музичк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichk/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Feb 2023 15:01:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png музичк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzichk/ 32 32 Дина Јашари, „Јон Ајди“ и „Перија“ номинирани на „HEMI Music Awards 2023“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dina-jashari-jon-ajdi-i-perija-nominirani-na-hemi-music-awards-2023/ Thu, 09 Feb 2023 15:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=606967

Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации  - „ХЕМИ“ ги откри 27-те номинирани музичари за третото издание на „ХЕМИ Музички Награди“ (HEMI Music Awards) меѓу кои се номинирани и три македонски изведувачи и тоа: Дина Јашари, „Јон Ајди“ и „Перија“. Од вкупно 280 извонредни европски изведувачи, од разновиден спектар на жанрови, кои одговорија на повикот за учество, меѓународно жири на професионалци од музичката индустрија ги избра 27-те изведувачи кои ќе се придружат на „ХЕМИсферата“!

Овие номинирани соло изведувачи и групи доаѓаат од 9 држави во централна и југоисточна Европа (Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија) и ќе учестуваат во првата фаза на „ХЕМИ Музичките Награди“. Таа фаза вклучува воведни активности за номинираните, кои имаат за цел да помогнат изведувачите да го развијат својот капацитет за влез на нов пазар.

Активностите на „ХМА“ ја комбинираат теоријата и праксата, а над се нудат животно искуство! Учесниците ќе имаат пристап до онлајн состаноци и предавања за збогатување на нивното знаење за музичката индустрија, особено проблемите во секторот за настапи во живо. Тие дополнително ќе добијат акредитации за учество на водечките европски изложбени фестивали и конференции, проследени со интернационално покровение во медиуми.

The post Дина Јашари, „Јон Ајди“ и „Перија“ номинирани на „HEMI Music Awards 2023“ appeared first on Република.

]]>