Национална галерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalna-galerija/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 09:54:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национална галерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalna-galerija/ 32 32 Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим во Националната Галерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-bedi-ibrahim-vo-natsionalnata-galerija/ Mon, 28 Oct 2024 09:54:53 +0000 https://republika.mk/?p=831584

Денес во Националната Галерија ќе биде отворена Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим.

Ибрахими целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена , создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои ја претставуваат иднината на македонската ликовна уметност и култура.

На изложбата ќе бидат изложени дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80те години на минатиот век до денес.

Творештвото на Беди Ибрахим е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста што се темелат врз сопствената традиција и личната историја. Креирајќи нови визуелни изразни можности, ги гради неговиот индивидуален ракопис и автентичната ликовна философија.

Ретроспективната изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам (исламски објект од средината на 15 век, поранешен амам, адаптиран во галериски простор) е сублимат на неговите претходни концепти, т.е. нивно концепциско поврзување.

The post Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим во Националната Галерија appeared first on Република.

]]>

Денес во Националната Галерија ќе биде отворена Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим. Ибрахими целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена , создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои ја претставуваат иднината на македонската ликовна уметност и култура. На изложбата ќе бидат изложени дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80те години на минатиот век до денес. Творештвото на Беди Ибрахим е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста што се темелат врз сопствената традиција и личната историја. Креирајќи нови визуелни изразни можности, ги гради неговиот индивидуален ракопис и автентичната ликовна философија. Ретроспективната изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам (исламски објект од средината на 15 век, поранешен амам, адаптиран во галериски простор) е сублимат на неговите претходни концепти, т.е. нивно концепциско поврзување.

The post Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим во Националната Галерија appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Калиопе Австрија и Македонија“, Жените во општеството, културата и науката во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-kaliope-avstrija-i-makedonija-zhenite-vo-opshtestvoto-kulturata-i-naukata-vo-chifte-amam/ Tue, 12 Mar 2024 08:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=753923

Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Македонија вечерва ја отвораат изложбата со наслов „Калиопе Австрија и Македонија“, Жените во општеството, културата и науката која ќе биде отворена на 12 март 2024 година, во 19:00 часот, во Чифте амам.

Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде во светот. „Калиопе Aвстрија и Македонија” е прилика да се присетиме колку жените напредувале, но и да се осврнеме на она што се’ уште треба да го направиме за да обезбедиме еднаквост.

Изложбата ја истакнува улогата на жената во обликувањето на светот во изминатите 200 години. Преку прикажување на биографии на значајни австријки, изложбата има за цел да го исправи историското маргинализирање на женските достигнувања, препознавајќи ги нивните таленти, решителност и придонес.
Опфаќајќи го периодот од 19 век до денес, изложбата ги истражува животите на различни жени, вклучувајќи аристократки, уметнички, научници, активистки и политичарки, прикажувајќи ги нивните предизвици и достигнувања во борбата за еманципација.
И покрај тоа што го признава прогресот на правата на жените, изложбата сепак се осврнува и на тековните предизвици и потребата за вистинска еднаквост. Посетителите се поканети да размислуваат за клучната улога на жената во обликувањето на идентитетот на една земја, нејзината култура и наука.
Како соработник, Националната галерија ги вклучува во изложбата и биографиите на значајните македонски жени-уметнички, визионерки ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи. Надополнувајќи го документарниот аспект на изложбата, во останатите простории на објектот Чифте амам, се изложени уметнички дела од колекцијата на Националната галерија кои им припаѓаат на значајни уметнички кои одиграле важна улога во развојот на Македонската современа уметност, истакнувајќи го често занемарениот „женски поглед“.
На изложбата ќе бидат изложени дела од: Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Борка Аврамова, Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ – Радевска, Моника Мотеска, Дита Старова Ќерими, Жанета Вангели, Славица Јанашлиева, Виолета Чауле, Биљана Унковска, Менче Спироска и Александра Ристовска Петрушевска.

Во оваа прилика, на отворањето на изложбата ќе се обратат д-р Дита Старова Ќерими, директорката на Националната галерија на Р. Македонија, Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Р. Австрија во Р. Македонија, Волфганг Мајер, претставник на ЕВН Македонија и проф. д-р. Елизабета Ѓоргиевска, Првата дама.

The post Изложбата „Калиопе Австрија и Македонија“, Жените во општеството, културата и науката во Чифте амам appeared first on Република.

Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-50-godini-tvoreshtvo-na-angel-dimovski-chaush-vo-chifte-amam/ Thu, 01 Feb 2024 07:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=739197

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, вечер, во 19.30 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – Франција.

Делата на Ангел Димовски – Чауш, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.

На стилски план е остварен личен израз во сите четири тематски целини, како спој на инвентивно употребен еклектицизам на архаичното, примитивистичкото, нивните модернистичко-авангардни преработки, поп и рок културата. Во таа смисла, скулптурите на Ангел Димовски – Чауш припаѓаат на модернистичко авангардната линија кој исконското го внесе во модерното. Тоа се скулптури чиј заеднички именител е интенцијата да се изрази говорот на телото обликувано во стилизирани робусни и елегантни анатомски дисторзии, или сведено на апстрахирано тело-лушпа во активност. Во неговите дела се препознаваат главниот мотив – жената и придружниот мотив на птицата, при што асоцијациите за преплетување на антропоморфното во зооморфното, и обратно, се често присутни, се наведува во најавата.

The post Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, вечер, во 19.30 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – Франција. Делата на Ангел Димовски – Чауш, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.
На стилски план е остварен личен израз во сите четири тематски целини, како спој на инвентивно употребен еклектицизам на архаичното, примитивистичкото, нивните модернистичко-авангардни преработки, поп и рок културата. Во таа смисла, скулптурите на Ангел Димовски – Чауш припаѓаат на модернистичко авангардната линија кој исконското го внесе во модерното. Тоа се скулптури чиј заеднички именител е интенцијата да се изрази говорот на телото обликувано во стилизирани робусни и елегантни анатомски дисторзии, или сведено на апстрахирано тело-лушпа во активност. Во неговите дела се препознаваат главниот мотив – жената и придружниот мотив на птицата, при што асоцијациите за преплетување на антропоморфното во зооморфното, и обратно, се често присутни, се наведува во најавата.
 
The post Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Омаж на Миле Корубин во Националната галерија по повод 75 години постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omazh-na-mile-korubin-vo-natsionalnata-galerija-po-povod-75-godini-postoene/ Thu, 28 Sep 2023 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=685885

Во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија вечер ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922-2000). Како што најавува Националната галерија, се работи за грандиозен проект, омаж посветен на Корубин во рамките на програмата за одбележување на јубилејот - 75 години постоење.

На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Националната галерија, Старова Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и историчарот на уметност, Кирил Пенушлиски.

Изложбата за публиката ќе биде отворена до 27 октомври 2023 година, а кураторки се Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос.

Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од модерното македонско сликарство и скулптура, преку селекција и претставување дела кои се наоѓаат во повеќе државни и јавни институции од земјава, како и во приватни колекции, се наведува во најавата.

