национална безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalna-bezbednost/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 14:18:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национална безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalna-bezbednost/ 32 32 ОТА набавила средства за следење на комуникациите кои можат сериозно да ја нарушат националната безбедност, предупреди Петрушевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ota-nabavila-sredstva-za-sledene-na-komunikatsiite-koi-mozhat-seriozno-da-ja-narushat-natsionalnata-bezbednost-predupredi-petrushevski/ Fri, 16 Jun 2023 13:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=652182

Со денешното мое обраќање сакам да предупредам за еден процес кој е поврзан со безбедносните служби каде имаме основано сомневање дека се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност, отворајќи врата за злоупотреба на механизмите за следење на комуникациите на над 2 милиони граѓани, истакна Бране Петрушевски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на тоа што информациите подлежат на тајност, она што го дозволува Законот, тој го сподели со јавноста.

Имено, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, на својата 15-та седница, почнувајќи од 23.05.2023 година одржа пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција – ОТА. Притоа Комисијата, постапувајќи во рамките на својата надлежност, утврди сериозен сомнеж дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите односно дека извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Ваквото прекршување на Законот отвора можност за загрозување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните, како и повреда на човековите слободи и права утврдени со Устав, закон и меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија, рече тој.

Согласно со закон предвидените надлежности како Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донеле заклучок за оваа сомневање да го известат Јавниот обвинител на Република Македонија.

Свесни дека во Република Македонија во минатото се случиле многу скандали од доменот на незаконското следење на комуникациите, должни сме да укажеме дека со ваквото евентуално прекршување на Законот за следење на комуникациите се создава можност за скандал од досега невидени размери. Од досега изнесеното, неминовно се поставува прашањето зошто, некој на помалку од 2 месеци пред заминување од функцијата, го прави ова токму во овој момент, кога се актуелни уставните измени? На крај, дозволете да се извинам на целокупната јавност што во моментов не сум во можност да изнесам повеќе детали, бидејќи се работи за класифицирани информации со највисок степен – државна тајна, рече тој.

The post ОТА набавила средства за следење на комуникациите кои можат сериозно да ја нарушат националната безбедност, предупреди Петрушевски appeared first on Република.

]]>

Со денешното мое обраќање сакам да предупредам за еден процес кој е поврзан со безбедносните служби каде имаме основано сомневање дека се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност, отворајќи врата за злоупотреба на механизмите за следење на комуникациите на над 2 милиони граѓани, истакна Бране Петрушевски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со оглед на тоа што информациите подлежат на тајност, она што го дозволува Законот, тој го сподели со јавноста.
Имено, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, на својата 15-та седница, почнувајќи од 23.05.2023 година одржа пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција – ОТА. Притоа Комисијата, постапувајќи во рамките на својата надлежност, утврди сериозен сомнеж дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите односно дека извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Ваквото прекршување на Законот отвора можност за загрозување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните, како и повреда на човековите слободи и права утврдени со Устав, закон и меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија, рече тој.
Согласно со закон предвидените надлежности како Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донеле заклучок за оваа сомневање да го известат Јавниот обвинител на Република Македонија.
Свесни дека во Република Македонија во минатото се случиле многу скандали од доменот на незаконското следење на комуникациите, должни сме да укажеме дека со ваквото евентуално прекршување на Законот за следење на комуникациите се создава можност за скандал од досега невидени размери. Од досега изнесеното, неминовно се поставува прашањето зошто, некој на помалку од 2 месеци пред заминување од функцијата, го прави ова токму во овој момент, кога се актуелни уставните измени? На крај, дозволете да се извинам на целокупната јавност што во моментов не сум во можност да изнесам повеќе детали, бидејќи се работи за класифицирани информации со највисок степен – државна тајна, рече тој.

The post ОТА набавила средства за следење на комуникациите кои можат сериозно да ја нарушат националната безбедност, предупреди Петрушевски appeared first on Република.

]]>
Германија за првпат во историјата доби стратегија за национална безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/germanija-za-prvpat-vo-istorijata-dobi-strategija-za-natsionalna-bezbednost/ Wed, 14 Jun 2023 13:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=651386

Германската влада денеска ја претстави првата сеопфатна стратегија за национална безбедност која ги опфаќа сите ресори, а не само Министерството за одбрана.

