Национални шуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalni-shumi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 09:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национални шуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalni-shumi/ 32 32 По 200 евра месечно земал мито референтот од Национални шуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-200-evra-mesechno-zemal-mito-referentot-od-natsionalni-shumi/ Tue, 12 Nov 2024 09:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=836648

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.

Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден, соопштија од ОЈО Струмица.

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно од МВР известија дека поднеле кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека ги сторил погоре наведените кривични дела.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shest-godini-sekoj-mesets-primal-mito-vraboten-vo-natsionalni-shumi/

The post По 200 евра месечно земал мито референтот од Национални шуми appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.
Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден, соопштија од ОЈО Струмица.
По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. Претходно од МВР известија дека поднеле кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека ги сторил погоре наведените кривични дела. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shest-godini-sekoj-mesets-primal-mito-vraboten-vo-natsionalni-shumi/

The post По 200 евра месечно земал мито референтот од Национални шуми appeared first on Република.

]]>
Шест години секој месец примал мито вработен во Национални шуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shest-godini-sekoj-mesets-primal-mito-vraboten-vo-natsionalni-shumi/ Fri, 08 Nov 2024 10:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=835461

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.
Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Шест години секој месец примал мито вработен во Национални шуми appeared first on Република.

]]>

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето. На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата. Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Шест години секој месец примал мито вработен во Национални шуми appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Со СДС и ДУИ во Национални шуми не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-so-sds-i-dui-vo-natsionalni-shumi-ne-se-znaelo-koj-seche-kolku-i-koga-nitu-koj-plaka/ Wed, 09 Oct 2024 10:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=824512

Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот. Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола. ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа. Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените, истакна Петрушевски.

Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина, додаде Петрушевски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=8RKuXJ-OpWI

The post Петрушевски: Со СДС и ДУИ во Национални шуми не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот. Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола. ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа. Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените, истакна Петрушевски.
Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина, додаде Петрушевски.   https://www.youtube.com/watch?v=8RKuXJ-OpWI

The post Петрушевски: Со СДС и ДУИ во Национални шуми не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа appeared first on Република.

]]>
Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати во Национални шуми и Водостопанство, исплатени 1 милијарда денари заостанати субвенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/istoriski-najvisoka-tsena-za-grozjeto-isplateni-zaostanati-plati-vo-natsionalni-shumi-i-vodostopanstvo-isplateni-1-milijarda-denari-zaostanati-subventsii/ Sat, 05 Oct 2024 06:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=822908

Владата ги решава проблемите на земјоделците. За само 100 дена Владата донесе крупни чекори и проекти со кои се враќа достоинството на земјоделците.

Во првите 100 дена, се реши проблемот и се исплатија заостанатите плати на 3.000 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство.

Претходната Влада ги оставила 3.000 лица и нивните семејства без животна егзистенција. Но, оваа Влада веднаш го реши проблемот и со ребалансот на Буџетот се обезбедија повеќе од 350 милиони денари за исплата на неисплатените плати.

Покрај исплата на тековни субвенции, Владата во првите 100 дена исплати 1 милијарда денари заостанати субвенции од претходната Влада на земјоделците. Исто така се донесе одлука за 100 процентно покачување на субвенциите за јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 12.000 денари.

Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, и да се намали зависноста од увоз. За таа цел со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, се донесе одлука да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица.

За прв пат, после 7 години, лозарите добија достоинствени цени за двете најзастапени сорти, односно производната цена на килограм грозје Вранец беше зголемена за 25% односно изнесуваше 20,8 денари за килограм, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка беше зголемена за 25% и изнесуваше 18,3 денари по килограм.

За 100 дена решивме многу проблеми. Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство.

Владата е вистински партнер на земјоделците и носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај нив.

Се обврзавме на промени и на реформи кои суштински ќе ги решат предизвиците и проблемите со кои се соочуваа земјоделците.

100 дена нова Влада, повеќе од 100 проекти и мерки.

Работиме 100% посветено за тебе!

 

The post Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати во Национални шуми и Водостопанство, исплатени 1 милијарда денари заостанати субвенции appeared first on Република.

]]>

Владата ги решава проблемите на земјоделците. За само 100 дена Владата донесе крупни чекори и проекти со кои се враќа достоинството на земјоделците. Во првите 100 дена, се реши проблемот и се исплатија заостанатите плати на 3.000 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Претходната Влада ги оставила 3.000 лица и нивните семејства без животна егзистенција. Но, оваа Влада веднаш го реши проблемот и со ребалансот на Буџетот се обезбедија повеќе од 350 милиони денари за исплата на неисплатените плати. Покрај исплата на тековни субвенции, Владата во првите 100 дена исплати 1 милијарда денари заостанати субвенции од претходната Влада на земјоделците. Исто така се донесе одлука за 100 процентно покачување на субвенциите за јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 12.000 денари. Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, и да се намали зависноста од увоз. За таа цел со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, се донесе одлука да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица. За прв пат, после 7 години, лозарите добија достоинствени цени за двете најзастапени сорти, односно производната цена на килограм грозје Вранец беше зголемена за 25% односно изнесуваше 20,8 денари за килограм, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка беше зголемена за 25% и изнесуваше 18,3 денари по килограм. За 100 дена решивме многу проблеми. Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство. Владата е вистински партнер на земјоделците и носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај нив. Се обврзавме на промени и на реформи кои суштински ќе ги решат предизвиците и проблемите со кои се соочуваа земјоделците. 100 дена нова Влада, повеќе од 100 проекти и мерки. Работиме 100% посветено за тебе!  

The post Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати во Национални шуми и Водостопанство, исплатени 1 милијарда денари заостанати субвенции appeared first on Република.

]]>
Како се уништувани Македонски шуми: На последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, а всушност 98% се административци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-se-unishtuvani-makedonski-shumi-na-posledniot-konkurs-320-bile-primeni-kako-sekachi-i-nosachi-a-vsushnost-98-se-administrativtsi/ Fri, 27 Sep 2024 19:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=820424

ЈП „Национални шуми“ е длабоко во долгови и тоа не од 10 милиони, туку повеќе од 20 милиони евра, вели новиот директор Здравко Трајанов во гостување на „Дејли клик“. Вели дека кога станал директор, наследил претпријатие е во лоша состојба во сите можни аспекти, без плати и осигурување на вработените и без нафта да се излезе на терен.

Но, што се случи во последната година во ова претпријатие кое е толку длабоко во долгови?

Трајанов вели дека во последно време се ангажирани 450 лица на неопределено време, каде на последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, од нив само 2% се шумски работници, додека сите останати се административци, поради што претпријатието заглавило дополнително долгови.

