началник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nachalnik/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 09:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png началник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nachalnik/ 32 32 Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nachalnik-faten-kako-ne-plaka-patarini-ke-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzhba/ Wed, 06 Nov 2024 09:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=834650

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштува МВР.

Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.

https://youtu.be/T7ITbsKhyyM?si=IhfaM7JswZFtwCxL

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

The post Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштува МВР.
Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација. https://youtu.be/T7ITbsKhyyM?si=IhfaM7JswZFtwCxL Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

The post Началник фатен како не плаќа патарини ќе се гони за злоупотреба на служба appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на полицијата поднесе кривична против началник од Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsijata-podnese-krivichna-protiv-nachalnik-od-delchevo/ Thu, 28 Mar 2024 10:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=759685

Синдикат на Македонска Полиција (СМП) до ОЈО за ГОКК Скопје поднесе кривична пријава против лицето В.С од Делчево - Началник на одделение во организациска единица при Регионален Центар за Гранични Работи Исток а кој во периодот на сторување на казненото дело бил назначен и ангажиран како „Заменик претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одоговорност во ОГРМ, РЦ за ГР Север и РЦ з ГР Исток” и Членовите на комисијата, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Имено, во деновите 06.12.2022г, 28.02.2023г, 29.08.2023г и 01.09.2023г, во четири последователни наврати, првопријавениот, во својство на овластено службено лице - Заменик претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност во ОГРМ, РЦ за ГР Север и РЦ за ГР Исток, организирал закажување и одржување на дисциплински расправи за предмети со извршени  „фингирани повреди” од како наводно сторени на денови а во кои работник и синдикален претставник, воопшто и не бил на работното место односно при неговото користење на (Одмор) оправдано отсуство од работа, од страна на В.С е извршено грубо незаконско и недозволено вмешување во работата на Синдикат, со тоа што истиот постапил од интерес за остварување на  некаква  корист, кога им удоволил остварување  (приватен интерес) на две физички лица - Министер за внатрешни работи (Оливер Спасовски) и на лицето О.К синдикален претставник/претседател на СПМ, со тоа што овозможил да со невистинити наводи се изврши незаконита постапка при ненадлежност за утврдување на институтите  „Навреда и Клевета” со кое извршил класична и еклатантна злоупотреба на службена положба и овластување при вршењето на работи кога: Истиот извршил повреда на законските прописи и пропуштање на должниот надзор за  прибавување на корист за себе и друг, и со употреба  на дискреционо  овластување преку потешко повредување на  правата  за очигледна  намера  прибавување на корист  со  нанесување  штета на друг - спротивно на чл. 67 ст 1 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси (Сл весник на РМ,12/2019), велат од СПМ.

Со ова, потенцираат од СПМ, пријавениот заменик претседател на комисија грубо ја прекршил, односно намерно не ја испочитувал императивната законска обврска за должно пријавување на приватен интерес - стипулирана во чл. 73 од цитираниот ЗСКСИ (2019), како антикорупциски  lex specialis,  па против  законски  се самопределил во месно стварно надлежен  орган  за утврдување на одоговорност за наводно изнесени некакви навреди од страна на (синдикален претставник) - на начин  со постирање на изјави (укажување на незаконско и непрофесионално постапување) преку  социјални мрежи и за кое пријавениот  превземал дејствија од утврдување на нанесена  штета на честа и угледот на физичко и правно лице  од  институтите “Навреда и Клевета” спротивно на чл. 21 од Законот за граѓанска одоговорност за навреда и клевета.

Првопријавениот  заедно со второ пријавените - членовите на комисијата со цел да го остварат интересот за себе извршиле упишување на службено патување за (дневници) и прекувремени  работни часови  со цел  да се стекнат со материјална корист овозможувајќи си додатоци кои ги пријавиле за исплата на повисока плата, за што  пријавените свесно и го пропуштиле должниот надзор. Истовремено, со ова неморално, непрофесионално и незаконито  дејствие кое го превземале  првопријавениот и второ пријавените , иако неможеле и несмееле да го превземат - тие  го повредиле  обрзувачкиот чл 7 од ЗВР - Начело на законитост (Работниците во Министерството) ги вршат работите и работните задачи во согласност со Уставот на Република Македонија, закон, други прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија), чл.4 ст.6 од Етичкиот Кодекс за Однесување на Работниците во МВР - (Постапување согласно овластувањата и статусот). како и чл.7 од ЕКОР во МВР, при постапување во конкретни предмети и донесување на конкретни одлуки работниците не се раководат  од погрешна, неправилна  и неразумна оцена на фактичката состојба заради предрасуди, остварување на амбиции за напредување во кариерата, судир на интереси, закани од претпоставените работници или лицата кои се засегнати во конретниот случај), велат од СПМ.