Корубин припаѓа на првата генерација ликовно образовани македонски уметници кои, по Втората светска војна, се школуваа во центрите на југословенската држава (Белград, Загреб, Љубљана). По отворањето на Уметничката школа во Скопје, тој станува еден од нејзините први ученици, каде што посетувал настава кај бардовите основоположници на македонската ликовна мисла: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Василије Поповиќ-Цицо и Томо Владимирски. Миле Корубин е воедно и првиот академски образован македонски сликар по Втората светска војна, дипломиран 1951 година на Ликовната академија во Белград, каде што ги следел педагошките поуки од професорот Мило Милуновиќ, а потоа особено од Петар Лубарда и подоцна на Миќа Поповиќ, како дел од сликарската елита на тогашна Југославија.

Корубин во генерациски рамки претставува издвоен автор кој наспроти предизвикот на новите ликовни струења избира сопствена еволутивна патека и создава карактеристичен ракопис. Тоа го потврдува и тогашната ликовна критика, која уште на самиот почеток на неговиот творечки развој го препознава како сликар што оди „спротивно од струјата и удобниот наплив на модата“. Значаен сегмент, воедно и присутен во сите фази на неговото творештво, е сензуалноста што зрачи од женските фигури и портрети и произлегува од интимното доживување на еротизмот како „раздвижувачка сила на човековиот дух“. Сместени повторно во лирски метафизички недефиниран простор, овие стилизирани и идеализирани женски претстави (портрети и актови) ја сугерираат вечната потрага по убавото испреплетувајќи го притоа реалното со имагинарното во третманот на фигурата и просторот. Фигурите, третирани без карактеристични физиономски одлики, добиваат своевидна митолошка конотација, раскажувајќи една суптилна приказна за вонвременската архетипска претстава за жената. Оттука, меката заоблена линија која го обликува женското тело, поставено слободно во метафизички обоениот простор со широки контрастни плохи, воедно и го издвојува од истиот станувајќи носечки елемент кој го следиме и во понатамошните фази, истакнува Галеријата.

Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари, воедно и педагози.

The post Омаж на Миле Корубин во Националната галерија по повод 75 години постоење appeared first on Република.

]]>

Во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија вечер ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922-2000). Како што најавува Националната галерија, се работи за грандиозен проект, омаж посветен на Корубин во рамките на програмата за одбележување на јубилејот - 75 години постоење. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Националната галерија, Старова Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и историчарот на уметност, Кирил Пенушлиски. Изложбата за публиката ќе биде отворена до 27 октомври 2023 година, а кураторки се Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос.
Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од модерното македонско сликарство и скулптура, преку селекција и претставување дела кои се наоѓаат во повеќе државни и јавни институции од земјава, како и во приватни колекции, се наведува во најавата.
Корубин припаѓа на првата генерација ликовно образовани македонски уметници кои, по Втората светска војна, се школуваа во центрите на југословенската држава (Белград, Загреб, Љубљана). По отворањето на Уметничката школа во Скопје, тој станува еден од нејзините први ученици, каде што посетувал настава кај бардовите основоположници на македонската ликовна мисла: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Василије Поповиќ-Цицо и Томо Владимирски. Миле Корубин е воедно и првиот академски образован македонски сликар по Втората светска војна, дипломиран 1951 година на Ликовната академија во Белград, каде што ги следел педагошките поуки од професорот Мило Милуновиќ, а потоа особено од Петар Лубарда и подоцна на Миќа Поповиќ, како дел од сликарската елита на тогашна Југославија.
Корубин во генерациски рамки претставува издвоен автор кој наспроти предизвикот на новите ликовни струења избира сопствена еволутивна патека и создава карактеристичен ракопис. Тоа го потврдува и тогашната ликовна критика, која уште на самиот почеток на неговиот творечки развој го препознава како сликар што оди „спротивно од струјата и удобниот наплив на модата“. Значаен сегмент, воедно и присутен во сите фази на неговото творештво, е сензуалноста што зрачи од женските фигури и портрети и произлегува од интимното доживување на еротизмот како „раздвижувачка сила на човековиот дух“. Сместени повторно во лирски метафизички недефиниран простор, овие стилизирани и идеализирани женски претстави (портрети и актови) ја сугерираат вечната потрага по убавото испреплетувајќи го притоа реалното со имагинарното во третманот на фигурата и просторот. Фигурите, третирани без карактеристични физиономски одлики, добиваат своевидна митолошка конотација, раскажувајќи една суптилна приказна за вонвременската архетипска претстава за жената. Оттука, меката заоблена линија која го обликува женското тело, поставено слободно во метафизички обоениот простор со широки контрастни плохи, воедно и го издвојува од истиот станувајќи носечки елемент кој го следиме и во понатамошните фази, истакнува Галеријата.
Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари, воедно и педагози.

The post Омаж на Миле Корубин во Националната галерија по повод 75 години постоење appeared first on Република.

]]>
75 ексклузивни уметнички дела за 75 години од формирањето на Националната галерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/75-ekskluzivni-umetnichki-dela-za-75-godini-od-formiraneto-na-natsionalnata-galerija/ Fri, 21 Jul 2023 07:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=663748

Националната галерија во објектот Чифте амам ја отвори изложба под наслов „75 / 75“ и ги започна активностите за одбележување на 75 години од формирањето на Националната галерија.

[caption id="attachment_663751" align="alignnone" width="853"] фото: Маја Аргакијева[/caption]

Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела. Селекцијата се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам, со акцент на студиозно третирање на фигурата и портретот, информираат од Националната галерија.

На изложбата „75 / 75“ се претставени дела од: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори).

Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, датумот кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.

The post 75 ексклузивни уметнички дела за 75 години од формирањето на Националната галерија appeared first on Република.

]]>

Националната галерија во објектот Чифте амам ја отвори изложба под наслов „75 / 75“ и ги започна активностите за одбележување на 75 години од формирањето на Националната галерија. [caption id="attachment_663751" align="alignnone" width="853"] фото: Маја Аргакијева[/caption]
Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела. Селекцијата се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам, со акцент на студиозно третирање на фигурата и портретот, информираат од Националната галерија.
  На изложбата „75 / 75“ се претставени дела од: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори). Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, датумот кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.

The post 75 ексклузивни уметнички дела за 75 години од формирањето на Националната галерија appeared first on Република.

]]>
Со поставката „75 / 75“ ќе бидат обележани 75 години од формирањето на Националната галерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-postavkata-75-75-ke-bidat-obelezhani-75-godini-od-formiraneto-na-natsionalnata-galerija/ Tue, 18 Jul 2023 10:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=662646

Националната галерија во објектот Чифте амам утре отвара изложба под наслов „75 / 75“ со почеток во 20 часот. Со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на 75 години од формирањето на Националната галерија.

Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела. Селекцијата се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам, со акцент на студиозно третирање на фигурата и портретот, информираат од Националната галерија.

