на дното Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-dnoto/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 20:14:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png на дното Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/na-dnoto/ 32 32 Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dovolno-e-barem-eden-gledach-od-publikata-da-zapameti-eden-od-nashite-iskazi-zoshto-sme-na-dnoto-i-toj-da-mu-promeni-nekakov-negov-svet-kazha-akterkata-ilina-chorevska-koja-glumi-vo-na-dnoto-na-bitols/ Tue, 11 Jun 2024 20:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=786727

„На дното сме зошто ги учиме децата да учат на факултети, а потоа да се изгубат во битката за вработувања со партиски книшки. На дното сме кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. На дното сме кога глумиме од обврска, а не од задоволство. На дното сме кога ќе сфатиме дека не оставаме никаква иднина за нашите деца. На дното сме кога ги губиме најсаканиот зашто лекарите наместо со хемотерапија го лечеле со физиолошки раствор. На дното сме бидејќи прабаба ми 12, баба ми 8, мајка ми 4, јас 2 деца, моите деца куче, кучето стерилизирано“, велат актерите во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во продукција на Народен театар Битола која е дел од официјалната селекција на 58. Издание на Македонскиот театарси фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во тек во Прилел.

Моето на дното гласеше: кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. Мене тоа ми се случи. Јас тогаш во таа ситуација не изреагирав, не платив пари, но ете на некаков начин го кажав тоа гласно. Уметник сум и можам да го искористам тоа во една одредена претставата и да прозвучи некако. Заради тоа, оваа наша професија е специфична и посебна и како што кажа и колегата Иван Јерчиќ должни сме да отвораме прашања, да дискутираме за темите надвор од рамките на културните институации, Можеби луѓето ги забораваат и ги ставаат под тепих. Можеби ништо нема да се промени со тие наши реченици, но доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска на тркалезната маса која се одржа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по одиграната претстава за која владееше огромен интерес на „Војдан Чернодрински“.

Повеќе од два часа, 16 актерти играат на платформа која постојано се ниша, горе-долу, а над нив висат раствори со инфузија и кеси со крв. Впечатливата сценографијата е на Валентин Светозарев, а актерската игра е највисоко ниво. Полни со енергија, брутални, енергични, безмилосни, точно и совршено актерите го прикажаа македонското дно и бесперспективноста. Крадци, насилници, убијци, пациенти пред умирање, зависници од таблети, алкохол, луѓе кои по секоја цена сакаат да заработат пари.

Горки ја напишал „На дното“ во 1905 година и како што кажа драматургот на претставата Билјана Крајчевска интервенциите биле според концептот на режисерот.

Да се работи на текст од 1905 година не е лесно. Осовременувањето бара многу интервенции. Ликовите добија неколку промени. Имаше неколку драматуршки интервенции, се внесоа и авторски текстови, рече Крајчевска.

За актерот Иван Јерчиќ театарот има смисла ако кај публиката предизвика барем едно прашање. Според него, мисијата на театарот е да се занимава со проблемите во општеството, да се отворат повеќе прашања.

Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, смета дека таков театар нѝ недостасува.

Ни недостасува театар кој гласно го говори она кое сите го премолчуваат. Оваа претстава ми даде сила да помислам: Добро си онаму каде што си. Има и некој друг што така размислува, рече Стојаноска.

The post Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар appeared first on Република.

]]>

„На дното сме зошто ги учиме децата да учат на факултети, а потоа да се изгубат во битката за вработувања со партиски книшки. На дното сме кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. На дното сме кога глумиме од обврска, а не од задоволство. На дното сме кога ќе сфатиме дека не оставаме никаква иднина за нашите деца. На дното сме кога ги губиме најсаканиот зашто лекарите наместо со хемотерапија го лечеле со физиолошки раствор. На дното сме бидејќи прабаба ми 12, баба ми 8, мајка ми 4, јас 2 деца, моите деца куче, кучето стерилизирано“, велат актерите во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во продукција на Народен театар Битола која е дел од официјалната селекција на 58. Издание на Македонскиот театарси фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во тек во Прилел.
Моето на дното гласеше: кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. Мене тоа ми се случи. Јас тогаш во таа ситуација не изреагирав, не платив пари, но ете на некаков начин го кажав тоа гласно. Уметник сум и можам да го искористам тоа во една одредена претставата и да прозвучи некако. Заради тоа, оваа наша професија е специфична и посебна и како што кажа и колегата Иван Јерчиќ должни сме да отвораме прашања, да дискутираме за темите надвор од рамките на културните институации, Можеби луѓето ги забораваат и ги ставаат под тепих. Можеби ништо нема да се промени со тие наши реченици, но доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска на тркалезната маса која се одржа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по одиграната претстава за која владееше огромен интерес на „Војдан Чернодрински“.
Повеќе од два часа, 16 актерти играат на платформа која постојано се ниша, горе-долу, а над нив висат раствори со инфузија и кеси со крв. Впечатливата сценографијата е на Валентин Светозарев, а актерската игра е највисоко ниво. Полни со енергија, брутални, енергични, безмилосни, точно и совршено актерите го прикажаа македонското дно и бесперспективноста. Крадци, насилници, убијци, пациенти пред умирање, зависници од таблети, алкохол, луѓе кои по секоја цена сакаат да заработат пари. Горки ја напишал „На дното“ во 1905 година и како што кажа драматургот на претставата Билјана Крајчевска интервенциите биле според концептот на режисерот.
Да се работи на текст од 1905 година не е лесно. Осовременувањето бара многу интервенции. Ликовите добија неколку промени. Имаше неколку драматуршки интервенции, се внесоа и авторски текстови, рече Крајчевска.
За актерот Иван Јерчиќ театарот има смисла ако кај публиката предизвика барем едно прашање. Според него, мисијата на театарот е да се занимава со проблемите во општеството, да се отворат повеќе прашања. Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, смета дека таков театар нѝ недостасува.
Ни недостасува театар кој гласно го говори она кое сите го премолчуваат. Оваа претстава ми даде сила да помислам: Добро си онаму каде што си. Има и некој друг што така размислува, рече Стојаноска.

The post Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар appeared first on Република.

]]>
„На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-dnoto-na-kendrim-rijani-vecherva-premierno-vo-naroden-teatar-bitola/ Tue, 16 Apr 2024 08:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=766571

Народен театар Битола вечерва во 20 часот ќе ја има својата трета премиера за оваа година. Се работи за претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки.

Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски.

Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните театарски режисери на овие простори. Тој ја режираше претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во 2022, која на Битолскиот театар му донесе пет награди на 56. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Инаку, сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е здолжен Андреј Папаз Ѓорѓиевски, а за музиката Александар Димовски.

 

The post „На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

Народен театар Битола вечерва во 20 часот ќе ја има својата трета премиера за оваа година. Се работи за претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки. Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски. Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните театарски режисери на овие простори. Тој ја режираше претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во 2022, која на Битолскиот театар му донесе пет награди на 56. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Инаку, сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е здолжен Андреј Папаз Ѓорѓиевски, а за музиката Александар Димовски.  

The post „На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>