нација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacija/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Oct 2022 15:21:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nacija/ 32 32 Обраќање на Вучиќ кон нацијата од Палатата „Србија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obrakjanje-na-vuchikj-kon-nacijata-od-palatata-srbija/ Sat, 08 Oct 2022 15:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=558831

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќање кон нацијата од Палатата „Србија“ кажа дека на маса има предлог од Франција и Германија за Косово кој предвидува Приштина да стане членка на Обединетите Нации (ОН), без формално признавање од Белград.

Не можам да зборувам за деталите на тој документ, но суштината е дека Србија му дозволува на Косово да влезе во сите меѓународни институции, вклучително и ОН, а Србија за тоа, не е прецизирано, ќе добие брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“, рече Вучиќ.

Меѓутоа, како што рече, Србија е спремна да разговара, но членството на Косово во ОН е неприфатливо за Белград. Според неговата изјава, тоа ќе сноси „свои последици“ бидејќи целата идеја се заснова на Србија, без формално признавање, покаже дека е согласна со членството на Косово во ОН.

За прашањето со Косово, тој рече и дека меѓународното право одамна е погазено и дека постои само „правото на посилниот“, но според него на Србија и преостанува и понатаму да се повикува на меѓународното право.

Во овој момент имаме осум ноти за повлекување на признавањето на Косово, ќе продолжиме да работи на тоа, рече српскиот претседател посочувајќи дека тоа е тежок процес бидејќи големите сили дополнително ќе напаѓаат поради секоја таква одлука.

Тој истакна дека на 2 и 3 ноември се очекува министрите во Советот на Европа да донесат одлука за почеток на процесот за прием на Косово во Советот.

Политиката на нашата земја е дека може да ни земат се, да ни направат се, но ние ќе се бориме со сета своја сили, политички и правно, со цел да ја зачуваме земјата, своите граници и територијалниот интегритет. Шансите ни се мали, рече Вучиќ.

The post Обраќање на Вучиќ кон нацијата од Палатата „Србија“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќање кон нацијата од Палатата „Србија“ кажа дека на маса има предлог од Франција и Германија за Косово кој предвидува Приштина да стане членка на Обединетите Нации (ОН), без формално признавање од Белград.
Не можам да зборувам за деталите на тој документ, но суштината е дека Србија му дозволува на Косово да влезе во сите меѓународни институции, вклучително и ОН, а Србија за тоа, не е прецизирано, ќе добие брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“, рече Вучиќ.
Меѓутоа, како што рече, Србија е спремна да разговара, но членството на Косово во ОН е неприфатливо за Белград. Според неговата изјава, тоа ќе сноси „свои последици“ бидејќи целата идеја се заснова на Србија, без формално признавање, покаже дека е согласна со членството на Косово во ОН. За прашањето со Косово, тој рече и дека меѓународното право одамна е погазено и дека постои само „правото на посилниот“, но според него на Србија и преостанува и понатаму да се повикува на меѓународното право.
Во овој момент имаме осум ноти за повлекување на признавањето на Косово, ќе продолжиме да работи на тоа, рече српскиот претседател посочувајќи дека тоа е тежок процес бидејќи големите сили дополнително ќе напаѓаат поради секоја таква одлука.
Тој истакна дека на 2 и 3 ноември се очекува министрите во Советот на Европа да донесат одлука за почеток на процесот за прием на Косово во Советот.
Политиката на нашата земја е дека може да ни земат се, да ни направат се, но ние ќе се бориме со сета своја сили, политички и правно, со цел да ја зачуваме земјата, своите граници и територијалниот интегритет. Шансите ни се мали, рече Вучиќ.

The post Обраќање на Вучиќ кон нацијата од Палатата „Србија“ appeared first on Република.

]]>
Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/charls-vecherva-kje-se-obrati-na-nacijata-a-utre-kje-bide-proglasen-za-kral/ Fri, 09 Sep 2022 07:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=548928

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет.

Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон.

По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.

 

The post Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал appeared first on Република.

]]>

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет. Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми. По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон. По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата. Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.  

The post Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал appeared first on Република.

]]>