Музичка младина на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichka-mladina-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 07:59:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Музичка младина на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichka-mladina-na-makedonija/ 32 32 Концерт на Филхармонија посветен на 60 години Музичка младина на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-filharmonija-posveten-na-60-godini-muzichka-mladina-na-makedonija/ Mon, 30 Oct 2023 07:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=696111

Оркестарот на Македонска филхармонија овој четврток, со почеток во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Извор“ посветен на 60 години Музичка младина на Македонија. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат младите инструменталисти Магдалена Дрмач – виолончело, Леонардо Димоски – виолина и Гоце Златев – пијано. На програмата се „Водич низ оркестарот за млади“ од Бенџамин Бритн, Симфониски варијации за виолончело и оркестар од Леон Боелман, Капричо-Етида во форма на валс од Сен Санс и „Рапсодија на тема од Паганини“ од Сергеј Рахмањинов.

[caption id="attachment_696115" align="alignnone" width="1400"] Леонардо Димоски
фото: Македонска филхармонија[/caption]

Леонардо Димоски е роден 2004 година, во Битола. Музичкото образование го започнува на 6-годишна возраст во Прилеп, во ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка“, во класата на проф. Оливера Гемту и ментор проф. Ванчо Стоилков. Oд јануари 2017 година работи под менторство на м-р проф. Сихана Бадивуку. Во 2023 започнува да студира во Виена со проф. Павел Верников и проф. Кристина Шуклар. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учествувал на „Виолин фест“ – Скопје, во 2016, 2017, 2018, 2019 и 2023 год. Настапувал во Македонија, Австрија, Србија, Италија... Учесник е на Третата меѓународна конференција „Образование преку граници“ – Битола и на новогодишните хуманитарни концерти на Педагошкиот факултет во Битола. Посетувал семинар по виолина кај доц. м-р Михаило Куфојанакис, проф. Пол Рочек (Австрија), Теди Папаврами (Швајцарија), м-р Владимир Марковиќ (Србија), проф. Рони Шпигел (Швајцарија), проф. Кирил Трусов (Германија), проф. Дмитри Берлински (Русија), проф. Ана Морголетс (Русија), проф. Павел Верников (Украина), проф. Светлана Макарова (Русија).

[caption id="attachment_696116" align="alignnone" width="1123"] Магдалена Дрмач
Фото: Македонска филхармонија[/caption]

Магдалена Дрмач е родена 2006 година. На осумгодишна возраст почнува да свири виолончело во Основното музичко училиште – ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје, во класата на професорката Александра Јаневска. Во периодот од 2015 до 2023 година учествува на многу натпревари каде што освојува многу први награди. Повеќето од нив се со меѓународен, државен и регионален карактер. Натпреварите се одржале во Република Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Русија и САД. Во 2021 година е лауреат на фестивалот „Отворена Европа“ во Москва. Истата година настапува со Македонската филхармонија, а во 2022 година повторно е избрана и настапува со Македонската филхармонија. Во 2022 година ѝ е доделена наградата за најдобар ученик на гудачкиот оддел во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Магдалена е лауреат на фестивалот „Полихимнија“ во 2023 година. Настапува и во Рим, Италија како дел од државната делегација во чест на празникот Св. Кирил и Методиј. Присуствува на многу мастерчасови со врвни професори како: Стефан Попов (Обединето Кралство); Гал Фаганел (Словенија); Вида Вујиќ (Австрија); Ерих Оскар Хутер (Австрија); Атанас Крастев (Бугарија); Милутин Младеновиќ (Србија); Александар Кузмановски (Словенија); Милитијадис Касарос (Грција). Била дел од Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ и „Нонет +“, „Ајга“, како и од проектот „Musica un Ponte tra i Popoli“ во Форли, Италија, 2022 година. Магдалена е водечки челист во симфонискиот и камерниот училиштен оркестар.

[caption id="attachment_696117" align="alignnone" width="1080"] Гоце Златев
фото: Македонска филхармонија[/caption]

Гоце Златев е роден 2006 година. Основното музичко образование го започнува во Штип на осумгодишна возраст во класата на проф. Гоце Костадинов, а од 2017 година учи во Скопје во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. д-р Славица Мицовска- Смилевска. Сега е ученик во четврта година – Инструментален отсек – пијано специјал. Во текот на своето музичко образование учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари и добитник е на многу награди, меѓу кои прво место во Словенија; награда „Најголем виртуоз“ во Бугарија; второ место на натпреварот „Шопен“ во Малезија и др. Настапувал со оркестарот „Видин Симфониета“, под диригентство на маестро Петер Димитров во Софија, Бугарија; во 2019 година настапува на два концерта во Париз, Франција; во 2021 и во 2022 година настапува со Македонска филхармонија, под диригентство на Сашо Татарчевски и Дијана Илковска-Имери. Во 2019 година на 13- годишна возраст го одржува првиот солистички рецитал во Скопје, по кој следат девет солистички рецитали од кои три во Скопје, Штип, Велес, Битола, Струмица, Гевгелија и рецитал во Рим. Во текот на школувањето, својата наобразба ја надоградува во соработка со еминентни професори: М. Ѓошевска, С. Трпчески, Ж. Захариева (Бугарија), С. Гаџиев (Словенија, Италија), Шантал Стилиани (Франција), Туту Ајдиноглу, Бертран Жиро (Франција) и други.