На изложбата „75 / 75“ ќе бидат претставени дела од: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори).

Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, датумот кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.

The post Со поставката „75 / 75“ ќе бидат обележани 75 години од формирањето на Националната галерија appeared first on Република.

]]>

Националната галерија во објектот Чифте амам утре отвара изложба под наслов „75 / 75“ со почеток во 20 часот. Со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на 75 години од формирањето на Националната галерија.
Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела. Селекцијата се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам, со акцент на студиозно третирање на фигурата и портретот, информираат од Националната галерија.
На изложбата „75 / 75“ ќе бидат претставени дела од: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори). Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, датумот кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.

The post Со поставката „75 / 75“ ќе бидат обележани 75 години од формирањето на Националната галерија appeared first on Република.

]]>
Утре во Чифте амам честитка до сите жени, изложба „Мајчинство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-vo-chifte-amam-chestitka-do-site-zheni-izlozhba-majchinstvo/ Mon, 06 Mar 2023 07:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=616262

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Националната галерија, веќе традиционално, организира тематска изложба посветена на овој ден, воедно, преку овој настан, испраќајќи честитка до сите жени. Овогодинешната изложба, насловена „Мајчинство“- од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам, на 7 март во 19 часот.

Изложбата претставува селектиран избор на македонски и странски автори, припадници на различни генерации ликовни автори, кои ја опфаќаат темата мајка и мајка со дете, односно една од најповиканите и тематски најзастапена улога на жената низ историјата. Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата колекција на Националната галерија. Изложбата вклучува широк избор на дела, почнувајќи од иконовидните претстави на Богородица па се до новите медиуми. Темата е застапена преку повеќе ликовни техники и принципи на ликовно изразување како масло на платно, темпера на картон, молив на хартија, туш на хартија, бакрорез, монотипија, фотографија на форекс, таписерија. Скулптурите кои се дел од оваа изложба се изведени во техниките на теракота, гипс и бронза.

На оваа изложба ќе можат да се видат дела од Димитар Андонов Папрадишки; на авторите од првата основоположничка генерација меѓу кои Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски; периодот на афирамацијата и продорот на новите ликовни тенденции во повоените години како Петар Мазев, Ванчо Ѓорѓиевски, Глигор Чемерски и др. Воедно застапени се и примери од авторите кои припаѓаат на Југословенската збирка меѓу кои: Иван Мештровиќ, Павле Симиќ, Лука Тошановиќ и др. Оваа презентација ќе и овозможи на публиката да види ликовни остварувања од првите самоуки сликари, академски образовани уметници, како и автори од поновите генерации.

Ликовната поставка ќе и биде достапна на јавноста во импозантниот простор на Чифте амам во текот на месец март и ќе и понуди, вистинско ликовно уживање со делата на реномирани автори во кои е прикажано мајчинството.

Куратор на изложбата е Елена Иванова, кустос.

The post Утре во Чифте амам честитка до сите жени, изложба „Мајчинство“ appeared first on Република.

]]>

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Националната галерија, веќе традиционално, организира тематска изложба посветена на овој ден, воедно, преку овој настан, испраќајќи честитка до сите жени. Овогодинешната изложба, насловена „Мајчинство“- од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам, на 7 март во 19 часот. Изложбата претставува селектиран избор на македонски и странски автори, припадници на различни генерации ликовни автори, кои ја опфаќаат темата мајка и мајка со дете, односно една од најповиканите и тематски најзастапена улога на жената низ историјата. Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата колекција на Националната галерија. Изложбата вклучува широк избор на дела, почнувајќи од иконовидните претстави на Богородица па се до новите медиуми. Темата е застапена преку повеќе ликовни техники и принципи на ликовно изразување како масло на платно, темпера на картон, молив на хартија, туш на хартија, бакрорез, монотипија, фотографија на форекс, таписерија. Скулптурите кои се дел од оваа изложба се изведени во техниките на теракота, гипс и бронза. На оваа изложба ќе можат да се видат дела од Димитар Андонов Папрадишки; на авторите од првата основоположничка генерација меѓу кои Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски; периодот на афирамацијата и продорот на новите ликовни тенденции во повоените години како Петар Мазев, Ванчо Ѓорѓиевски, Глигор Чемерски и др. Воедно застапени се и примери од авторите кои припаѓаат на Југословенската збирка меѓу кои: Иван Мештровиќ, Павле Симиќ, Лука Тошановиќ и др. Оваа презентација ќе и овозможи на публиката да види ликовни остварувања од првите самоуки сликари, академски образовани уметници, како и автори од поновите генерации. Ликовната поставка ќе и биде достапна на јавноста во импозантниот простор на Чифте амам во текот на месец март и ќе и понуди, вистинско ликовно уживање со делата на реномирани автори во кои е прикажано мајчинството. Куратор на изложбата е Елена Иванова, кустос.

The post Утре во Чифте амам честитка до сите жени, изложба „Мајчинство“ appeared first on Република.

]]>
Националната галерија дел од програмската сесија во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-galerija-del-od-programskata-sesija-vo-viena/ Tue, 31 Jan 2023 13:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=603004

На крајот на месецов, во периодот од 19 до 26 јануари, во Виена, Австрија, се одржа втората програмска сесија од културната академија на темата „Визуелни уметности“, во организација на „Култарт“, нова практична програма во културниот менаџмент иницирана да ги исполни празнините во академските образовни програми. Проектот започна есента во 2022 г. кога беше одржана првата програма на темата „Дизајн и архитектура“ во Лече, Италија, од 21 до 25 ноември 2022 година
Целите на академијата „Култарт“ се обуки што ќе се испорачаат на меѓународни групи на млади специјалисти и ќе го покријат целиот опсег на креативни индустрии во пет програми (фестивали, визуелни уметности, изведувачки уметности, дизајн и архитектура, применета уметност). Секоја програма ќе се одвива според распоредот во еден од петте партнерски градови: „Дизајн и архитектура“ во Лече, Италија, од 21 до 25 ноември 2022 година; „Визуелни уметности“ во Австрија, Виена, од 19 до 25 јануари 2023 година; „Применета уметност“ во Скопје, Македонија, од 27 до 31 март 2023 година; „Изведувачки уметности“ во Јанина, Грција, од 8 до 12 мај 2023 година, и фестивали во Пловдив, Бугарија, јули 2023 година.

Во текот на петте програми, меѓународните групи на културни менаџери ќе се сретнат со десет клучни говорници, експерти и практичари, кои ќе бидат менторирани на десетте наведени модули од програмата „Куларт“ – културни иновации, бизнис и претприемаштво, менаџмент и администрација, развој на проекти, прибирање средства, лидерство, управување со конфликти, медиуми и комуникација. Она што е суштинско за програмите „Куларт“ се предизвиците за студија на случај. Групите ќе имаат шанса да учествуваат во вистинскиот работен процес на културна организација во секоја програма. Петте организации за студија на случај ќе ги скицираат нивните главни алатки и модели, нивната тековна работа и проекти и ќе им дадат специфичен „предизвик“ на групите – велат од Националната галерија на Македонија.

