набљудувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabljuduvachi/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 07:32:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png набљудувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabljuduvachi/ 32 32 Изборите на 8 мај ќе ги следат 1078 домашни и 770 странски набљудувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/izborite-na-8-maj-ke-gi-sledat-1078-domashni-i-770-stranski-nabluduvachi/ Sat, 04 May 2024 07:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=773988

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.

Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено - социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје - 752, потоа Фондација Ромите за демократија - 151, Цивил - 82, Центарот за безбедносни истражувања - 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид - 20, Националниот ромски центар Куманово - 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово - 12 и Македонскиот центар за културен развој - еден набљудувач.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје - 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа - ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Македонија - 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија - Република Косово - 13, Европскиот парламент - 12 и други.

За информирање од изборите се акредитирани и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес...

Првиот круг од претседателските избори на 24 април го набљудуваа 1601 набљудувач односно 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.

The post Изборите на 8 мај ќе ги следат 1078 домашни и 770 странски набљудувачи appeared first on Република.

]]>

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено - социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје - 752, потоа Фондација Ромите за демократија - 151, Цивил - 82, Центарот за безбедносни истражувања - 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид - 20, Националниот ромски центар Куманово - 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово - 12 и Македонскиот центар за културен развој - еден набљудувач. Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје - 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа - ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Македонија - 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија - Република Косово - 13, Европскиот парламент - 12 и други. За информирање од изборите се акредитирани и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес... Првиот круг од претседателските избори на 24 април го набљудуваа 1601 набљудувач односно 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.

The post Изборите на 8 мај ќе ги следат 1078 домашни и 770 странски набљудувачи appeared first on Република.

]]>
Двојните избори ќе ги следат 320 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvojnite-izbori-ke-gi-sledat-320-nabluduvachi-na-obse-odihr/ Thu, 21 Mar 2024 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=757017

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава.

Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Стирк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22 избори во Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година.

ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори. Ние сме целосно непристрасни и се засноваме на факти. Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство. Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, рече амбасадорката Стирк.

Покрај главниот тим, ќе има група долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје.

Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите. Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите. Тие ќе дојдат непосредно пред изборите, 24 април и 8 мај, додаде амбасадорката Стирк.

На новинарско прашање дали предоцна беа усвоени препораките на ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на некои од измени на Изборниот законик, со оглед дека тие беа донесени пред само две недели и дали имаат време институциите да се подготват, шефицата на набљудувачката мисија вели дека сѐ уште се во фаза на анализирање.

Имавме иницијален состанок со ДИК, но ова е нашиот прв работен ден како набљудувачка мисија па почнуваме со овие проценки. Свесни сме за работата и претходните препораки, но сѐ уште не сме направиле целосна проценка. Сѐ уште сме во фазата на анализирање, но секако ова е едно од нештата коишто ќе бидат анализирани во рамките на нашата набљудувачка мисија, односно дали претходните препораки се земени предвид, рече амабасадорката Стирк.

Во однос на тоа дали е навистина зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли некакви сознанија дека се очекуваат некакви конфликти, Стирк нагласи дека бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите по реализираната посета во јануари годинава.

Има два вида избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број набљудувачи и бараме голем број набљудувачи низ двата вида избори. Како што кажав, ова се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите, рече шефицата на набљудувачката мисија, амбасадорката Стирк.

The post Двојните избори ќе ги следат 320 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава. Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Стирк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22 избори во Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година.
ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори. Ние сме целосно непристрасни и се засноваме на факти. Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство. Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, рече амбасадорката Стирк.
Покрај главниот тим, ќе има група долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје.
Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите. Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите. Тие ќе дојдат непосредно пред изборите, 24 април и 8 мај, додаде амбасадорката Стирк.
На новинарско прашање дали предоцна беа усвоени препораките на ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на некои од измени на Изборниот законик, со оглед дека тие беа донесени пред само две недели и дали имаат време институциите да се подготват, шефицата на набљудувачката мисија вели дека сѐ уште се во фаза на анализирање.
Имавме иницијален состанок со ДИК, но ова е нашиот прв работен ден како набљудувачка мисија па почнуваме со овие проценки. Свесни сме за работата и претходните препораки, но сѐ уште не сме направиле целосна проценка. Сѐ уште сме во фазата на анализирање, но секако ова е едно од нештата коишто ќе бидат анализирани во рамките на нашата набљудувачка мисија, односно дали претходните препораки се земени предвид, рече амабасадорката Стирк.
Во однос на тоа дали е навистина зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли некакви сознанија дека се очекуваат некакви конфликти, Стирк нагласи дека бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите по реализираната посета во јануари годинава.
Има два вида избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број набљудувачи и бараме голем број набљудувачи низ двата вида избори. Како што кажав, ова се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите, рече шефицата на набљудувачката мисија, амбасадорката Стирк.

The post Двојните избори ќе ги следат 320 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР appeared first on Република.

]]>
Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет организации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelskite-izbori-vo-rusija-ke-gi-nabluduvaat-delegatsii-od-36-zemji-i-pet-organizatsii/ Thu, 14 Mar 2024 11:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=754711

Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, изјави заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев.

Тој рече дека делегации од Асоцијацијата на меѓупарламентарните собранија на земјите од Југоисточна Азија, Централноамериканскиот парламент, Интерпарламентарното собрание на Комонвелтот на независни држави, Парламентарното собрание на Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Организацијата за исламска соработка ќе да бидат испратени на изборите.

Според него, за изборите биле акредитирани повеќе од 200 собраниски набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес.

Изборите во Русија ќе се одржат од утре до недела, 17 март.

The post Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет организации appeared first on Република.

]]>

Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, изјави заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев. Тој рече дека делегации од Асоцијацијата на меѓупарламентарните собранија на земјите од Југоисточна Азија, Централноамериканскиот парламент, Интерпарламентарното собрание на Комонвелтот на независни држави, Парламентарното собрание на Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Организацијата за исламска соработка ќе да бидат испратени на изборите. Според него, за изборите биле акредитирани повеќе од 200 собраниски набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес. Изборите во Русија ќе се одржат од утре до недела, 17 март.

The post Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет организации appeared first on Република.

]]>