My Name is Goran Stefanovski Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/my-name-is-goran-stefanovski/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Oct 2022 09:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png My Name is Goran Stefanovski Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/my-name-is-goran-stefanovski/ 32 32 Драмски со „My name is Goran Stefanovski“ гостува на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-so-my-name-is-goran-stefanovski-gostuva-na-megjunarodniot-festival-joakimfest-vo-kraguevac/ Mon, 10 Oct 2022 09:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=559380

Драмски театар Скопје во вторник, на 11 октомври  ќе гостува на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац кој се одржува од 7. до 12. октомври со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“.

Оваа година „Јоакимфест“ го бележи своето 17-то издание под слоганот „Хармонија на различноста“, а учестуваат театри од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и од Словенија.

Режисер на претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“).

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

 

The post Драмски со „My name is Goran Stefanovski“ гостува на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје во вторник, на 11 октомври  ќе гостува на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац кој се одржува од 7. до 12. октомври со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“. Оваа година „Јоакимфест“ го бележи своето 17-то издание под слоганот „Хармонија на различноста“, а учестуваат театри од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и од Словенија. Режисер на претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“). Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.  

The post Драмски со „My name is Goran Stefanovski“ гостува на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „My Name Is Goran Stefanovski“ гостува на Фестивал во Ниш https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-my-name-is-goran-stefanovski-gostuva-na-festival-vo-nish/ Fri, 09 Sep 2022 10:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=549049

Драмски театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 3-то издание на фестивалот „Театар на раскршќу“ во Ниш.

Народниот театар од Ниш го организира овој фестивал со цел да се афирмираат сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот. Во натпреварувачкиот дел учествуваат 6 претстави од земјите од Балканот. Градот Ниш позициониран како крстоница на европските и светските патишта со овој фестивал ја промовира уметноста на балканскиот културен простор.

Претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ ќе биде изведена во сабота на 10 септември.

Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“)

Сценограф е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

The post Драмски театар со „My Name Is Goran Stefanovski“ гостува на Фестивал во Ниш appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 3-то издание на фестивалот „Театар на раскршќу“ во Ниш. Народниот театар од Ниш го организира овој фестивал со цел да се афирмираат сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот. Во натпреварувачкиот дел учествуваат 6 претстави од земјите од Балканот. Градот Ниш позициониран како крстоница на европските и светските патишта со овој фестивал ја промовира уметноста на балканскиот културен простор. Претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ ќе биде изведена во сабота на 10 септември. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“) Сценограф е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

The post Драмски театар со „My Name Is Goran Stefanovski“ гостува на Фестивал во Ниш appeared first on Република.

]]>
„My name is Goran Stefanovski и „Декамерон“ вечерва на „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/my-name-is-goran-stefanovski-i-dekameron-vecherva-na-vojdan-chernodrinski/ Sat, 04 Jun 2022 10:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=511002

Денеска на пладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде промовирана книгата „Клиентот на Шекспир“ на Милош Латиновиќ на вториот фестивалски ден на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ кој почна синоќа со претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ).

Латиновиќ е драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на „Битеф театар“.

Вечервата на официјалниот дел од програмата на Фестивалот е „My name is Goran Stefanovski“ Драмски театар од Скопје со почетокот во 19 часот . Режисер на претставата е Црногорецот Бранислав Миќуновиќ.

Во терминот од 22 часот, на сцената на својата матична сцена ќе игра ансамблот на прилепскиот театар со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски. И оваа претстава е во официјална програма.

The post „My name is Goran Stefanovski и „Декамерон“ вечерва на „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Денеска на пладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде промовирана книгата „Клиентот на Шекспир“ на Милош Латиновиќ на вториот фестивалски ден на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ кој почна синоќа со претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Латиновиќ е драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на „Битеф театар“. Вечервата на официјалниот дел од програмата на Фестивалот е „My name is Goran Stefanovski“ Драмски театар од Скопје со почетокот во 19 часот . Режисер на претставата е Црногорецот Бранислав Миќуновиќ. Во терминот од 22 часот, на сцената на својата матична сцена ќе игра ансамблот на прилепскиот театар со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски. И оваа претстава е во официјална програма.