Директорот Трајанов рече дека очекува овие вработени да ги почитуваат нивните наредби и работата за која се примени или во спротивно има закон за оние кои не го почитуваат работното место и не ги почитуваат правилата. Што се однесува до другите злоупотреби во Јавното претпријатие, рече дека тие се последица на доделувањето на многу тендери на приватни фирми, чии магацини се полни со дрва, а има подружници на Претпријатието кои немаат дрва.

https://youtu.be/2ua1fPF79yU?si=m0_PKRcbCAxJ4eOv

The post Како се уништувани Македонски шуми: На последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, а всушност 98% се административци appeared first on Република.

]]>

ЈП „Национални шуми“ е длабоко во долгови и тоа не од 10 милиони, туку повеќе од 20 милиони евра, вели новиот директор Здравко Трајанов во гостување на „Дејли клик“. Вели дека кога станал директор, наследил претпријатие е во лоша состојба во сите можни аспекти, без плати и осигурување на вработените и без нафта да се излезе на терен. Но, што се случи во последната година во ова претпријатие кое е толку длабоко во долгови? Трајанов вели дека во последно време се ангажирани 450 лица на неопределено време, каде на последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, од нив само 2% се шумски работници, додека сите останати се административци, поради што претпријатието заглавило дополнително долгови. Директорот Трајанов рече дека очекува овие вработени да ги почитуваат нивните наредби и работата за која се примени или во спротивно има закон за оние кои не го почитуваат работното место и не ги почитуваат правилата. Што се однесува до другите злоупотреби во Јавното претпријатие, рече дека тие се последица на доделувањето на многу тендери на приватни фирми, чии магацини се полни со дрва, а има подружници на Претпријатието кои немаат дрва. https://youtu.be/2ua1fPF79yU?si=m0_PKRcbCAxJ4eOv

The post Како се уништувани Македонски шуми: На последниот конкурс 320 биле примени како секачи и носачи, а всушност 98% се административци appeared first on Република.

]]>
Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/isplateni-zaostanatite-plati-vo-natsionalni-shumi-i-ad-vodostopanstvo-na-skoro-3000-vraboteni/ Sat, 24 Aug 2024 10:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=809693

„Да тоа е уште една убава вест. Во двете компании и Национални шуми и АД Водостопанство, мислам дека близу 3000 вработени се, плати кои не ги добиле изминатите 4 месеци од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари. И добро е денеска што веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник.

„Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство. Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи. Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Владата води грижа за секој граѓанин, посочувајќи дека времето на елитите заврши, односно како што рече тој е политичар од народот и му е важен секој еден граѓанин.

„Она кое што го добивам како информација од терен им се помага на производителите на слива, цените кои се за лозарите се рекордни за 25 проценти повисоки. Така што се грижиме за секој еден човек. секој еден граѓанин ни е важен бидејќи ние сме политичари кои се од народот и така ќе продолжиме да се однесуваме. Времето на политички елити заврши.“

The post Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени appeared first on Република.

]]>

„Да тоа е уште една убава вест. Во двете компании и Национални шуми и АД Водостопанство, мислам дека близу 3000 вработени се, плати кои не ги добиле изминатите 4 месеци од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари. И добро е денеска што веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски потенцираше дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник. „Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство. Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи. Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски. Мицкоски истакна дека Владата води грижа за секој граѓанин, посочувајќи дека времето на елитите заврши, односно како што рече тој е политичар од народот и му е важен секој еден граѓанин. „Она кое што го добивам како информација од терен им се помага на производителите на слива, цените кои се за лозарите се рекордни за 25 проценти повисоки. Така што се грижиме за секој еден човек. секој еден граѓанин ни е важен бидејќи ние сме политичари кои се од народот и така ќе продолжиме да се однесуваме. Времето на политички елити заврши.“

The post Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени appeared first on Република.

]]>
Вработените во Национални шуми ги добија неисплатените плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotenite-vo-natsionalni-shumi-gi-dobija-neisplatenite-plati/ Thu, 22 Aug 2024 20:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=809208

Наследивме една колабирана состојба во Национални шуми. Вкупниот долг кој што го наследивме е околу 10 милиони евра, меѓу кои и неисплатени плати на вработените, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вечерашното интервју во централниот дневник во Тема на денот на ТВ Сител.

Трипуновски посочи дека Владата обезбедила 250 милиони денари за исплата на заостанатите плати во Национални шуми, кои веќе ќе легнат на сметките на вработените.

-Она кое што го направивме на една од владините седници, со ребаланс на Буџетот обезбедивме 250 милиони денари кои што веќе се легнати на сметката на Национални шуми, и веќе платите се пуштени до вработените, за да се стави во функција јавното претпријатие, рече Трипуновски.

На прашањето зошто има помалку лица вработени како сечачи во однос на административци, министерот Трипуновски потенцираше дека Национални шуми има над 1800 вработени, но претходната власт во предизборието вработувала партиски кадри кои немале додадена вредност, само направиле дополнително преоптоварување на буџетот на јавното претпријатие.

-Јавното претпријатие брои над 1800 вработени. Претходната власт во предизборите вработи повеќе партиски лица кои што немаат додадена вредност, само го обремени по буџет јавното претпријатие и е тотално нефункционално, истакна тој и додаде:

Процентот на сеча е многу мал затоа што повеќе се делеле пари за да се вработат партиски кадри, отколку да се работи.

Трипуновски нагласи дека новиот менаџерски тим во Национални шуми има насока да го истражи сиот криминал од претходното раководство.

-Новиот менаџерски тим во Национални шми има насока најпрво да го истражи целиот криминал кој што е направен и зошто е доведено јавното претпријатие во една ваква катастрофална состојба, дециден е Трипуновски.

The post Вработените во Национални шуми ги добија неисплатените плати appeared first on Република.

]]>

Наследивме една колабирана состојба во Национални шуми. Вкупниот долг кој што го наследивме е околу 10 милиони евра, меѓу кои и неисплатени плати на вработените, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вечерашното интервју во централниот дневник во Тема на денот на ТВ Сител. Трипуновски посочи дека Владата обезбедила 250 милиони денари за исплата на заостанатите плати во Национални шуми, кои веќе ќе легнат на сметките на вработените.
-Она кое што го направивме на една од владините седници, со ребаланс на Буџетот обезбедивме 250 милиони денари кои што веќе се легнати на сметката на Национални шуми, и веќе платите се пуштени до вработените, за да се стави во функција јавното претпријатие, рече Трипуновски.
На прашањето зошто има помалку лица вработени како сечачи во однос на административци, министерот Трипуновски потенцираше дека Национални шуми има над 1800 вработени, но претходната власт во предизборието вработувала партиски кадри кои немале додадена вредност, само направиле дополнително преоптоварување на буџетот на јавното претпријатие. -Јавното претпријатие брои над 1800 вработени. Претходната власт во предизборите вработи повеќе партиски лица кои што немаат додадена вредност, само го обремени по буџет јавното претпријатие и е тотално нефункционално, истакна тој и додаде:
Процентот на сеча е многу мал затоа што повеќе се делеле пари за да се вработат партиски кадри, отколку да се работи.
Трипуновски нагласи дека новиот менаџерски тим во Национални шуми има насока да го истражи сиот криминал од претходното раководство.
-Новиот менаџерски тим во Национални шми има насока најпрво да го истражи целиот криминал кој што е направен и зошто е доведено јавното претпријатие во една ваква катастрофална состојба, дециден е Трипуновски.

