МВР демант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mvr-demant/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 20:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МВР демант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mvr-demant/ 32 32 МВР: Тасевски и Мисини не се блиски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-tasevski-i-misini-ne-se-bliski/ Sat, 11 Mar 2023 20:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=618586

Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој денеска на прес-конференција говореше за поврзаност меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и лицето Самед Мисини од Ласкарци, кој, како што рече Стоилковски, во јули 2022 година испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје во присуство на Тасевски.

Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 отсто во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата. Класична лага е и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело. Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста“, реагира МВР.

Претходно, Стоилковски праша дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски? Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини? – праша Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ova-e-samed-misini-revolverashot-od-laskartsi-koj-pukal-vo-prisustvo-na-direktorot-na-bjb/

The post МВР: Тасевски и Мисини не се блиски appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој денеска на прес-конференција говореше за поврзаност меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и лицето Самед Мисини од Ласкарци, кој, како што рече Стоилковски, во јули 2022 година испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје во присуство на Тасевски.
Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 отсто во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата. Класична лага е и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело. Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста“, реагира МВР.
Претходно, Стоилковски праша дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес? Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски? Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини? – праша Стоилковски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ova-e-samed-misini-revolverashot-od-laskartsi-koj-pukal-vo-prisustvo-na-direktorot-na-bjb/

The post МВР: Тасевски и Мисини не се блиски appeared first on Република.

]]>
Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, велат од МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-promena-na-komandirot-na-gp-kjafasan-velat-od-mvr/ Wed, 14 Dec 2022 13:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=585581

Министерството за внатрешни работи демантира дека наводно за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, велат од МВР.

The post Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, велат од МВР appeared first on Република.

МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mvr-gi-demantira-tvdenjata-na-vmro-dpmne-deka-ne-prezema-merki-dodeka-se-krade-bakar-od-drisla/ Sun, 09 Oct 2022 17:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=559143

МВР најостро ги демантира лагите изнесени во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Дрисла од каде, како што тврдат во соопштението, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки.

МВР ја информира јавноста дека по добиена пријава дека на 09.10.2022 година од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа било констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа.

Со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, велат од МВР.

The post МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла appeared first on Република.

]]>

МВР најостро ги демантира лагите изнесени во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Дрисла од каде, како што тврдат во соопштението, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки. МВР ја информира јавноста дека по добиена пријава дека на 09.10.2022 година од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа било констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа.
Со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, велат од МВР.

The post МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла appeared first on Република.

]]>
МВР тврди дека не е загрозен безбедносниот систем затоа што набавува компјутери од фирма на црната листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-tvrdi-deka-ne-e-zagrozen-bezbednosniot-sistem-zatoa-shto-nabavuva-kompjuteri-od-firma-na-crnata-lista-na-sad/ Thu, 03 Mar 2022 21:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=467420

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од Александар Николовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 дека наводно е загрозен безбедносниот систем на МВР. Станува збор за класична дезинформација без никаква основа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-sinot-na-dodik-koja-e-na-crnata-lista-na-sad-od-vladata-dobila-tender-od-milion-643-iljadi-evra-za-bezbednosniot-sistem-vo-mvr/

МВР има склучено договор за јавна набавка на персонални компјутери со најповолниот понудувач Друштво за производство, трговија и услуги Инфинити енерџи, ИТ Солушнс енд сервицес ДОО Скопје, по спроведената електронска аукција. Договорот е склучен на 18.01.2022 и избраниот понудувач има рок на достава на стоките до 18.04.2022. При евалуација на избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Закон за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки.

Сите услови и спецификации кои се побарани  во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба, тврди МВР.

The post МВР тврди дека не е загрозен безбедносниот систем затоа што набавува компјутери од фирма на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од Александар Николовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 дека наводно е загрозен безбедносниот систем на МВР. Станува збор за класична дезинформација без никаква основа. https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-sinot-na-dodik-koja-e-na-crnata-lista-na-sad-od-vladata-dobila-tender-od-milion-643-iljadi-evra-za-bezbednosniot-sistem-vo-mvr/
МВР има склучено договор за јавна набавка на персонални компјутери со најповолниот понудувач Друштво за производство, трговија и услуги Инфинити енерџи, ИТ Солушнс енд сервицес ДОО Скопје, по спроведената електронска аукција. Договорот е склучен на 18.01.2022 и избраниот понудувач има рок на достава на стоките до 18.04.2022. При евалуација на избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Закон за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки. Сите услови и спецификации кои се побарани  во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба, тврди МВР.
 
The post МВР тврди дека не е загрозен безбедносниот систем затоа што набавува компјутери од фирма на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>
МВР: На тендерот се бараа минимум услови и Дон холдинг ги исполни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-na-tenderot-se-baraa-minimum-uslovi-i-don-holding-gi-ispolni/ Sat, 05 Feb 2022 15:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=454525

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што ги изнесе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција. МВР велат дека е дезинформација дека тендерот од половина милион евра за сончеви колектори за топла водаго добила фирмата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ од Скопје, во конкуренција со уште една пристигната понуда до МВР, од фирма којашто според протфолиото има 20 години стаж и успех специјализирана за климатизација, соларна енергија и водовод.

