МЖСП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mzsp/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 12:28:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МЖСП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mzsp/ 32 32 ДЗР: Има неправилности околу наплатата на кесите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-ima-nepravilnosti-okolu-naplatata-na-kesite/ Tue, 16 Jan 2024 11:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=733585

Неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива констатирал Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерство за животна средина и просторно планирање за 2022 година.

Со ревизија на начинот и средства за финансирање на проекти опфатени во Програмата за управување со водите, согласно која се предвидени средства во вкупен износ од 50.940 илјади денари (околу 51 милион денар), чија распределба е во надлежност на Министерството, констатирано е дека не е воспоставен објективен и реален систем на избор на проекти, како и ризик за несоодветно користење на средства поради непостоење на јасни критериуми и правила специфични за реализација на овие проекти. Имено, со извршениот увид и анализа на документацијата поврзана со начинот на реализација на годишната Програма за управување со води за 2022 година на ревизијата не и беше доставена комплетна документација за сите доставени барања и доказ за нивна евалуација. Со увид во извршената евалуација и предлог листите на општините кои ги исполнуваат условите од програмата и одлуката за избор, утврдено е селективен и не образложен начин на избраните проекти во распределбата на средства за финансирање и реализирање на проектите, а и процентот на одобрените средства од побараните е различен и се движи од 30% до 100%, информираат денеска од ДЗР.

Исто така, поради недоставување поединечни извештаи за реализација на средствата од страна на органите на управата, до Владата не е доставен Извештај за реализација на средствата, состојба која може да има влијание на утврдувањето на реалните потреби за идни програмски и инвестициони активности при носење на Програмата за води од страна на Владата во идниот период.

Со ревизијата се утврдени неправилности и во однос на утврдување на динамиката на наплата на надоместокот за користење на водното право кој е приход на Буџетот.

Склучени се спогодби со давателите на водни услуги за плаќање на не наплатениот пресметан надоместок за користење и испуштање на вода на повеќе месечни рати, во вкупен износ од 112.663 илјади денари (околу 113 милиони денари). Заклучно со септември 2023 година од вкупно пресметаните достасани месечни рати во висина од 49.188 илјади денари (49 милиони денари), наплатени се 23.090 илјади денари (23 милиони денари), или 47%, додека за наплата остануваат неплатени надоместоци кои се приходи на Буџетот во вкупен износ од 89.573 илјади денари (приближно 90 милиони денари), односно 1.4 милиони евра, велат од Државниот завод за ревизија.

Оттаму појаснуваат дека врз основа на Уредбата за Методологија за распределба на средства како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива, а на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата секоја година носи Одлука за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините.

Со извршениот увид во Одлуката за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините за 2020 година, на девет општини се доделени средства во вкупен износ од 26.335 илјади денари (26 милиони денари). Констатирано е дека од определените девет општини, четири општини не доставиле програма поради тоа што средства кои им се доделени не се доволни за целосна реализација на проектите, додека пак за неискористените средства не постои законски основ истите да бидат префрлени во наредната година, се вели во соопштението од ДЗР.

Според Државниот завод за ревизија, средства кои се обезбедуваат од Буџетот на државата, како и донаторски средства од тековни повеќегодишни проекти на Министерството, се обезбедуваат за реализација на целите определени во Националната стратегија за заштита на природата (2017-2027), а од извршениот увид, за периодот од 2020 до 2022 година ревизорите утврдиле дека преовладува нискиот процент на буџетски средства кои се издвојуваат во секторот природа.

Со увидот во реализацијата на Годишните програми за заштита на природата за 2020, 2021 и 2022 година, констатирано е дека доделените средства од Буџетот на државата во вкупен износ од 2.400 илјади денари и донаторските средства од повеќегодишните проекти на Министерството во вкупен износ од 375.999 илјади денари не се воопшто или во целост реализирани.

Одредени неправилности ревизорите утврдиле и при уплата на надоместокот од регистрација на моторни возила и пловни објекти кој претставува еколошки надоместок кој се наплатува при регистрација на моторни возила и пловни објекти од страна на станиците за технички преглед и регистрација на возилата.

