набавка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabavka/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 18:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png набавка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabavka/ 32 32 Хеликоптерите на „Леонардо“ ќе ја чинат државава 249,9 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/helikopterite-na-leonardo-ke-ja-chinat-drzhavava-249-9-milioni-evra/ Fri, 29 Mar 2024 18:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=760243

Набавката на осум нови хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе изнесува 249,9 милиони евра и се очекува првата испорака да биде во втората половина од 2026 година, информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Петровска на денешната прес-конференција по посетата на центарот за обуки на пилоти во касарната во Петровец одговорајќи на новинарски прашања истакна дека цената ги опфаќа хеликоптерите, изградба на хангар, како и соодветна обука за пилотите.

Вкупната сума на набавката е 249,9 милиони евра тоа ги опфаќа осумте хеликоптери, двата вида кои веќе ги презентиравме. Меѓу другите договорени ставки е и изградба на хангар, тоа ќе биде обврска на компанијата „Леонардо“, која ќе треба да изгради соодветен хангар во кој ќе бидат чувани сите осум хеликоптери со специјални дополнителни простории, обезбедување на дренажери, часови за обука и обука во нивниот центар, односно нивната академија за обука на пилоти. Годината на достава е дефинирана, во договорот пишува дека ќе биде втората половина на 2026 година, така што од разговорите што ги имав и при потпишувањето на договорот и од разговорот со министерот добив уверување дека рокот на испорака ќе биде испочитуван. Затоа што согласно рокот на испорака понатаму зависат повеќе врзани процеси - изјави министерката.

Во однос на првичната цена која била предвидена за набавката, Петровска посочи дека изминатите години како и во останатите сегменти, така и во воената индустрија цените постојано растат.

Треба да се има предвид дека првичната цена која била предвидена за оваа набавка е од пред неколку години знаете дека за жал, изминатите години генерално во воената индустрија како и во сите останати сегменти растат постојано, така што мислам дека она што тимот успеа да го испреговара со компанијата да ги обезбеди сите оние потребни дополнителни опреми за непречено оперирање и извршување на сите задачи, мисии и операции на крај се постигнаа таа цена која е соопштена - појасни Петровска.

Додаде дека дел од хеликоптерите ќе бидат вооружени, но дека и останатиот дел ќе ја имаат можноста да бидат вооружени дополнително доколку се утврди потреба.

Рече дека двата хеликоптери кои биле пратени на ремонт во Чешката Ребулика ќе се вратат во некој од наредните денови, бидејќи ремонтот веќе бил завршен и сега се правеле финалните проверки.

Останатите кои не се пратени, ќе има набавка на делови со истата компанија и нашите техничари, механичари ќе ги опремуваат и тие ќе бидат во функција. Идејата е овие хеликоптери да бидат оперативни се додека не пристигнат новите, а тогаш согласно планот за модернизација секоја опрема која ќе биде заменета спаѓа во списокот на опрема која може да биде отуѓена, дали тоа ќе биде со продажба или донација ќе одлучиме дополнително - подвлече Петровска.

Исто така, таа информира дека до министерството вчера доцна попладне пристигнало писмо од Антикорупциска која оформи предмет за набавката на хеликоптерите и дека веќе се подготвува документацијата за која изрази надеж дека ќе биде доставена до комисијата уште пред истекот на наведениот рок.