The post „My name is Goran Stefanovski и „Декамерон“ вечерва на „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Претставата за идентитетот „My name is Goran Stefanovski“ вечерва премиерно во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-identitetot-my-name-is-goran-stefanovski-vecherva-premierno-vo-dramski-teatar/ Thu, 31 Mar 2022 07:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=481198

Претставата чија тема е идентитетот, националниот и личниот „Мy name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Црногорецот Бранислав Миќуновиќ вечерва премиерно ќе се прикаже на сцената на Драмски театар Скопје во 20 часот. Поради сè уште актуелните ковид-протоколи ќе има три премиери, на 31 март, први и втори април. Билети за премиерите нема, а првата реприза е на 5 април.

Претставата е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Ниту една од нив не е играна на сцената на Драмски. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.

Во Драмски театар се изведени 14 премиери по текст на Горан Стефановски, од кои 12 се праизведби. Со оваа претстава правиме едно заокружување на неговата работа, рече Коцевска.

Избраните драми се напишани во период од 1987 до 2012 година.

My name is Goran Stefanovski е омаж на делото на Горан Стефановски. Идејата ми беше од повеќе негови драми да зафатам поширок контекст на неговото творештво. Воедно, требаше да се најде една нишка која ги поврзува Горановите драми, а таа е идентитетот, националниот и личниот. Темата на идентитетот се наоѓа од почетокот на неговите драми, прво тоа е националниот идентитет, а понатаму и личниот, а како Горан го менуваше местото на своето живеење, така и неговата идентитетска тема стануваше една голема широка слика на нашиот современ свет, а тоа е Европа. Задоволен сум што се занимавав со делото на Стефановски, и што настана претстава сосем интимна, лична, вели режисерот Миќуновиќ.

Драматургот Бранислава Илиќ посочи дека драмите на Стефановски се факултетска лектира за драматрузите од Македонија до Словенија, признавајќи дека на почетокот ѝ било страв да се нафати да направи авторската адаптација, бидејќи се прашувала дали е достојна за такво нешто.

Стефановски е доследен во своите драми, тој од почеток до крај се занимава со идентитетот. А јас бев сигурна дека изборот на текстови ќе го сместам меѓу ‘Црна дупка’ и ‘Одисеј’ или потрагата по идентитетот некаде надвор, во неприлагоденоста и нешто што е обид за враќање, или идентитетот што се поврзува со сигурноста, вели Илиќ.

Според Илиќ, оваа претстава не може да го надомести отсуството на еден од најзначајните драмски писатели и драматурзи на овој простор.

Но, претставата може да ни укаже дека она што ни се случува и како живееме денес, веќе е запишано во неговиот опус, смета Илиќ.

Горан Стефановски секогаш претставувањето и предавањата ги започнувал со оваа реченица: My name is Goran Stefanovski (Моето име е Горан Стефановски). Илиќ објасни зошто претставата носи наслов на англиски јазик.

Тоа е дел од цитат на самиот Стефановски, кажан во 2018 година, на отворање на конференција во Белград. Тој целиот живот беше помеѓу македонскиот и англискиот јазик. Две од драмите кои се влезени во компилацијата се работени на англиски јазик. Насловот ја дефинира неговата позиција меѓу две средини и два јазици, рече Илиќ.

Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски.

Сценограф е Александар Дениќ, а костимите ги изработи Роза Трајческа Ристовска. Во претставата се користи авторска музика на неговиот брат, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски.

 