На сметката на основен буџет на Министерството во текот на 2022 година по овој основ се остварени средства во висина од 247.523 илјади денари (околу 248 милиони денари). Со извршениот увид во начинот на водење на евиденцијата и наплатата на надоместокот по овие основи утврдено е отсуство на уплата на надоместокот при регистрација на пловните објекти, потреба од воспоставување единствен систем за следење на овој приход кој ќе овозможи одговорните лица во Министерството да имаат увид во наплатените средства од страна на Министерството за внатрешни работи и правните лица кои вршат технички преглед. Исто така, потребно е и зајакнување на контролата на документацијата кај правните лица кои вршат технички преглед на наплатата и пресметката на надоместокот, како и потреба од ажурирање на одредбите од договорите со правните лица - технички станици согласно последните измени на законската регулатива, појаснуваат од ДЗР.

Ненавремена и нецелосна наплата, ревизорите исто така утврдиле и во наплатата на надоместоците за поседување на А и Б интегрирани еколошки дозволи.

Со не издавање/ ненавремено издавање на решенија за плаќање на надоместокот за поседување на А-интегрирана еколошка дозвола се остварени помалку приходи во буџетот на Министерството по овој основ во вкупен износ од 2.812 илјади денари (приближно 3 милиони денари), односно околу 48 илјади евра. По доставување на Нацрт извештајот од спроведената ревизија на Министерството, од страна на одговорните лица се преземени мерки и активности за наплата и пет правни субјекти извршиле уплата на средства во износ од 1.197 илјади денари (1 милион денари), односно 16 илјади евра на сметката на Министерството, соопштуваат од Државниот завод за ревизија.

Имено, од вкупно регистрирани 111 активни корисници на А и Б интегрирана дозвола за 2021 година (98 корисници на А интегрирани инсталации и 13 корисници на Б интегрирани инсталации) од страна на 18 корисници не е доставен годишен извештај за поседување на интегрираната дозвола, додека пак за 17 субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи и се евидентирани во Регистарот, од 2018 година не се издадени решенија за годишен надоместок за поседување на А - интегрирана еколошка дозвола,

Исто така, евидентирани се ненаплатени побарувања од минати години во висина од 9.358 илјади денари (9 милиони денари) по основ на поседување на интегрирана еколошка дозвола од кои 5.003 илјади денари (5 милиони денари) или 53,4% се постари од три години, за кои на ревизијата не и беа доставени докази за навремено и целосно утужување, односно покренување на постапки за присилна наплата на сите должници кои во редовен рок не го платиле надоместокот за поседување на интегрирана еколошка дозвола и со тоа го оштетуваат буџетот на Министерството, велат од Заводот.

Неправилности со извршената ревизија се констатирани и во евиденцијата и наплатата на надоместокот за биоразградливи кеси, не целосен извршен попис на средствата, побарувањата и обврските, не се евидентирани дел од деловните објекти кои ги користи Министерството, како и неправилности во дел од јавните набавки, за кои се дадени препораки во насока на преземање на мерки и активности за нивно надминување.

The post ДЗР: Има неправилности околу наплатата на кесите appeared first on Република.

