Национален саем на храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalen-saem-na-hrana/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Nov 2022 07:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национален саем на храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalen-saem-na-hrana/ 32 32 Прв Национален саем за храна во сабота во Градскиот парк https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/prv-nacionalen-saem-za-hrana-vo-sabota-vo-gradskiot-park/ Tue, 08 Nov 2022 07:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=571209

Оваа сабота (12 ноември) во Градскиот парк, од 11 до 16 часот ќе се одржи првиот Национален саем за храна и пијалоци насловен со слоганот „Вкуси ја традицијата“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија

Станува збор за голема манифестација што ќе го претстави она по што нашата земја е позната и надвор од границите: храната од над 200 производители од 40 локални здруженија од целата Македонија, што заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономијата. Претставувањето на домашното произвотство на храна и пијалоци значи широка лепеза на производи каде се опфатени сите потсектори од земјоделското произвотство: вино, ракија, ликери, маџун, мед и медни производи, јаболка, природни сокови, органски производи, домашна приготвена храна, млечни производи, јагнешко месо, разни видови домашни слатка, путер од лешник, бадем, кикирики..., потоа, сирење, кашкавал, зимници, масла, тартуфи, сувомеснати производи..., „homemade“ традиционални деликатеси, што имаат за цел да потсетат на традицијата, поврзаноста и мултифункционалноста на храната.

На Националниот саем во Градски парк ќе ги видиме и производите на претставниците на Слоу фуд Македонија, кои ја негуваат клаузулата за добра, чиста и правична храна, глобално размислување и локално дејствување.

Покрај добрата храна, на „Вкуси ја традицијата“ ќе има и добра музика- ќе настапат групата „Љубојна“ и ди-џеј Мац а влезот е бесплатен.

The post Прв Национален саем за храна во сабота во Градскиот парк appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота (12 ноември) во Градскиот парк, од 11 до 16 часот ќе се одржи првиот Национален саем за храна и пијалоци насловен со слоганот „Вкуси ја традицијата“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија Станува збор за голема манифестација што ќе го претстави она по што нашата земја е позната и надвор од границите: храната од над 200 производители од 40 локални здруженија од целата Македонија, што заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономијата. Претставувањето на домашното произвотство на храна и пијалоци значи широка лепеза на производи каде се опфатени сите потсектори од земјоделското произвотство: вино, ракија, ликери, маџун, мед и медни производи, јаболка, природни сокови, органски производи, домашна приготвена храна, млечни производи, јагнешко месо, разни видови домашни слатка, путер од лешник, бадем, кикирики..., потоа, сирење, кашкавал, зимници, масла, тартуфи, сувомеснати производи..., „homemade“ традиционални деликатеси, што имаат за цел да потсетат на традицијата, поврзаноста и мултифункционалноста на храната. На Националниот саем во Градски парк ќе ги видиме и производите на претставниците на Слоу фуд Македонија, кои ја негуваат клаузулата за добра, чиста и правична храна, глобално размислување и локално дејствување. Покрај добрата храна, на „Вкуси ја традицијата“ ќе има и добра музика- ќе настапат групата „Љубојна“ и ди-џеј Мац а влезот е бесплатен.

The post Прв Национален саем за храна во сабота во Градскиот парк appeared first on Република.

]]>