национална стратегија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalna-strategija/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 11:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национална стратегија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalna-strategija/ 32 32 Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-podgotvuva-natsrti-za-nov-zakon-za-kultura-i-za-nova-natsionalna-strategija/ Sun, 29 Sep 2024 11:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=820733

Нов закон за култура подговува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти денеска министерот Зоран Љутков.

-Вработените во Министерството работат на нацртот на новиот закон кој сега ќе го имаме прво како еден вид контура и реални потреби коишто ќе ги имаат уметниците, а подоцна, се разбира, ќе имаме и поширока дебата. И како што беа опфатени голем број невладини организации, здруженија и поединци во делот на конкурсите, така ќе бидат опфатени во една поширока дебата и за законот, и не само за законот, туку и во изработката на стратегијата за култура, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата кои ќе бидат отворени за аплицирање од утре до крајот на октомври.

Посочи дека предлог-законот за култура од минатата влада е повлечен од процедура во Собранието затоа што, подвлече, и самите предлагачи сфатиле дека не е добар.

-Тој Предлог-законот за остварување јавен интерес во културата мислам беше предложен во 2018. Ние имавме големи реакции за текстот  и како тогашна опозиција не дадовме поддршка и баравме да се направат големи измени. Подоцна тие самите сфатија дека тој закон не е добар бидејќи имаше реакција и од културните работници,  од синдикатите и од опозицијата. Не е заглавен во некои процедури, туку е целосно повлечен од Собранието, колку што имам информација, изјави Љутков.

На прес-конференцијата тој соопшти дека меѓу приоритетите на Министерството за култура и туризам е и изработка на нова Национална стратегија за култура бидејќи важноста на претходната истече во 2022 година.

-Во најкус можен рок ќе предложиме нацрт-текст на овој најважен стратешки документ од областа на културата, кој по консултации со сите засегнати страни, со еден широк консензус планираме да го донесеме во првата половина на 2025 година, соопшти ресорниот министер.

The post Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија appeared first on Република.

]]>

Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против кибер криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prezentirana-natsrt-natsionalna-strategija-i-aktsiski-plan-protiv-kiber-kriminal/ Wed, 11 Sep 2024 14:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=815420

„Како никогаш претходно, сајбер безбедноста денес, а така ќе биде и во иднина, е еден од несомнените приоритети во институционалното делување, особено на институциите како што е Министерството за внатрешни работи.“

Ова, меѓу другото, денес го истакна првиот човек на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во своето обраќање по повод денешната презентација на нацрт Националната стратегија и акциски план за борба против сајбер криминал, во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 2“ што се одржа во Скопје.

„Ние живееме во време кога технологијата игра клучна улога во речиси секој аспект на животот. И иако сето тоа нуди невидени можности, истовремено создава и нови предизвици, при што сајбер криминалот е еден од најкомплексните и најраспространетите“, нагласи директорот Јанев. Потенцирајќи дека токму заради тоа „денешниот исклучително компетентен форум претставува значаен чекор во нашите напори, заеднички со нашите партнери од ЕУ, за воспоставување на Националната стратегија и Акциски план за сајбер криминал, што ќе послужат како конкретен патоказ за зајакнување на капацитетите на нашата земја против оваа постојано растечка закана“.

Директорот Јанев оценувајќи ја како суштинска важноста на нацрт документот, особено го истакна и се заблагодари на учеството и соработката на експертскиот тим од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 2“, како уште еден практичен пример за партнерството и поддршката што нашите институции ги добиваат од ЕУ.

The post Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против кибер криминал appeared first on Република.

]]>

„Како никогаш претходно, сајбер безбедноста денес, а така ќе биде и во иднина, е еден од несомнените приоритети во институционалното делување, особено на институциите како што е Министерството за внатрешни работи.“ Ова, меѓу другото, денес го истакна првиот човек на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во своето обраќање по повод денешната презентација на нацрт Националната стратегија и акциски план за борба против сајбер криминал, во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 2“ што се одржа во Скопје.
„Ние живееме во време кога технологијата игра клучна улога во речиси секој аспект на животот. И иако сето тоа нуди невидени можности, истовремено создава и нови предизвици, при што сајбер криминалот е еден од најкомплексните и најраспространетите“, нагласи директорот Јанев. Потенцирајќи дека токму заради тоа „денешниот исклучително компетентен форум претставува значаен чекор во нашите напори, заеднички со нашите партнери од ЕУ, за воспоставување на Националната стратегија и Акциски план за сајбер криминал, што ќе послужат како конкретен патоказ за зајакнување на капацитетите на нашата земја против оваа постојано растечка закана“.
Директорот Јанев оценувајќи ја како суштинска важноста на нацрт документот, особено го истакна и се заблагодари на учеството и соработката на експертскиот тим од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 2“, како уште еден практичен пример за партнерството и поддршката што нашите институции ги добиваат од ЕУ.

The post Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против кибер криминал appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-raboti-na-novata-natsionalna-strategija-za-pravata-na-litsata-so-poprechenost/ Sun, 03 Dec 2023 14:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=718968

Министерството за здравство информира дека континуирано работи и презема конкретни чекори во унапредувањето и заштитата на правата на лицата со попреченост.

Согласно регулативата на Министерството, определено е дека објектот за вршење здравствена дејност треба да обезбеди хоризонтална и вертикална комуникација за движење на инвалидски колички, како и соодветни критериуми во однос на широчината и височината на различните отвори (врати, прозорци и лифтови), и со конкретни акти ги задолжи јавните здравствени установи да формират стручни тела за функционална проценка на лицата со попреченост.

Согласно член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување утврдено во член 32 од овој закон се ослободуваат од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита осигурените лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита.

Министерот за здравство има формирано првостепени и второстепени комисии за издавање на конзилијарно мислење со наод за остварување на паричен надоместок за потполно глуво лице со попреченост, за лице со најтешка телесна попреченост, за потполно слепо лице со попреченост, за лице со тешка или длабока интелектуална попреченост, за потребата од помош и нега од друго лице.

Во моментов интензивно се работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година во соработка со Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, МКФ службата и останати релевантни институции.

The post Министерството за здравство работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека континуирано работи и презема конкретни чекори во унапредувањето и заштитата на правата на лицата со попреченост. Согласно регулативата на Министерството, определено е дека објектот за вршење здравствена дејност треба да обезбеди хоризонтална и вертикална комуникација за движење на инвалидски колички, како и соодветни критериуми во однос на широчината и височината на различните отвори (врати, прозорци и лифтови), и со конкретни акти ги задолжи јавните здравствени установи да формират стручни тела за функционална проценка на лицата со попреченост. Согласно член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување утврдено во член 32 од овој закон се ослободуваат од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита осигурените лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита. Министерот за здравство има формирано првостепени и второстепени комисии за издавање на конзилијарно мислење со наод за остварување на паричен надоместок за потполно глуво лице со попреченост, за лице со најтешка телесна попреченост, за потполно слепо лице со попреченост, за лице со тешка или длабока интелектуална попреченост, за потребата од помош и нега од друго лице. Во моментов интензивно се работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година во соработка со Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, МКФ службата и останати релевантни институции.

The post Министерството за здравство работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>