The post Претставата за идентитетот „My name is Goran Stefanovski“ вечерва премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата чија тема е идентитетот, националниот и личниот „Мy name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Црногорецот Бранислав Миќуновиќ вечерва премиерно ќе се прикаже на сцената на Драмски театар Скопје во 20 часот. Поради сè уште актуелните ковид-протоколи ќе има три премиери, на 31 март, први и втори април. Билети за премиерите нема, а првата реприза е на 5 април. Претставата е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Ниту една од нив не е играна на сцената на Драмски. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.
Во Драмски театар се изведени 14 премиери по текст на Горан Стефановски, од кои 12 се праизведби. Со оваа претстава правиме едно заокружување на неговата работа, рече Коцевска.
Избраните драми се напишани во период од 1987 до 2012 година.
My name is Goran Stefanovski е омаж на делото на Горан Стефановски. Идејата ми беше од повеќе негови драми да зафатам поширок контекст на неговото творештво. Воедно, требаше да се најде една нишка која ги поврзува Горановите драми, а таа е идентитетот, националниот и личниот. Темата на идентитетот се наоѓа од почетокот на неговите драми, прво тоа е националниот идентитет, а понатаму и личниот, а како Горан го менуваше местото на своето живеење, така и неговата идентитетска тема стануваше една голема широка слика на нашиот современ свет, а тоа е Европа. Задоволен сум што се занимавав со делото на Стефановски, и што настана претстава сосем интимна, лична, вели режисерот Миќуновиќ.
Драматургот Бранислава Илиќ посочи дека драмите на Стефановски се факултетска лектира за драматрузите од Македонија до Словенија, признавајќи дека на почетокот ѝ било страв да се нафати да направи авторската адаптација, бидејќи се прашувала дали е достојна за такво нешто.
Стефановски е доследен во своите драми, тој од почеток до крај се занимава со идентитетот. А јас бев сигурна дека изборот на текстови ќе го сместам меѓу ‘Црна дупка’ и ‘Одисеј’ или потрагата по идентитетот некаде надвор, во неприлагоденоста и нешто што е обид за враќање, или идентитетот што се поврзува со сигурноста, вели Илиќ.
Според Илиќ, оваа претстава не може да го надомести отсуството на еден од најзначајните драмски писатели и драматурзи на овој простор.
Но, претставата може да ни укаже дека она што ни се случува и како живееме денес, веќе е запишано во неговиот опус, смета Илиќ.
Горан Стефановски секогаш претставувањето и предавањата ги започнувал со оваа реченица: My name is Goran Stefanovski (Моето име е Горан Стефановски). Илиќ објасни зошто претставата носи наслов на англиски јазик.
Тоа е дел од цитат на самиот Стефановски, кажан во 2018 година, на отворање на конференција во Белград. Тој целиот живот беше помеѓу македонскиот и англискиот јазик. Две од драмите кои се влезени во компилацијата се работени на англиски јазик. Насловот ја дефинира неговата позиција меѓу две средини и два јазици, рече Илиќ.
Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски. Сценограф е Александар Дениќ, а костимите ги изработи Роза Трајческа Ристовска. Во претставата се користи авторска музика на неговиот брат, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски.  

The post Претставата за идентитетот „My name is Goran Stefanovski“ вечерва премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Му благодарам на режисерот Миќуновиќ што ни го врати Горан Стефановски дома, рече актерката Софија Куновска пред премиерата на „My name is Goran Stefanovski“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mu-blagodaram-na-reziserot-mikjunovikj-shto-ni-go-vrati-goran-stefanovski-doma-reche-akterkata-sofija-kunovska-pred-premierata-na-my-name-is-goran-stefanovski/ Tue, 29 Mar 2022 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=480299

Му благодарам на режисерот Бранислав Миќуновиќ што со оваа претстава ни го врати Горан Стефановски дома. Допрва ќе разбереме кое место го заслужува тој во нашата вкупна, не само театарска уметност, туку и литература, рече денеска актерката Софија Куновска, на прес-конференцијата по повод премиерата на преставата „My name is Goran Stefanovski“ која е закажана за 31 март во 20 часот во Драмскиот театар Скопје.

Драмски театар Скопје најавува три премиерни изведби на претставата My Name is Goran Stefanovski (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Бранислав Миќуновиќ. Првата е на 31 март во 20 часот, а следните две се на први и на втори април. Ова е поради се уште важечките ковид-протоколи во државата, рече директорката на Драмски, Катерина Коцевска, која најави дека првата репреза е на 5 април. Картите за премиерите се распродадени.

Мојата прва претстава во Драмски беше на дело на Горан Стефановски. Тоа беше „Тетовирани души“ во режија на Паоло Маџели. Работев и една многу значајна претстава за македонската драматругија и за севкупната театарска уметност во Македонија, а тоа е „Чернодрински се враќа дома“, исто така по текст на Горан Стефановски. Како аманет за младите можам да порачам овој театар да не го оставаат без текст на Стефановски на репертоар. Горан е нашиот Шекспир, нашиот Чехов, но и нашиот Сократ. Проблемите со кои се соочува нашето општество се опишани во делата на Стефановски, но исто така и одговорите, рече Куновска, која во својата кариера играла во неколку претстави работени по текст на Стефановски и тоа токму на сцената на Драмски: „Тетовирани души“, „Кула Вавилноска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Диво месо“, „Лет во место“.

Претставата е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Ниту една од нив не е играна на сцената на Драмски. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.

Во Драмски театар се изведени 14 премиери по текст на Горан Стефановски, од кои 12 се праизведби. Со оваа претстава правиме едно заокружување на неговата работа, рече Коцевска.

