласноста на оспорените делови содржани во одредбите на Законот со член 8, став 1, алинеја 2, од Уставот за слободното изразување на националната припадност, како темелна вредност на уставниот поредок што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност.

-Исто така, оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот оцени за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот, се наведува во образложението од Уставниот суд.

The post Уставниот суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот. Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција. Уставниот суд на 20 декември 2023 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција, бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот. Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, за што Судот оцени за согласноста на оспорените делови содржани во одредбите на Законот со член 8, став 1, алинеја 2, од Уставот за слободното изразување на националната припадност, како темелна вредност на уставниот поредок што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност. -Исто така, оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот оцени за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот, се наведува во образложението од Уставниот суд.

The post Уставниот суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд донесе времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-donese-vremena-merka-vo-izvodite-na-rodeni-venchani-i-umreni-da-ne-se-vpishuva-natsionalnost/ Wed, 20 Dec 2023 13:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=724920

Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па се додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

Судот денеска изрази сомнеж во уставноста во членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и во членот 13 став 1 точка 1, во делот националност. Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведени лични податоци како што се името, презимето, податоците за раѓање и живеалиште граѓаните да ја наведуваат и својата националост во матичните книги за родените, за венчаните и за умрените лица - изјави портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Според Судот, посочува таа, припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова. Токму поради тоа е поведена постапката.

Уставниот суд смета дека овие оспорени одредби не се во согласност со неколку членови на од Уставот односно владеењето на правото опфатени во членот 8 Алинеја 3, во членот 18 кој ја гарантира тајноста на личните податоци. Од денеска па се додека судот не ја донесе конечната одлука не смеат од граѓаните да се бараат вакви податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица, со оглед на тоа дека е донесена т.н. времена мерка - рече Беловска.

Иницијативата е поднесена на 3 јуни 2023 година од партијата Левица. Уставниот суд, претходно одлучувајќи по сопствена иницијатива, донесе одлука да се поништи Упатството за водење на матични книги.

The post Уставниот суд донесе времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност appeared first on Република.