национално единство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalno-edinstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 19:08:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национално единство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalno-edinstvo/ 32 32 Мицкоски: Повикувам на национално и државно единство против оваа власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-povikuvam-na-natsionalno-i-drzhavno-edinstvo-protiv-ovaa-vlast/ Mon, 29 Apr 2024 19:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=772359

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во вечерашното најново издание на емисијата „360 степени“ на МРТВ1, повторно ги повика сите политички партии кои се декларираат како опозициони, на национално и државно единство против власта.

Јас повикав на национално единство, антивладино единство и сите политички партии кои што се на македонската политичка сцена се декларираат како опозициски политички партии се добредојдени, рече Мицкоски.

Додаде дека, поради националното и државното единство, тој во еден момент ги повика дури и Социјалдемократскиот сојуз за и тие да покажат капацитет и да испратат порака против ДУИ до нивните симпатизери и членови, што за жал, беше одбиен од Димитар Ковачевски и од Стево Пендаровски.

„Дури и во еден момент јас и СДСМ го повикав да конечно почне да покажува знаци дека има кај нив капацитет за анти ДУИ порака кон нивните симпатизери и гласачи, бев одбиен за жал и навистина, многу жалам што таа шанса ја пропуштија и Пендаровски и Ковачевски. Но, ајде да заврши 8 мај, да ги видиме бројките и потоа можеме поконкретно да зборуваме“, истакна Мицкоски.

Во однос на изборните резултати на 8 мај, Мицкоски истакна дека очекува убедлива победа и дека според гласовите освоени во првиот круг од претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ би имала 53 пратеници, додека после вториот круг претседателски избори и прв круг парламентарни, очекува ВМРО-ДПМНЕ да освои над 55 пратеници.

The post Мицкоски: Повикувам на национално и државно единство против оваа власт appeared first on Република.

]]>

Мицкоски му одговори на Ковачевски: Ако барате единство во Собранието, изгласајте ја Декларацијата за Гоце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-mu-odgovori-na-kovachevski-ako-barate-edinstvo-vo-sobranieto-izglasajte-ja-deklaracijata-za-goce/ Tue, 15 Feb 2022 14:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=458941

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од регионалниот отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во источниот регион му одговори на премиерот Ковачевски во однос на повикот за национално единство.

Ковачевски се повеќе се одалечува од потребата за национален консензус за прашања кои се суштински важни за народот и заедничката иднина. Спорот со Бугарија останува отворен и се попродлабочен. Најпрво мислев дека се работи за незнаење, на немање на чувство за моментумот, но се повеќе станува јасно дека станува за тенденција на Ковачевски и владата да не сакаат да постигнат национално единство - потенцираше Мицкоски и му порача на Ковачевски дека треба да се тргне од лошите лекции на неговиот ментор Заев.

Мицкоски порача дека градењето на националното единство може да се изгради токму во Собранието преку изгласувањето на Декларацијата за историското значење на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Вчера го слушам како вели дека местото за национално единство било во Собранието, а демек ВМРО-ДПМНЕ таму блокирало. Во основа и во суштина ова е неточна теза. Ќе ви кажам зошто, ако веќе така размислуваат тогаш токму таму, во Собранието се наоѓа Декларацијата за македонскиот титан, Ѓорѓи Делчев, нека ја прифатат, а не да ја одбиваат како што тоа го направија. И доколку не им е прифатлива тогаш јавно нека кажат во кој дел не се согласуваат со содржината на Декларацијата. Ако под единство во Собранието подразбираат да го поминат законот за марихуана, тогаш ниту за 100 години од сега нема да се согласиме, затоа што ВМРО-ДПМНЕ, додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бизниси на грбот на народот ниту ќе води, ниту ќе толерира - порача Мицкоски.

Тој уште еднаш апелира до власта за потребата од национално единство за најважните прашања.

И не знам зошто му е туѓо на Ковачевски да постигнеме национално единство? Ако барем се договорени шверцерски со Бугарија тогаш тоа треба јасно да го кажат уште сега. Затоа што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ таков шверцерски договор нема намера да почитува. Ако него му е туѓо македонското, тогаш уште сега да си кажам дека тоа нам не ни е. Спремен сум да ја премостам секоја разлика само Владата да ги заштити националните интереси ако веќе не ги распродала, и таа врата за ова прашање е секогаш широко отворена. Треба да знае во состојба на силни удари, предизвици ВМРО останува да биде тој стожер на нашиот дом - повика Мицкоски во говорот.

The post Мицкоски му одговори на Ковачевски: Ако барате единство во Собранието, изгласајте ја Декларацијата за Гоце appeared first on Република.