музеј на УЧК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzej-na-uchk/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 12:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png музеј на УЧК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muzej-na-uchk/ 32 32 Куманово поднесе кривична за одговорните за музејот на УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumanovo-podnese-krivichna-za-odgovornite-za-muzejot-na-uchk/ Thu, 23 Nov 2023 12:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=715515

Општина Куманово поднела кривична пријава против организирана група непознати лица поради основано сомневање за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности“ и кривично дело „Бесправно градење“ на локација во село Сопот – Куманово.

Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј - Меморијален центар, информира денеска во соопштение Општина Куманово.

Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со кои Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно поставување.

The post Куманово поднесе кривична за одговорните за музејот на УЧК appeared first on Република.

]]>

Навраќањето на национал романтичарски теми на ДУИ е за покривање на криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/navrakaneto-na-natsional-romanticharski-temi-na-dui-e-za-pokrivane-na-kriminal/ Sat, 11 Nov 2023 10:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=700431

Христијан  Мицкоски нема дилеми дека отворањето на музејот на УЧК е обид на ДУИ за реминисенција на национал романтичарски теми за прикривање на криминалот.

https://www.youtube.com/watch?v=XPqTaWb4KtM

Враќањето и реминисенција на национал романтични идеји од некои минати времиња за ДУИ се секогаш можност да се обидат да го дефокусираат јавното мислење од реалните теми и проблеми.Кога знаете дека Гостивар, Кичево, Струга,Чаир, се празнат и луѓето се иселуваат и кога гледате дека неколкумина од вршушката од ДУИ стануваат милионери и сопственици на милионски имоти, располгаат со многу моќ и финансии тогаш за тоа го одбегнат единствената работа која што ја прават враќање на некои национал романтични времиња и на тој начин се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ но и другите албански политички субјекти да ги навлечат на терен на кој тие се највешти.Но, мислам дека македонската јавност и партиите се свесни за оваа груба манипулација и тоа не фати корен и таа биста ја снема.Но, тие нема да престанат.Секој таков скандал значи дека се случува нов грабеж и неколку нови автобуси полни со млади луѓе кои се иселуваат-објасни Мицкоски во интервјуто за „Република“

The post Навраќањето на национал романтичарски теми на ДУИ е за покривање на криминал appeared first on Република.

]]>

Христијан  Мицкоски нема дилеми дека отворањето на музејот на УЧК е обид на ДУИ за реминисенција на национал романтичарски теми за прикривање на криминалот. https://www.youtube.com/watch?v=XPqTaWb4KtM
Враќањето и реминисенција на национал романтични идеји од некои минати времиња за ДУИ се секогаш можност да се обидат да го дефокусираат јавното мислење од реалните теми и проблеми.Кога знаете дека Гостивар, Кичево, Струга,Чаир, се празнат и луѓето се иселуваат и кога гледате дека неколкумина од вршушката од ДУИ стануваат милионери и сопственици на милионски имоти, располгаат со многу моќ и финансии тогаш за тоа го одбегнат единствената работа која што ја прават враќање на некои национал романтични времиња и на тој начин се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ но и другите албански политички субјекти да ги навлечат на терен на кој тие се највешти.Но, мислам дека македонската јавност и партиите се свесни за оваа груба манипулација и тоа не фати корен и таа биста ја снема.Но, тие нема да престанат.Секој таков скандал значи дека се случува нов грабеж и неколку нови автобуси полни со млади луѓе кои се иселуваат-објасни Мицкоски во интервјуто за „Република“

The post Навраќањето на национал романтичарски теми на ДУИ е за покривање на криминал appeared first on Република.

]]>
Османи тврди дека музејот во Сопот не е за УЧК, туку за селски јубилеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-tvrdi-deka-muzejot-vo-sopot-ne-e-za-uchk-tuku-za-selski-jubilej/ Wed, 08 Nov 2023 14:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=699569

Музејот во Сопот не е музеј на УЧК, туку е музеј којшто одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот, изјави денеска министерот за надворшени работи Бујар Османи прашан дали станува збор за дивоградба и дали овој музеј се наоѓа на државно земјиште како што објави Општина Куманово.

Прво не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј којшто одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот, а господинот Ахмети беше таму како поканет гостин, така што сите прашања треба да ги упатите до организаторите. Како што велат тие, станува збор за семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните, но ние немаме никаков удел во тоа, таму бевме поканети, се правдаше денеска Османи.

