Национален ден на канадски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalen-den-na-kanadski-film/ За подобро да се разбереме Thu, 05 May 2022 07:13:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национален ден на канадски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacionalen-den-na-kanadski-film/ 32 32 Наместо подигнување крстови и обележја со двоглави орли би било добро и Македонија да воспостави национален ден на филмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/namesto-podignuvanje-krstovi-i-obelezja-so-dvoglavi-orli-bi-bilo-dobro-i-makedonija-da-vospostavi-nacionalen-den-na-filmot/ Thu, 05 May 2022 07:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=497823

Со проекцијата на филмот „Трчај, жено трчај“ од Зои Ли Хопкинс, со Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк и Гери Фарм во главните улоги, синока во Кинотека за прв пат и во Македонија беше одбележан националниот Ден на канадски филм. На проекцијата присуствуваа претставници на културниот и политичкиот живот во земјава, филмски работници, дипломати и бројни љубители на филмската уметност.

Деветото издание на Денот на канадскиот филм, организирано од REEL CANADA, по две години „онлајн“ презентации,  ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Директорот на Кинотека, Владимир Ангелов направи споредба со подигнувањето крстови и обележја со двоглави орли од десетици метри кај нас, и постоењето на национален ден на филмот во Канада.

Тој посочи дека „лесно“ го избрал овој филм меѓу понудените три наслови, меѓу останатато и бидејќи е реализиран од режисерка, и дека би било добро и Македонија да воспостави национален ден на филмот, а потоа го најави обраќањето на Н.Е. Дејвид Морган, заменик шеф и советник на мисијата на Амбасадата на Канада.

Н.Е. Дејвид Морган посочи дека Генералниот гувернер на Канада, нејзината екселенција Мари Симон, е почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм, кој се одржува на 20 април или околу тој датум. Нејзиното официјално видео-обраќање се прикажува пред секоја проекција годинава.

Фокусот за 2022 е „Славење на домородните гласови“, презентиран во соработка со „imagine NATIVE film“ и „Медиа Артс Фестивал“, се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада.

Канада е многу горда на своите домородни корени и Михаве-јазикот што се користи во филмот,кој е само еден од повеќе од стотина домородни јазици кои се користат низ цела Канада, истакна Н.Е. Морган.

ТРЧАЈ, ЖЕНО, ТРЧАЈ е магичен „анти-ром ком“ за Бек (Хеберт), ожалостена самохрана мајка која ја изгубила страста за животот и нејзиниот Мохаве-јазик по смртта на нејзината мајка. Бек завршува во болница каде се буди од шеќерна кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“. Наместо да смогне сили и да преземе контрола над сопствениот живот, Бек бега од проблемите и се отуѓува од семејството. Сама и напуштена Бек мора да ги придобие. Конечно го послушува нејзиниот духовен водач, кој ја поттикнува, исмева и на крајот ја инспирира да стане тркач. Бек учи да трча, но уште поважно учи да биде благодарна за животот. Со секоја трка ѝ оддава почит на земјата и нејзиното семејство, што повторно ѝ ја буди желбата да го научи нејзиниот Мохаве јазик.

На крајот од неговото обраќање Н.Е. Морган изрази најдлабока благодарност до посветениот тим на Кинотеката на чело со Владимир Ангелов, како и до членовите на Почесниот конзулат на Канада во Скопје на чело со госпоѓата Анета Антова Пешева за нивната драгоцена поддршка за овој уникатен културен настан.

 

The post Наместо подигнување крстови и обележја со двоглави орли би било добро и Македонија да воспостави национален ден на филмот appeared first on Република.

]]>

Со проекцијата на филмот „Трчај, жено трчај“ од Зои Ли Хопкинс, со Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк и Гери Фарм во главните улоги, синока во Кинотека за прв пат и во Македонија беше одбележан националниот Ден на канадски филм. На проекцијата присуствуваа претставници на културниот и политичкиот живот во земјава, филмски работници, дипломати и бројни љубители на филмската уметност.

Деветото издание на Денот на канадскиот филм, организирано од REEL CANADA, по две години „онлајн“ презентации,  ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Директорот на Кинотека, Владимир Ангелов направи споредба со подигнувањето крстови и обележја со двоглави орли од десетици метри кај нас, и постоењето на национален ден на филмот во Канада. Тој посочи дека „лесно“ го избрал овој филм меѓу понудените три наслови, меѓу останатато и бидејќи е реализиран од режисерка, и дека би било добро и Македонија да воспостави национален ден на филмот, а потоа го најави обраќањето на Н.Е. Дејвид Морган, заменик шеф и советник на мисијата на Амбасадата на Канада. Н.Е. Дејвид Морган посочи дека Генералниот гувернер на Канада, нејзината екселенција Мари Симон, е почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм, кој се одржува на 20 април или околу тој датум. Нејзиното официјално видео-обраќање се прикажува пред секоја проекција годинава. Фокусот за 2022 е „Славење на домородните гласови“, презентиран во соработка со „imagine NATIVE film“ и „Медиа Артс Фестивал“, се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада.
Канада е многу горда на своите домородни корени и Михаве-јазикот што се користи во филмот,кој е само еден од повеќе од стотина домородни јазици кои се користат низ цела Канада, истакна Н.Е. Морган.
ТРЧАЈ, ЖЕНО, ТРЧАЈ е магичен „анти-ром ком“ за Бек (Хеберт), ожалостена самохрана мајка која ја изгубила страста за животот и нејзиниот Мохаве-јазик по смртта на нејзината мајка. Бек завршува во болница каде се буди од шеќерна кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“. Наместо да смогне сили и да преземе контрола над сопствениот живот, Бек бега од проблемите и се отуѓува од семејството. Сама и напуштена Бек мора да ги придобие. Конечно го послушува нејзиниот духовен водач, кој ја поттикнува, исмева и на крајот ја инспирира да стане тркач. Бек учи да трча, но уште поважно учи да биде благодарна за животот. Со секоја трка ѝ оддава почит на земјата и нејзиното семејство, што повторно ѝ ја буди желбата да го научи нејзиниот Мохаве јазик. На крајот од неговото обраќање Н.Е. Морган изрази најдлабока благодарност до посветениот тим на Кинотеката на чело со Владимир Ангелов, како и до членовите на Почесниот конзулат на Канада во Скопје на чело со госпоѓата Анета Антова Пешева за нивната драгоцена поддршка за овој уникатен културен настан.
 

The post Наместо подигнување крстови и обележја со двоглави орли би било добро и Македонија да воспостави национален ден на филмот appeared first on Република.

]]>