музички средби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichki-sredbi/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 08:30:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png музички средби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichki-sredbi/ 32 32 Музички средби во СОКОМ: Макeдонското музичко творештво, сегашност и минато https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichki-sredbi-vo-sokom-makedonskoto-muzichko-tvoreshtvo-segashnost-i-minato/ Thu, 24 Mar 2022 08:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=477487

Во петок, 25 март, во Музејот на македонската борба со почеток во 10 часот, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.

Со интенција да го развие и продолжи одржувањето на „Музичките средби во СОКОМ“, кои за прв пат со одржаа во 2019 година, и оваа година, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат под темата „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.

Организирањето на „Музичките средби во СОКОМ“ е со цел да се поттикне и унапреди научно–истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музичкото културно наследство, музиката и поезијата, музиката и медиумите. Освен претставување на научни истражувања, оваа година остваруваме и професионални разговори со определен повод (награда, јубилеј, значајно остварување надвор од нашите граници, ново дело, итн.) со музичките дејци за определени теми или дела од нивното творештво и дејност од областа на македонската музичка култура.

Координатор на настанот е музикологот д-р Мирјана Павловска Шулајковска, а претседавач е Академик проф. д-р Јане Коџабашија. Со свои излагања и разговори со истакнати музички дејци ќе се претстават македонски музиколози, етномузиколози, педагози, истражувачи, меѓу кои: д-р Огненка Герасимовска Димитровска, м-р Весна Малјановска, Академик проф. д-р Јане Коџабашија, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, проф. д-р Александар Трајковски, д-р Мирјана Павловска Шулајковска, м-р Даница Стојанова, д-р Беким Рамадани и м-р Ивона Опетческа – Татарчевска.

The post Музички средби во СОКОМ: Макeдонското музичко творештво, сегашност и минато appeared first on Република.

]]>

Во петок, 25 март, во Музејот на македонската борба со почеток во 10 часот, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“. Со интенција да го развие и продолжи одржувањето на „Музичките средби во СОКОМ“, кои за прв пат со одржаа во 2019 година, и оваа година, Сојузот на композиторите на Македонија организира научни средби кои се одржуваат под темата „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“. Организирањето на „Музичките средби во СОКОМ“ е со цел да се поттикне и унапреди научно–истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музичкото културно наследство, музиката и поезијата, музиката и медиумите. Освен претставување на научни истражувања, оваа година остваруваме и професионални разговори со определен повод (награда, јубилеј, значајно остварување надвор од нашите граници, ново дело, итн.) со музичките дејци за определени теми или дела од нивното творештво и дејност од областа на македонската музичка култура. Координатор на настанот е музикологот д-р Мирјана Павловска Шулајковска, а претседавач е Академик проф. д-р Јане Коџабашија. Со свои излагања и разговори со истакнати музички дејци ќе се претстават македонски музиколози, етномузиколози, педагози, истражувачи, меѓу кои: д-р Огненка Герасимовска Димитровска, м-р Весна Малјановска, Академик проф. д-р Јане Коџабашија, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, проф. д-р Александар Трајковски, д-р Мирјана Павловска Шулајковска, м-р Даница Стојанова, д-р Беким Рамадани и м-р Ивона Опетческа – Татарчевска.

The post Музички средби во СОКОМ: Макeдонското музичко творештво, сегашност и минато appeared first on Република.

]]>