]]>

Неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива констатирал Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерство за животна средина и просторно планирање за 2022 година.
Со ревизија на начинот и средства за финансирање на проекти опфатени во Програмата за управување со водите, согласно која се предвидени средства во вкупен износ од 50.940 илјади денари (околу 51 милион денар), чија распределба е во надлежност на Министерството, констатирано е дека не е воспоставен објективен и реален систем на избор на проекти, како и ризик за несоодветно користење на средства поради непостоење на јасни критериуми и правила специфични за реализација на овие проекти. Имено, со извршениот увид и анализа на документацијата поврзана со начинот на реализација на годишната Програма за управување со води за 2022 година на ревизијата не и беше доставена комплетна документација за сите доставени барања и доказ за нивна евалуација. Со увид во извршената евалуација и предлог листите на општините кои ги исполнуваат условите од програмата и одлуката за избор, утврдено е селективен и не образложен начин на избраните проекти во распределбата на средства за финансирање и реализирање на проектите, а и процентот на одобрените средства од побараните е различен и се движи од 30% до 100%, информираат денеска од ДЗР.
Исто така, поради недоставување поединечни извештаи за реализација на средствата од страна на органите на управата, до Владата не е доставен Извештај за реализација на средствата, состојба која може да има влијание на утврдувањето на реалните потреби за идни програмски и инвестициони активности при носење на Програмата за води од страна на Владата во идниот период. Со ревизијата се утврдени неправилности и во однос на утврдување на динамиката на наплата на надоместокот за користење на водното право кој е приход на Буџетот.
Склучени се спогодби со давателите на водни услуги за плаќање на не наплатениот пресметан надоместок за користење и испуштање на вода на повеќе месечни рати, во вкупен износ од 112.663 илјади денари (околу 113 милиони денари). Заклучно со септември 2023 година од вкупно пресметаните достасани месечни рати во висина од 49.188 илјади денари (49 милиони денари), наплатени се 23.090 илјади денари (23 милиони денари), или 47%, додека за наплата остануваат неплатени надоместоци кои се приходи на Буџетот во вкупен износ од 89.573 илјади денари (приближно 90 милиони денари), односно 1.4 милиони евра, велат од Државниот завод за ревизија.
Оттаму појаснуваат дека врз основа на Уредбата за Методологија за распределба на средства како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива, а на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата секоја година носи Одлука за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините.
Со извршениот увид во Одлуката за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините за 2020 година, на девет општини се доделени средства во вкупен износ од 26.335 илјади денари (26 милиони денари). Констатирано е дека од определените девет општини, четири општини не доставиле програма поради тоа што средства кои им се доделени не се доволни за целосна реализација на проектите, додека пак за неискористените средства не постои законски основ истите да бидат префрлени во наредната година, се вели во соопштението од ДЗР.
Според Државниот завод за ревизија, средства кои се обезбедуваат од Буџетот на државата, како и донаторски средства од тековни повеќегодишни проекти на Министерството, се обезбедуваат за реализација на целите определени во Националната стратегија за заштита на природата (2017-2027), а од извршениот увид, за периодот од 2020 до 2022 година ревизорите утврдиле дека преовладува нискиот процент на буџетски средства кои се издвојуваат во секторот природа. Со увидот во реализацијата на Годишните програми за заштита на природата за 2020, 2021 и 2022 година, констатирано е дека доделените средства од Буџетот на државата во вкупен износ од 2.400 илјади денари и донаторските средства од повеќегодишните проекти на Министерството во вкупен износ од 375.999 илјади денари не се воопшто или во целост реализирани. Одредени неправилности ревизорите утврдиле и при уплата на надоместокот од регистрација на моторни возила и пловни објекти кој претставува еколошки надоместок кој се наплатува при регистрација на моторни возила и пловни објекти од страна на станиците за технички преглед и регистрација на возилата.
На сметката на основен буџет на Министерството во текот на 2022 година по овој основ се остварени средства во висина од 247.523 илјади денари (околу 248 милиони денари). Со извршениот увид во начинот на водење на евиденцијата и наплатата на надоместокот по овие основи утврдено е отсуство на уплата на надоместокот при регистрација на пловните објекти, потреба од воспоставување единствен систем за следење на овој приход кој ќе овозможи одговорните лица во Министерството да имаат увид во наплатените средства од страна на Министерството за внатрешни работи и правните лица кои вршат технички преглед. Исто така, потребно е и зајакнување на контролата на документацијата кај правните лица кои вршат технички преглед на наплатата и пресметката на надоместокот, како и потреба од ажурирање на одредбите од договорите со правните лица - технички станици согласно последните измени на законската регулатива, појаснуваат од ДЗР.
Ненавремена и нецелосна наплата, ревизорите исто така утврдиле и во наплатата на надоместоците за поседување на А и Б интегрирани еколошки дозволи.
Со не издавање/ ненавремено издавање на решенија за плаќање на надоместокот за поседување на А-интегрирана еколошка дозвола се остварени помалку приходи во буџетот на Министерството по овој основ во вкупен износ од 2.812 илјади денари (приближно 3 милиони денари), односно околу 48 илјади евра. По доставување на Нацрт извештајот од спроведената ревизија на Министерството, од страна на одговорните лица се преземени мерки и активности за наплата и пет правни субјекти извршиле уплата на средства во износ од 1.197 илјади денари (1 милион денари), односно 16 илјади евра на сметката на Министерството, соопштуваат од Државниот завод за ревизија.
Имено, од вкупно регистрирани 111 активни корисници на А и Б интегрирана дозвола за 2021 година (98 корисници на А интегрирани инсталации и 13 корисници на Б интегрирани инсталации) од страна на 18 корисници не е доставен годишен извештај за поседување на интегрираната дозвола, додека пак за 17 субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи и се евидентирани во Регистарот, од 2018 година не се издадени решенија за годишен надоместок за поседување на А - интегрирана еколошка дозвола,
Исто така, евидентирани се ненаплатени побарувања од минати години во висина од 9.358 илјади денари (9 милиони денари) по основ на поседување на интегрирана еколошка дозвола од кои 5.003 илјади денари (5 милиони денари) или 53,4% се постари од три години, за кои на ревизијата не и беа доставени докази за навремено и целосно утужување, односно покренување на постапки за присилна наплата на сите должници кои во редовен рок не го платиле надоместокот за поседување на интегрирана еколошка дозвола и со тоа го оштетуваат буџетот на Министерството, велат од Заводот.
Неправилности со извршената ревизија се констатирани и во евиденцијата и наплатата на надоместокот за биоразградливи кеси, не целосен извршен попис на средствата, побарувањата и обврските, не се евидентирани дел од деловните објекти кои ги користи Министерството, како и неправилности во дел од јавните набавки, за кои се дадени препораки во насока на преземање на мерки и активности за нивно надминување.