Во доменот на визуелните уметности, а врз основа на меморандумот за соработка меѓу Националната галерија на Македонија и здружението за едукација „Еду центар“ – Скопје, НГМ е определена за партнер во проектот.

Како партнер во проектот добивме официјална покана за учество во програмата за визуелни уметности, која се реализира во Виена, Австрија. Локален партнер, пак, во програмата во Виена беше „Кунстхале Виена“, во организација на „Клиерли калчр“ и во соработка со програмата за културен менаџмент на Универзитетот во Виена. „Клиерли калчр“ под своја капа собира меѓународни експерти за културен менаџмент, литература, академија, архитектура и урбанизам и развој, социјална инклузија и интеркултурна комуникација, културна дипломатија, ликовни и изведувачки уметности и ангажман на заедницата. Специјализирана е за културни и социјални иницијативи, кои служат за инклузија, различност и дијалог. Тимот на „Клиерли калчр“ е мрежа на истакнати професионалци што работат во нивните области самостојно и се обединуваат за заеднички проекти и цели – велат од НГМ.

„Кунстхале Виена“, пак, е простор што опфаќа широка разновидност на меѓународната современа уметност и сродни современи дискурси. За таа цел, „Кунстхале Виена“ разви иновативни комуникациски формати, а како отворен форум, не е само колекција туку и простор за воспоставена уметност и преговарање за тековните прашања и идни случувања.
Темите на културната Академија во Виена беа: жив град; интеракција меѓу градовите и културно/социјални организации и проекти; спонзорирање и проекти на ЕУ; развој на публика; студија на случај за позиционирање, насоки, систем и стратегија за информации за посетители во „Кунстхале Виена“.
Наредната од петте е програмата што ќе се реализира во Македонија, на темата „Применета уметност“ од 27 до 31 март 2023 година.

ЕУ има силни и енергични културни и креативни индустрии. Овие не се само суштински за културната разновидност на Европа туку и зајакнувањето на социјалната кохезија и зголемувањето на привлечноста на Европа на меѓународно ниво. Културните и креативните сектори се важни сами по себе во однос на нивното економско влијание и вработување. Тие, исто така, поттикнуваат иновации низ економијата, придонесуваат за голем број други канали за позитивно социјално влијание (благосостојба и здравје, образование, инклузија, урбана регенерација) – додаваат од Националната галерија.

The post Националната галерија дел од програмската сесија во Виена appeared first on Република.

]]>

На крајот на месецов, во периодот од 19 до 26 јануари, во Виена, Австрија, се одржа втората програмска сесија од културната академија на темата „Визуелни уметности“, во организација на „Култарт“, нова практична програма во културниот менаџмент иницирана да ги исполни празнините во академските образовни програми. Проектот започна есента во 2022 г. кога беше одржана првата програма на темата „Дизајн и архитектура“ во Лече, Италија, од 21 до 25 ноември 2022 година Целите на академијата „Култарт“ се обуки што ќе се испорачаат на меѓународни групи на млади специјалисти и ќе го покријат целиот опсег на креативни индустрии во пет програми (фестивали, визуелни уметности, изведувачки уметности, дизајн и архитектура, применета уметност). Секоја програма ќе се одвива според распоредот во еден од петте партнерски градови: „Дизајн и архитектура“ во Лече, Италија, од 21 до 25 ноември 2022 година; „Визуелни уметности“ во Австрија, Виена, од 19 до 25 јануари 2023 година; „Применета уметност“ во Скопје, Македонија, од 27 до 31 март 2023 година; „Изведувачки уметности“ во Јанина, Грција, од 8 до 12 мај 2023 година, и фестивали во Пловдив, Бугарија, јули 2023 година.
Во текот на петте програми, меѓународните групи на културни менаџери ќе се сретнат со десет клучни говорници, експерти и практичари, кои ќе бидат менторирани на десетте наведени модули од програмата „Куларт“ – културни иновации, бизнис и претприемаштво, менаџмент и администрација, развој на проекти, прибирање средства, лидерство, управување со конфликти, медиуми и комуникација. Она што е суштинско за програмите „Куларт“ се предизвиците за студија на случај. Групите ќе имаат шанса да учествуваат во вистинскиот работен процес на културна организација во секоја програма. Петте организации за студија на случај ќе ги скицираат нивните главни алатки и модели, нивната тековна работа и проекти и ќе им дадат специфичен „предизвик“ на групите – велат од Националната галерија на Македонија.
Во доменот на визуелните уметности, а врз основа на меморандумот за соработка меѓу Националната галерија на Македонија и здружението за едукација „Еду центар“ – Скопје, НГМ е определена за партнер во проектот.
Како партнер во проектот добивме официјална покана за учество во програмата за визуелни уметности, која се реализира во Виена, Австрија. Локален партнер, пак, во програмата во Виена беше „Кунстхале Виена“, во организација на „Клиерли калчр“ и во соработка со програмата за културен менаџмент на Универзитетот во Виена. „Клиерли калчр“ под своја капа собира меѓународни експерти за културен менаџмент, литература, академија, архитектура и урбанизам и развој, социјална инклузија и интеркултурна комуникација, културна дипломатија, ликовни и изведувачки уметности и ангажман на заедницата. Специјализирана е за културни и социјални иницијативи, кои служат за инклузија, различност и дијалог. Тимот на „Клиерли калчр“ е мрежа на истакнати професионалци што работат во нивните области самостојно и се обединуваат за заеднички проекти и цели – велат од НГМ.
„Кунстхале Виена“, пак, е простор што опфаќа широка разновидност на меѓународната современа уметност и сродни современи дискурси. За таа цел, „Кунстхале Виена“ разви иновативни комуникациски формати, а како отворен форум, не е само колекција туку и простор за воспоставена уметност и преговарање за тековните прашања и идни случувања. Темите на културната Академија во Виена беа: жив град; интеракција меѓу градовите и културно/социјални организации и проекти; спонзорирање и проекти на ЕУ; развој на публика; студија на случај за позиционирање, насоки, систем и стратегија за информации за посетители во „Кунстхале Виена“. Наредната од петте е програмата што ќе се реализира во Македонија, на темата „Применета уметност“ од 27 до 31 март 2023 година.
ЕУ има силни и енергични културни и креативни индустрии. Овие не се само суштински за културната разновидност на Европа туку и зајакнувањето на социјалната кохезија и зголемувањето на привлечноста на Европа на меѓународно ниво. Културните и креативните сектори се важни сами по себе во однос на нивното економско влијание и вработување. Тие, исто така, поттикнуваат иновации низ економијата, придонесуваат за голем број други канали за позитивно социјално влијание (благосостојба и здравје, образование, инклузија, урбана регенерација) – додаваат од Националната галерија.

The post Националната галерија дел од програмската сесија во Виена appeared first on Република.