The post Вработените во Национални шуми ги добија неисплатените плати appeared first on Република.

]]>
Се истражуваат злоупотреби во Национални шуми, набргу ќе има одговорност, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-istrazhuvaat-zloupotrebi-vo-natsionalni-shumi-nabrgu-ke-ima-odgovornost-veli-mitskoski/ Wed, 21 Aug 2024 12:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=808691

Во текот на денов ќе бидат исплатени сите заостанати плати на вработените во Јавното претпријатие Национални шуми, како и дел од побарувањата на коминтентите. Истото ќе се случи и за вработените во АД „Водостопанство“ после следната редовна седница на Владата на 27 август, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање, Мицкоски информираше дека во Национални шуми ќе бидат исплатени над 350 милиони денари, од кои 250 милиони денари обезбедени со ребалансот на Буџетот, а останатите од сопствени средства од производство на претпријатието. Надлежните органи, вели премиерот, се веќе во компанијата, истражуваат злоупотреби и набргу од денеска ќе имаме одговорност.

Од тие информации со коишто јас располагам, таму четири месеци не е поделена плата. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седница на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев информиран од новиот директор, проф. Здравко Трајанов, целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите. Направивме навистина голем исчекор, повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот, а останатото од сопственото производство, изјави Мицкоски.

Според него, злоупотребите во Национални шуми се јасни, наспроти само 30 дрвосечачи, има 300 административни работници, од кои дел не се појавуваале на работните места.

Мислам дека веќе има истрага за работењето на претходното раководство на компанијата. Во моментот основната дејност на Национални шуми е да се занимава со одржување на шумите. Ако ви кажам дека има само 30 секачи тогаш сум ви кажал се’. Инаку, има таму луѓе повеќе од 300-ини коишто би требало да бидат секачи, но тие се секачи, туку се административни работници. Дел од нив нормално не се ни појавувале на работните места. Од прилика така функционирала коалицијата СДСМ-ДУИ, но мислам дека надлежните органи се веќе во компанијата, веќе ги истражуваат овие злоупотреби и набргу од денеска ќе имаме одговорност, изјави Мицкоски.

Тој потсети на неговата најава дека веќе од следниот месец голем дел од основаните сомневања коишто ги имале во минатото да бидат поткрепени со цврсти докази.

Сакаме да се обезбедиме со јасни докази, докази коишто ќе бидат цврсти за да тој којшто направил – да не се остави простор на двојно толкување за да тој којшто направил злодела ги ограбувал граѓаните, ги понижил, да одговара за тоа кое што го направил и тоа многу скоро од денеска почнувајќи од оваа есен, реков септември, чинам дека ќе почне сигурно да прогресира понатаму, рече премиерот Мицкоски.

The post Се истражуваат злоупотреби во Национални шуми, набргу ќе има одговорност, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Во текот на денов ќе бидат исплатени сите заостанати плати на вработените во Јавното претпријатие Национални шуми, како и дел од побарувањата на коминтентите. Истото ќе се случи и за вработените во АД „Водостопанство“ после следната редовна седница на Владата на 27 август, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање, Мицкоски информираше дека во Национални шуми ќе бидат исплатени над 350 милиони денари, од кои 250 милиони денари обезбедени со ребалансот на Буџетот, а останатите од сопствени средства од производство на претпријатието. Надлежните органи, вели премиерот, се веќе во компанијата, истражуваат злоупотреби и набргу од денеска ќе имаме одговорност.
Од тие информации со коишто јас располагам, таму четири месеци не е поделена плата. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седница на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев информиран од новиот директор, проф. Здравко Трајанов, целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите. Направивме навистина голем исчекор, повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот, а останатото од сопственото производство, изјави Мицкоски.
Според него, злоупотребите во Национални шуми се јасни, наспроти само 30 дрвосечачи, има 300 административни работници, од кои дел не се појавуваале на работните места.
Мислам дека веќе има истрага за работењето на претходното раководство на компанијата. Во моментот основната дејност на Национални шуми е да се занимава со одржување на шумите. Ако ви кажам дека има само 30 секачи тогаш сум ви кажал се’. Инаку, има таму луѓе повеќе од 300-ини коишто би требало да бидат секачи, но тие се секачи, туку се административни работници. Дел од нив нормално не се ни појавувале на работните места. Од прилика така функционирала коалицијата СДСМ-ДУИ, но мислам дека надлежните органи се веќе во компанијата, веќе ги истражуваат овие злоупотреби и набргу од денеска ќе имаме одговорност, изјави Мицкоски.
Тој потсети на неговата најава дека веќе од следниот месец голем дел од основаните сомневања коишто ги имале во минатото да бидат поткрепени со цврсти докази.
Сакаме да се обезбедиме со јасни докази, докази коишто ќе бидат цврсти за да тој којшто направил – да не се остави простор на двојно толкување за да тој којшто направил злодела ги ограбувал граѓаните, ги понижил, да одговара за тоа кое што го направил и тоа многу скоро од денеска почнувајќи од оваа есен, реков септември, чинам дека ќе почне сигурно да прогресира понатаму, рече премиерот Мицкоски.

The post Се истражуваат злоупотреби во Национални шуми, набргу ќе има одговорност, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Апел од ЈП Национални шуми: Граѓаните да имаат зголемена будност и мобилност, да не се пали оган на отворено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apel-od-jp-natsionalni-shumi-graganite-da-imaat-zgolemena-budnost-i-mobilnost-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoreno/ Thu, 15 Aug 2024 11:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=806885

Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.

Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на отворената линија 02 155 22, односно 02 2581 080 број на централа на ЈП Национални шуми, или на тел.број 193 на Противпожарна бригада и на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, информираат од ЈП Национални шуми.

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, издаде согласност за целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште, во временски период од 06.00 до 20.00 часот кое стапи во сила од 15. 07. 2024 год., а ќе трае се до нејзино отповикување.

The post Апел од ЈП Национални шуми: Граѓаните да имаат зголемена будност и мобилност, да не се пали оган на отворено appeared first on Република.

]]>

Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност. Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на отворената линија 02 155 22, односно 02 2581 080 број на централа на ЈП Национални шуми, или на тел.број 193 на Противпожарна бригада и на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, информираат од ЈП Национални шуми. Согласно Барањето од ЈП Национални шуми, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, издаде согласност за целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште, во временски период од 06.00 до 20.00 часот кое стапи во сила од 15. 07. 2024 год., а ќе трае се до нејзино отповикување.

