Начевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nachevski/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Jan 2023 18:16:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Начевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nachevski/ 32 32 Николов и Начевски ќе го судат финалето на СП 2023 https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/nikolov-i-nachevski-ke-go-sudat-finaleto-na-sp-2023/ Sun, 29 Jan 2023 19:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=602354

Македонија ќе биде дел од финалето на СП 2023 година. Таа чест ја имаат најдобрите судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои се делегирани да бидат дел од завршната манифестација во Шведска каде за златниот медал ќе се борат репрезентациите на Франција и Данска.

Финалниот меч е закажан за 21 часот на „Теле 2 Аренат“ во Стокхолм, што е всушност фудбалско игралиште кое е преуредено со дополнителни две трибини и таму ќе се игра мечот за златото.

Зрелото судење на Николов и Начевски повеќе сезони е препознаено и наградувано од страна на ЕХФ со делегирање на различни дерби среди, а не ретко истата двојка ја повикуваат да суди и дерби средби од националните првенства на некои земји како доказа дека професионално ќе ја завршат задачата – да се има фер, неутрално и правилно судење.

Ова ќе биде трето финале во низа на Македонците, кои исто така ја делеа правдата и на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021. Ова ги прави меѓу ретките, ако не и единствени што суделе на сите три големи ракометни турнири, и тоа во низа. Успех што досега никому не му успеало со македонско знаме зад името.

Тие зад себе имаат финале и во Купот на ЕХФ и во КПК. Им отанува само уште финале на Ф4 во машка или женска конкуренција за да ги комплетираат сите можни финалиња на најдобриот ракомет.

Дополнително уште еден Македонец ќе биде финалниот ден, но во меч за бронзата, а тоа е делегатот Драган Начевски, на мечот Шпанија – Шведска.

Македонските судии досега „свиреа“ одлично на сите натпревари во групната и главната рунда на Мундијалот, па по потреба летаа прво во Шведска, па потоа во Полска, па повторно во Шведска на финалниот викенд. Судеа и меч од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, a за сите мечеви освен од официјалните лица, добија одлично критики и од актерите на теренот.

The post Николов и Начевски ќе го судат финалето на СП 2023 appeared first on Република.

]]>

Македонија ќе биде дел од финалето на СП 2023 година. Таа чест ја имаат најдобрите судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои се делегирани да бидат дел од завршната манифестација во Шведска каде за златниот медал ќе се борат репрезентациите на Франција и Данска. Финалниот меч е закажан за 21 часот на „Теле 2 Аренат“ во Стокхолм, што е всушност фудбалско игралиште кое е преуредено со дополнителни две трибини и таму ќе се игра мечот за златото. Зрелото судење на Николов и Начевски повеќе сезони е препознаено и наградувано од страна на ЕХФ со делегирање на различни дерби среди, а не ретко истата двојка ја повикуваат да суди и дерби средби од националните првенства на некои земји како доказа дека професионално ќе ја завршат задачата – да се има фер, неутрално и правилно судење.
Ова ќе биде трето финале во низа на Македонците, кои исто така ја делеа правдата и на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021. Ова ги прави меѓу ретките, ако не и единствени што суделе на сите три големи ракометни турнири, и тоа во низа. Успех што досега никому не му успеало со македонско знаме зад името. Тие зад себе имаат финале и во Купот на ЕХФ и во КПК. Им отанува само уште финале на Ф4 во машка или женска конкуренција за да ги комплетираат сите можни финалиња на најдобриот ракомет. Дополнително уште еден Македонец ќе биде финалниот ден, но во меч за бронзата, а тоа е делегатот Драган Начевски, на мечот Шпанија – Шведска. Македонските судии досега „свиреа“ одлично на сите натпревари во групната и главната рунда на Мундијалот, па по потреба летаа прво во Шведска, па потоа во Полска, па повторно во Шведска на финалниот викенд. Судеа и меч од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, a за сите мечеви освен од официјалните лица, добија одлично критики и од актерите на теренот.

The post Николов и Начевски ќе го судат финалето на СП 2023 appeared first on Република.

