Музичка промоција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichka-promocija/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Dec 2022 11:39:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Музичка промоција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichka-promocija/ 32 32 Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на ФМУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichka-promocija-na-pijanistika-1-od-m-r-dirona-sokolovska-na-fmu/ Wed, 07 Dec 2022 11:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=582913

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска ќе биде промовирана на 12 декември (понеделник), со почеток во 19:30 часот во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на м-р Јована Трајчева и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје.

„Пијанистика 1“, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование.

Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориски содржини наменети за објаснување на поимите од теоријата на музиката (тоналитет, скала, акорд, интервал, начини на свирење итн.) и историјата на музика (конструирање на пијаното, историјат и типови на пијана), се содржат близу 150 нотирани музички дела – нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце. Овие партитури опфаќаат оригинални авторски композиции од авторката за почетници, автентични композиции за пијано од светското класично музичко творештво, но и композиции од домашни, национални композитори, кои се вклучија со свој придонес во публикацијата. Во книгата, авторката користи и обработени популарни класични теми, песни од мјузикли на Бродвеј, џез-стандарди, како и аранжмани за пијано на песни и ора од регионалните етнички и културни поднебја.

Методот за изучување пијано во „Пијанистика 1“ е оригинален, создаден од авторката преку грижливо евидентирање, анализа на податоци и педагошка практика со ученици од најмала до средна возраст, во текот на сопствената 25-годишна работа како педагог по пијано, а со цел ефективно и ефикасно совладување на градивото и усвојување на знаењата. Секоја тематска единица е грижливо обработена и содржи: воведен текстуален дел, кој на корисникот му помага да го поврзе знаењето со претходни знаења; практичен дел – избор нотен материјал од ризницата на светската музика за свирење, наменет за усвојување на новото знаење преку свирење; и заклучен дел – за проверка на знаењето.

The post Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на ФМУ appeared first on Република.

]]>

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска ќе биде промовирана на 12 декември (понеделник), со почеток во 19:30 часот во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на м-р Јована Трајчева и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. „Пијанистика 1“, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование. Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориски содржини наменети за објаснување на поимите од теоријата на музиката (тоналитет, скала, акорд, интервал, начини на свирење итн.) и историјата на музика (конструирање на пијаното, историјат и типови на пијана), се содржат близу 150 нотирани музички дела – нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце. Овие партитури опфаќаат оригинални авторски композиции од авторката за почетници, автентични композиции за пијано од светското класично музичко творештво, но и композиции од домашни, национални композитори, кои се вклучија со свој придонес во публикацијата. Во книгата, авторката користи и обработени популарни класични теми, песни од мјузикли на Бродвеј, џез-стандарди, како и аранжмани за пијано на песни и ора од регионалните етнички и културни поднебја. Методот за изучување пијано во „Пијанистика 1“ е оригинален, создаден од авторката преку грижливо евидентирање, анализа на податоци и педагошка практика со ученици од најмала до средна возраст, во текот на сопствената 25-годишна работа како педагог по пијано, а со цел ефективно и ефикасно совладување на градивото и усвојување на знаењата. Секоја тематска единица е грижливо обработена и содржи: воведен текстуален дел, кој на корисникот му помага да го поврзе знаењето со претходни знаења; практичен дел – избор нотен материјал од ризницата на светската музика за свирење, наменет за усвојување на новото знаење преку свирење; и заклучен дел – за проверка на знаењето.

The post Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на ФМУ appeared first on Република.

]]>
Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichka-promocija-na-knigata-zabraneti-lugje-od-dzon-ilija-apelgren-2/ Wed, 22 Jun 2022 06:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=518270

Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен денеска во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во Скопје сити мол ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и претставува своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чија главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се Благоја Антовски – тапани, Игор Атанасоски-Харе – гитара, Трајче Велков – труба, Калина Велковска-Кали – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Крле – вокал, Кирил Кузманов – саксофон, Џоле Максимовски – бас-гитарист, Андреа Мирческа – контрабас, Иван Петровски – гитара, Полина Тасева – сопран, Петар Ренџов – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Арбен Бени Шаќири – вокал и Џон Илија Апелгрен – вокал.

Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Како што соопштија од издавачката куќа, предговорите на книгата ги напишаа музичките новинари Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и фотографот Драги Неделчевски.

Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе, се наведува во соопштението на „Арс Ламина“.

 

The post Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен appeared first on Република.

]]>

Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен денеска во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во Скопје сити мол ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и претставува своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19. Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чија главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се Благоја Антовски – тапани, Игор Атанасоски-Харе – гитара, Трајче Велков – труба, Калина Велковска-Кали – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Крле – вокал, Кирил Кузманов – саксофон, Џоле Максимовски – бас-гитарист, Андреа Мирческа – контрабас, Иван Петровски – гитара, Полина Тасева – сопран, Петар Ренџов – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Арбен Бени Шаќири – вокал и Џон Илија Апелгрен – вокал. Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите. Како што соопштија од издавачката куќа, предговорите на книгата ги напишаа музичките новинари Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и фотографот Драги Неделчевски.
Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе, се наведува во соопштението на „Арс Ламина“.
 

The post Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен appeared first on Република.

]]>