The post Хеликоптерите на „Леонардо“ ќе ја чинат државава 249,9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Набавката на осум нови хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе изнесува 249,9 милиони евра и се очекува првата испорака да биде во втората половина од 2026 година, информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Петровска на денешната прес-конференција по посетата на центарот за обуки на пилоти во касарната во Петровец одговорајќи на новинарски прашања истакна дека цената ги опфаќа хеликоптерите, изградба на хангар, како и соодветна обука за пилотите.
Вкупната сума на набавката е 249,9 милиони евра тоа ги опфаќа осумте хеликоптери, двата вида кои веќе ги презентиравме. Меѓу другите договорени ставки е и изградба на хангар, тоа ќе биде обврска на компанијата „Леонардо“, која ќе треба да изгради соодветен хангар во кој ќе бидат чувани сите осум хеликоптери со специјални дополнителни простории, обезбедување на дренажери, часови за обука и обука во нивниот центар, односно нивната академија за обука на пилоти. Годината на достава е дефинирана, во договорот пишува дека ќе биде втората половина на 2026 година, така што од разговорите што ги имав и при потпишувањето на договорот и од разговорот со министерот добив уверување дека рокот на испорака ќе биде испочитуван. Затоа што согласно рокот на испорака понатаму зависат повеќе врзани процеси - изјави министерката.
Во однос на првичната цена која била предвидена за набавката, Петровска посочи дека изминатите години како и во останатите сегменти, така и во воената индустрија цените постојано растат.
Треба да се има предвид дека првичната цена која била предвидена за оваа набавка е од пред неколку години знаете дека за жал, изминатите години генерално во воената индустрија како и во сите останати сегменти растат постојано, така што мислам дека она што тимот успеа да го испреговара со компанијата да ги обезбеди сите оние потребни дополнителни опреми за непречено оперирање и извршување на сите задачи, мисии и операции на крај се постигнаа таа цена која е соопштена - појасни Петровска.
Додаде дека дел од хеликоптерите ќе бидат вооружени, но дека и останатиот дел ќе ја имаат можноста да бидат вооружени дополнително доколку се утврди потреба. Рече дека двата хеликоптери кои биле пратени на ремонт во Чешката Ребулика ќе се вратат во некој од наредните денови, бидејќи ремонтот веќе бил завршен и сега се правеле финалните проверки.
Останатите кои не се пратени, ќе има набавка на делови со истата компанија и нашите техничари, механичари ќе ги опремуваат и тие ќе бидат во функција. Идејата е овие хеликоптери да бидат оперативни се додека не пристигнат новите, а тогаш согласно планот за модернизација секоја опрема која ќе биде заменета спаѓа во списокот на опрема која може да биде отуѓена, дали тоа ќе биде со продажба или донација ќе одлучиме дополнително - подвлече Петровска.
Исто така, таа информира дека до министерството вчера доцна попладне пристигнало писмо од Антикорупциска која оформи предмет за набавката на хеликоптерите и дека веќе се подготвува документацијата за која изрази надеж дека ќе биде доставена до комисијата уште пред истекот на наведениот рок.

The post Хеликоптерите на „Леонардо“ ќе ја чинат државава 249,9 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Разочарани сме, уште не е објавен тендер за набавка на лекови, бараме итно да се распише, реагираат пациените со ретки болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/razocharani-sme-ushte-ne-e-objaven-tender-za-nabavka-na-lekovi-barame-itno-da-se-raspishe-reagiraat-patsienite-so-retki-bolesti/ Tue, 13 Feb 2024 12:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=743603

Од Националната Алијанса за Ретки Болести (НАРБМ) изразуваат сериозна загриженост за можноста од повторно доцнење на набавката на терапии за пациентите со ретки болести и бараат итно распишување на постапката за набавка на терапии.

Разочарани сме, бидејќи и покрај уверувањата од Министерството за здравство секоја година дека набавката на терапиите ќе започне навремено, односно на почеток на годината, за жал и оваа година, дури до средината на февруари, сè уште не е објавен тендер за набавка на лековите. Ова одложување ја става под ризик достапноста на терапиите за пациентите кои зависат од нив. Упатуваме апел до Владата на Македонија да даде приоритет на овозможување навремен пристап до овие терапии, согледувајќи го нивното витално значење за зачувување на животот и функционалноста во секојдневнието на пациентите со ретки болести, велат од НАРБМ.

Доцнењето на објавувањето на тендерот за набавка директно влијае на оние кои преку Програмата за ретки болести добиваат терапија за нивните состојби.

Оваа програма се усвојува секоја година од Владата на Македонија и претставува основа според која се обезбедуваат средствата и набавуваат неопходните терапии од кои зависи здравјето и животот на пациентите со ретки болести.

Сведоци сме биле повеќепати на тоа како промената на кадрите во институциите директно се одразува на пациентите поради одложувањето на процесите кои непречено треба да се одвиваат за да одговорат на потребите на оваа ранлива заедница. Оттаму, со години се залагаме за усвојување на Национална стратегија за ретки болести која би овозможила посистемско и посеопфатно решение за пациентите и нивните семејства. Сепак, и покрај нашите напори, како и заложбите на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство, истата се уште не е одобрена, велат од Националната алијанса.

The post Разочарани сме, уште не е објавен тендер за набавка на лекови, бараме итно да се распише, реагираат пациените со ретки болести appeared first on Република.