Потенцираат дека пријавените, иако знаеле односно морале да знаат дека заедно превземаат  незаконити  дејствија од недозволено изигрување на правните прописи  со примена и употреба на Упатство  за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во МВР, кое што нема стекнато правноважечки статус, а кое  воопшто не ги содржи потребните правни елементи што треба еден акт да го направат пропис и кој не е објавен во службеното  гласило  на Службен весник на Република Македонија, со вака преземените дејствија,  свесно постапувајќи на штета на министерството, интересите на службата и нејзиното правилно исполнување ги супституирале со интересите на трети лица.

Сите пријавени организирано постапиле во спротивно  од  совесно должно  постапување, со тоа што истите иако месно стварно ненадлежни  се ставиле во улога на надлежен суд за да утврдуваат наводно нанесена штета по” Углед на физичко и правно лице” и кога  првопријавениот ја искористил функцијата со вршење на влијание за  местење на исходи  од цел изрекување на ПАРИЧНИ КАЗНИ и тоа повеќекратно од 4 (пати) во ист  предложен износ од минус  15% од последна исплатена месечна нето плата во траење од 6 (шест) месеци, со што и сакано на оштетениот полициски службеник и синдикален претставник -Д.С злонамерно му е предизвикана и нанесена  материјална штета во вкупна висина од околу 100.000 денари, како и друга нематеријална штета. Во однос на вршењето на злоупотреби на службени положби и овластувања во МВР за попречување и кршење на работните права, сакаме да потсетиме дека во периодот од 2017г до 2023г највисокото раководство со иницирање во овој период  на  предизвикување тужби, од буџетот на РМ се исплатени надоместоци на штети  по разни основи во висина од над 22 милиони евра, велат од СПМ.

СМП ја повикува внатрешната конторола на МВР непристрасно да го истражи наведеното  и  откако ќе ја утврди фактичката состојба против посочените да превземе соодветни мерки за изрекување на  најстроги санкции.

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична против началник од Делчево appeared first on Република.

Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nachalnikot-na-germanskata-armija-predupredi-deka-vojnata-vo-ukraina-mozhe-da-eskalira/ Tue, 03 Oct 2023 16:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=687583

Началникот на германската армија, генерал Карстен Бројер, предупреди дека војната во Украина може да ескалира и повика на зголемување на одбранбените способности на Германија и НАТО, јави ДПА.

Бројер, кој е главен инспектор на Бундесверот, спомена дека некои знаци во поставувањето пред анексијата на Крим во 2014 година и минатогодишната инвазија на Украина од страна на Русија, тогаш не биле земени предвид, а требало.

„Германија не беше во состојба да излезе од својата комфорна зона и не сакаше да верува дека тоа може да се случи“, истакна тој во говорот во пресрет на денешниот национален празник на Германија.

Според него, „резултатот е дека Берлин сега мора да ги поддржи земјите кои може да се гледаат како линија на фронтот“, и тоа го прави, на пример, како што посочи, со распоредување бригада во Литванија.

„Руската нелегална инвазија на Украина ја изнесе во преден план важноста да се има борбено подготвени сили“, рече Бројер на приемот што го организираше постојаниот претставник на Германија во НАТО, Геза Андреас фон Гер.

Тој истакна дека порано било потребно „стратешко трпение и стратешка смиреност“, а дека денес е неопходна „брза реакција“.

Фон Гер исто така даде лоша прогноза за безбедносната ситуација во Европа.

„Москва одлучи да го врати системот на контрола и репресија. Воената агресија на Русија отвора ново, мрачно поглавје во историјата на континентот“, рече Фон Гер за војната што ја започна Кремљ во февруари 2022 година.

The post Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира appeared first on Република.