]]>
„Турска бања” на Националната галерија изложена во Нови Сад, Европска престолнина на културата за 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/turska-banja-na-nacionalnata-galerija-izlozena-vo-novi-sad-evropska-prestolnina-na-kulturata-za-2022/ Mon, 26 Sep 2022 09:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=554238

Вечерва е исклучителен ден за градот Нови Сад и Србија, а особено за многуте луѓе кои работат во културата и живеат за неа. Сметам дека српската публика може да види исклучителен национален проект кој има регионално и европско значење, вреден настан во културата и успешен резултат на културната соработка на четири земји – Србија, Хрватска, Македонија и Франција”, рече помошник министерката за културно наследство и дигитализација Данијела Ванушиќ на отворањето на изложбата „Сава Шумановиќ и европскиот реализам меѓу двете светски војни” на плоштадот Галерија, каде започна неделата на визуелната уметност во рамките на Калеидоскопот на културата во Нови Сад.

За прв пат публиката има можност во живо, на три локации да ги види делата како „Капачи” од француските музеи Хонофлер и Ларошел, „Турска бања” од Националната галерија на Р. Македонија, „Шидијанки”, „Пристанишен агент” на Националната галерија на Музејот на модерна и современа уметност од Риека. Изложбата опфаќа најголем број дела на едно од најзначајните српски слики што се изложени во Спомен-збирката на Павле Бељански, во галеријата Матица Српска и во галеријата на слики „Сава Шумановиќ” во Шид.

Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција партиципиравме и овозможивме пред српската и пошироката публика за прв пат да биде прикажана „Турската бања”, дело на Сава Шумановиќ од периодот меѓу двете светски војни (1926 г.), сопственост на Националната галерија. Уметничката критика ова дело го детирминира на самиот врв од неговиот опус со карактеристичен поетски реализам и умерен колористички експресионизам. истакна директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Стручниот тим на Националната галерија ова дело го категоризира како антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Неговиот ран уметнички стил се карактеризира со влијанија главно од кубизмот, но исто така и фовизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија. Во текот на 1926-1927 година стилот на Шумановиќ станува помек, односно цврсто вајаните налик на скулптурални форми стануваат помеки, а во прв план продираат до тогаш непозната сетилност, поезија на боите и мазната атмосфера на Ориентот, поттикната, меѓу другото, и од личните дијалози со Матис.

The post „Турска бања” на Националната галерија изложена во Нови Сад, Европска престолнина на културата за 2022 appeared first on Република.

]]>

Вечерва е исклучителен ден за градот Нови Сад и Србија, а особено за многуте луѓе кои работат во културата и живеат за неа. Сметам дека српската публика може да види исклучителен национален проект кој има регионално и европско значење, вреден настан во културата и успешен резултат на културната соработка на четири земји – Србија, Хрватска, Македонија и Франција”, рече помошник министерката за културно наследство и дигитализација Данијела Ванушиќ на отворањето на изложбата „Сава Шумановиќ и европскиот реализам меѓу двете светски војни” на плоштадот Галерија, каде започна неделата на визуелната уметност во рамките на Калеидоскопот на културата во Нови Сад.
За прв пат публиката има можност во живо, на три локации да ги види делата како „Капачи” од француските музеи Хонофлер и Ларошел, „Турска бања” од Националната галерија на Р. Македонија, „Шидијанки”, „Пристанишен агент” на Националната галерија на Музејот на модерна и современа уметност од Риека. Изложбата опфаќа најголем број дела на едно од најзначајните српски слики што се изложени во Спомен-збирката на Павле Бељански, во галеријата Матица Српска и во галеријата на слики „Сава Шумановиќ” во Шид.
Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција партиципиравме и овозможивме пред српската и пошироката публика за прв пат да биде прикажана „Турската бања”, дело на Сава Шумановиќ од периодот меѓу двете светски војни (1926 г.), сопственост на Националната галерија. Уметничката критика ова дело го детирминира на самиот врв од неговиот опус со карактеристичен поетски реализам и умерен колористички експресионизам. истакна директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.
Стручниот тим на Националната галерија ова дело го категоризира како антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Неговиот ран уметнички стил се карактеризира со влијанија главно од кубизмот, но исто така и фовизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија. Во текот на 1926-1927 година стилот на Шумановиќ станува помек, односно цврсто вајаните налик на скулптурални форми стануваат помеки, а во прв план продираат до тогаш непозната сетилност, поезија на боите и мазната атмосфера на Ориентот, поттикната, меѓу другото, и од личните дијалози со Матис.

The post „Турска бања” на Националната галерија изложена во Нови Сад, Европска престолнина на културата за 2022 appeared first on Република.

]]>
Изложбата на Димитар Кондовски во Даут пашин амам е продолжена до 15 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-na-dimitar-kondovski-vo-daut-pashin-amam-e-prodolzena-do-15-septemvri/ Fri, 26 Aug 2022 07:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=544236

Поради големиот интерес на публиката, изложбата на Димитар Кондовски, еден од највлијателните ликовни уметници во повоена Македонија уште еднаш се продолжува и ќе трае до 15 септември 2022 година, соопштија од Националната галерија Даут пашин амам.

Ретроспективната изложба беше отворена на 5 мај и ги опфати сите периоди од творечката дејност на Кондовски, чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во македонската ликовна уметност.

Кондовски е роден во 1927 година во Прилеп, а починал во 1993 година во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што работел до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Објектот Даут пашин амам работи секој ден во неделата, освен во понеделник, од вторник до недела. Влезницата чини 100 денари.

The post Изложбата на Димитар Кондовски во Даут пашин амам е продолжена до 15 септември appeared first on Република.

]]>

Поради големиот интерес на публиката, изложбата на Димитар Кондовски, еден од највлијателните ликовни уметници во повоена Македонија уште еднаш се продолжува и ќе трае до 15 септември 2022 година, соопштија од Националната галерија Даут пашин амам. Ретроспективната изложба беше отворена на 5 мај и ги опфати сите периоди од творечката дејност на Кондовски, чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во македонската ликовна уметност. Кондовски е роден во 1927 година во Прилеп, а починал во 1993 година во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што работел до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Објектот Даут пашин амам работи секој ден во неделата, освен во понеделник, од вторник до недела. Влезницата чини 100 денари.  

The post Изложбата на Димитар Кондовски во Даут пашин амам е продолжена до 15 септември appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ во Национална галерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-trilogija-pod-povrshinata-ima-ushte-edna-povrshina-vo-nacionalna-galerija/ Tue, 05 Jul 2022 11:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=524185

Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ е мултимедијален и интердисциплинарен проект на познатиот албански уметник Дриант Зенели, кој се состои од три видеа (инсталации), цртежи, ready-made објекти и просторни инсталации. Елементот што ги поврзува филмовите е минералот хром. Во едно од видео-делата со наслов „Не би било возможно да се напушти планетата Земја доколку не постои гравитација“, Зенели работи со идејата за утопии и дистопии од минатото, но и од сегашноста. Зборува за идеализмот и ветувањето за подобра иднина во времето на стариот комунистички систем наспроти очигледните неуспеси за достигнување на ветувањата, спротивставувајќи го на идеите, желбите и неуспесите на еден човек, Марио, современик на уметникот, кој сака да ги исполни сопствените желби и да лета во вселената. За локација е користена стара фабрика - Металуршки комплекс „Челикот на партијата“ во Елбасан која била изградена во 1962 година. Таа е своевидна реликвија - знак на политичко враќање по застојот со Советскиот Сојуз - на новосоздадениот сојуз меѓу Комунистичката партија на Кина и Партијата на трудот на Албанија.