]]>

Од Националната Алијанса за Ретки Болести (НАРБМ) изразуваат сериозна загриженост за можноста од повторно доцнење на набавката на терапии за пациентите со ретки болести и бараат итно распишување на постапката за набавка на терапии.
Разочарани сме, бидејќи и покрај уверувањата од Министерството за здравство секоја година дека набавката на терапиите ќе започне навремено, односно на почеток на годината, за жал и оваа година, дури до средината на февруари, сè уште не е објавен тендер за набавка на лековите. Ова одложување ја става под ризик достапноста на терапиите за пациентите кои зависат од нив. Упатуваме апел до Владата на Македонија да даде приоритет на овозможување навремен пристап до овие терапии, согледувајќи го нивното витално значење за зачувување на животот и функционалноста во секојдневнието на пациентите со ретки болести, велат од НАРБМ.
Доцнењето на објавувањето на тендерот за набавка директно влијае на оние кои преку Програмата за ретки болести добиваат терапија за нивните состојби. Оваа програма се усвојува секоја година од Владата на Македонија и претставува основа според која се обезбедуваат средствата и набавуваат неопходните терапии од кои зависи здравјето и животот на пациентите со ретки болести.
Сведоци сме биле повеќепати на тоа како промената на кадрите во институциите директно се одразува на пациентите поради одложувањето на процесите кои непречено треба да се одвиваат за да одговорат на потребите на оваа ранлива заедница. Оттаму, со години се залагаме за усвојување на Национална стратегија за ретки болести која би овозможила посистемско и посеопфатно решение за пациентите и нивните семејства. Сепак, и покрај нашите напори, како и заложбите на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство, истата се уште не е одобрена, велат од Националната алијанса.
 
The post Разочарани сме, уште не е објавен тендер за набавка на лекови, бараме итно да се распише, реагираат пациените со ретки болести appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство ќе набави 22 амбулатни возила со надоградена медицинска опрема https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-ke-nabavi-22-ambulatni-vozila-so-nadogradena-meditsinska-oprema/ Tue, 19 Dec 2023 08:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=724435

Министерството за здравство ќе набави 22 амбулатни возила за потребите на јавните здравстени установи, бидејќи возилата кои се на располагање се застерени, дотраени, со помината поголема километража од дозволениот максимум и амортизирани.

Возилата ќе бидат со надоградена медицинска опрема.

Со набавката на возилата и современата опрема со која ќе бидат опремени амбулантните возила ќе се овозможи преземање на стручни медицински интервенции за стабилизирање на состојбата на пациентот, и отпочнување и со иницијално лечење во зависност од видот на повредата и болеста поради која и е индициран повикот. Новите амбулантни возила ќе бидат опремени со надоградена медицинска опрема, вели министерот за здравство Фатмир Меџити.

Постапката за јавна набавка на 22 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки на 05.12.2023 година, со оглас број 21959/2023. Во моментот постапката е во фаза на доставување на понуди на економските оператори, а рокот за доставување истекува на 05.01.2024 година.

Министерството изготви и до Владата достави Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила. Овие возила ќе имаат надоградена медицинска опрема за потребите на установите во државата, врз основа на која Владата даде согласност за набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема, согласно Извадок од Нацрт-записникот од 180-та владина седница одржана на 22 август 2023 година.

The post Министерството за здравство ќе набави 22 амбулатни возила со надоградена медицинска опрема appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ќе набави 22 амбулатни возила за потребите на јавните здравстени установи, бидејќи возилата кои се на располагање се застерени, дотраени, со помината поголема километража од дозволениот максимум и амортизирани. Возилата ќе бидат со надоградена медицинска опрема.
Со набавката на возилата и современата опрема со која ќе бидат опремени амбулантните возила ќе се овозможи преземање на стручни медицински интервенции за стабилизирање на состојбата на пациентот, и отпочнување и со иницијално лечење во зависност од видот на повредата и болеста поради која и е индициран повикот. Новите амбулантни возила ќе бидат опремени со надоградена медицинска опрема, вели министерот за здравство Фатмир Меџити.
Постапката за јавна набавка на 22 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки на 05.12.2023 година, со оглас број 21959/2023. Во моментот постапката е во фаза на доставување на понуди на економските оператори, а рокот за доставување истекува на 05.01.2024 година. Министерството изготви и до Владата достави Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила. Овие возила ќе имаат надоградена медицинска опрема за потребите на установите во државата, врз основа на која Владата даде согласност за набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема, согласно Извадок од Нацрт-записникот од 180-та владина седница одржана на 22 август 2023 година.