Добитникот на половина милион евра од МВР за сончеви колектори, односно загревачи на топла вода е ДОН ХОЛДИНГ истата онаа фирма којашто доби тендер за набавка на две машини за перење во Ѓорче Петров од 25.500 евра, за градинка во Ѓорче Петров, за две машини за перење 25.500 евра. За скандалот којшто беше голем во предизборието и за којшто постоеше голем интерес и набавката не се изврши под притисок на јавноста, МВР нема покренато иницијатива, но затоа ДОН ХОЛДИНГ фирмата којашто е блиска до СДСМ и до поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров добива тендер токму од МВР од половина милион евра за сончеви колектори, рече Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-obelodeni-skandal-mvr-na-spasovski-dava-polovina-milion-evra-na-transportnata-firma-shto-nabavuvashe-2-mashini-za-perenje-od-25-500-vo-gjorche-petrov/

Од МВР велат дека запазувајќи ја стратегијата заенергетско-ефикасно и еколошко министерство, покрај исфрлањето на огревното дрво и мазутот од употреба, имаше предвидено постапка за инсталација на соларни системи.

Првата постапка беше објавена во септември 2021 година и истата заврши со поништување од причина што остана само една прифатлива понуда на економскиот оператор Дон Холдинг, од три поднесени. По извршена анализа, единствената прифатлива понуда беше исклучена поради цени повисоки од проценетата вредност и постапката беше поништена.

Во декември 2021 постапката беше повторно објавена, беа поднесени две понуди, од кои по направената анализа беше донесена одлука за избор и беше избрана понудата на Дон Холдинг, која беше во рамките на проценетата вредност. И во двете спроведени постапки, критериумите беа исти односно се бараа минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоеше ниту еден дополнителен критериум. За двете спроведени постапки не е поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, каде било кој заинтересиран економски оператор може да даде забелешки за техничката спецификација или да бара промена на истата, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка, велат од МВР.

Од министерството на Спасовски нагласуваат дека секој одговорен политички актер во земјава треба да го поздрави елиминирањето на огревното дрво и мазут од употреба и префрлање на дел од објектите кон користење на сончевата енергија.

На тој начин придонесуваме за поздрава животна средина. Со спроведената набавка на 15 локации низ државата ќе се обезбеди топла вода во комплетната водоводна мрежа, па во 2022 година дел од објектите за прв пат ќе добијат топла вода во своето постоење. Опфатени се полициски станици, кујни, одморалишта, сместувачки капацитети во центар за обука Идризово.

МВР ќе продолжи со имплементација на стратегијата за енергетско-ефикасно и еколошко министерство, и ќе продолжи да ги охрабрува сите политички субјекти во државата вклучително и ВМРО ДПМНЕ да поддржат и да почнат да преземаат енергетско-ефикасни чекори за заштита на животната средина.

The post МВР: На тендерот се бараа минимум услови и Дон холдинг ги исполни appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што ги изнесе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција. МВР велат дека е дезинформација дека тендерот од половина милион евра за сончеви колектори за топла водаго добила фирмата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ од Скопје, во конкуренција со уште една пристигната понуда до МВР, од фирма којашто според протфолиото има 20 години стаж и успех специјализирана за климатизација, соларна енергија и водовод.
Добитникот на половина милион евра од МВР за сончеви колектори, односно загревачи на топла вода е ДОН ХОЛДИНГ истата онаа фирма којашто доби тендер за набавка на две машини за перење во Ѓорче Петров од 25.500 евра, за градинка во Ѓорче Петров, за две машини за перење 25.500 евра. За скандалот којшто беше голем во предизборието и за којшто постоеше голем интерес и набавката не се изврши под притисок на јавноста, МВР нема покренато иницијатива, но затоа ДОН ХОЛДИНГ фирмата којашто е блиска до СДСМ и до поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров добива тендер токму од МВР од половина милион евра за сончеви колектори, рече Стоилковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-obelodeni-skandal-mvr-na-spasovski-dava-polovina-milion-evra-na-transportnata-firma-shto-nabavuvashe-2-mashini-za-perenje-od-25-500-vo-gjorche-petrov/ Од МВР велат дека запазувајќи ја стратегијата заенергетско-ефикасно и еколошко министерство, покрај исфрлањето на огревното дрво и мазутот од употреба, имаше предвидено постапка за инсталација на соларни системи.
Првата постапка беше објавена во септември 2021 година и истата заврши со поништување од причина што остана само една прифатлива понуда на економскиот оператор Дон Холдинг, од три поднесени. По извршена анализа, единствената прифатлива понуда беше исклучена поради цени повисоки од проценетата вредност и постапката беше поништена. Во декември 2021 постапката беше повторно објавена, беа поднесени две понуди, од кои по направената анализа беше донесена одлука за избор и беше избрана понудата на Дон Холдинг, која беше во рамките на проценетата вредност. И во двете спроведени постапки, критериумите беа исти односно се бараа минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоеше ниту еден дополнителен критериум. За двете спроведени постапки не е поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, каде било кој заинтересиран економски оператор може да даде забелешки за техничката спецификација или да бара промена на истата, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка, велат од МВР.