Но, новинарите не му останаа должни и го прашаа: Зошто тогаш целиот музеј е со иконографија на УЧК?

Тоа е музеј којшто одбележува убиство на 60-тина селани на Сопот во 1944 меѓутоа беше погрешно претставен како музеј на УЧК, повтори Османи.

Секако, кој и да го погледне музејот може да забележи дека доминира иконографија на УЧК, а не на убиените жители од Сопот. Централно место во музејот зазема кадар на Али Ахмети во униформа на УЧК, како и постери од Адем и Исмет Јашари и знамиња со амблемот на УЧК.

The post Османи тврди дека музејот во Сопот не е за УЧК, туку за селски јубилеј appeared first on Република.

Музејот на дивата градба https://arhiva3.republika.mk/kolumni/muzejot-na-divata-gradba/ Wed, 08 Nov 2023 12:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=699517

Петар Поп-Арсов

Каде е сега концептот „Едно општество за сите“?

Се загуби некаде на границите на Голема Албанија кои ја параат Македонија според желбите на нејзините автори, нарачатели или оние кои што пред неа се клањаат?! Што стана со „Едно општество за сите“, концептот за сожителство, еднаквост и толеранција? Концептот за државно и општествено уредување на Македонија кој се сведе на минорна фондација или маргинална невладина организација која донира скутерчиња на МВР?! Тоа ли се плодовите на борбата која што се водеше за слобода, демократија, за правда и мир?

Хартијата трпи се! Така вели народната мудрост. Но, овде не се работи само за хартијата или платното на кое е скицирана картата на Голема Албанија. Овде имаме нешто многу посилно од замислените желби и големо албанските претензии скицирани на хартија од непознато, НН лице. Во случајов проблемот е во тоа што иницијалите не се НН, туку се АА. Проблемот е во тоа што говориме за добро познато лице. Партиски лидер од властачие што име започнува на А, а завршува на ли, и чие што презиме исто така започнува на А, а завршува на хмети. Ова го пишувам како прилог кој што можат да го искористат надлежните институции во процесот на идентификација на личноста која што е најодговорна за скандалозното отворање на некаков музеј во дивоизградената куќичка од камен во кумановско.

Лидер на партија (која држи половина од владините ресори) и пратеник во Собранието (во континуитет од 2002 година до сега), отвора музеј во дивоградба. Политичар кој вели дека во периодот на неговата политичка активност ги промовирал Албаниците во господари на Македонија. Е, токму тој отвора музеј во куќичка изградена без дозвола на локација која ги конфронтираше локалните и државните власти за тоа дали била приватна или државна.

Ако е приватна, тешко си на кадровикот на пола влада што не успеал да издејствува дозвола за градба на куќичката. Ако е на државно земјиште, тешко си на државата и системот кој власта самата ги руши непочитувајќи ги правните процедури за тоа како легално требада се изгради објект за соодветна намена.Важно го добивме вистинскиот музеј.

Музејот на дивата градба. Симболот на државата.

Да, тоа е Али Ахмети!

Претседател на ДУИ, една од партиите на власт која што значително партиципира во извршната власт со свои кадри. Партија која што држи клучни министерски ресори. Партија која што има непрекинат континуитет на владеење од петнаесет години, од вкупно деветнаесетте години колку што се на власт во последниве дваесет и една година. Навистина импозантна бројка која одамна требаше да ги загрижи сите љубители, поддржувачи и креатори на демократскиот инженеринг во посткомунистичките земји.

Во што всушност се состои големината на проблемот што токму Али Ахмети беше бајрактарот кој „го вееше“ знамето на Голема Албанија?! И, како дигресија која е сосема компатибилна со основното прашање,епрашањето: Што му требаше на Ковачевски да го правда Ахмети, да спинува и релативизира со тезата дека секоја држава на Балканот си има свои карти како онаа на Голема Албанија?!

Али Ахмети не е некоја маргинална личност, некој си водач на навивачка група или слободен стрелец во политиката кој што преку својот екстремизам сака да направи пробив и да им се допадне на гласачите. Али Ахмети е пратеник, претседател на ДУИ, партијата која што учествува во владата на земја членка на НАТО.