The post Министерството за здравство ќе набави 22 амбулатни возила со надоградена медицинска опрема appeared first on Република.

]]>
Меџити: Потпишана одлуката за набавка на ленти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-potpishana-odlukata-za-nabavka-na-lenti/ Fri, 21 Jul 2023 18:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=664052

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат.

Како што информираше министерот на состанокот утрово, се преземаат сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер, се нaведува во соопштението.

Денеска е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.

Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.

Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ

The post Меџити: Потпишана одлуката за набавка на ленти appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат. Како што информираше министерот на состанокот утрово, се преземаат сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер, се нaведува во соопштението. Денеска е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти. Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест. Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ

The post Меџити: Потпишана одлуката за набавка на ленти appeared first on Република.

]]>
Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/litsata-so-dijabetes-ke-dobijat-senzori-medhiti-ja-potpisha-odlukata-za-izbor-na-najpovolen-ponuduvach/ Fri, 21 Jul 2023 12:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=663948

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремени жени и за слепи лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство.

Во текот на разговорот на кој присутвуваа и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

Правиме сѐ  што е во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 – информира Меџити.

Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепената комисија при Државната комисија по жалби за јавни набавки, одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

Меџити истакна дека максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

The post Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремени жени и за слепи лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори. Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство. Во текот на разговорот на кој присутвуваа и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.
Правиме сѐ  што е во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 – информира Меџити.
Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепената комисија при Државната комисија по жалби за јавни набавки, одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки. Меџити истакна дека максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

The post Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач appeared first on Република.

]]>
ЕСМ Продажба денеска ќе објави нов повик за набавка на гас за март https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodazhba-deneska-ke-objavi-nov-povik-za-nabavka-na-gas-za-mart/ Tue, 21 Feb 2023 08:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=611370

ЕСМ Продажба денеска ќе објави повик за набавка на нови количини на гас за месец март. Цените во Европа достигнаа и до 49 евра за мегават час, а кај нас за гасот се плаќа двојно повеќе, односно за февруари, цената изнесува 98,7 евра за мегават час. Но, од компанијата велат дека на цената на гасот има и екстра трошоци за државни такси, закуп на капацитети и маржи за трговците.

За цените на берзите велат дека се индикативни и ги користеле како основа за преговори за набавка. Во дописот од компанијата се наведува дека и во повикот за март, фиксната цена ќе остане задолжителна. Инаку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува бугарската фирма „Јутилитис“.

Досегашните пресметки на крајните цени покажаа дека со склучувањето на договорите со фиксна цена, за двата месеци ќе се плати поскапо.

The post ЕСМ Продажба денеска ќе објави нов повик за набавка на гас за март appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Продажба денеска ќе објави повик за набавка на нови количини на гас за месец март. Цените во Европа достигнаа и до 49 евра за мегават час, а кај нас за гасот се плаќа двојно повеќе, односно за февруари, цената изнесува 98,7 евра за мегават час. Но, од компанијата велат дека на цената на гасот има и екстра трошоци за државни такси, закуп на капацитети и маржи за трговците. За цените на берзите велат дека се индикативни и ги користеле како основа за преговори за набавка. Во дописот од компанијата се наведува дека и во повикот за март, фиксната цена ќе остане задолжителна. Инаку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува бугарската фирма „Јутилитис“. Досегашните пресметки на крајните цени покажаа дека со склучувањето на договорите со фиксна цена, за двата месеци ќе се плати поскапо.

The post ЕСМ Продажба денеска ќе објави нов повик за набавка на гас за март appeared first on Република.

]]>
Лекот „трикафта“, за болните од цистична фиброза, ќе се набави за помалку од два месеца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekot-trikafta-za-bolnite-od-tsistichna-fibroza-ke-se-nabavi-za-pomalku-od-dva-mesetsa/ Wed, 15 Feb 2023 11:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=609258

Владата на Република  Македонија ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок.

Испораката на лекот „трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек.

За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот „трикафта“ за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

Дополнително во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза. На денешниот состанок, во инклузивен и транспарентен процес, се очекува да се финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе и се овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот „трикафта“ и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. Со овие измени на постоечките законски регулативи, кои се очекува работната група да ги заврши до крајот на неделата, се обезбедува системско решение, бидејќи државата ќе е во можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија.

