На кино со баба и дедо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-kino-so-baba-i-dedo/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 12:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png На кино со баба и дедо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-kino-so-baba-i-dedo/ 32 32 Македонскиот филм „Мирно лето“, дел од акцијата „На кино со баба и дедо“ во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonskiot-film-mirno-leto-del-od-akcijata-na-kino-so-baba-i-dedo-vo-kinoteka/ Tue, 06 Dec 2022 12:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=582548

Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ која се однесува на поддршка на повозрасните лица, в недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“.

Иницијативата е дел од големата кампања на Halkbank за поддршка на возрасните „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа:

„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат. Изборот на „Мирно лето“ исто така не е случаен, тој е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетсување на семејните вредности, што пак буди и носталгија. Идејата е да најдеме време да им покажеме на оние кои нè пораснаа дека ни значат, дека од нив сè уште можеме да ги слушнеме најубавите приказни, најважните совети и да им ја подариме најтоплата прегратка– вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, покровители на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“.

За сите нив кинопроекцијата в недела е бесплатна, а во соработка со Кинотеката и со домовите на културата, слични киноприкажувањa се предвидени низ повеќе градови. Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година, вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk
„Да ги гушнеме и слушнеме“ e повик за кратка пауза во брзото секојдневие, да застанеме и за миг да помислиме на оние кои се вградија во нашата и идинината на нашите деца, велат организаторите.

 

The post Македонскиот филм „Мирно лето“, дел од акцијата „На кино со баба и дедо“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ која се однесува на поддршка на повозрасните лица, в недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“. Иницијативата е дел од големата кампања на Halkbank за поддршка на возрасните „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа:
„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат. Изборот на „Мирно лето“ исто така не е случаен, тој е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетсување на семејните вредности, што пак буди и носталгија. Идејата е да најдеме време да им покажеме на оние кои нè пораснаа дека ни значат, дека од нив сè уште можеме да ги слушнеме најубавите приказни, најважните совети и да им ја подариме најтоплата прегратка– вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, покровители на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“.
За сите нив кинопроекцијата в недела е бесплатна, а во соработка со Кинотеката и со домовите на културата, слични киноприкажувањa се предвидени низ повеќе градови. Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година, вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk „Да ги гушнеме и слушнеме“ e повик за кратка пауза во брзото секојдневие, да застанеме и за миг да помислиме на оние кои се вградија во нашата и идинината на нашите деца, велат организаторите.  

The post Македонскиот филм „Мирно лето“, дел од акцијата „На кино со баба и дедо“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>