]]>

Началникот на германската армија, генерал Карстен Бројер, предупреди дека војната во Украина може да ескалира и повика на зголемување на одбранбените способности на Германија и НАТО, јави ДПА. Бројер, кој е главен инспектор на Бундесверот, спомена дека некои знаци во поставувањето пред анексијата на Крим во 2014 година и минатогодишната инвазија на Украина од страна на Русија, тогаш не биле земени предвид, а требало. „Германија не беше во состојба да излезе од својата комфорна зона и не сакаше да верува дека тоа може да се случи“, истакна тој во говорот во пресрет на денешниот национален празник на Германија. Според него, „резултатот е дека Берлин сега мора да ги поддржи земјите кои може да се гледаат како линија на фронтот“, и тоа го прави, на пример, како што посочи, со распоредување бригада во Литванија. „Руската нелегална инвазија на Украина ја изнесе во преден план важноста да се има борбено подготвени сили“, рече Бројер на приемот што го организираше постојаниот претставник на Германија во НАТО, Геза Андреас фон Гер. Тој истакна дека порано било потребно „стратешко трпение и стратешка смиреност“, а дека денес е неопходна „брза реакција“. Фон Гер исто така даде лоша прогноза за безбедносната ситуација во Европа. „Москва одлучи да го врати системот на контрола и репресија. Воената агресија на Русија отвора ново, мрачно поглавје во историјата на континентот“, рече Фон Гер за војната што ја започна Кремљ во февруари 2022 година.

The post Началникот на германската армија предупреди дека војната во Украина може да ескалира appeared first on Република.

]]>
МВР излезе со детали: Жител на Велешта со нож го избодел началникот на струшката полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-izleze-so-detali-zhitel-na-veleshta-so-nozh-go-izbodel-nachalnikot-na-strushkata-politsija/ Fri, 28 Jul 2023 18:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=666427

Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-nozh-izboden-nachalnikot-na-politsijata-vo-struga/

Димоски информира дека А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.

The post МВР излезе со детали: Жител на Велешта со нож го избодел началникот на струшката полиција appeared first on Република.

]]>

Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-nozh-izboden-nachalnikot-na-politsijata-vo-struga/ Димоски информира дека А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.

The post МВР излезе со детали: Жител на Велешта со нож го избодел началникот на струшката полиција appeared first on Република.

]]>
Со нож избоден началникот на полицијата во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-nozh-izboden-nachalnikot-na-politsijata-vo-struga/ Fri, 28 Jul 2023 18:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=666419

Избоден со нож е началникот на Струшката полиција Дритон Ајро. Како што неофицијално дознава „Охрид1“, напаѓачот кој е лице од струшко село е веднаш уапсен.

Охрид1“ пишува дека при бегството на местото каде се случил настанот, напаѓачот со возилото повредил случаен минувач.

Началникот е веднаш пренесен во струшката болница и е вон животна опасност.

The post Со нож избоден началникот на полицијата во Струга appeared first on Република.

]]>

Избоден со нож е началникот на Струшката полиција Дритон Ајро. Како што неофицијално дознава „Охрид1“, напаѓачот кој е лице од струшко село е веднаш уапсен. „Охрид1“ пишува дека при бегството на местото каде се случил настанот, напаѓачот со возилото повредил случаен минувач. Началникот е веднаш пренесен во струшката болница и е вон животна опасност.

The post Со нож избоден началникот на полицијата во Струга appeared first on Република.

]]>
Србија во шок: Началникот на психијатрија во Лесковац се сликал како специјалец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-vo-shok-nachalnikot-na-psihijatrija-vo-leskovats-se-slikal-kako-spetsijalets/ Sun, 07 May 2023 16:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=638053

Фотографии кои началникот на одделението за психијатрија во болницата во Лесковац, Горан Тојага ги објавил на социјалните мрежи, денеска ја обиколија Србија.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ му нареди на директорот на лесковачката Општа болница да преземе итни мерки поради фотографиите на лекарот и началникот на психијатрија.

Директорот на лесковачката Општа болница за белградските медиуми потрдил дека денеска му се јавила министерката и најави дека утре тој ќе разговара со лекарот. Тој додава дела Тојага е еден од најдобрите специјалисти во Лесковац и многу посветен лекар.

Тојага за еден српски портал изјавил дека станува збор за стари фотографии од пред корона вирусот.

The post Србија во шок: Началникот на психијатрија во Лесковац се сликал како специјалец appeared first on Република.

]]>

Фотографии кои началникот на одделението за психијатрија во болницата во Лесковац, Горан Тојага ги објавил на социјалните мрежи, денеска ја обиколија Србија. Министерката за здравство Даница Грујичиќ му нареди на директорот на лесковачката Општа болница да преземе итни мерки поради фотографиите на лекарот и началникот на психијатрија. Директорот на лесковачката Општа болница за белградските медиуми потрдил дека денеска му се јавила министерката и најави дека утре тој ќе разговара со лекарот. Тој додава дела Тојага е еден од најдобрите специјалисти во Лесковац и многу посветен лекар. Тојага за еден српски портал изјавил дека станува збор за стари фотографии од пред корона вирусот.