Напуштената архитектура отсекогаш била избор за сценографија во филмовите на Зенели, а истиот металуршки комплекс од претходното видео е користен и како место на дејствување во второто видео „И потоа најдов некои метеорити во мојата соба“ во која преку двата главни лика – Бујар и Флора (колекционери на хром, но всушност медицински брат во фабриката и диџеј-ка), уметникот се занимава со прашањата за достигнување на бесконечност и замислување подобра иднина, и покрај сиот песимизам на современото општество, умно играјќи на самата граница меѓу реалното и фиктивното.

Транс-историјата, политиката, демоните од минатото, критиката, фантазијата, иднината, соништата се само дел од идеите инкорпорирани во третиот дел од трилогијата – „Можеби космосот не е толку извонреден“. Овде уметникот зборува за една од најважните индустриски и економски активности на неговата земја, рударството на хром, а дејството се случува во рудникот Булќизе, лоциран во централна Албанија. Овде Зенели измислува фантастичен наратив за целиот процес на оваа активност видена со помош на космичка капсула, пронајдена од група тинејџери, додека во паралелно траење има ехо од гласовите на Флора и Бујар, ликовите од претходниот филм, како последователна контрастна нарација на бесконечноста.

Инсталациите на подвижни слики се проследени со визуелни дескриптори како цртежи - книжевно патување од книгата на Хисенбегас („Towards eridan’s epsilos“) објавена во 1983 година, роботски раце направени од хром, парчиња хром минерал итн.

Редефинирањето на идејата за неуспех, утопија и сон стои во сржта на истражувањето на Зенели, како елементи кои отвораат можни алтернативи. Во неговите филмови, моќта и историјата се испреплетени со поединечни наративи, предизвикувајќи утопии кои го поткопуваат природниот поредок на нештата. Креативниот чин се храни со непланираните средби и односот со архитектонското наследство на местата.

Зенели ги користи своите филмови како материјал за моделирање на местото и времето. Претставите имаат форма на партиципативни интервенции, при што уметникот го создава значењето на делото со гледачите. Елементот на гравитација резонира низ целата уметничка продукција, било да се тоа филмови, цртежи или случувања, во постојан обид да се одвои од земјата, да си игра со сопствените граници.

Дријант Зенели (1983, Скадар, Албанија)

Во 2019 година го претставувал албанскиот павилјон на 58-та меѓународна уметничка изложба – Биенале во Венеција.
Главни изложби: Биенале Манифеста 14, Приштина (2022); Театрино Палацо Граци, Венеција, (2021); 39-то меѓународно биенале на ЕВА, Лимерик (2020); Национална галерија на Република Косово (2019); Фондација за уметност Sharjah, филмска платформа, (2019); Летонски центар за современа уметност, Рига (2019); Автострада биенале, Призрен, Република Косово (2019); GAMEC, Бергамо, (2019); Галерија Мостин, Велс, ОК (2017); MuCEM, Марсеј, (2016); Центар Помпиду, Париз (2016); ГАМ, Торино (2013); ЗКМ, Карлсруе (2012); MUSAC, Кастиља Леон. Шпанија, (2012); Национална галерија на Тирана, (2008).

Куратор: Ана Франговска

The post Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ во Национална галерија appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ е мултимедијален и интердисциплинарен проект на познатиот албански уметник Дриант Зенели, кој се состои од три видеа (инсталации), цртежи, ready-made објекти и просторни инсталации. Елементот што ги поврзува филмовите е минералот хром. Во едно од видео-делата со наслов „Не би било возможно да се напушти планетата Земја доколку не постои гравитација“, Зенели работи со идејата за утопии и дистопии од минатото, но и од сегашноста. Зборува за идеализмот и ветувањето за подобра иднина во времето на стариот комунистички систем наспроти очигледните неуспеси за достигнување на ветувањата, спротивставувајќи го на идеите, желбите и неуспесите на еден човек, Марио, современик на уметникот, кој сака да ги исполни сопствените желби и да лета во вселената. За локација е користена стара фабрика - Металуршки комплекс „Челикот на партијата“ во Елбасан која била изградена во 1962 година. Таа е своевидна реликвија - знак на политичко враќање по застојот со Советскиот Сојуз - на новосоздадениот сојуз меѓу Комунистичката партија на Кина и Партијата на трудот на Албанија.

Напуштената архитектура отсекогаш била избор за сценографија во филмовите на Зенели, а истиот металуршки комплекс од претходното видео е користен и како место на дејствување во второто видео „И потоа најдов некои метеорити во мојата соба“ во која преку двата главни лика – Бујар и Флора (колекционери на хром, но всушност медицински брат во фабриката и диџеј-ка), уметникот се занимава со прашањата за достигнување на бесконечност и замислување подобра иднина, и покрај сиот песимизам на современото општество, умно играјќи на самата граница меѓу реалното и фиктивното.

Транс-историјата, политиката, демоните од минатото, критиката, фантазијата, иднината, соништата се само дел од идеите инкорпорирани во третиот дел од трилогијата – „Можеби космосот не е толку извонреден“. Овде уметникот зборува за една од најважните индустриски и економски активности на неговата земја, рударството на хром, а дејството се случува во рудникот Булќизе, лоциран во централна Албанија. Овде Зенели измислува фантастичен наратив за целиот процес на оваа активност видена со помош на космичка капсула, пронајдена од група тинејџери, додека во паралелно траење има ехо од гласовите на Флора и Бујар, ликовите од претходниот филм, како последователна контрастна нарација на бесконечноста.

Инсталациите на подвижни слики се проследени со визуелни дескриптори како цртежи - книжевно патување од книгата на Хисенбегас („Towards eridan’s epsilos“) објавена во 1983 година, роботски раце направени од хром, парчиња хром минерал итн.

Редефинирањето на идејата за неуспех, утопија и сон стои во сржта на истражувањето на Зенели, како елементи кои отвораат можни алтернативи. Во неговите филмови, моќта и историјата се испреплетени со поединечни наративи, предизвикувајќи утопии кои го поткопуваат природниот поредок на нештата. Креативниот чин се храни со непланираните средби и односот со архитектонското наследство на местата.

Зенели ги користи своите филмови како материјал за моделирање на местото и времето. Претставите имаат форма на партиципативни интервенции, при што уметникот го создава значењето на делото со гледачите. Елементот на гравитација резонира низ целата уметничка продукција, било да се тоа филмови, цртежи или случувања, во постојан обид да се одвои од земјата, да си игра со сопствените граници.

