музички оерформанс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichki-oerformans/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Jul 2022 14:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png музички оерформанс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichki-oerformans/ 32 32 АЛГА – мода, графити уметност и електронска музика на една изложба https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/alga-moda-grafiti-umetnost-i-elektronska-muzika-na-edna-izlozba/ Sat, 02 Jul 2022 15:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=522650

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола отворена концептуалната изложба АЛГА која претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која е повеќеслојна.

Имено, за модната колекција на LOM Label се употребени природни и алтернативни материјали. Посветено е посебно внимание кон кроењето при изработката на модните парчиња да се создаде минимален отпад, а остатоците од материјали се реупотребуваат за да се изработи ново парче облека или моден додаток. Овој моден бренд позади кој стои модната дизајнерка Марта Дојчиновска, овој пат се враќа кон нејзината публика со колекција која е составена од фузија на органски, флуидни, нежни и геометриски форми инспирирани од алгите. И тој лајтмотив е исто така тема на уметничките дела на Драган Милованов-познат графити уметник со изразен личен печат во она што го создава.

Неговите дела ја раскажуваат љубовта кон природата, зачувувањето на зелените површини, графитите, уличната уметност, сѐ заедно претопено на уметничко платно со уникатен стил на изразување и силна порака за грижа кон животната средина.

- Фокус на АЛГА се организмите алги, флуидните форми како и варијациите на бои кои што алгите ги имаат, нивните бенефити за животната средина и еко-системот, како и нивниот опстанок во секое годишно време. Од транспарентна бела, сива, свежо зелена па се до црнa…бојата и формите на алгата се провлекуваат низ модната колекцијата и ќе се главен двигател и низ уметничките дела- истакнуваат авторите на изложбата.

Изложбата трае до понеделник, а на овој четиридневен модно-уметнички и музички перформанс свои сетови ќе имaат DJ Dejan Dex, Herzel и Chiko. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

The post АЛГА – мода, графити уметност и електронска музика на една изложба appeared first on Република.

]]>