Токму тој, Али Ахмети, е човекот кој што се поклони пред знамето на Голема Албанија. Знамето во чии што замислени граници, покрај делови од Србија, влегуваат и делови од Македонија, Црна Гора и Грција, сите три земји членки на НАТО. До сега не сме го виделе Еди Рама, како премиер на Албанија и официјален претставник на државата членка на НАТО да го вее знамето на Голема Албанија. Сигурно дека и во Албанија има вжештени глави кои сонуваат за голема држава, но до сега не сме го виделе највисокиот албански функционер да вее знаме со територијални претензии кон сојузниците од НАТО. Во Македонија тоа го видовме! Дали со ова Македонија се промовира во центар од каде што извираат територијалните претензии кон соседите?

Прашања до Ковачевски! Што треба тоа да значи кога човекот што ги номинира и поставува министрите на ДУИ во кабинетот на Ковачевски вее знаме со територијални претензии кон сојузниците од НАТО? Што тоа треба да значи кога самиот премиер оценува дека нема ништо спорно и националистичко во постапката на Ахмети? Дали ги оправдува и поддржува претензиите кон соседите и сојузниците од НАТО?

Одговорите произлегуваат сами по себе без потреба од дополнителна доза на инфантилност од Ковачевски. Што и да каже ќе биде уште поглупо од претходно кажаното!

Втор значаен момнет кој вреди да се нагласи е тоа штово моментов Македонија е земја претседавач со ОБСЕ - Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Со неа претседава Бујар Османи, кадарот на Ахмети.Деновиве се подготвува голем настан на ОБСЕ во Скопје. Настан преку кој ќе испумпа огромна сума на буџетски сретства за сомнителни ставки. Но, тоа е тема за посебна дискусија.

Прашањето е, за каква безбедност во Европа зборуваме кога партискиот шеф на претседавачот со ОБСЕ вее знамиња со територијални претензии кон сопствената земја и соседите? Оној што треба да биде генераторот на сите активности кои имаат за цел намалување на тензиите и конфликтите во Европа, го работи токму спротивното. Во очи на големата конференција на ОБСЕ, која што ќе се оддржи во Скопје, Али Ахмети и Бујар Османи упатуваат провокација која значително го надминува дострелот на нивната сељачка политика. Политика која единствено има за цел да ги манипулира Албанците од Сопот, липковско и Шар Планина. Провокација која има регионална димензија и која на светот му покажува со какви сѐ си имаме работа овде во Македонија.

Навистина сељачки и неодговорно од едни „европејци“. Неодговорна постапка од луѓето кои што во нивната декларативност ги интересира само ЕУ. Спремни се за секакви отстапки на штета на Македонците само да придонесат земјата да се интегрира во ЕУ.

А, што всушност прават?

Ја провоцираат Грција која нема инфантилни и корумпирани политички дегенерици кога се работи за прашања од национален интерес. Ахмети и Османи и нанесуваат штета и на Албанија, која исто така е заглавена во евроинтегративниот процес заедно со нас и заради нас. Ќе ги компромитираат напорите на Албанија да се одвои од Македонија, која е заглавена во сопствената самоблокада наметната од Ковачевски, за да го започне процесот на преговори со ЕУ.

За чиј интерес работат марксистиве-ленинистиве од ДУИ? Го гледаат ли тоа менторите, љубителите и креаторите на демократскиот инженеринг во Македонија? Што е тоа што повеќе треба да не загрижи? Возобновениот национализам и екстремизам на Ахмети, дилентантизмот и политичката инфантилност на Ковачевски или она што реално ги обединува, нивниот криминал?

Веројатно сѐ од она што беше кажано, заедно со дивата градба кој што како поим го отсликува начинот на нивното владеење и она во што ја претворија државата.

Дива градба!