Дријант Зенели (1983, Скадар, Албанија)

Во 2019 година го претставувал албанскиот павилјон на 58-та меѓународна уметничка изложба – Биенале во Венеција. Главни изложби: Биенале Манифеста 14, Приштина (2022); Театрино Палацо Граци, Венеција, (2021); 39-то меѓународно биенале на ЕВА, Лимерик (2020); Национална галерија на Република Косово (2019); Фондација за уметност Sharjah, филмска платформа, (2019); Летонски центар за современа уметност, Рига (2019); Автострада биенале, Призрен, Република Косово (2019); GAMEC, Бергамо, (2019); Галерија Мостин, Велс, ОК (2017); MuCEM, Марсеј, (2016); Центар Помпиду, Париз (2016); ГАМ, Торино (2013); ЗКМ, Карлсруе (2012); MUSAC, Кастиља Леон. Шпанија, (2012); Национална галерија на Тирана, (2008).

Куратор: Ана Франговска

The post Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ во Национална галерија appeared first on Република.

]]>
Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam-2/ Thu, 16 Jun 2022 07:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=515806

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши.

Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни.

На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими.

Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз.

Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други.

Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.  

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/ Fri, 10 Jun 2022 08:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=513442

Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16 јуни , во 12 часот. Изложбата се организира во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши.

На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши ќе одржи поздравен говор директорката на Национална галерија д-р Дита Старова Ќерими.

Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз, беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој ја бранеше и со посебна инспирација и љубов ја доловуваше убавината на балканската цивилизација и сите културолошки испреплетувања наспроти наметнатата психологија на подвојување и разединување.

Големиот маестро Калеши се одликуваше со космополитски дух. Во неговиот творечки опус до крајот на животот останува доследен на своите корени, при што главниот фокус е насочен кон човечкиот лик, нагласувајќи ја главата, како симбол на неговиот дух. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција.

Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан.

Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и др.

Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“.

Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, Галериите во Турција во Бурса и во Тирана.

Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, планира да отвори галерија- музеј со дела од Омер Калеши.

На изложбата ќе бидат прикажани 30- тина негови дела во техника масло на платно. Истата ќе може да се погледне до крајот на месецот.

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16 јуни , во 12 часот. Изложбата се организира во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши ќе одржи поздравен говор директорката на Национална галерија д-р Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз, беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој ја бранеше и со посебна инспирација и љубов ја доловуваше убавината на балканската цивилизација и сите културолошки испреплетувања наспроти наметнатата психологија на подвојување и разединување. Големиот маестро Калеши се одликуваше со космополитски дух. Во неговиот творечки опус до крајот на животот останува доследен на своите корени, при што главниот фокус е насочен кон човечкиот лик, нагласувајќи ја главата, како симбол на неговиот дух. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и др. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, Галериите во Турција во Бурса и во Тирана. Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, планира да отвори галерија- музеј со дела од Омер Калеши. На изложбата ќе бидат прикажани 30- тина негови дела во техника масло на платно. Истата ќе може да се погледне до крајот на месецот.  

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Mеѓународна патувачка изложба на Културниот центар Габ Титуи од Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megjunarodna-patuvachka-izlozba-na-kulturniot-centar-gab-titui-od-avstralija/ Thu, 02 Jun 2022 11:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=510171

На 8 јуни во Мала станица ќе биде поставена изложбата „Еволуција: маските од теснецот Торес“.

Теснецот Торес (Zenadh Kes) е група острови кои се лоцирани помеѓу северна Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Жителите на таа област одржуваат жива, уметничка, духовна и културна традиција. Една од спецификите на традицијата на околината е носење убави украсни маски. Иако доаѓаат од старите традиции и духовности, правењето маски денес претставува начин на заживување на таа уметност и култура. Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење. Носењето маска и ритуалите поврзани со неа го менуваат идентитетот на личноста што ја носи маската и отвораат канали за комуникација со нивните претци. Во 19 век, европските мисионери и истражувачи собирале маски од овие области. Денес тие се дел од историски збирки. Многу од овие маски се исклучителни по нивната сложеност и деталите што ги поседуваат. Изработката на овие маски вклучува низа вештини од технички, преку познавање на материјали до алатки. Оваа изложба ја истражува богатата и непречена практика на правење маски во Зенад Кес.

Самиот теснец Торес и договорот околу него се сметаат за едно од најкреативните решенија за прашањата на границите во меѓународното право. Договорот ја регулира границата меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја и дава рамка за регулирање на граничната област. Обезбедува и заштита на начинот на живот на жителите на Папуа Нова Гвинеја и теснецот Торес.

Изложбата ќе биде поставена до 22 јуни 2022 година, информираат од Национална галерија на Македонија

The post Mеѓународна патувачка изложба на Културниот центар Габ Титуи од Австралија appeared first on Република.

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozba-na-dimitar-kondovski-vo-daut-pashin-amam-2/ Wed, 06 Apr 2022 15:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=484180

Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам.

Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 20222 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година.

ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност.
Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Самостојно излагал свои дела во: Скопје и Загреб (со Спасе Куновски), 1957, Рим, 1962, Зрењанин (со Богољуб Ивковиќ), Скопје, 1963 (со Хаџи Бошков), Нови Сад, 1970, Скопје, 1977 (25 години уметничка дејност), Тетово, 1978, Белград, 1978, Прибој, 1978, Њујорк, 1978, Сиетел, 1978, Торонто, 1979, Скопје, 1992 (пристапна изложба во МАНУ). Автор е на голем број тетарски и телевизијски сценографии (над двесте сценографски решенија за телевизиски емисии, за драми, за балетски и оперски претстави), а има опремено и неколку стотици публикации, со повеќе од две иљади илустрации. Еден е од оснивачите на групите Денес и Мугри. Излагал на околу двесте групни изложби во земјата и во странство.

Добитник е на Наградата на Република Македонија 11 Октомври за 1964 година, за сликарство, Наградата 13 Ноември, на Град Скопје, во 1970, Наградата за сликарство Prix National, на Меѓународниот фестивал на уметноста во Кан сир Мер, во 1974 година, во Франција, Наградата Климент Охридски, во 1987 година, како и на многу други награди и признанија.

Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои се движи и денес ликовната уметност. Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите. Втората детерминанта што го одредува творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот.
Од почетокот на шеесетите години на 20. век интересот на Кондовски за портретното сликарство се разгранува во две главни насоки – салонски портрет, работен во слободен академски стил и портрет работен со конструктивистичка постапка која ја обединува фигурацијата и апстракцијата преку декоративниот орнамент, каде припаѓаат и сликите со религиска тема (претстави на светители) и автопортретот.

Напоредно со овој главен тек во творечката дејност на Кондовски постојано се јавуваат и разграноци кои во неправилни изблици ја изразуваат неговата потреба да се враќа кон класичниот ликовен израз и ликовната традиција.

