на готовс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-gotovs/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 19:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png на готовс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-gotovs/ 32 32 „Би-би-си“ се на готовс за Кејт Мидлтон https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/bi-bi-si-se-na-gotovs-za-kejt-midlton/ Mon, 18 Mar 2024 19:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=756041

Би-би-си наводно е во состојба на готовност поради Кејт Мидлтон и некаква најава која треба да дојде од Бакингемската палата, пишува магазинот „Форбс“.

Не престануваат коментарите и теориите на заговор кои кружат околу британската принцеза Кејт Мидлтон, која од Божиќ се нема појавено на службени обврски, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Оттогаш, таа е видена само на кратко возење со автомобил со својатаа мајка Керол Мидлтон, а потоа и со принцот Вилијам, а сега наводно била забележана и во локална продавница.

И додека кружат приказни за нејзиното здравје, проблемите во бракот со принцот Вилијам и слични теории за тоа зошто таа не се појавува во јавноста, „Форбс“ дознава дека на уредниците на Би-би-си им било кажано да внимаваат на можна итна најава од кралската палата.

На социјалните мрежи имаше навестувања дека Би-би-си е на готовс за објава за Кејт, но од медиумската компанија не сакаа да одговорат на прашањето дали и какво предупредување добиле.

Бакингемската палата инаку има навика да испраќа предупредувања до неколку уредници, на пример пред да биде објавена веста дека кралот Чарлс e болен од рак, некои од медиумите веќе биле информирани за тоа.

Принцезата, која последен пат беше видена во јавност во Сандрингем на Божиќ, се очекува да им се врати на своите јавни должности по 17 април, по велигденските празници, кога нејзините деца ќе се вратат во училиштето Ламбрук во близина на Аскот.

Сепак, постојат шпекулации дека Кејт сега би можела да се врати порано, па дури и да се појави на велигденската утринска миса во капелата Св. Џорџ во имотот Виндзор.

За потсетување, шпекулациите за здравјето на принцезата уште повеќе се зголемија откако таа јавно ја презеде вината за фотошопирање на семејната фотографија што Кенсингтонската палата ја објави на Денот на мајката. Покрај низата несовршености, многумина забележаа дека Кејт не го носи венчалниот прстен, што поттикна бројни неосновани теории за состојбата на нејзиниот брак со принцот Вилијам.

 

The post „Би-би-си“ се на готовс за Кејт Мидлтон appeared first on Република.

]]>

Би-би-си наводно е во состојба на готовност поради Кејт Мидлтон и некаква најава која треба да дојде од Бакингемската палата, пишува магазинот „Форбс“. Не престануваат коментарите и теориите на заговор кои кружат околу британската принцеза Кејт Мидлтон, која од Божиќ се нема појавено на службени обврски, а во јануари имаше операција на абдоменот. Оттогаш, таа е видена само на кратко возење со автомобил со својатаа мајка Керол Мидлтон, а потоа и со принцот Вилијам, а сега наводно била забележана и во локална продавница. И додека кружат приказни за нејзиното здравје, проблемите во бракот со принцот Вилијам и слични теории за тоа зошто таа не се појавува во јавноста, „Форбс“ дознава дека на уредниците на Би-би-си им било кажано да внимаваат на можна итна најава од кралската палата. На социјалните мрежи имаше навестувања дека Би-би-си е на готовс за објава за Кејт, но од медиумската компанија не сакаа да одговорат на прашањето дали и какво предупредување добиле. Бакингемската палата инаку има навика да испраќа предупредувања до неколку уредници, на пример пред да биде објавена веста дека кралот Чарлс e болен од рак, некои од медиумите веќе биле информирани за тоа. Принцезата, која последен пат беше видена во јавност во Сандрингем на Божиќ, се очекува да им се врати на своите јавни должности по 17 април, по велигденските празници, кога нејзините деца ќе се вратат во училиштето Ламбрук во близина на Аскот. Сепак, постојат шпекулации дека Кејт сега би можела да се врати порано, па дури и да се појави на велигденската утринска миса во капелата Св. Џорџ во имотот Виндзор. За потсетување, шпекулациите за здравјето на принцезата уште повеќе се зголемија откако таа јавно ја презеде вината за фотошопирање на семејната фотографија што Кенсингтонската палата ја објави на Денот на мајката. Покрај низата несовршености, многумина забележаа дека Кејт не го носи венчалниот прстен, што поттикна бројни неосновани теории за состојбата на нејзиниот брак со принцот Вилијам.  

The post „Би-би-си“ се на готовс за Кејт Мидлтон appeared first on Република.

]]>