The post Музејот на дивата градба appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Каде е сега концептот „Едно општество за сите“? Се загуби некаде на границите на Голема Албанија кои ја параат Македонија според желбите на нејзините автори, нарачатели или оние кои што пред неа се клањаат?! Што стана со „Едно општество за сите“, концептот за сожителство, еднаквост и толеранција? Концептот за државно и општествено уредување на Македонија кој се сведе на минорна фондација или маргинална невладина организација која донира скутерчиња на МВР?! Тоа ли се плодовите на борбата која што се водеше за слобода, демократија, за правда и мир? Хартијата трпи се! Така вели народната мудрост. Но, овде не се работи само за хартијата или платното на кое е скицирана картата на Голема Албанија. Овде имаме нешто многу посилно од замислените желби и големо албанските претензии скицирани на хартија од непознато, НН лице. Во случајов проблемот е во тоа што иницијалите не се НН, туку се АА. Проблемот е во тоа што говориме за добро познато лице. Партиски лидер од властачие што име започнува на А, а завршува на ли, и чие што презиме исто така започнува на А, а завршува на хмети. Ова го пишувам како прилог кој што можат да го искористат надлежните институции во процесот на идентификација на личноста која што е најодговорна за скандалозното отворање на некаков музеј во дивоизградената куќичка од камен во кумановско. Лидер на партија (која држи половина од владините ресори) и пратеник во Собранието (во континуитет од 2002 година до сега), отвора музеј во дивоградба. Политичар кој вели дека во периодот на неговата политичка активност ги промовирал Албаниците во господари на Македонија. Е, токму тој отвора музеј во куќичка изградена без дозвола на локација која ги конфронтираше локалните и државните власти за тоа дали била приватна или државна. Ако е приватна, тешко си на кадровикот на пола влада што не успеал да издејствува дозвола за градба на куќичката. Ако е на државно земјиште, тешко си на државата и системот кој власта самата ги руши непочитувајќи ги правните процедури за тоа како легално требада се изгради објект за соодветна намена.Важно го добивме вистинскиот музеј. Музејот на дивата градба. Симболот на државата. Да, тоа е Али Ахмети! Претседател на ДУИ, една од партиите на власт која што значително партиципира во извршната власт со свои кадри. Партија која што држи клучни министерски ресори. Партија која што има непрекинат континуитет на владеење од петнаесет години, од вкупно деветнаесетте години колку што се на власт во последниве дваесет и една година. Навистина импозантна бројка која одамна требаше да ги загрижи сите љубители, поддржувачи и креатори на демократскиот инженеринг во посткомунистичките земји. Во што всушност се состои големината на проблемот што токму Али Ахмети беше бајрактарот кој „го вееше“ знамето на Голема Албанија?! И, како дигресија која е сосема компатибилна со основното прашање,епрашањето: Што му требаше на Ковачевски да го правда Ахмети, да спинува и релативизира со тезата дека секоја држава на Балканот си има свои карти како онаа на Голема Албанија?! Али Ахмети не е некоја маргинална личност, некој си водач на навивачка група или слободен стрелец во политиката кој што преку својот екстремизам сака да направи пробив и да им се допадне на гласачите. Али Ахмети е пратеник, претседател на ДУИ, партијата која што учествува во владата на земја членка на НАТО. Токму тој, Али Ахмети, е човекот кој што се поклони пред знамето на Голема Албанија. Знамето во чии што замислени граници, покрај делови од Србија, влегуваат и делови од Македонија, Црна Гора и Грција, сите три земји членки на НАТО. До сега не сме го виделе Еди Рама, како премиер на Албанија и официјален претставник на државата членка на НАТО да го вее знамето на Голема Албанија. Сигурно дека и во Албанија има вжештени глави кои сонуваат за голема држава, но до сега не сме го виделе највисокиот албански функционер да вее знаме со територијални претензии кон сојузниците од НАТО. Во Македонија тоа го видовме! Дали со ова Македонија се промовира во центар од каде што извираат територијалните претензии кон соседите? Прашања до Ковачевски! Што треба тоа да значи кога човекот што ги номинира и поставува министрите на ДУИ во кабинетот на Ковачевски вее знаме со територијални претензии кон сојузниците од НАТО? Што тоа треба да значи кога самиот премиер оценува дека нема ништо спорно и националистичко во постапката на Ахмети? Дали ги оправдува и поддржува претензиите кон соседите и сојузниците од НАТО? Одговорите произлегуваат сами по себе без потреба од дополнителна доза на инфантилност од Ковачевски. Што и да каже ќе биде уште поглупо од претходно кажаното! Втор значаен момнет кој вреди да се нагласи е тоа штово моментов Македонија е земја претседавач со ОБСЕ - Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Со неа претседава Бујар Османи, кадарот на Ахмети.Деновиве се подготвува голем настан на ОБСЕ во Скопје. Настан преку кој ќе испумпа огромна сума на буџетски сретства за сомнителни ставки. Но, тоа е тема за посебна дискусија. Прашањето е, за каква безбедност во Европа зборуваме кога партискиот шеф на претседавачот со ОБСЕ вее знамиња со територијални претензии кон сопствената земја и соседите? Оној што треба да биде генераторот на сите активности кои имаат за цел намалување на тензиите и конфликтите во Европа, го работи токму спротивното. Во очи на големата конференција на ОБСЕ, која што ќе се оддржи во Скопје, Али Ахмети и Бујар Османи упатуваат провокација која значително го надминува дострелот на нивната сељачка политика. Политика која единствено има за цел да ги манипулира Албанците од Сопот, липковско и Шар Планина. Провокација која има регионална димензија и која на светот му покажува со какви сѐ си имаме работа овде во Македонија. Навистина сељачки и неодговорно од едни „европејци“. Неодговорна постапка од луѓето кои што во нивната декларативност ги интересира само ЕУ. Спремни се за секакви отстапки на штета на Македонците само да придонесат земјата да се интегрира во ЕУ. А, што всушност прават? Ја провоцираат Грција која нема инфантилни и корумпирани политички дегенерици кога се работи за прашања од национален интерес. Ахмети и Османи и нанесуваат штета и на Албанија, која исто така е заглавена во евроинтегративниот процес заедно со нас и заради нас. Ќе ги компромитираат напорите на Албанија да се одвои од Македонија, која е заглавена во сопствената самоблокада наметната од Ковачевски, за да го започне процесот на преговори со ЕУ. За чиј интерес работат марксистиве-ленинистиве од ДУИ? Го гледаат ли тоа менторите, љубителите и креаторите на демократскиот инженеринг во Македонија? Што е тоа што повеќе треба да не загрижи? Возобновениот национализам и екстремизам на Ахмети, дилентантизмот и политичката инфантилност на Ковачевски или она што реално ги обединува, нивниот криминал? Веројатно сѐ од она што беше кажано, заедно со дивата градба кој што како поим го отсликува начинот на нивното владеење и она во што ја претворија државата. Дива градба!

