набавка на струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabavka-na-struja/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 06:41:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png набавка на струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabavka-na-struja/ 32 32 Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за да не зависиме од увозот на скапа струја, вели СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonijasite-domashni-proizvodstveni-kapaciteti-na-elektrichna-energija-se-celosno-angazirani-za-da-ne-zavisime-od-uvozot-na-skapa-struja-veli-sdsm/ Tue, 03 May 2022 06:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=496602

Владата предводена од СДСМ на дело ја спроведува енергетската транзиција, се зголемува производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, а успешно се менаџира и енергетската криза, вели СДСМ.
„Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за нашата држава да не зависи од увозот на скапа струја.

АД ЕСМ постави фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати. На местото на некогашниот загадувач РЕК Осломеј преку неколку други инвестиции ќе се постават фотонапонски електрани со вкупна моќност од 120 мегавати.

Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Со одлуката за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, обезбедуваме трајно, стабилно и непречено снабдување со природен гас.

Освен реализација на капитални инвестиции, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира и енергетската криза која ја зафати цела Европа.

Преку субвценионирање на цената на електричната енергија и со намалувањето на ДДВ за електрична енергија просечно домаќинство сега заштедува близу 2.200 денари месечно за струја.

Не дозволивме енормен раст на цените на горивата, со намалувањето на акцизите и ДДВ-то денес имаме најниска цена на нафтени деривати во регионот и Европа.

СДСМ продолжува да се грижи за граѓаните и економијата, продолжува да инвестира во обновливи извори не енергија кои ќе придонесат за целосна енергетска независност“, се вели во соопштението.

The post Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за да не зависиме од увозот на скапа струја, вели СДСМ appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ на дело ја спроведува енергетската транзиција, се зголемува производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, а успешно се менаџира и енергетската криза, вели СДСМ. „Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за нашата држава да не зависи од увозот на скапа струја. АД ЕСМ постави фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати. На местото на некогашниот загадувач РЕК Осломеј преку неколку други инвестиции ќе се постават фотонапонски електрани со вкупна моќност од 120 мегавати. Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип. Со одлуката за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, обезбедуваме трајно, стабилно и непречено снабдување со природен гас. Освен реализација на капитални инвестиции, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира и енергетската криза која ја зафати цела Европа. Преку субвценионирање на цената на електричната енергија и со намалувањето на ДДВ за електрична енергија просечно домаќинство сега заштедува близу 2.200 денари месечно за струја. Не дозволивме енормен раст на цените на горивата, со намалувањето на акцизите и ДДВ-то денес имаме најниска цена на нафтени деривати во регионот и Европа. СДСМ продолжува да се грижи за граѓаните и економијата, продолжува да инвестира во обновливи извори не енергија кои ќе придонесат за целосна енергетска независност“, се вели во соопштението.

The post Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за да не зависиме од увозот на скапа струја, вели СДСМ appeared first on Република.

]]>