 

The post Концерт на Филхармонија посветен на 60 години Музичка младина на Македонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонска филхармонија овој четврток, со почеток во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Извор“ посветен на 60 години Музичка младина на Македонија. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат младите инструменталисти Магдалена Дрмач – виолончело, Леонардо Димоски – виолина и Гоце Златев – пијано. На програмата се „Водич низ оркестарот за млади“ од Бенџамин Бритн, Симфониски варијации за виолончело и оркестар од Леон Боелман, Капричо-Етида во форма на валс од Сен Санс и „Рапсодија на тема од Паганини“ од Сергеј Рахмањинов. [caption id="attachment_696115" align="alignnone" width="1400"] Леонардо Димоски
фото: Македонска филхармонија[/caption] Леонардо Димоски е роден 2004 година, во Битола. Музичкото образование го започнува на 6-годишна возраст во Прилеп, во ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка“, во класата на проф. Оливера Гемту и ментор проф. Ванчо Стоилков. Oд јануари 2017 година работи под менторство на м-р проф. Сихана Бадивуку. Во 2023 започнува да студира во Виена со проф. Павел Верников и проф. Кристина Шуклар. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учествувал на „Виолин фест“ – Скопје, во 2016, 2017, 2018, 2019 и 2023 год. Настапувал во Македонија, Австрија, Србија, Италија... Учесник е на Третата меѓународна конференција „Образование преку граници“ – Битола и на новогодишните хуманитарни концерти на Педагошкиот факултет во Битола. Посетувал семинар по виолина кај доц. м-р Михаило Куфојанакис, проф. Пол Рочек (Австрија), Теди Папаврами (Швајцарија), м-р Владимир Марковиќ (Србија), проф. Рони Шпигел (Швајцарија), проф. Кирил Трусов (Германија), проф. Дмитри Берлински (Русија), проф. Ана Морголетс (Русија), проф. Павел Верников (Украина), проф. Светлана Макарова (Русија). [caption id="attachment_696116" align="alignnone" width="1123"] Магдалена Дрмач
Фото: Македонска филхармонија[/caption] Магдалена Дрмач е родена 2006 година. На осумгодишна возраст почнува да свири виолончело во Основното музичко училиште – ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје, во класата на професорката Александра Јаневска. Во периодот од 2015 до 2023 година учествува на многу натпревари каде што освојува многу први награди. Повеќето од нив се со меѓународен, државен и регионален карактер. Натпреварите се одржале во Република Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Русија и САД. Во 2021 година е лауреат на фестивалот „Отворена Европа“ во Москва. Истата година настапува со Македонската филхармонија, а во 2022 година повторно е избрана и настапува со Македонската филхармонија. Во 2022 година ѝ е доделена наградата за најдобар ученик на гудачкиот оддел во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Магдалена е лауреат на фестивалот „Полихимнија“ во 2023 година. Настапува и во Рим, Италија како дел од државната делегација во чест на празникот Св. Кирил и Методиј. Присуствува на многу мастерчасови со врвни професори како: Стефан Попов (Обединето Кралство); Гал Фаганел (Словенија); Вида Вујиќ (Австрија); Ерих Оскар Хутер (Австрија); Атанас Крастев (Бугарија); Милутин Младеновиќ (Србија); Александар Кузмановски (Словенија); Милитијадис Касарос (Грција). Била дел од Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ и „Нонет +“, „Ајга“, како и од проектот „Musica un Ponte tra i Popoli“ во Форли, Италија, 2022 година. Магдалена е водечки челист во симфонискиот и камерниот училиштен оркестар. [caption id="attachment_696117" align="alignnone" width="1080"] Гоце Златев
фото: Македонска филхармонија[/caption] Гоце Златев е роден 2006 година. Основното музичко образование го започнува во Штип на осумгодишна возраст во класата на проф. Гоце Костадинов, а од 2017 година учи во Скопје во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. д-р Славица Мицовска- Смилевска. Сега е ученик во четврта година – Инструментален отсек – пијано специјал. Во текот на своето музичко образование учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари и добитник е на многу награди, меѓу кои прво место во Словенија; награда „Најголем виртуоз“ во Бугарија; второ место на натпреварот „Шопен“ во Малезија и др. Настапувал со оркестарот „Видин Симфониета“, под диригентство на маестро Петер Димитров во Софија, Бугарија; во 2019 година настапува на два концерта во Париз, Франција; во 2021 и во 2022 година настапува со Македонска филхармонија, под диригентство на Сашо Татарчевски и Дијана Илковска-Имери. Во 2019 година на 13- годишна возраст го одржува првиот солистички рецитал во Скопје, по кој следат девет солистички рецитали од кои три во Скопје, Штип, Велес, Битола, Струмица, Гевгелија и рецитал во Рим. Во текот на школувањето, својата наобразба ја надоградува во соработка со еминентни професори: М. Ѓошевска, С. Трпчески, Ж. Захариева (Бугарија), С. Гаџиев (Словенија, Италија), Шантал Стилиани (Франција), Туту Ајдиноглу, Бертран Жиро (Франција) и други.  

