На отворено море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-otvoreno-more/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 17:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png На отворено море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-otvoreno-more/ 32 32 Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-premiera-na-teatarskata-pretstava-na-otvoreno-more/ Sat, 11 Mar 2023 17:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=618553

Актери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година.

Режисер на првата годинашна премира на Битолскиот театар е Благој Мицевски, а драматург Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!?

На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите, нагласи Павловиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.

Во претставата „На отворено море“, поддржана од Министерството за култура настапуваат актерите Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

 

The post Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“ appeared first on Република.

]]>

Актери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година. Режисер на првата годинашна премира на Битолскиот театар е Благој Мицевски, а драматург Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!?
На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите, нагласи Павловиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Во претставата „На отворено море“, поддржана од Министерството за култура настапуваат актерите Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.  

The post Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“ appeared first on Република.

]]>
„На отворено море“ премиерно во битолскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-otvoreno-more-premierno-vo-bitolskiot-teatar/ Fri, 10 Mar 2023 13:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=618169

Актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски, утревечер на матичната сцена во Битола премиерно ќе ја одиграат театарската претстава „На отворено море“ на Славомир Мрожек, во адаптација и режија на Благој Мицевски.

Станува збор за познат текст на Мрожек поставуван на многу сцени низ светот, којшто се врзува со најголемата трагедија на патниците во бродот „Титаник“, а битолските актери го поврзуваат со денешното време и актуелни теми.

- Текстот е актуелен и посочува на тоа како човекот во одредено време треба да најде сила, да и погледне на вистината во очи и да се соочи со тој процес и ситуации во кои често се наоѓаме, а не можеме да си ги објасниме. Живееме во еден современ свет во кој има разни современи болести, тоа може да се сфати метафорично но и реално. Треба да се преживее. Но, нас не интересира како основните позитивни човекови вредности како што се пријателството, емпатијата, пожртвуваноста, помошта, љубовта … да се одржат во реалниот живот, истакна режисерот на претставата Мицевски.

На прес конференцијата во Битола, директорот на НУ Народен театар Иван Јерчиќ информира дека по премиерата на „На отворено море“, на 8 април премиерно ќе биде изведена претставата „Ако останеш дома“, а наскоро почнуваат подготовките за уште еден театарски проект со работен наслов „Лажеш“.

 

The post „На отворено море“ премиерно во битолскиот театар appeared first on Република.

]]>

Актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски, утревечер на матичната сцена во Битола премиерно ќе ја одиграат театарската претстава „На отворено море“ на Славомир Мрожек, во адаптација и режија на Благој Мицевски. Станува збор за познат текст на Мрожек поставуван на многу сцени низ светот, којшто се врзува со најголемата трагедија на патниците во бродот „Титаник“, а битолските актери го поврзуваат со денешното време и актуелни теми. - Текстот е актуелен и посочува на тоа како човекот во одредено време треба да најде сила, да и погледне на вистината во очи и да се соочи со тој процес и ситуации во кои често се наоѓаме, а не можеме да си ги објасниме. Живееме во еден современ свет во кој има разни современи болести, тоа може да се сфати метафорично но и реално. Треба да се преживее. Но, нас не интересира како основните позитивни човекови вредности како што се пријателството, емпатијата, пожртвуваноста, помошта, љубовта … да се одржат во реалниот живот, истакна режисерот на претставата Мицевски. На прес конференцијата во Битола, директорот на НУ Народен театар Иван Јерчиќ информира дека по премиерата на „На отворено море“, на 8 април премиерно ќе биде изведена претставата „Ако останеш дома“, а наскоро почнуваат подготовките за уште еден театарски проект со работен наслов „Лажеш“.  

The post „На отворено море“ премиерно во битолскиот театар appeared first on Република.

]]>