За првпат во историјата на нашата земја изготвивме стратегија за национална безбедност. Тоа е важен придонес за зголемување на безбедноста на германските граѓани, особено во променетите околности по нападот на Русија врз Украина и саботажата на гасоводот Северен тек, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц при претставувањето на стратегијата, која претходно беше прифатена на редовната седница на Владата.

Денешна Русија е убедливо најголемата закана за мирот и безбедноста во евроатлантската област, рече Шолц.

Тој објасни дека отсега прашањето за националната безбедност ќе се распределува меѓу неколку министерства и повеќе нема да биде само надлежност на Министерството за одбрана.

Сите средства и инструменти мора да дејствуваат на координиран начин за одбрана на земјата од надворешни напади, рече Шолц и заклучи дека без безбедност „нема стабилност ниту благосостојба“.

Стратегијата заеднички ја претставија канцеларот Олаф Шолц (Социјалдемократска партија на Германија, СПД) и министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените), министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД), министерот за одбрана Борис Писториус (СПД) и министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократска партија ФДП).

Стратешкиот документ предвидува спојување на надлежностите во одбраната од внатрешни и надворешни закани и е поделен во три тематски целини. Првата е способноста за одбрана, која вклучува координација на вооружените сили и цивилната заштита, потоа издржливоста на општеството, односно способноста за одржување на уставниот поредок без надворешна зависност и одржливост.

Министерката за надворешни работи Бербок рече дека предизвиците за безбедноста на германските граѓани се протегаат низ сите области на животот.

Ова се однесува на прашањето за снабдување со лекови, за безбедноста од кибер напади, сè до снабдувањето со вода за пиење, рече Бербок.

Таа додаде дека успехот на безбедносната стратегија зависи и од поддршката на целото општество, од општините, болниците и компаниите. Меѓу другото, задача на стопанството би била да се грижи да има доволно количество клучни суровини.

Нападот на Русија врз Украина ни покажа дека мирот и безбедноста не се вредности што паднале од небо, туку мора да се грижиме за нив, рече Бербок.

Министерот за финансии Кристијан Линднер нагласи дека безбедноста на Германија има и финансиска димензија.

Фискалните резерви во време на криза овозможуваат дејствување, што се покажа за време на пандемијата на коронавирус и шокот поради наглото зголемување на цените на енергијата, рече Линднер.

Коалициската влада на социјалдемократите, зелените и либералите ја вклучи стратегијата за национална безбедност во својот коалициски договор, кој беше потпишан неколку месеци пред рускиот напад врз Украина.

Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ ја критикуваше стратегијата за национална безбедност во оваа форма и бара воведување на Совет за национална безбедност кој, доколку е потребно, подобро ќе ги координира активностите на федерално ниво и на ниво на сојузни покраини и општини.

The post Германија за првпат во историјата доби стратегија за национална безбедност appeared first on Република.