The post Апел од ЈП Национални шуми: Граѓаните да имаат зголемена будност и мобилност, да не се пали оган на отворено appeared first on Република.

]]>
„Срамота е во 21. век да молиме за плата која сме ја сработиле“, велат од ССМ најавувајќи радикализација на протестите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sramota-e-vo-21-vek-da-molime-za-plata-koja-sme-ja-srabotile-velat-od-ssm-najavuvajki-radikalizatsija-na-protestite/ Wed, 17 Apr 2024 11:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=767117

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелира менаџментот на ЈП „Национални шуми“ и Владата да не поигруваат со судбината на 1.800-те вработени во јавното претпријатие и да им обезбедат плата во спротивно најавува радикализирање на протестот и негово префрлање пред Владата.

Денес 30 подружници од цела Република се собраа пред ЈП „Национални шуми“ да го изразат своето раководство бидејќи втор месец немаат плата. Не се проблем само платите, туку и теренскиот додаток што не е исплатен, а се тераат луѓето да одат на работа. Во меѓувреме во претпријатието има штрајк, луѓето се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, бидејќи се гневни на менаџментот, директорот и нивните раководители, како и на сите претставници од власта зашто сите земаат за 80 отсто зголемени плати, а тие втор месец не земаат. Веќе третиот месец тече и доколку денеска има една исплатена плата повторно ќе немаат здравствен осигурување, изјави претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски на денешниот протест пред дирекцијата на ЈП „Национални шуми“ и додаде дека целиот проблем е во претставниците на власта и на менаџментот.

Како што кажа, ставот на менаџментот на јавното претпријатие е дека зимскиот период секогаш е тежок и праша доколку е тежок како можеа во тој период да набават нови возила и да потрошат милионски суми, а да не обезбедат плата за вработените.

Посочи дека пред избори во претпријатието биле вработени 355 лица заради кои, како што рече, сите 1.800 вработени не може да земат плата. Ги повика сите претставници на власта и на политичките партии кога одат по градовите во рамките на изборната кампања да ги прашаат луѓето за нивните проблеми, а не да кажуваат што ќе направат или што не направиле тие пред нив. Ако продолжат вака, потенцира, нема да дочекаат да има народ на избори.

На работникот во Македонија му е згорчено од политика и од сето она што го живее секојдневно и оди на работа за плата и за додатоци на плата. Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле. Ако се прашуваат некои или кажуваат дека има лопови во Национални шуми, јас од тука им кажувам дека лоповите се во дирекција и во фотелји, лоповите не се ни сеча, ни дотур, ни сите шумари кои и онака земаат мизерни плати, рече Пешевски и посочи дека во претпријатието не треба да има сезонски вработувања од 10 месеци годишно, туку вработените треба да работат 12 месеци, да земаат плата и да им бидат платени придонеси.

Најави дека планираат во следните денови да го радикализираат протестот пред Влада и да го заокружат и 1 Мај како Меѓународен ден на трудот. Во следните денови, како што кажа, ќе бидат се побројни и погласни, а особено вработените во јавниот сектор, бидејќи, посочи, „врие и во Паркови и зеленило, во Комунално, во Водовод, Водостопанство, Македонски пошти, кај културните работници каде има мизерни плати“.

The post „Срамота е во 21. век да молиме за плата која сме ја сработиле“, велат од ССМ најавувајќи радикализација на протестите appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелира менаџментот на ЈП „Национални шуми“ и Владата да не поигруваат со судбината на 1.800-те вработени во јавното претпријатие и да им обезбедат плата во спротивно најавува радикализирање на протестот и негово префрлање пред Владата.
Денес 30 подружници од цела Република се собраа пред ЈП „Национални шуми“ да го изразат своето раководство бидејќи втор месец немаат плата. Не се проблем само платите, туку и теренскиот додаток што не е исплатен, а се тераат луѓето да одат на работа. Во меѓувреме во претпријатието има штрајк, луѓето се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, бидејќи се гневни на менаџментот, директорот и нивните раководители, како и на сите претставници од власта зашто сите земаат за 80 отсто зголемени плати, а тие втор месец не земаат. Веќе третиот месец тече и доколку денеска има една исплатена плата повторно ќе немаат здравствен осигурување, изјави претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски на денешниот протест пред дирекцијата на ЈП „Национални шуми“ и додаде дека целиот проблем е во претставниците на власта и на менаџментот.
Како што кажа, ставот на менаџментот на јавното претпријатие е дека зимскиот период секогаш е тежок и праша доколку е тежок како можеа во тој период да набават нови возила и да потрошат милионски суми, а да не обезбедат плата за вработените. Посочи дека пред избори во претпријатието биле вработени 355 лица заради кои, како што рече, сите 1.800 вработени не може да земат плата. Ги повика сите претставници на власта и на политичките партии кога одат по градовите во рамките на изборната кампања да ги прашаат луѓето за нивните проблеми, а не да кажуваат што ќе направат или што не направиле тие пред нив. Ако продолжат вака, потенцира, нема да дочекаат да има народ на избори.
На работникот во Македонија му е згорчено од политика и од сето она што го живее секојдневно и оди на работа за плата и за додатоци на плата. Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле. Ако се прашуваат некои или кажуваат дека има лопови во Национални шуми, јас од тука им кажувам дека лоповите се во дирекција и во фотелји, лоповите не се ни сеча, ни дотур, ни сите шумари кои и онака земаат мизерни плати, рече Пешевски и посочи дека во претпријатието не треба да има сезонски вработувања од 10 месеци годишно, туку вработените треба да работат 12 месеци, да земаат плата и да им бидат платени придонеси.
Најави дека планираат во следните денови да го радикализираат протестот пред Влада и да го заокружат и 1 Мај како Меѓународен ден на трудот. Во следните денови, како што кажа, ќе бидат се побројни и погласни, а особено вработените во јавниот сектор, бидејќи, посочи, „врие и во Паркови и зеленило, во Комунално, во Водовод, Водостопанство, Македонски пошти, кај културните работници каде има мизерни плати“.

The post „Срамота е во 21. век да молиме за плата која сме ја сработиле“, велат од ССМ најавувајќи радикализација на протестите appeared first on Република.

]]>
Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stanovite-vo-skopje-poskapele-za-4-7-otsto-sega-graditeli-se-praktichno-trgovtsi-poedintsi-koi-ednokratno-investiraat-vo-nedvizhnosti/ Sat, 06 Apr 2024 18:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=763174

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.

Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.

Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.

Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура. Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.
Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.
Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.
Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.
Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.
Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.
Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.
Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.
Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.
Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>
ЈП Национални шуми го признаа инцидентот со злоупотреба на службено возило https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jp-natsionalni-shumi-go-priznaa-intsidentot-so-zloupotreba-na-sluzhbeno-vozilo/ Sat, 06 Apr 2024 07:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=762950

Од ЈП Национални шуми го признаваат инцидентот во кој нивно возило се користеше за снабдување со стока на кафеана. За возачот има дисциплинска постапка.

