набавка на гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabavka-na-gas/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Dec 2022 18:15:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png набавка на гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nabavka-na-gas/ 32 32 Ова е документот со кој СДСМ ја одби помошта за набавка на гас по цена од 850 евра, а во грејната сезона купува по цена од 1560 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-dokumentot-so-koj-sdsm-ja-odbi-pomoshta-za-nabavka-na-gas-po-cena-od-850-evra-a-vo-grejnata-sezona-kupuva-po-cena-od-1560-evra/ Sat, 24 Dec 2022 18:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=589550

Владата ја носи Македонија во енергетска неизвесност. Во земјава се плаќа гас по цени и до 1950 евра за 1000 нормални метри кубни, а просечната цена по која е набавуван од почетокот на грејната сезона е 1560 евра.ВМРО-ДПМНЕ понуди позиции и контакти кои се во можност да обезбедат гас за Македонија по поволни услови за државата, откри денеска Гордана Димитриеска Кочоска,  потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е документ од компанијата трговец со енергенси, регистрирана во Швајцарија даден до ЕСМ продажба, од кој се гледа цената на и количината која била понудена. Цената за 1000 нормални метри кубни гас која е понудена до ЕСМ е 850 евра. Оваа цена е фиксна и важела за период од ноември до крајот на април, за испорака на над 200 милиони кубни метри гас.

Цената понудена од контактот даден од ВМРО-ДПМНЕ е за неколку стотина евра пониска од берзанската. Истата овозможува сигурност и предвидливост и за државата и за економијата и би не штитела од евентуални потреси на пазарот на енергенси во зимскиот период кога цените поучени од минатата година може да одат и над 3.000 евра за 1000 нормални метри кубни гас.

https://www.youtube.com/watch?v=ZLUxLYoIFcw

Наместо да ја прифати можноста да се набави гас поефтин од берзанските цени за неколку стотина евра, владата продолжи да купува скап гас заради лични бизнис интереси.

Очигледно е дека СДС заради инает и политичка незрелост, не ја прифатија помошта од ВМРО-ДПМНЕ, плашејќи се дека целосно ќе излезе на површина нивната неспособност. На еден или друг начин нивната неспособност излезе на површина, само граѓаните на Македонија се тие кои страдаат и од чии пари се плаќа скапиот гас, скоро двојно поскап од тој што можеше да се купи доколку СДС и Ковачевски ја тргнеа на страна својата суета.

Нема оправдување за Владата на СДС кои свесно ја донесоа Македонија во положба да губи милиони евра неделно, само заради нечија суета и инает.

Договорот кој е понуден од фирмата трговец со енергенси е класичен ЕФЕТ договор, договор кој го користат сите фирми кои тргуваат со енергенси во ЕУ, и истиот е заштита и за државата бидејќи претставува европска пракса.

СДС и Ковачевски само заради политичка суета, од страв дека од авион ќе се гледа нивната неспособност, не ја прифатија помошта и можноста, која ВМРО-ДПМНЕ не ја понуди заради нив, туку заради народот и компаниите кои се мачат да преживеат.

СДС и Ковачевски немаат државотворен капацитет и не можат да го стават државниот над партискиот и личен интерес, затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја направи Македонија енергетски стабилна држава, која нема да има потреба од скап увоз на струја.

The post Ова е документот со кој СДСМ ја одби помошта за набавка на гас по цена од 850 евра, а во грејната сезона купува по цена од 1560 евра appeared first on Република.

]]>

Владата ја носи Македонија во енергетска неизвесност. Во земјава се плаќа гас по цени и до 1950 евра за 1000 нормални метри кубни, а просечната цена по која е набавуван од почетокот на грејната сезона е 1560 евра.ВМРО-ДПМНЕ понуди позиции и контакти кои се во можност да обезбедат гас за Македонија по поволни услови за државата, откри денеска Гордана Димитриеска Кочоска,  потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е документ од компанијата трговец со енергенси, регистрирана во Швајцарија даден до ЕСМ продажба, од кој се гледа цената на и количината која била понудена. Цената за 1000 нормални метри кубни гас која е понудена до ЕСМ е 850 евра. Оваа цена е фиксна и важела за период од ноември до крајот на април, за испорака на над 200 милиони кубни метри гас.
Цената понудена од контактот даден од ВМРО-ДПМНЕ е за неколку стотина евра пониска од берзанската. Истата овозможува сигурност и предвидливост и за државата и за економијата и би не штитела од евентуални потреси на пазарот на енергенси во зимскиот период кога цените поучени од минатата година може да одат и над 3.000 евра за 1000 нормални метри кубни гас. https://www.youtube.com/watch?v=ZLUxLYoIFcw Наместо да ја прифати можноста да се набави гас поефтин од берзанските цени за неколку стотина евра, владата продолжи да купува скап гас заради лични бизнис интереси.
Очигледно е дека СДС заради инает и политичка незрелост, не ја прифатија помошта од ВМРО-ДПМНЕ, плашејќи се дека целосно ќе излезе на површина нивната неспособност. На еден или друг начин нивната неспособност излезе на површина, само граѓаните на Македонија се тие кои страдаат и од чии пари се плаќа скапиот гас, скоро двојно поскап од тој што можеше да се купи доколку СДС и Ковачевски ја тргнеа на страна својата суета.
Нема оправдување за Владата на СДС кои свесно ја донесоа Македонија во положба да губи милиони евра неделно, само заради нечија суета и инает. Договорот кој е понуден од фирмата трговец со енергенси е класичен ЕФЕТ договор, договор кој го користат сите фирми кои тргуваат со енергенси во ЕУ, и истиот е заштита и за државата бидејќи претставува европска пракса. СДС и Ковачевски само заради политичка суета, од страв дека од авион ќе се гледа нивната неспособност, не ја прифатија помошта и можноста, која ВМРО-ДПМНЕ не ја понуди заради нив, туку заради народот и компаниите кои се мачат да преживеат. СДС и Ковачевски немаат државотворен капацитет и не можат да го стават државниот над партискиот и личен интерес, затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја направи Македонија енергетски стабилна држава, која нема да има потреба од скап увоз на струја.

The post Ова е документот со кој СДСМ ја одби помошта за набавка на гас по цена од 850 евра, а во грејната сезона купува по цена од 1560 евра appeared first on Република.

]]>