The post ДЗР: Има неправилности околу наплатата на кесите appeared first on Република.

]]>
МЖСПП: Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mzhspp-ushte-80-toni-opasen-otpad-od-ohis-se-isprateni-na-unishtuvane-vo-frantsija/ Thu, 06 Jul 2023 08:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=658576

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, соопштуваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, додавајќи дека во рамките на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

[caption id="attachment_658579" align="aligncenter" width="1600"] (Фото: МЖСПП)[/caption]

Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа. Во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH, соопштија од МЖСПП.

The post МЖСПП: Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција appeared first on Република.

]]>

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, соопштуваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, додавајќи дека во рамките на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција. [caption id="attachment_658579" align="aligncenter" width="1600"] (Фото: МЖСПП)[/caption]
Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа. Во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH, соопштија од МЖСПП.
 
The post МЖСПП: Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција appeared first on Република.

]]>
Шукова: Ќе се прави контрола зошто не се наплатени 153 милиони евра во Буџетот на МЖСПП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shukova-ke-se-pravi-kontrola-zoshto-ne-se-naplateni-153-milioni-evra-vo-budhetot-na-mzhspp/ Tue, 14 Mar 2023 10:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=619475

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова најави дека ќе се прави истрага зошто во Буџетот на Министерството не се наплатени 153 милиони евра од носителите на А-интегрирана дозвола, а 492 милиони евра се отпишани како застарени.

Евидентиран е недостаток со Извештајот на Државниот завод за ревизија, правиме напори да го надминеме за да немаме вакви состојби и во иднина, а тоа значи дека ќе направиме контрола прво на сите издадени решенија, на сите што треба да се издадат, особено во однос на А-интегрираните дозволи. Во однос на надоместоците преземаме сериозна акција за да се воспостави еден систем на контрола. Најверојатно ќе биде некое софтверско решение во кое точно ќе знаеме влез и излез, направено и ненаправено за да можеме да знаеме кој правилно работи, а кој греши, кажа министерката во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во МЖСПП, како што рече Шукова, направена е група која ќе ги издвои сите надоместоци за животна средина на едно место, ќе ги евидентира и ќе најде механизам за проверка дали надоместоците се соодветно платени во централниот буџет.

The post Шукова: Ќе се прави контрола зошто не се наплатени 153 милиони евра во Буџетот на МЖСПП appeared first on Република.