Службено возило на Јавното претпријатие „Национални шуми“ вчера претпладне на ден 05.04.2024г. е фотографирано на улицата „Боемска“ во скопско Дебар маало.

Директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, e запознаен со случајот и бидејќи станува збор за злоупотреба на службено возило за приватни цели и за Возачот, кој е задолжен со возилото, покрена дисциплинска постапка и ќе биде соодветно казнет.

Ја информираме јавноста дека никакви злоупотреби од страна на вработените во ЈП"Национални шуми" нема да се толерираат и сите неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, велат од претпријатието.

The post ЈП Национални шуми го признаа инцидентот со злоупотреба на службено возило appeared first on Република.

]]>

Од ЈП Национални шуми го признаваат инцидентот во кој нивно возило се користеше за снабдување со стока на кафеана. За возачот има дисциплинска постапка. Службено возило на Јавното претпријатие „Национални шуми“ вчера претпладне на ден 05.04.2024г. е фотографирано на улицата „Боемска“ во скопско Дебар маало. Директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, e запознаен со случајот и бидејќи станува збор за злоупотреба на службено возило за приватни цели и за Возачот, кој е задолжен со возилото, покрена дисциплинска постапка и ќе биде соодветно казнет. Ја информираме јавноста дека никакви злоупотреби од страна на вработените во ЈП"Национални шуми" нема да се толерираат и сите неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, велат од претпријатието.

The post ЈП Национални шуми го признаа инцидентот со злоупотреба на службено возило appeared first on Република.

]]>
1.800 вработени во Национални шуми стапија во штрајк, се уште чекаат плата за јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/1-800-vraboteni-vo-natsionalni-shumi-stapija-vo-shtrajk-se-ushte-chekaat-plata-za-januari/ Thu, 07 Mar 2024 16:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=752354

1.800 вработени во Национални шуми стапија во штрајк. На главната врата нема никакво известување. Мини депонијата е единствен знак дека во објектот нема работници.

Вработените се уште ја чекаат јануарската плата, а раководството доцни и со исплата на додатоците.

-Неиздржливо е веќе во овие услови на криза, во услови на зголемени трошоци на живот, луѓето кои работат секојдневно да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми и денеска да се одважи и да исплати плата на овие колеги и колешки. Доколку не го направат ова штрајкот ќе продолжи и во наредниот период, се до исплата на платата. Барањата не се само платите, туку и исплата на додатоците кои не се исплатени со месеци, вели претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов.

Првиот човек на Шуми, Валентин Груевски за Сител вели дека плата ќе биде исплатена најдоцна утре. Појаснува дека не е невообичаено во зимските месеци платата да доцни, а причината за тоа е што нивната заработка е сезонска.

-Во овој период ние немаме речиси никакви приходи, и немаме приливи на средства. Го трошиме она што сме го заработиле до некаде, септември, октомври месец. Не е невообичаено, меѓутоа, не е и оправдано да биде така, вели директорот Валентин Груевски.

Според појаснувањето на Груевски, додатоците на плата ги исплаќала секоја дирекција посебно. Некаде биле исплатени, некаде се доцнело по неколку месеци, но таквата пракса имало и во минатото.

Синдикатот обвини дека во предизборен период во Национални шуми вработени биле 400 работници, а плата за вработените нема. Директорот вели дека од 2019 година немало ниту едно вработување, туку се ангажирале работници по неколку месеци годишно.

-Во 2023 и претходните вработувавме работници кои работеа тука по 7-8 месеци во текот на годината, во зависност од периодот кога ги примивме. И сега, направивме само трансформација на луѓето кои 5-6 години доаѓаа кај нас и работеа. Без тие луѓе, ако не останат кај нас и ако останеме така ќе биде доведено целокупното работење на претпријатие во прашање, вели Груевски.

Но во Национални шуми се вработуваше и по Балансер. Огласи беа објавувани за Албанци во Берово и Кратово, што предизвика лавина реакции. Последниот пример е во Велес, каде биле примени 22 работници кои живеат во Тетово. Според наши информации, во велешката станица на Национални шуми никој ниту ги видел, ниту ги познава новите тетовски колеги.

Груевски уверува дека морало да се прават такви рокади за се пополнат сите места во подржуниците.

Огласите беа според слободните места во подржниците. Овој пример кој го кажавте го има и во другите подржници. И луѓето се распоредуваат според местото на живеење. Односно, тие што имаат лична карта во Тетово ќе работат во Тетово, тие што имаат во Велес ќе си работат во Велес. Мислам дека направивме некоја рамнотежа во однос на пополнувањето на подружниците и онаму кадешто ни требаат соодветни луѓе и кадар за работа, вели Груевски.

Национални шуми е едно од поголемите државни претпријатија каде работат близу 2.000 работници. Просечната плата таму, според податоците оттаму, е околу 28.000 денари.

The post 1.800 вработени во Национални шуми стапија во штрајк, се уште чекаат плата за јануари appeared first on Република.

]]>

1.800 вработени во Национални шуми стапија во штрајк. На главната врата нема никакво известување. Мини депонијата е единствен знак дека во објектот нема работници. Вработените се уште ја чекаат јануарската плата, а раководството доцни и со исплата на додатоците. -Неиздржливо е веќе во овие услови на криза, во услови на зголемени трошоци на живот, луѓето кои работат секојдневно да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми и денеска да се одважи и да исплати плата на овие колеги и колешки. Доколку не го направат ова штрајкот ќе продолжи и во наредниот период, се до исплата на платата. Барањата не се само платите, туку и исплата на додатоците кои не се исплатени со месеци, вели претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов. Првиот човек на Шуми, Валентин Груевски за Сител вели дека плата ќе биде исплатена најдоцна утре. Појаснува дека не е невообичаено во зимските месеци платата да доцни, а причината за тоа е што нивната заработка е сезонска. -Во овој период ние немаме речиси никакви приходи, и немаме приливи на средства. Го трошиме она што сме го заработиле до некаде, септември, октомври месец. Не е невообичаено, меѓутоа, не е и оправдано да биде така, вели директорот Валентин Груевски. Според појаснувањето на Груевски, додатоците на плата ги исплаќала секоја дирекција посебно. Некаде биле исплатени, некаде се доцнело по неколку месеци, но таквата пракса имало и во минатото. Синдикатот обвини дека во предизборен период во Национални шуми вработени биле 400 работници, а плата за вработените нема. Директорот вели дека од 2019 година немало ниту едно вработување, туку се ангажирале работници по неколку месеци годишно. -Во 2023 и претходните вработувавме работници кои работеа тука по 7-8 месеци во текот на годината, во зависност од периодот кога ги примивме. И сега, направивме само трансформација на луѓето кои 5-6 години доаѓаа кај нас и работеа. Без тие луѓе, ако не останат кај нас и ако останеме така ќе биде доведено целокупното работење на претпријатие во прашање, вели Груевски. Но во Национални шуми се вработуваше и по Балансер. Огласи беа објавувани за Албанци во Берово и Кратово, што предизвика лавина реакции. Последниот пример е во Велес, каде биле примени 22 работници кои живеат во Тетово. Според наши информации, во велешката станица на Национални шуми никој ниту ги видел, ниту ги познава новите тетовски колеги. Груевски уверува дека морало да се прават такви рокади за се пополнат сите места во подржуниците. Огласите беа според слободните места во подржниците. Овој пример кој го кажавте го има и во другите подржници. И луѓето се распоредуваат според местото на живеење. Односно, тие што имаат лична карта во Тетово ќе работат во Тетово, тие што имаат во Велес ќе си работат во Велес. Мислам дека направивме некоја рамнотежа во однос на пополнувањето на подружниците и онаму кадешто ни требаат соодветни луѓе и кадар за работа, вели Груевски. Национални шуми е едно од поголемите државни претпријатија каде работат близу 2.000 работници. Просечната плата таму, според податоците оттаму, е околу 28.000 денари.