The post Музејот на дивата градба appeared first on Република.

]]>
Ја снема плочата со „Голема Албанија“, во Сопот остана само каменот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ja-snema-plochata-so-golema-albanija-vo-sopot-ostana-samo-kamenot/ Tue, 07 Nov 2023 19:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=699295

Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија, со дел од Македонија во него, денеска е отстранета од музејот  на УЧК кој беше отворен овој викенд во Сопот, кумановско, јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од селото.

https://youtu.be/2xfC5c9UVDc?si=TmzByCH3lOFKEdFL

Од пред објектот е останат само каменот на кој беше закачена мермерната плоча со спорната карта.

По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, денеска во музејот стои само каменот без експонат и музејот е затворен.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kontra-kovachevski-objektot-vo-sopot-e-divogradba-izgraden-e-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/

The post Ја снема плочата со „Голема Албанија“, во Сопот остана само каменот appeared first on Република.

]]>

Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија, со дел од Македонија во него, денеска е отстранета од музејот  на УЧК кој беше отворен овој викенд во Сопот, кумановско, јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од селото. https://youtu.be/2xfC5c9UVDc?si=TmzByCH3lOFKEdFL Од пред објектот е останат само каменот на кој беше закачена мермерната плоча со спорната карта. По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, денеска во музејот стои само каменот без експонат и музејот е затворен. https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kontra-kovachevski-objektot-vo-sopot-e-divogradba-izgraden-e-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/

The post Ја снема плочата со „Голема Албанија“, во Сопот остана само каменот appeared first on Република.

]]>
Димитриевски контра Ковачевски: Објектот во Сопот е дивоградба, изграден е на државно земјоделско земјиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kontra-kovachevski-objektot-vo-sopot-e-divogradba-izgraden-e-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/ Tue, 07 Nov 2023 17:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=699275

Дивоградба е објектот каде што викендов, високи претставници на политичката партија ДУИ отворија меморијален комплекс во кумановското село Сопот, утврдил вонредниот инспекциски надзор на градежен инспектор од Општина Куманово.

И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение испратено до јавноста информира дека објектот е дивоградба и дека општината нема издадено документација за градба. Вели дека објектот е изграден на државно земјоделско земјиште.

Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, коешто во имотниот лист број 117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакнат на огласна табла, посочува Димитриевски.

