„My name is Medeja“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/my-name-is-medeja/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Sep 2022 07:50:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „My name is Medeja“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/my-name-is-medeja/ 32 32 My name is MEDEJA премиерно во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/my-name-is-medeja-premierno-vo-naroden-teatar-bitola/ Wed, 28 Sep 2022 07:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=555068

Ансамблот на Народниот театар од Битола вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „ My name is Medeja “. Режијата е на Словенецот Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Претставата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.

„My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.

Во претставата настапуваат : Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.

Музика за претставата компонираше Драго Ивануша, сценограф е Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.

 

The post My name is MEDEJA премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Народниот театар од Битола вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „ My name is Medeja “. Режијата е на Словенецот Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Претставата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.
„My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.
Во претставата настапуваат : Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски. Музика за претставата компонираше Драго Ивануша, сценограф е Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.  

The post My name is MEDEJA премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>