The post 1.800 вработени во Национални шуми стапија во штрајк, се уште чекаат плата за јануари appeared first on Република.

]]>
Штрајк на вработените во Национални шуми: Не земале плата за јануари и февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtrajk-na-vrabotenite-vo-natsionalni-shumi-ne-zemale-plata-za-januari-i-fevruari/ Mon, 04 Mar 2024 11:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=751033

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.

Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП Иван Пешевски.

Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

The post Штрајк на вработените во Национални шуми: Не земале плата за јануари и февруари appeared first on Република.

]]>

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“. Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП Иван Пешевски. Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници. Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

The post Штрајк на вработените во Национални шуми: Не земале плата за јануари и февруари appeared first on Република.

]]>
Жители на Желино со закани спречиле вработени во „Национални шуми“ да работат во селото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhiteli-na-zhelino-so-zakani-sprechile-vraboteni-vo-natsionalni-shumi-da-rabotat-vo-seloto/ Tue, 06 Feb 2024 11:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=740921

Педесет и шестгодишниот Т.И. од тетовско Сараќино, вработен во ЈП „Национални шуми“ вчера (5 февруари) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека на први февруари околу 11 часот, тој и уште неколку други лица во атарот на Желино биле спречувани во извршување на работни обврски од неколку лица од тетовско Желино кои им се заканиле поради тоа што наводно немале дозвола од месната заедница на ова село.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

The post Жители на Желино со закани спречиле вработени во „Национални шуми“ да работат во селото appeared first on Република.

]]>

Педесет и шестгодишниот Т.И. од тетовско Сараќино, вработен во ЈП „Национални шуми“ вчера (5 февруари) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека на први февруари околу 11 часот, тој и уште неколку други лица во атарот на Желино биле спречувани во извршување на работни обврски од неколку лица од тетовско Желино кои им се заканиле поради тоа што наводно немале дозвола од месната заедница на ова село. Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

The post Жители на Желино со закани спречиле вработени во „Национални шуми“ да работат во селото appeared first on Република.

]]>
Граѓаните изманипулирани, за кубен матар огревно дрво платија по над 5.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-izmanipulirani-za-kuben-matar-ogrevno-drvo-platija-po-nad-5-000-denari/ Sun, 06 Nov 2022 09:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=570280

Во време на енергетска криза, проследена со инфлација, кога граѓаните бараат алтернатива за затоплување на домовите за претстојниот зимски период, цената на дрвото за огрев кај приватниците достигна до над 5.000 денари за кубен метар. Немајќи механизам во државава за сразмерно покачување на цената, како и за речиси сите други производи, приватниците кои работат со сеча на дрва, ја „искористија“ ситуацијата и вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев. Владата алармирана за проблемот, презема мерки, но се поставува прашањето дали се соодветни.

Од една страна има апели од Влада за штедење на електрична енергија, од друга страна апели од Министерството за животна средина и просторно планирање „да не се гори што било“ за да не се загадува воздухот, од трета страна нереални цени на дрвото за огрев. Како и во секоја сфера, така и за оваа, на крајот на денот повторно страдаат граѓаните.

Толкава разлика во цената, меѓу понудата од ЈП „Национални шуми“ и онаа на приватниците, не е забележната во текот на изминатите години. Според информациите од граѓаните кои претходните години набавувале дрва од приватници, разликата во цената кај ЈП „Национални шуми“ и приватниците била најмногу 500 денари по кубен метар, што е поприфатливо, но за жал оваа сезона, што е преставена како „најтешката зима, по Втората светска војна“, тоа не е случај.

ЈП „Национални шуми“ нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, дополнително ја „искористија“ ситуацијата, создавајќи вештачка паника за недостиг на дрва и граѓаните ја платија цената.

Штетата за оваа сезона е направена бидејќи речиси 80 проценти од домаќинствата кои користат дрва за огрев, имаат набавено, но она што е важно, со оглед на проекциите за наредната година, кога се очекува продолжување на енергетската криза и инфлација, треба да има навремена реакција за да не се повтори овој случај.

Владата, на седницата што се одржа во средата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за просторен метар, односно до 6.429 денари за кубен метар, што претставува уште повисока цена од онаа што ја нудеа приватниците.

Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто.

За ситуацијата, од МИА разговарале со директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, кој истакнува дека Претпријатието не е во можност да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев и оти се соочуваат со недостиг на кадар, што веројатно во текот на следните години и ќе се зголеми.

Тој информира дека од крајот на август во ЈП „Национали шуми“ е зголемена цената на дрвата, на огревното дрво и на техничкото дрво за 20 проценти од она што беше претходно. Истакна дека цената на огревното дрво не била покачена 13 години, од 2009 година.

Моментално на нашите складови цената на просторен метар е 3000 денари плус ДДВ. Тоа е цена утврдена со одлука на управниот одбор и дозволена од Влада. Она што приватниците го купуваат од кај нас, најчесто го купуваат од склад или го купуваат од шумско-камионски пат кадешто цената е поевтина, бидејќи се работи за дрва кои ги купуваат од шума. Тоа е нормално бидејќи треба да однесат луѓе кои треба да товарат, се работи за големи растојанија, голем пат, и да го донесат до крајните потрошувачи. Цената приватнците ја формираат сами плус она што го донесе Владата – 10 отсто маржа во однос на нивните трошоци, наведува Груевски, за МИА.

Тој посочува дека, според информациите кои ги има, цената на дрвата за огрев во Скопје достигнала до 5.000 денари за кубен метар, а во помалите градови до 4.500 денари. Рече дека како ЈП им излегле во пресрет на здруженијата на пензионери кои оваа година ќе се снабдат со дрва по стара цена.