Најавува дека ќе биде доставена и пријава до полиција.

Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но, дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага, вели Димитриевски.

Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека објектот бил изграден на приватно земјиште, Димитриевски вели дека службите треба подобро да го информираат.

Мислам дека треба подобро да го информираат службите со коишто непосредно соработува, но ме изненадува и молкот на други надлежни институции, како што во овој случај е МВР, чиишто обврски согласно законот и согласно Уставот се да го штити уставниот поредок на државата и кога некој поттикнува меѓуверска, меѓуетничка, меѓунационална конфронтација да го санкционира истото. Молкот од надлежните институции е повеќе од срам, бидејќи интегритетот на државата мора да се заштити, вели Димитриевски во писмената изјава.

The post Димитриевски контра Ковачевски: Објектот во Сопот е дивоградба, изграден е на државно земјоделско земјиште appeared first on Република.

]]>

Дивоградба е објектот каде што викендов, високи претставници на политичката партија ДУИ отворија меморијален комплекс во кумановското село Сопот, утврдил вонредниот инспекциски надзор на градежен инспектор од Општина Куманово. И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение испратено до јавноста информира дека објектот е дивоградба и дека општината нема издадено документација за градба. Вели дека објектот е изграден на државно земјоделско земјиште.
Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, коешто во имотниот лист број 117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакнат на огласна табла, посочува Димитриевски.
Најавува дека ќе биде доставена и пријава до полиција.
Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но, дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага, вели Димитриевски.
Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека објектот бил изграден на приватно земјиште, Димитриевски вели дека службите треба подобро да го информираат.
Мислам дека треба подобро да го информираат службите со коишто непосредно соработува, но ме изненадува и молкот на други надлежни институции, како што во овој случај е МВР, чиишто обврски согласно законот и согласно Уставот се да го штити уставниот поредок на државата и кога некој поттикнува меѓуверска, меѓуетничка, меѓунационална конфронтација да го санкционира истото. Молкот од надлежните институции е повеќе од срам, бидејќи интегритетот на државата мора да се заштити, вели Димитриевски во писмената изјава.

The post Димитриевски контра Ковачевски: Објектот во Сопот е дивоградба, изграден е на државно земјоделско земјиште appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не го осуди музејот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-go-osudi-muzejot-na-uchk-i-kartata-na-golema-albanija/ Tue, 07 Nov 2023 11:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=699153

Премиерот Ковачевски не го осуди отворањето на музејот на УЧК во кумановското село Сопот и картата на „Голема Албанија“. Тој се обиде да го релативизира скандалот дека бил 145 години задоцнет и нерелевантен и оти ги вакви карти имало секаде на Балканот. За него било важна само картата и мапата на државите членки на НАТО.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sekoja-zemja-na-balkanot-si-ima-svoja-karta-kako-taa-na-golema-albanija/

- Она што за овој случај е караткеристично, од она што го имам како информација е што се работи за приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно подлежи на одредени законски решенија оти доколку се работи за општествен имот одобрение би требало да даде општината, но таа немала информации за истото. Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата која што ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еденаш 145 години задоцнето, вели Ковачевски.

The post Ковачевски не го осуди музејот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски не го осуди отворањето на музејот на УЧК во кумановското село Сопот и картата на „Голема Албанија“. Тој се обиде да го релативизира скандалот дека бил 145 години задоцнет и нерелевантен и оти ги вакви карти имало секаде на Балканот. За него било важна само картата и мапата на државите членки на НАТО. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sekoja-zemja-na-balkanot-si-ima-svoja-karta-kako-taa-na-golema-albanija/
- Она што за овој случај е караткеристично, од она што го имам како информација е што се работи за приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно подлежи на одредени законски решенија оти доколку се работи за општествен имот одобрение би требало да даде општината, но таа немала информации за истото. Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата која што ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еденаш 145 години задоцнето, вели Ковачевски.
 
The post Ковачевски не го осуди музејот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
„Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golema-albanija-srede-makedonija-ali-ahmeti-se-gordee-so-muzejot-na-uchk-vo-kumanovsko-sopot/ Mon, 06 Nov 2023 07:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=698600

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК . На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци.

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети.

Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија.Србија и Грција.

Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.

The post „Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК . На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци. Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети. Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија.Србија и Грција. Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.  

The post „Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот appeared first on Република.

]]>