]]>
Горан Начевски: Привилегија е да се настапува на истата сцена на која настапиле имиња како Погорелиќ, Хворостовски, Карерас и многу други врвни светски имиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/goran-nachevski-privilegija-e-da-se-nastapuva-na-istata-scena-na-koja-nastapile-iminja-kako-pogorelikj-hvorostovski-kareras-i-mnogu-drugi-vrvni-svetski-iminja/ Wed, 13 Jul 2022 08:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=527929

Извонредните вокални гласови на италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Македонија и под диригентската палка на Лоренцо Бицари вчеравечер на Античкиот театар го означија почетокот на 62-ро „Охридско лето“ .

Прогласувајќи го фестивалот за отворен, покровителот на  „Охридско лето“, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, рече дека уметноста  не треба да се сфати како бегство од животот, туку напротив, како моќна алатка којашто ќе ни ја овозможи уметноста на живеењето.

Благодарение на најреномираната културна манифестација кај нас – фестивалот „Охридско лето“, повеќе од шест децении сме сведоци на извонредни изведби на меѓународно признати и познати уметници. Од особено значење е што на програмата на „Охридско лето“ се присутни и врвните македонски музички и театарски уметници, чиишто креации ѝ се добро познати и на домашната и на светската публика. Конечно, по две години, во коишто пандемијата оневозможи вистинска фестивалска атмосфера и влијаеше врз фестивалската програма, „Охридско лето“ со квалитетна понуда на музички и на сценски настани се враќа на достоинствен начин, којшто и единствено му прилега, истакна покровителот на фестивалот „Охридско лето“,  Претседателот  Стево Пендаровски.

„Охридско лето“, репрезент  на македонската култура и уметност го носи приматот како најзначајна  музичко-сценска манифестација благодарение на огромната поддршка од Владата на Република Македонија преку ресорното Министерство за култура. Обраќајќи се пред многубројната публика, Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која нагласи дека „Охридско лето“ е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската и светската култура.

„Охридско лето“ е благослов. Создадено од стравопочитна далга на уметнички емоции преку кои се роди далековидо „големо и нешто што ќе трае“. А се роди во врвната акустика на Света Софија, преку ехото на Самуиловата тврдина, за да трае и во овој Антички театар покриен од пластови македонска историја, културно богатство чие откопување почна пред 45 години. Нема педа од македонската земја под која нема запис од цивилизациите, од вековите, од нашето минато, од нашиот историски и културен идентитет. И врнело и грмело, и ниту уметниците ниту публиката ги напуштале сцената и столчињата. Такво е „Охридско лето“. Секоја година сè подлабоко во нашите срца, секоја година сè повисоко во дострелите и сè подалеку со добриот глас.И се издигна „Охридско лето“ во врвен културен настан, достоен за светско внимание, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Уметничката порака на фестивалот годинава ја пренесе македонскиот композитор и музички уметник Горан Начевски.

Привилегија е да се настапува на истата сцена на која настапиле имиња како Погорелиќ, Хворостовски, Карерас и многу други врвни светски имиња. Искрено, за мене како композитор и оперски пејач би било полесно да ја пратам уметничката порака во форма на соната, симфонија, опера или пак преку настап на концерт, но вечерва таа нека ги содржи зборовите кои се синоним за уметност: љубов, радост, спокој, алтруизам, разбирање, копнеж, пожртвуваност, решителност, упорност, поддршка, инспирација, среќа, пријателства, насмевки и конечно мир во светот без кој човештвото нема иднина, како и достоинствен живот на сите луѓе. Да живее уметноста, и уште многу години фестивал Охридско лето, кажа Начевски.

Богатата историја на Охридско лето, од далечната 1961 година, започна благодарение на уметничката интуиција и творечката иницијатива на истакнатата вокална солистка Ана Липша-Тофовиќ која го одржа историскиот концерт под сводовите на прекрасната Света Софија.

На фестивалската сцена на „Охридско лето“ изминативе 62 години одржани се над три илјади приредби со повеќе од 50 илјади уметници од сите страни на светот, возбудливи изданија следени од милионска публика. Тоа е потврда дека Фестивалот по својата единственост, уникатност и неповторливост е еден од столбовите на македонската културна традиција.

