Музичка младина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichka-mladina/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 14:26:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Музичка младина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichka-mladina/ 32 32 Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichka-mladina-na-makedonija-go-pochnuva-tsiklusot-kontserti-slobodna-sreda/ Tue, 28 Feb 2023 14:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=614294

Од 1 март во Музејот на македонската борба во Скопје, Музичка младина на Македонија го почнува четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“.

Со годинашнава програма се планирани шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари до триесетгодишна возраст, од повеќе градови во државата.

– Платформата „Слободна среда“ е циклус концерти на кои настапуваат поединци или состави од музичари, инструментални и вокално-инструментални, а се претставуваат со едно до две дела. Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Нѐ радува што од година во година заинтересираноста кај младите музичари е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и за публиката, истакна Александар Герасимовски од Музичка младина на Македонија.

Концертите ќе се одржат на 1, 15, 22 и на 29 март, како и на 5 и 12 април, сите со почеток од 19 часот, во Музејот на македонската борба, а влезот за нив е бесплатен. „Слободна среда“ е содржина со која се одбележува 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, а финансиски е поддржана од Министерството за култура

The post Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“ appeared first on Република.

]]>

Од 1 март во Музејот на македонската борба во Скопје, Музичка младина на Македонија го почнува четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“. Со годинашнава програма се планирани шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари до триесетгодишна возраст, од повеќе градови во државата. – Платформата „Слободна среда“ е циклус концерти на кои настапуваат поединци или состави од музичари, инструментални и вокално-инструментални, а се претставуваат со едно до две дела. Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Нѐ радува што од година во година заинтересираноста кај младите музичари е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и за публиката, истакна Александар Герасимовски од Музичка младина на Македонија. Концертите ќе се одржат на 1, 15, 22 и на 29 март, како и на 5 и 12 април, сите со почеток од 19 часот, во Музејот на македонската борба, а влезот за нив е бесплатен. „Слободна среда“ е содржина со која се одбележува 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, а финансиски е поддржана од Министерството за култура

The post Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“ appeared first on Република.

]]>