The post Лекот „трикафта“, за болните од цистична фиброза, ќе се набави за помалку од два месеца appeared first on Република.

]]>

Владата на Република  Македонија ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок. Испораката на лекот „трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек. За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот „трикафта“ за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза. Дополнително во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза. На денешниот состанок, во инклузивен и транспарентен процес, се очекува да се финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе и се овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот „трикафта“ и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. Со овие измени на постоечките законски регулативи, кои се очекува работната група да ги заврши до крајот на неделата, се обезбедува системско решение, бидејќи државата ќе е во можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија.

The post Лекот „трикафта“, за болните од цистична фиброза, ќе се набави за помалку од два месеца appeared first on Република.

]]>
ЕСМ за февруари гас ќе набавува од „Балкан Јутилитис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-za-fevruari-gas-ke-nabavuva-od-balkan-jutilitis/ Thu, 26 Jan 2023 14:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=601347

ЕСМ Продажба потпиша договор „Балкан Јутилитис“ за набавка на природен гас за февруари за свои, но и за потребите на други стопански субјекти во државата.

На јавниот повик, достапен за домашните и странски компании, пристигнале две понуди. Од бугарската фирма Актаел пристигнала понуда од 99,83 eвра/MWh, и од „Балкан Јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh, соопштуваат од ЕСМ продажба, појаснувајќи дека понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа, наведено е во соопштението.

Избрана е понудата со пониска цена, велат од ЕСМ продажба, па склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака. Со набавката, потенцираат од компанијата, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Македонија.

Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, тврдат од ЕСМ.

Јавниот повик за набавка на природен гас за март ќе биде спроведен во текот на февруари.

The post ЕСМ за февруари гас ќе набавува од „Балкан Јутилитис“ appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Продажба потпиша договор „Балкан Јутилитис“ за набавка на природен гас за февруари за свои, но и за потребите на други стопански субјекти во државата. На јавниот повик, достапен за домашните и странски компании, пристигнале две понуди. Од бугарската фирма Актаел пристигнала понуда од 99,83 eвра/MWh, и од „Балкан Јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh, соопштуваат од ЕСМ продажба, појаснувајќи дека понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа, наведено е во соопштението. Избрана е понудата со пониска цена, велат од ЕСМ продажба, па склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака. Со набавката, потенцираат од компанијата, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, тврдат од ЕСМ. Јавниот повик за набавка на природен гас за март ќе биде спроведен во текот на февруари.

The post ЕСМ за февруари гас ќе набавува од „Балкан Јутилитис“ appeared first on Република.

]]>
ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-za-noemvri-kje-nabavi-priroden-gas-od-makpetrol-za-toplanite/ Mon, 31 Oct 2022 15:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=567893

АД ЕСМ ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите „Исток“ и „Запад“ за периодот од 1 до 15 ноември и за КОГЕЛ во подружница „Енергетика“ за периодот 1 до 30 ноември, информираат од компанијата.

Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ-ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за ноември, за неа не е извршена набавка од АД ЕСМ. Фирмата ПГО извести дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, што дополнително ќе подлежи на нова понуда. Со овој понудувач ќе биде потребно да се комплетира и комуникацијата во однос на останатите документи кои се побаруваат пред склучување на договор, соопшти АД ЕСМ.

За понатамошниот период, се вели во соопштението, ќе се побараат нови понуди од заинтересираните фирми за снабдување, и тоа за топланите „Исток“ и „Запад“, за КОГЕЛ во „Енергетика“ и за евентуално ангажирање на приватната гасна електрана ТЕ-ТО од страна на АД ЕСМ.

Набавката на природен гас за пократок временски период е направена од причина што се бележи пад на цените на природниот гас на берзите и очекувањата се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди, велат од ЕСМ.

Нагласуваат дека во следните денови, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ-ТО за ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.

АД ЕСМ веќе ја информира јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите технички и технолошки се подготвуваат да го користат и е полесно достапно за набавка. АД ЕСМ со своите друштва за топлинска енергија непрекинато испорачува греење за градот Скопје и така ќе продолжи и во следниот период, порачуваат од АД ЕСМ.

The post ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите appeared first on Република.

Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavni-institucii-kupile-150-luksuzni-koli-za-vreme-na-pandemijata/ Thu, 18 Aug 2022 18:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=541787

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. До ДКСК пристигнале информации и за низа други злоупотреби со набавки во институциите.

Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека не биле само двата автомобила за кои пишуваа медиумите, туку дека институциите вкупно купиле 150 нови автомобили во времето на пандемијата. Ивановска овие информации ги нарече „загрижувачки“.

Сепак, Ивановска соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“.

Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.

Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила - рече Ивановска.

Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција.

Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители.

The post Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. До ДКСК пристигнале информации и за низа други злоупотреби со набавки во институциите. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека не биле само двата автомобила за кои пишуваа медиумите, туку дека институциите вкупно купиле 150 нови автомобили во времето на пандемијата. Ивановска овие информации ги нарече „загрижувачки“. Сепак, Ивановска соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.
Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила - рече Ивановска.
Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција. Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители.

The post Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-20-dena-pred-pochetokot-na-novata-shkolska-godina-docni-nabavkata-na-uchebnicite/ Tue, 09 Aug 2022 18:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=538476

Иако до почетокот на новта учебна година останува уште неполн еден месец, сепак доцни набавката на учебниците според новата наставна програма за учениците од прво до петто одделение. Од МОН велат дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.

The post На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците appeared first on Република.

]]>

Иако до почетокот на новта учебна година останува уште неполн еден месец, сепак доцни набавката на учебниците според новата наставна програма за учениците од прво до петто одделение. Од МОН велат дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение. Од МОН велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.  

The post На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Поднесена е пријава до ДКСК за Ацевски за скандалозната набавка на битумен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-podnesena-e-prijava-do-dksk-za-acevski-za-skandaloznata-nabavka-na-bitumen/ Thu, 28 Jul 2022 10:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=534221

Пoчитувани, денеска до ДКСК, поднесовме претставка за набавката на битумен од Костадин Ацевски, кадар на СДСМ, во име на Македонија пат. Ацевски потпишал договор во којшто од тендер вреден 10 милиони евра, прифатил само за транспорт да плати 4,5 милиони евра, речиси половина од овој тендер се за транспорт, рече во изјава за медиумите, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во прилог на оваа претставка го поднесовме и договорот за јавната набавка, каде што се гледа методологијата, според која што има фиксен и променлив дел. Променлив дел е цената на битуменот, заради берзанските цени, додека фиксниот дел се однесува на транспортот, маржите и давачките, и којшто дел всушност ја определуваат најповолната понуда на тендерот за вакви набавки.

Потсетуваме и на прес конференцијата на Костадин Ацевски на којашто самиот вели дека била користена поинаква методологија при избор на понудувач, иако во договорот јасно стои поделбата на „фиксен и на променлив дел“, односно точно колку чини транспортот и услугите, без цената на битуменот при овој тендер.

На истата прес конференција, Ацевски призна дека имал само еден понудувач со толкаво нереално побарување за транспорт и за услуги.
Во поднесокот посочуваме и на споредбената документација за набавка на битумен, по иста методологија,но од ЈП Улици и патишта, од Скопје, каде што се гледа дека за истите услуги, за транспорт, цената е десеткувана.

Почитувани, случајот е јасен, има еден понудувач со нереална цена, во услови на криза, за тендер во којшто речиси половина од парите одат за услуги и за транспорт.
Законот за јавни набавки е дециден и членот 114, насочува дека ако нема прифатлива понуда, или ако има понуда со цени понеповолни од пазарните цени, Договорниот орган, во случајот „Македонија пат“, може да ја поништи постапката за јавната набавка.

Костадин Ацевски бил должен оваа јавна набавка да ја прекине. Но, тој ја потпишал, споредбено со приложениот пример од ЈП од Скопје, со дури 1000% поголема, нереална сума за транспорт.
Очекуваме ДКСК но и ЈО најитно да отворат предмет и да дадат одговор за овој случај.
Но, истовремено, овие институции да наложат прекинување или поништување на оваа постапка, за што имаат мандат, и да одговорат на логичното прашање каде завршиле или би завршиле овие пари?
Македонија е земја во којашто власта е киднапирана и се вршат предавства само и само за злоупотреби, криминал и лична корист. Институциите мора да почнат да работат, се друго е соучество во криминалот. Ова мора да има крај!, истакна Стоилковски.

The post Стоилковски: Поднесена е пријава до ДКСК за Ацевски за скандалозната набавка на битумен appeared first on Република.