Директорот на ЈП „Национални шуми“ смета повисоката цена на огревното дрво во Скопје се должи на транспортот.

Скопје е голем град, има голема побарувачка, а соодветна шума за задоволување, блиску нема. Во помалите градови како Демир Хисар, како Радовиш, еве и Битола, Ресен се работи за пониски цени бидејќи е помал транспортот и помала е далечината, вели Груевски.

Тој оценува дека е направена непотребна паника дека ќе има недостиг на дрва.

Мислам дека се направи непотребна паника и непотребна нервоза дека дрва ќе нема. Вкупно можам да ви кажам дека оваа година ние ќе имаме повеќе количина на дрва отколку што сме имале минатата година. Тие потреби се тука негде кои во моментов и како Национални шуми заедно со приватицните или операторите кои работат од кај нас можеме да ги произведеме или да ги исечеме. Значи тоа е количеството на дрва и малку се направи непотребна паника дека ќе нема дрва, иако ние континуирано работевме и количината на дрва, според податоците кои ги имаме и во јули и во јуни и во мај по производство е иста количина на дрва, дури и оваа година имаме околу 20.000 кубни мтри поголемо производство на огревно дрво според она што досега го имаме како официјални податоци, потенцира Груевски.

Тој оценува дека за во иднина единствена мерка која што би можела да се преземе е да се регулира маржата или дрвото да се стави на регулиран пазар.

Единствената регулатива што можеби би постоела е тоа да се ограничи маржата или, пак, дрвото би дошло на некаков регулиран пазар, како енергенс, и би добивало цена како нафтата и другите енергенси, како струјата. Се додека е вака и кога сте го ставиле на слободен пазар мислам дека цената ќе зависи од понудата и побарувачката, вели директорот на ЈП „Национални шуми“.

Груевски нагласува дек вештачката паника којашто беше создадена и кај населението и кај дел од медиумите, дека ќе нема дрва, си го направила своето и цената порасна многу високо.

Се создаде непотребна паника, еве доаѓа крајот на годината се сведуваат бројките. Нашето производство ќе биде поголемо отколку минатата година. Ќе имаме 20.000 кубни метри плус огревно дрво. Дрво ќе има доволно, меѓутоа цехот го платија најмногу граѓаните, со зголемената цена, истакнува тој.

Директорот на ЈП „Национални шуми“ нагласува дека мора да се имаат предвид и зголемените трошоци, за транспорт и за работна сила, што го оптоварува процесот за добивање дрва.

Осврнувајќи се на работата на ЈП „Национални шуми“, Груевски истакнува дека граѓаните мора да разберат дека претпријатието нема можности да ги снабди сите кои имаат потреба за дрва.

Тоа би било најдобро да е така, меѓутоа во моментов ние таква можност немаме, не би навлегувал во причините зошто се довело во таа состојба, меѓутоа во моментов е така, вели директорот.

Тој информира дека оние кои се снабдуваат со дрва преку ЈП „Национални шуми“ уште во февруари или март плаќаат за да им стигнат дрвата пред зимската сезона.

Мора да се разбере дека кога ќе платите дрва во февруари, во март не можете да добиете дрва веднаш затоа што е невозможно тогаш да се сече и со текот на времето ги добиваат дрвата. Она што е најголемиот проблем и можеби ќе ни се јавува како проблем во наредните години е недостиг на работа сила. Се помалку има луѓе кои сакаат да работат во шума, кои знаат да сечат шума, кои знаат да вршат дотур и да ги носат. Тоа е еден од поголемите проблеми и според она што ние го гледаме можеби во текот на годините се повеќе би се продлабочувало, бидејќи има се помалку таква работа сега. Истиот проблем го имаат и приватниците и кај нив се јавува голем проблем. Ние имаме цели реони каде што сме ја дале шумата на тендер за сечење, меѓутоа и самите приватници не можат да најдат доволно луѓе и соодветно брзо да ја исечат шумата и да ја донесат онаму каде што им е обврска, дали се работи за техничко дрво, дали се работи за огревно дрво. Значи проблемот со работна сила не е само во „Национални шуми“, туку е на ниво на цела држава, потенцира Груевски.

Пандемијата со корона вирусот, војната во Украина, енергатската криза, предизвикаа огромни последици по економијата, како во другите европски земји, така и кај нас. Јавноста постојано реагира дека со цените на речиси сите производи се врши класично „воено профитерство“, така што она што се очекува се итни, навремени и соодветни мерки од страна на државата со цел што поскоро да се ублажи ситуацијата.

The post Граѓаните изманипулирани, за кубен матар огревно дрво платија по над 5.000 денари appeared first on Република.