The post Концерт на Филхармонија посветен на 60 години Музичка младина на Македонија appeared first on Република.

]]>
По повод 60-годишнината на Музичка младина на Македонија концерт во Битола на камерниот оркестар „Нонет +“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-povod-60-godishninata-na-muzichka-mladina-na-makedonija-kontsert-vo-bitola-na-kamerniot-orkestar-nonet/ Sat, 28 Jan 2023 19:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=602078

По повод 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, утревечер, од 19 часот во Офицерски дом во Битола, концерт ќе одржи Камерниот ансамбл на „Нонет +“.

Под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски, музичарите Дарко Гроздановски, Памела Велкова, Ивана Здравкова, Тамара Охомуш, Верица Ајтовска, Кристина Стојановска, Анеса Зајази, Магдалена Дрмач и Ивона Давидовска ќе изведат композиции од Тавенер, Бибер,Перт и Холст.

Со овој концерт Музичка младина на Македонија го почнува одбележувањето на 60-те години од постоењето.

– Почнуваме од Битола, затоа што таму пред 60 години група млади музичари, ентузијасти, самоиницијативно ја основаa организацијата Музичка младина. Оттогаш па до денес, Музичка младина на Македонија е единствената национална невладина организација што работи со млади музичари и млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи ја нивната првична јавна промоција во областа на музиката. Денес МММ е едно од најголемите културни движења во Македонија, полноправен член на Интернационална музичка Младина и носител на повеќе меѓународни проекти, истакна Александар Герасимовски, претседател на Музичка младина на Македонија. Камерниот ансамбл „Нонет +“ е основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година, составен е од млади музичари, а неговата цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници. Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи, со посебен акцент на современата музика.

Ансамблот „Нонет +“ досега имал настапи на „Подиум на млади“ на „Охридско лето“, на фестивалот „Есенски музички свечености“ во Скопје, во повеќе градови во државата, како и во Софија, Република Бугарија.

The post По повод 60-годишнината на Музичка младина на Македонија концерт во Битола на камерниот оркестар „Нонет +“ appeared first on Република.

]]>

По повод 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, утревечер, од 19 часот во Офицерски дом во Битола, концерт ќе одржи Камерниот ансамбл на „Нонет +“. Под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски, музичарите Дарко Гроздановски, Памела Велкова, Ивана Здравкова, Тамара Охомуш, Верица Ајтовска, Кристина Стојановска, Анеса Зајази, Магдалена Дрмач и Ивона Давидовска ќе изведат композиции од Тавенер, Бибер,Перт и Холст. Со овој концерт Музичка младина на Македонија го почнува одбележувањето на 60-те години од постоењето. – Почнуваме од Битола, затоа што таму пред 60 години група млади музичари, ентузијасти, самоиницијативно ја основаa организацијата Музичка младина. Оттогаш па до денес, Музичка младина на Македонија е единствената национална невладина организација што работи со млади музичари и млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи ја нивната првична јавна промоција во областа на музиката. Денес МММ е едно од најголемите културни движења во Македонија, полноправен член на Интернационална музичка Младина и носител на повеќе меѓународни проекти, истакна Александар Герасимовски, претседател на Музичка младина на Македонија. Камерниот ансамбл „Нонет +“ е основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година, составен е од млади музичари, а неговата цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници. Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи, со посебен акцент на современата музика. Ансамблот „Нонет +“ досега имал настапи на „Подиум на млади“ на „Охридско лето“, на фестивалот „Есенски музички свечености“ во Скопје, во повеќе градови во државата, како и во Софија, Република Бугарија.

The post По повод 60-годишнината на Музичка младина на Македонија концерт во Битола на камерниот оркестар „Нонет +“ appeared first on Република.

]]>