]]>

Пoчитувани, денеска до ДКСК, поднесовме претставка за набавката на битумен од Костадин Ацевски, кадар на СДСМ, во име на Македонија пат. Ацевски потпишал договор во којшто од тендер вреден 10 милиони евра, прифатил само за транспорт да плати 4,5 милиони евра, речиси половина од овој тендер се за транспорт, рече во изјава за медиумите, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во прилог на оваа претставка го поднесовме и договорот за јавната набавка, каде што се гледа методологијата, според која што има фиксен и променлив дел. Променлив дел е цената на битуменот, заради берзанските цени, додека фиксниот дел се однесува на транспортот, маржите и давачките, и којшто дел всушност ја определуваат најповолната понуда на тендерот за вакви набавки. Потсетуваме и на прес конференцијата на Костадин Ацевски на којашто самиот вели дека била користена поинаква методологија при избор на понудувач, иако во договорот јасно стои поделбата на „фиксен и на променлив дел“, односно точно колку чини транспортот и услугите, без цената на битуменот при овој тендер. На истата прес конференција, Ацевски призна дека имал само еден понудувач со толкаво нереално побарување за транспорт и за услуги. Во поднесокот посочуваме и на споредбената документација за набавка на битумен, по иста методологија,но од ЈП Улици и патишта, од Скопје, каде што се гледа дека за истите услуги, за транспорт, цената е десеткувана. Почитувани, случајот е јасен, има еден понудувач со нереална цена, во услови на криза, за тендер во којшто речиси половина од парите одат за услуги и за транспорт. Законот за јавни набавки е дециден и членот 114, насочува дека ако нема прифатлива понуда, или ако има понуда со цени понеповолни од пазарните цени, Договорниот орган, во случајот „Македонија пат“, може да ја поништи постапката за јавната набавка. Костадин Ацевски бил должен оваа јавна набавка да ја прекине. Но, тој ја потпишал, споредбено со приложениот пример од ЈП од Скопје, со дури 1000% поголема, нереална сума за транспорт. Очекуваме ДКСК но и ЈО најитно да отворат предмет и да дадат одговор за овој случај. Но, истовремено, овие институции да наложат прекинување или поништување на оваа постапка, за што имаат мандат, и да одговорат на логичното прашање каде завршиле или би завршиле овие пари? Македонија е земја во којашто власта е киднапирана и се вршат предавства само и само за злоупотреби, криминал и лична корист. Институциите мора да почнат да работат, се друго е соучество во криминалот. Ова мора да има крај!, истакна Стоилковски.

The post Стоилковски: Поднесена е пријава до ДКСК за Ацевски за скандалозната набавка на битумен appeared first on Република.

]]>
Никој не може да ме убеди дека на градоначалник му треба возило од 50.000 евра, се купувале велосипеди по илјадници евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-ne-moze-da-me-ubedi-deka-na-gradonachalnik-mu-treba-vozilo-od-50-000-evra-se-kupuvale-velosipedi-po-iljadnici-evra/ Wed, 16 Mar 2022 21:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=473989

Во државава има институции што купувале многу скапи велосипеди, по илјадници евра, но тоа е дополнително истражување што ќе го правиме, рече во вечерашната „Топ тема“ Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации кои со години прават истражувања за јавните набавки на возила. Потенцира дека треба да се направи некаква класификација со класи на возила во релација со одговорноста на функцијата.

Не може градоначалник да вози возило од 50.000 евра. Никој не може да ме убеди дека му треба такво возило на градоначалник. Ние со години ги правиме овие анализи и секоја следна набавка, двогодишна, е поголема од претходната. Сега за короната не беше така, но повторно гледаме дека за 40 отсто се поскапи, рече Филков.

Претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска посочи дека има многу запленети возила кои скапуваат и не се користат.

Може и тие да се употребат. Дали некому му е под чест да се вози во такво возило, тоа е друга работа. Мора да се биде порационален, сите тие средства може да бидат пренасочени во јавниот сообраќај, во инфраструктура за државата, за да можеме во оваа мала држава од едниот до другиот крај да стигнеме брзо со јавен сообраќај. Да се овозможи сите граѓани да ги почувствуваат благодетите од тие средства преку јавниот сообраќај, потенцираше таа.

Филков потсети дека иако поранешниот премиер Зоран Заев во јули минатата година ветил дека инситуциите и владата ќе купуваат само хибридни возикла, но до сега само неколку такви биле набавени.

The post Никој не може да ме убеди дека на градоначалник му треба возило од 50.000 евра, се купувале велосипеди по илјадници евра appeared first on Република.