]]>

Во време на енергетска криза, проследена со инфлација, кога граѓаните бараат алтернатива за затоплување на домовите за претстојниот зимски период, цената на дрвото за огрев кај приватниците достигна до над 5.000 денари за кубен метар. Немајќи механизам во државава за сразмерно покачување на цената, како и за речиси сите други производи, приватниците кои работат со сеча на дрва, ја „искористија“ ситуацијата и вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев. Владата алармирана за проблемот, презема мерки, но се поставува прашањето дали се соодветни. Од една страна има апели од Влада за штедење на електрична енергија, од друга страна апели од Министерството за животна средина и просторно планирање „да не се гори што било“ за да не се загадува воздухот, од трета страна нереални цени на дрвото за огрев. Како и во секоја сфера, така и за оваа, на крајот на денот повторно страдаат граѓаните. Толкава разлика во цената, меѓу понудата од ЈП „Национални шуми“ и онаа на приватниците, не е забележната во текот на изминатите години. Според информациите од граѓаните кои претходните години набавувале дрва од приватници, разликата во цената кај ЈП „Национални шуми“ и приватниците била најмногу 500 денари по кубен метар, што е поприфатливо, но за жал оваа сезона, што е преставена како „најтешката зима, по Втората светска војна“, тоа не е случај. ЈП „Национални шуми“ нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, дополнително ја „искористија“ ситуацијата, создавајќи вештачка паника за недостиг на дрва и граѓаните ја платија цената. Штетата за оваа сезона е направена бидејќи речиси 80 проценти од домаќинствата кои користат дрва за огрев, имаат набавено, но она што е важно, со оглед на проекциите за наредната година, кога се очекува продолжување на енергетската криза и инфлација, треба да има навремена реакција за да не се повтори овој случај. Владата, на седницата што се одржа во средата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за просторен метар, односно до 6.429 денари за кубен метар, што претставува уште повисока цена од онаа што ја нудеа приватниците. Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто. За ситуацијата, од МИА разговарале со директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, кој истакнува дека Претпријатието не е во можност да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев и оти се соочуваат со недостиг на кадар, што веројатно во текот на следните години и ќе се зголеми. Тој информира дека од крајот на август во ЈП „Национали шуми“ е зголемена цената на дрвата, на огревното дрво и на техничкото дрво за 20 проценти од она што беше претходно. Истакна дека цената на огревното дрво не била покачена 13 години, од 2009 година.
Моментално на нашите складови цената на просторен метар е 3000 денари плус ДДВ. Тоа е цена утврдена со одлука на управниот одбор и дозволена од Влада. Она што приватниците го купуваат од кај нас, најчесто го купуваат од склад или го купуваат од шумско-камионски пат кадешто цената е поевтина, бидејќи се работи за дрва кои ги купуваат од шума. Тоа е нормално бидејќи треба да однесат луѓе кои треба да товарат, се работи за големи растојанија, голем пат, и да го донесат до крајните потрошувачи. Цената приватнците ја формираат сами плус она што го донесе Владата – 10 отсто маржа во однос на нивните трошоци, наведува Груевски, за МИА.
Тој посочува дека, според информациите кои ги има, цената на дрвата за огрев во Скопје достигнала до 5.000 денари за кубен метар, а во помалите градови до 4.500 денари. Рече дека како ЈП им излегле во пресрет на здруженијата на пензионери кои оваа година ќе се снабдат со дрва по стара цена. Директорот на ЈП „Национални шуми“ смета повисоката цена на огревното дрво во Скопје се должи на транспортот.
Скопје е голем град, има голема побарувачка, а соодветна шума за задоволување, блиску нема. Во помалите градови како Демир Хисар, како Радовиш, еве и Битола, Ресен се работи за пониски цени бидејќи е помал транспортот и помала е далечината, вели Груевски.
Тој оценува дека е направена непотребна паника дека ќе има недостиг на дрва.
Мислам дека се направи непотребна паника и непотребна нервоза дека дрва ќе нема. Вкупно можам да ви кажам дека оваа година ние ќе имаме повеќе количина на дрва отколку што сме имале минатата година. Тие потреби се тука негде кои во моментов и како Национални шуми заедно со приватицните или операторите кои работат од кај нас можеме да ги произведеме или да ги исечеме. Значи тоа е количеството на дрва и малку се направи непотребна паника дека ќе нема дрва, иако ние континуирано работевме и количината на дрва, според податоците кои ги имаме и во јули и во јуни и во мај по производство е иста количина на дрва, дури и оваа година имаме околу 20.000 кубни мтри поголемо производство на огревно дрво според она што досега го имаме како официјални податоци, потенцира Груевски.
Тој оценува дека за во иднина единствена мерка која што би можела да се преземе е да се регулира маржата или дрвото да се стави на регулиран пазар.
Единствената регулатива што можеби би постоела е тоа да се ограничи маржата или, пак, дрвото би дошло на некаков регулиран пазар, како енергенс, и би добивало цена како нафтата и другите енергенси, како струјата. Се додека е вака и кога сте го ставиле на слободен пазар мислам дека цената ќе зависи од понудата и побарувачката, вели директорот на ЈП „Национални шуми“.
Груевски нагласува дек вештачката паника којашто беше создадена и кај населението и кај дел од медиумите, дека ќе нема дрва, си го направила своето и цената порасна многу високо.
Се создаде непотребна паника, еве доаѓа крајот на годината се сведуваат бројките. Нашето производство ќе биде поголемо отколку минатата година. Ќе имаме 20.000 кубни метри плус огревно дрво. Дрво ќе има доволно, меѓутоа цехот го платија најмногу граѓаните, со зголемената цена, истакнува тој.
Директорот на ЈП „Национални шуми“ нагласува дека мора да се имаат предвид и зголемените трошоци, за транспорт и за работна сила, што го оптоварува процесот за добивање дрва. Осврнувајќи се на работата на ЈП „Национални шуми“, Груевски истакнува дека граѓаните мора да разберат дека претпријатието нема можности да ги снабди сите кои имаат потреба за дрва.
Тоа би било најдобро да е така, меѓутоа во моментов ние таква можност немаме, не би навлегувал во причините зошто се довело во таа состојба, меѓутоа во моментов е така, вели директорот.
Тој информира дека оние кои се снабдуваат со дрва преку ЈП „Национални шуми“ уште во февруари или март плаќаат за да им стигнат дрвата пред зимската сезона.
Мора да се разбере дека кога ќе платите дрва во февруари, во март не можете да добиете дрва веднаш затоа што е невозможно тогаш да се сече и со текот на времето ги добиваат дрвата. Она што е најголемиот проблем и можеби ќе ни се јавува како проблем во наредните години е недостиг на работа сила. Се помалку има луѓе кои сакаат да работат во шума, кои знаат да сечат шума, кои знаат да вршат дотур и да ги носат. Тоа е еден од поголемите проблеми и според она што ние го гледаме можеби во текот на годините се повеќе би се продлабочувало, бидејќи има се помалку таква работа сега. Истиот проблем го имаат и приватниците и кај нив се јавува голем проблем. Ние имаме цели реони каде што сме ја дале шумата на тендер за сечење, меѓутоа и самите приватници не можат да најдат доволно луѓе и соодветно брзо да ја исечат шумата и да ја донесат онаму каде што им е обврска, дали се работи за техничко дрво, дали се работи за огревно дрво. Значи проблемот со работна сила не е само во „Национални шуми“, туку е на ниво на цела држава, потенцира Груевски.
Пандемијата со корона вирусот, војната во Украина, енергатската криза, предизвикаа огромни последици по економијата, како во другите европски земји, така и кај нас. Јавноста постојано реагира дека со цените на речиси сите производи се врши класично „воено профитерство“, така што она што се очекува се итни, навремени и соодветни мерки од страна на државата со цел што поскоро да се ублажи ситуацијата.

The post Граѓаните изманипулирани, за кубен матар огревно дрво платија по над 5.000 денари appeared first on Република.

]]>
По 13 години за 20 проценти поскапе огревното дрво на „Национални шуми“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-13-godini-za-20-procenti-poskape-ogrevnoto-drvo-na-nacionalni-shumi/ Thu, 01 Sep 2022 09:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=546363

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009, пренесува Фактор.

Најскапото и најквалитетното дрво - она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар.

Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва - буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи.

Поскапувањето следува иако во годишниот финансиски извештај на јавното претпријатие за 2021 е евидентирана добивка од 100 милиони денари.

The post По 13 години за 20 проценти поскапе огревното дрво на „Национални шуми“ appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009, пренесува Фактор. Најскапото и најквалитетното дрво - она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва - буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн. Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи. Поскапувањето следува иако во годишниот финансиски извештај на јавното претпријатие за 2021 е евидентирана добивка од 100 милиони денари.

The post По 13 години за 20 проценти поскапе огревното дрво на „Национални шуми“ appeared first on Република.

]]>