]]>

Германската влада денеска ја претстави првата сеопфатна стратегија за национална безбедност која ги опфаќа сите ресори, а не само Министерството за одбрана.
За првпат во историјата на нашата земја изготвивме стратегија за национална безбедност. Тоа е важен придонес за зголемување на безбедноста на германските граѓани, особено во променетите околности по нападот на Русија врз Украина и саботажата на гасоводот Северен тек, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц при претставувањето на стратегијата, која претходно беше прифатена на редовната седница на Владата. Денешна Русија е убедливо најголемата закана за мирот и безбедноста во евроатлантската област, рече Шолц.
Тој објасни дека отсега прашањето за националната безбедност ќе се распределува меѓу неколку министерства и повеќе нема да биде само надлежност на Министерството за одбрана.
Сите средства и инструменти мора да дејствуваат на координиран начин за одбрана на земјата од надворешни напади, рече Шолц и заклучи дека без безбедност „нема стабилност ниту благосостојба“.
Стратегијата заеднички ја претставија канцеларот Олаф Шолц (Социјалдемократска партија на Германија, СПД) и министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените), министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД), министерот за одбрана Борис Писториус (СПД) и министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократска партија ФДП). Стратешкиот документ предвидува спојување на надлежностите во одбраната од внатрешни и надворешни закани и е поделен во три тематски целини. Првата е способноста за одбрана, која вклучува координација на вооружените сили и цивилната заштита, потоа издржливоста на општеството, односно способноста за одржување на уставниот поредок без надворешна зависност и одржливост. Министерката за надворешни работи Бербок рече дека предизвиците за безбедноста на германските граѓани се протегаат низ сите области на животот.
Ова се однесува на прашањето за снабдување со лекови, за безбедноста од кибер напади, сè до снабдувањето со вода за пиење, рече Бербок.
Таа додаде дека успехот на безбедносната стратегија зависи и од поддршката на целото општество, од општините, болниците и компаниите. Меѓу другото, задача на стопанството би била да се грижи да има доволно количество клучни суровини.
Нападот на Русија врз Украина ни покажа дека мирот и безбедноста не се вредности што паднале од небо, туку мора да се грижиме за нив, рече Бербок.
Министерот за финансии Кристијан Линднер нагласи дека безбедноста на Германија има и финансиска димензија.
Фискалните резерви во време на криза овозможуваат дејствување, што се покажа за време на пандемијата на коронавирус и шокот поради наглото зголемување на цените на енергијата, рече Линднер.
Коалициската влада на социјалдемократите, зелените и либералите ја вклучи стратегијата за национална безбедност во својот коалициски договор, кој беше потпишан неколку месеци пред рускиот напад врз Украина. Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ ја критикуваше стратегијата за национална безбедност во оваа форма и бара воведување на Совет за национална безбедност кој, доколку е потребно, подобро ќе ги координира активностите на федерално ниво и на ниво на сојузни покраини и општини.

The post Германија за првпат во историјата доби стратегија за национална безбедност appeared first on Република.

]]>
Брнз: Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brnz-namaluvanjeto-na-korupcijata-ja-zajaknuva-nacionalnata-bezbednost/ Fri, 08 Apr 2022 08:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=485191

Вашингтон гледа напредок во борбата против корупцијата во Македонија, особено во делот на транспарентноста и отчетноста. Сепак, како што изјави американската амбасадорка во земјава, останува уште многу работа која треба да се заврши. Корупцијата, според Кејт Брнз која настапи на регионален форум што се одржа во Скопје, има разни форми и може да се манифестира на сите нивоа – од најниско, до највисоко. Предупреди дека оваа појава има огромни последици врз стабилноста на секоја држава.

Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем поради корумпирани административци или коруптивни практики, тоа има негативен ефект врз општеството. Корупцијата води кон лажни, па дури и кон насилни наративи. Корупцијата ја еродира довербата на граѓаните во институциите. Белата куќа кажа дека антидемократските сили ја користат корупцијата како оружје за да ги искористат слабостите и поделбите меѓу слободните држави, изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

Слична е позицијата и на Брисел – дека подложноста на корупцијата во една земја ја отвора можноста за негативни надворешни влијанија.

Руската војна во Украина повеќе од кога било го потенцира значењето на отпорноста и на стабилните општества. Убедени сме дека доброто владеење и владеењето на правото, како и солидните демократски институции се клучни за општеството. Во ЕУ борбата против корупцијата е синоним за модел на општество кое ние го претставуваме и кон кое се стремиме. Централно е владеењето на правото врз кое нашата заедница се темели, рече Алан Џонс од Европската комисија.

Но, се слушнаа критики и на адреса на Унијата – дека недоволно ги поддржува антикорупциските политики, не само во регионот, туку и во одредени земји членки.

Треба да се зацврсти гласот против корупцијата. Но, ние такви гласови во регионот не гледаме. Такви лидери не само што не гледаме на Западен Балкан, туку не гледаме ниту во новите земји-членки на ЕУ. Би рекол дека не ги гледаме ниту во антикорупциската политика на Унијата што ја имавме во изминатите 10 години, вели Руслан Стефанов од Центарот за истражување на демократијата во Софија.

Во ланскиот извештај за земјава Европската комисија јасно побара зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена поддршка за надлежните тела и на обвинителството за гонење организиран криминал, како и носење повеќе пресуди во предмети за корупција на високо ниво.

The post Брнз: Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност appeared first on Република.