 

The post Горан Начевски: Привилегија е да се настапува на истата сцена на која настапиле имиња како Погорелиќ, Хворостовски, Карерас и многу други врвни светски имиња appeared first on Република.

]]>

Извонредните вокални гласови на италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Македонија и под диригентската палка на Лоренцо Бицари вчеравечер на Античкиот театар го означија почетокот на 62-ро „Охридско лето“ . Прогласувајќи го фестивалот за отворен, покровителот на  „Охридско лето“, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, рече дека уметноста  не треба да се сфати како бегство од животот, туку напротив, како моќна алатка којашто ќе ни ја овозможи уметноста на живеењето.
Благодарение на најреномираната културна манифестација кај нас – фестивалот „Охридско лето“, повеќе од шест децении сме сведоци на извонредни изведби на меѓународно признати и познати уметници. Од особено значење е што на програмата на „Охридско лето“ се присутни и врвните македонски музички и театарски уметници, чиишто креации ѝ се добро познати и на домашната и на светската публика. Конечно, по две години, во коишто пандемијата оневозможи вистинска фестивалска атмосфера и влијаеше врз фестивалската програма, „Охридско лето“ со квалитетна понуда на музички и на сценски настани се враќа на достоинствен начин, којшто и единствено му прилега, истакна покровителот на фестивалот „Охридско лето“,  Претседателот  Стево Пендаровски.
„Охридско лето“, репрезент  на македонската култура и уметност го носи приматот како најзначајна  музичко-сценска манифестација благодарение на огромната поддршка од Владата на Република Македонија преку ресорното Министерство за култура. Обраќајќи се пред многубројната публика, Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која нагласи дека „Охридско лето“ е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската и светската култура.
„Охридско лето“ е благослов. Создадено од стравопочитна далга на уметнички емоции преку кои се роди далековидо „големо и нешто што ќе трае“. А се роди во врвната акустика на Света Софија, преку ехото на Самуиловата тврдина, за да трае и во овој Антички театар покриен од пластови македонска историја, културно богатство чие откопување почна пред 45 години. Нема педа од македонската земја под која нема запис од цивилизациите, од вековите, од нашето минато, од нашиот историски и културен идентитет. И врнело и грмело, и ниту уметниците ниту публиката ги напуштале сцената и столчињата. Такво е „Охридско лето“. Секоја година сè подлабоко во нашите срца, секоја година сè повисоко во дострелите и сè подалеку со добриот глас.И се издигна „Охридско лето“ во врвен културен настан, достоен за светско внимание, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.
Уметничката порака на фестивалот годинава ја пренесе македонскиот композитор и музички уметник Горан Начевски.
Привилегија е да се настапува на истата сцена на која настапиле имиња како Погорелиќ, Хворостовски, Карерас и многу други врвни светски имиња. Искрено, за мене како композитор и оперски пејач би било полесно да ја пратам уметничката порака во форма на соната, симфонија, опера или пак преку настап на концерт, но вечерва таа нека ги содржи зборовите кои се синоним за уметност: љубов, радост, спокој, алтруизам, разбирање, копнеж, пожртвуваност, решителност, упорност, поддршка, инспирација, среќа, пријателства, насмевки и конечно мир во светот без кој човештвото нема иднина, како и достоинствен живот на сите луѓе. Да живее уметноста, и уште многу години фестивал Охридско лето, кажа Начевски.
Богатата историја на Охридско лето, од далечната 1961 година, започна благодарение на уметничката интуиција и творечката иницијатива на истакнатата вокална солистка Ана Липша-Тофовиќ која го одржа историскиот концерт под сводовите на прекрасната Света Софија. На фестивалската сцена на „Охридско лето“ изминативе 62 години одржани се над три илјади приредби со повеќе од 50 илјади уметници од сите страни на светот, возбудливи изданија следени од милионска публика. Тоа е потврда дека Фестивалот по својата единственост, уникатност и неповторливост е еден од столбовите на македонската културна традиција.  

The post Горан Начевски: Привилегија е да се настапува на истата сцена на која настапиле имиња како Погорелиќ, Хворостовски, Карерас и многу други врвни светски имиња appeared first on Република.

]]>