Режисерот Миќуновиќ рече дека претставата се родила од неговата посветеност кон делото на Горан и од сеќавањето на нивното пријателство.

Ова е моја посвета на неговиот опус кој низ неколку негови драми сакав да го претставам пред современата театарска јавност и уште еднаш да потсетам на тоа дека неговите катарзични теми се уште актеулани, рече Миќуновиќ.

Во изминативе години, особено во период на пандемија, се отворија многу прашања на кои Горан, да беше жив, сигурно ќе одговореше лично, ќе заземеше став и ќе напишеше нова драма, смета драматургот Илиќ.

Оваа претстава не може да го надомести отсуството на еден од најзначајните драмски писатели и драматурзи на овој простор, но може да ни укаже дека она што ни се случува и како живееме денес, веќе е запишано во неговиот опус, рече денеска на прес-конфренцијата Илиќ.

Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски.

Сценограф е Александар Дениќ, а костимите ги изработи Роза Трајческа Ристовска. Во претставата се користи авторска музика на Влатко Стефановски.

 

The post Му благодарам на режисерот Миќуновиќ што ни го врати Горан Стефановски дома, рече актерката Софија Куновска пред премиерата на „My name is Goran Stefanovski“ appeared first on Република.

]]>

Му благодарам на режисерот Бранислав Миќуновиќ што со оваа претстава ни го врати Горан Стефановски дома. Допрва ќе разбереме кое место го заслужува тој во нашата вкупна, не само театарска уметност, туку и литература, рече денеска актерката Софија Куновска, на прес-конференцијата по повод премиерата на преставата „My name is Goran Stefanovski“ која е закажана за 31 март во 20 часот во Драмскиот театар Скопје. Драмски театар Скопје најавува три премиерни изведби на претставата My Name is Goran Stefanovski (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Бранислав Миќуновиќ. Првата е на 31 март во 20 часот, а следните две се на први и на втори април. Ова е поради се уште важечките ковид-протоколи во државата, рече директорката на Драмски, Катерина Коцевска, која најави дека првата репреза е на 5 април. Картите за премиерите се распродадени.
Мојата прва претстава во Драмски беше на дело на Горан Стефановски. Тоа беше „Тетовирани души“ во режија на Паоло Маџели. Работев и една многу значајна претстава за македонската драматругија и за севкупната театарска уметност во Македонија, а тоа е „Чернодрински се враќа дома“, исто така по текст на Горан Стефановски. Како аманет за младите можам да порачам овој театар да не го оставаат без текст на Стефановски на репертоар. Горан е нашиот Шекспир, нашиот Чехов, но и нашиот Сократ. Проблемите со кои се соочува нашето општество се опишани во делата на Стефановски, но исто така и одговорите, рече Куновска, која во својата кариера играла во неколку претстави работени по текст на Стефановски и тоа токму на сцената на Драмски: „Тетовирани души“, „Кула Вавилноска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Диво месо“, „Лет во место“.
Претставата е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Ниту една од нив не е играна на сцената на Драмски. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.
Во Драмски театар се изведени 14 премиери по текст на Горан Стефановски, од кои 12 се праизведби. Со оваа претстава правиме едно заокружување на неговата работа, рече Коцевска.
Режисерот Миќуновиќ рече дека претставата се родила од неговата посветеност кон делото на Горан и од сеќавањето на нивното пријателство.
Ова е моја посвета на неговиот опус кој низ неколку негови драми сакав да го претставам пред современата театарска јавност и уште еднаш да потсетам на тоа дека неговите катарзични теми се уште актеулани, рече Миќуновиќ.
Во изминативе години, особено во период на пандемија, се отворија многу прашања на кои Горан, да беше жив, сигурно ќе одговореше лично, ќе заземеше став и ќе напишеше нова драма, смета драматургот Илиќ.
Оваа претстава не може да го надомести отсуството на еден од најзначајните драмски писатели и драматурзи на овој простор, но може да ни укаже дека она што ни се случува и како живееме денес, веќе е запишано во неговиот опус, рече денеска на прес-конфренцијата Илиќ.
Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски. Сценограф е Александар Дениќ, а костимите ги изработи Роза Трајческа Ристовска. Во претставата се користи авторска музика на Влатко Стефановски.  

The post Му благодарам на режисерот Миќуновиќ што ни го врати Горан Стефановски дома, рече актерката Софија Куновска пред премиерата на „My name is Goran Stefanovski“ appeared first on Република.

]]>