Ретроспективната изложба за творештвото на Димитар Кондовски (1927-1993) ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност.
Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност. Ваквиот методолошки приод овозможува увид во сложениот сплет од влијанија, идејно-естетски тенденции и авторски преокупации на уметникот.

The post Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>

Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам.

Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 20222 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година.

ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Самостојно излагал свои дела во: Скопје и Загреб (со Спасе Куновски), 1957, Рим, 1962, Зрењанин (со Богољуб Ивковиќ), Скопје, 1963 (со Хаџи Бошков), Нови Сад, 1970, Скопје, 1977 (25 години уметничка дејност), Тетово, 1978, Белград, 1978, Прибој, 1978, Њујорк, 1978, Сиетел, 1978, Торонто, 1979, Скопје, 1992 (пристапна изложба во МАНУ). Автор е на голем број тетарски и телевизијски сценографии (над двесте сценографски решенија за телевизиски емисии, за драми, за балетски и оперски претстави), а има опремено и неколку стотици публикации, со повеќе од две иљади илустрации. Еден е од оснивачите на групите Денес и Мугри. Излагал на околу двесте групни изложби во земјата и во странство.

Добитник е на Наградата на Република Македонија 11 Октомври за 1964 година, за сликарство, Наградата 13 Ноември, на Град Скопје, во 1970, Наградата за сликарство Prix National, на Меѓународниот фестивал на уметноста во Кан сир Мер, во 1974 година, во Франција, Наградата Климент Охридски, во 1987 година, како и на многу други награди и признанија.

Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои се движи и денес ликовната уметност. Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите. Втората детерминанта што го одредува творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот. Од почетокот на шеесетите години на 20. век интересот на Кондовски за портретното сликарство се разгранува во две главни насоки – салонски портрет, работен во слободен академски стил и портрет работен со конструктивистичка постапка која ја обединува фигурацијата и апстракцијата преку декоративниот орнамент, каде припаѓаат и сликите со религиска тема (претстави на светители) и автопортретот.

Напоредно со овој главен тек во творечката дејност на Кондовски постојано се јавуваат и разграноци кои во неправилни изблици ја изразуваат неговата потреба да се враќа кон класичниот ликовен израз и ликовната традиција.

Ретроспективната изложба за творештвото на Димитар Кондовски (1927-1993) ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност. Ваквиот методолошки приод овозможува увид во сложениот сплет од влијанија, идејно-естетски тенденции и авторски преокупации на уметникот.

The post Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>
Во Националната галерија изложба посветена на Меѓународниот ден на жената https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-nacionalnata-galerija-izlozba-posvetena-na-megjunarodniot-den-na-zenata/ Thu, 03 Mar 2022 14:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=467208

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета.

Изложбата насловена „Процут кон женственоста“ од колекцијата на Националната галерија“, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам од 3 до 15 март.

Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата, тесно поврзана со човечкиот животен циклус – односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост.

Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата збирка на Националната галерија.

The post Во Националната галерија изложба посветена на Меѓународниот ден на жената appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета. Изложбата насловена „Процут кон женственоста“ од колекцијата на Националната галерија“, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам од 3 до 15 март. Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата, тесно поврзана со човечкиот животен циклус – односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост. Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата збирка на Националната галерија.

The post Во Националната галерија изложба посветена на Меѓународниот ден на жената appeared first on Република.

]]>
Изложбата на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-na-akademik-vasko-tashkovski-vo-daut-pashin-amam-gi-srushi-rekordite-na-posetenost/ Thu, 20 Jan 2022 11:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=447075

Изложбата на академик Васко Ташковски во Националната галерија, во објектот Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност. Во пандемски услови изложбата ја виделе над 10 илјади посетители, согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиражи на каталогот.

Ретроспективната изложба на академик Ташковски со 120 дела беше презентирана во објектот Даут пашин амам во период од 21 октомври 2021 до 15 јануари 2022 година.

На мое големо задоволство, изложбата на академик Ташковски, ги сруши рекордите не само на Националната галерија и тоа во пандемиски услови, со над 10.000 посетители согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиража на каталогот. Особено ми е драго што оваа изложба беше посетена доминантно од младата генерација љубители на уметноста и уметници, што ми дава надеж дека интересот за ликовната уметност не згаснува, туку предизвикува уште поголем интерес, вели директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими.

Старова Ќерими додава дека е горда на фактот што академик Ташковски на Националната галерија по повод оваа изложба и го подари делото - Маскиран пејзаж, 2008, акварел, 50х70 см.

Во оваа прилика уште еднаш му се заблагодарувам на авторот академик Васко Ташковски за укажаната чест неговата ретроспективна изложба да биде претставена во Националната галерија и воедно се заблагодарувам на тимот на нашата институција за професионалната организација и на вишиот кустос Маја Чанкуловска за овој исклучителен проект, рече Старова Ќерими.

Ташковски е еден од водечките претставници на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност. Во Даут-пашиниот амам беа изложени слики, акварели и цртежи од сите негови творечки фази.

Васко Ташковски, инаку роден во Нижополе, Битола, покрај сликањето во маслена техника, работел и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на многубројни награди и признанија, а од 1994 година е дописен член во МАНУ.

The post Изложбата на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност appeared first on Република.

]]>

Изложбата на академик Васко Ташковски во Националната галерија, во објектот Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност. Во пандемски услови изложбата ја виделе над 10 илјади посетители, согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиражи на каталогот. Ретроспективната изложба на академик Ташковски со 120 дела беше презентирана во објектот Даут пашин амам во период од 21 октомври 2021 до 15 јануари 2022 година.
На мое големо задоволство, изложбата на академик Ташковски, ги сруши рекордите не само на Националната галерија и тоа во пандемиски услови, со над 10.000 посетители согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиража на каталогот. Особено ми е драго што оваа изложба беше посетена доминантно од младата генерација љубители на уметноста и уметници, што ми дава надеж дека интересот за ликовната уметност не згаснува, туку предизвикува уште поголем интерес, вели директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими.
Старова Ќерими додава дека е горда на фактот што академик Ташковски на Националната галерија по повод оваа изложба и го подари делото - Маскиран пејзаж, 2008, акварел, 50х70 см.
Во оваа прилика уште еднаш му се заблагодарувам на авторот академик Васко Ташковски за укажаната чест неговата ретроспективна изложба да биде претставена во Националната галерија и воедно се заблагодарувам на тимот на нашата институција за професионалната организација и на вишиот кустос Маја Чанкуловска за овој исклучителен проект, рече Старова Ќерими.
Ташковски е еден од водечките претставници на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност. Во Даут-пашиниот амам беа изложени слики, акварели и цртежи од сите негови творечки фази. Васко Ташковски, инаку роден во Нижополе, Битола, покрај сликањето во маслена техника, работел и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на многубројни награди и признанија, а од 1994 година е дописен член во МАНУ.

The post Изложбата на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност appeared first on Република.

]]>